ограничено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Sep 2020 18:01:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ограничено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ограничено работно време на трафиките и мини маркетите во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-trafikite-i-mini-marketite-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-trafikite-i-mini-marketite-vo-grcija/#respond Fri, 25 Sep 2020 18:01:20 +0000 https://kurir.mk/?p=408623

Трафиките, мини маркетите, продавниците за пијалаци и слично, во областа Атика, поширокиот дел на Атина, како и во другите делови на Грција каде што се во сила рестриктивни мерки, од утре ќе затвораат на полноќ, соопшти попладнево заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката не важи за бензински пумпи и аптеки, додека пак угостителските објекти, кафулињата и слично, наместо од 7 часот наутро, ќе можат да отвораат два часа порано, односно во 5. Новата мерка, веројатно е за да се спречи продажбата на алкохол и собирањето на младите на плоштадите и во парковите, откако на полноќ ќе затворат кафулињата. Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 286 нови случаи на Ковид-19, од кои 163 се во областа Атика, а починаа три лица. Од почетокот на епидемијата во земјата, заразени се вкупно 16.913 лица, а починаа 369 лица. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-trafikite-i-mini-marketite-vo-grcija/feed/ 0
Ограничено работно време на рестораните и кафулињата во повеќе делови на Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-restoranite-i-kafulinjata-vo-povekje-delovi-na-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-restoranite-i-kafulinjata-vo-povekje-delovi-na-grcija/#respond Tue, 11 Aug 2020 10:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=389187

Во повеќе делови на Грција, меѓу кои и дел од острови што се популарни туристички дестинации, од денеска се воведува ново, ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, баровите, ноќните клубови и слично, односно ќе треба да затвораат на полноќ, јави дописничката на МИА од Атина. Мерката денеска стапува во сила и ќе важи до 23 август, а се однесува на регионот источна Македонија и Тракија, на градовите Солун, Лариса, Волос, Катерини, на Халкидики, како и на островите Крит, Крф, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос и Кос. Алтернативната портпаролка на грчката Влада Аристотелиа Пелони, вчера, соопштувајќи ја мерката, рече дека во зависност од текот на епидемиолошките податоци, забраната може да се прошири и во други делови на земјата. Со одлуката на Владата, сите угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично во конкретните области забрането е да работат од полноќ до 7 часот наутро. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ogranicheno-rabotno-vreme-na-restoranite-i-kafulinjata-vo-povekje-delovi-na-grcija/feed/ 0