ограничен извоз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Oct 2022 17:01:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ограничен извоз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Престанува да важи одлуката за ограничен извоз на пченица и брашно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestanuva-da-vazi-odlukata-za-ogranichen-izvoz-na-pchenica-i-brashno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestanuva-da-vazi-odlukata-za-ogranichen-izvoz-na-pchenica-i-brashno/#respond Thu, 06 Oct 2022 17:01:18 +0000 https://kurir.mk/?p=742066

Владата на денешната седница што се одржа попладнево донесе Одлука за престанување на важење на одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки која се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Одлуката е донесена по предлог на Министерството за економија. -Одлуката за ограничување на извозот се однесуваше на пченица и наполица, брашно од пченица и наполица и семе од сончоглед (кршено или дробено). Во предлогот на Министерството за економија за прекин на нејзината важност, донесен, како што е посочено, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се исполнува и обврската од Договорот за безбедносни механизми за храна во Западен Балкан, потпишан на 2 септември 2022 година, на Самитот на Отворен Балкан, одржан од 1-4 септември 2022 година во Белград, со цел да нема забрана за тргување со основните земјоделско-прехранбени производи, информира владината прес-служба. Одлуката за ограничување на извозот на пченица и брашно беше донесена во јули годинава со цел да се заштити домашното производство и да се одржи снабдувањето на домашниот пазар за да се избегне растот на цените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prestanuva-da-vazi-odlukata-za-ogranichen-izvoz-na-pchenica-i-brashno/feed/ 0