Охрид фест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Jun 2022 09:47:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Охрид фест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Охрид фест“ на 2 и 3 септември, ќе настапат Кики Лесендриќ, Владо Калембер, Златко Пејаковиќ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ohrid-fest-na-2-i-3-septemvri-kje-nastapat-kiki-lesendrikj-vlado-kalember-zlatko-pejakovikj/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ohrid-fest-na-2-i-3-septemvri-kje-nastapat-kiki-lesendrikj-vlado-kalember-zlatko-pejakovikj/#respond Thu, 16 Jun 2022 09:47:52 +0000 https://kurir.mk/?p=691591

Во тек се подготовките за 29-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест “, што ќе се одржи на 2 и 3 септември на сцената на Долни Сарај во Охрид. Како што најавија организаторите, во Фолк вечер ќе настапи домашната фолк елита, но и српскиот пејач Мирослав Илиќ. Од Србија доаѓаат Кики Лесендриќ и Срѓан Марјановиќ, од Хрватска Владо Калембер, Златко Пејаковиќ, Теди Грубица и Јурица Паѓен. Од Босна ќе гостува Ален Исламовиќ, словенските музичари се Божидар Волф, Инес Ербус& Давид Амаро, а од Бугарија дуото „Expose“. Од Албанија ќе настапи Рина Рамадани и гостинот од Грција е Толис Дамјанос. – Бастионот на убавата македонска песна „Охрид фест“, годинава ќе понуди одлична фолк и интернационална вечер, каде на 2 и 3 септември ќе настапат докажани музички имиња и бидејќи ги охрабруваме новите музички сили, даваме можност дебитантите да ја започнат музичката кариера токму од Охрид, изјави првиот човек на „Охрид фест“, Григор Копров. Традиционално, водителите на фестивалот се Каролина Петковска – во Фолк вечерта и Маријана Станојковска и Васил Зафирчев во Интернационалната вечер, кога ќе настапат многу интересни имиња. Наградите за промоцијата на музиката на Балканот се доделуваат на Мирослав Илиќ, кој ќе има свој мини концерт во фолк вечер и нашиот Гарабет Тавитјан, кој ќе настапи во Интернационалната вечер. Како што е најавено, фестивалот директно ќе го пренесува националниот сервис МРТВ, а преносот ќе го емитуваат над десет телевизии од Балканот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/ohrid-fest-na-2-i-3-septemvri-kje-nastapat-kiki-lesendrikj-vlado-kalember-zlatko-pejakovikj/feed/ 0
Три дена музика на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-dena-muzika-na-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2019/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-dena-muzika-na-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2019/#respond Mon, 05 Aug 2019 09:34:14 +0000 https://kurir.mk/?p=226489

Богатата кутурно-забавна програма во Охрид наредните три дена ќе биде надополнета со годинашното издание на „Охрид фест – Охридски трубадури 2019“. Манифестацијата почнува денеска со фолк-вечер на која ќе бидат изведени нови композииции во духот на народната песна. Организаторот на манифестацијата најави песни и изведби, текстови и аранжмани кои очекува да влезат во антологијата на новозоздадената македонска народна песна. Цане Петров, кој седум фестивалски изданија е уметнички директор на фолк-вечерта, истакна дека за оваа година критериумот е подигнат на повисоко ниво, како преку изборот на композициите што ќе бидат изведувани, така и преку непосредна соработка со учесниците за самите аранжмани на композициите и изведбите. Петров очекува позитивни изненадувања кај дебитантите на фолк-вечерта кои, оценувајќи според квалитетот на песните, најавуваат сериозен исчекор кон успехот. Како долгогодишен музичар инструменталист Петров го посочува својот позитивен пример во кариерата како порака до дебитантите. – Ќе го спомнам мојот бенд (Биоритам) кој буквално го почна својот успешен пат на сцената на „Охрид фест“ со легендарната песна за Садило. Како дебитанти го освоивме првото место од публиката во конкуренција на најголемите фолк-имиња, рече Петров. Покрај натпреварувачки, фолк-вечертаќе има и ревијален дел, резервиран за нашиот естраден уметник Благоја Грујоски, додека за забавата на публиката по завршувањето на фестивалот ќе се погрижи групата „Молика ОНЕ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/tri-dena-muzika-na-ohrid-fest-ohridski-trubaduri-2019/feed/ 0