„Охрид трчаТ“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Jun 2023 07:51:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „Охрид трчаТ“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почна седмото издание на „Охрид трчаТ“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/#respond Sun, 04 Jun 2023 07:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=841872

Скоро 2.000 натпреварувачи тргнаа од целта на „Кеј Македонија“ на седмото издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“. Тркачите, во машка и женска конкуренција, ќе се натпреваруваат на полумаратон од 21 километар, штафетна и пет километарска трка. Горан Момироски од прес-службата на „Охрид трчаТ“ информира дека трката на 21 километар во индивидуална конкуренција и штафети, стартувала точно во 8 часот и 30 минути, а пет минути подоцна, според планираното почнала и трката на 5 километри. - На седмото издание на „Охрид трчаТ“ учествуваат близу 2.000 натпреварувачи од 28 земји. Наградниот фонд за победниците на 21 километар е 300, 200 и 100 евра во машка и женска конкуренција. Тие ќе добијат и бисери од Филеви, истакна Момироски. За реализација на настанот ангажирани се над 250 волонтери, а за регуларноста на трката ќе се грижат 50 судии. Осум медицински екипи ќе се грижат за учесниците на пунктови, а ќе има и мобилни медицински екипи на велосипед. Долж трката ќе бидат поставени 12 освежителни пункта. Штафетниот полумаратон и трката на 21 километар ќе трчаат два круга од кеј „Македонија“ по улиците „Македонски Просветители“, и „Партизанска“, се врти лево кај Гимназијата, по улицата „Димитар Влахов“ повторно се излегува на „Македонски Просветители“, па на булевар „Туристичка“, лево кон Горна Порта, по „Илинденска“ се спушта надолу, по Кејот и се продолжува до кружниот тек пред плажата „Горица 2“. Се враќаат назад, преку мостот кај хотел „Ројал“, се врти десно и се оди повторно кај Гимназија. Се врти уште еден таков круг и третиот пат се оди на финиш, по „Димитар Влахов“ на „Македонски Просветители“ до целта на Кеј. Поради непречено одвивање на трките, низ дел од охридските улици има времен сообраќаен режим до 11 часот и 30 минути. Затворени за сообраќај се улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Св. Наум Охридски“ и патеката Студенчишта.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/feed/ 0
Започна пријавувањето за учество на седмото издание на Охрид трчаТ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-prijavuvanjeto-za-uchestvo-na-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-prijavuvanjeto-za-uchestvo-na-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/#respond Sat, 05 Nov 2022 13:55:40 +0000 https://kurir.mk/?p=756206

Од 2 до 4 јуни идната година ќе се одржи 7. издание на атлетската манифестација Охрид трчаТ, во чии рамки ќе се реализира и „Ohrid running weekend“. Пријавувањето за атлетската трка, како што соопшти денеска претседателот на здружението „Охрид трчаТ“, Иван Цветкоски, е во тек. – Љубителите на трчањето и спортот имаат три опции за пријавување. Првата опција и вистински предизвик е трката на 21 километар, втората е трката на пет километри и третата опција е штафетниот полумаратон, два пати по 10 километри и 550 метри, информира Цветкоски. Стартниот пакет на 21 километар, според него, промотивно до 31 декември ќе чини 1.200 денари, за пет километарската трка е 700 денари, додека за штафетниот полумаратон е 2.400 денари. – Во склоп на трките на 21 и пет километри традиционално составен дел ќе бидат и тим билдинг трките. Како и за секоја година и за оваа подготвуваме богат стартен пакет за сите оние кои ќе се пријават на една од нашите трки. За сите учесници, гости и граѓани на Охрид подготвуваме викенд програма, која ќе содржи многу активности за сите возрасти, додаде Цветкоски. Подетални информации околу пријавувањето и трката има на интернет страницата на Атлетскиот клуб „Охрид трчаТ“ www.ohridtrcat.mk, како и на социјалните мрежи. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-prijavuvanjeto-za-uchestvo-na-sedmoto-izdanie-na-ohrid-trchat/feed/ 0
Почнува манифестацијата „Охрид трчаТ“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-manifestacijata-ohrid-trchat/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-manifestacijata-ohrid-trchat/#respond Fri, 03 Jun 2022 05:55:34 +0000 https://kurir.mk/?p=685887

Со доделување на стартните пакети денеска почнува манифестацијата „Охрид трчаТ“, чиј централен настан односно атлетската трка е се одржи в недела. Според најавата на организаторот здружението „Охрид трчаТ“, за вечер предвидена е ноќна трка пропратена со хуманитарна забава и концерт. – Ревијалната трка од два километри ќе почне во 21 часот пред плажата „Куба либре“ и е без натпреварувачки карактер. Ги повикуваме сите рекреативци, кои сакаат да наполнат позитивна енергија да дојдат и да учествуваат. В сабота за кога се предвидени разгледување на Охрид, посета на Свети Наум, ноќно крстарење и панел дискусијата која редовно ја организираме со цел да ги афирмираме пошироко информира на прес-конференција директорот на атлетската манифестација Иван Цветкоски. На настанот, како што посочи, најавено е присуство на над 1.300 учесници, спортисти и рекреативци од 18 држави. – Главниот настан е в недела, од 8 часот и 30 минути со првата трка на 21 километар, чиј старт е на кеј „Македонија“ пред хотел Палас, каде ќе има вкупно 330 учесници, додека стартот на трката од пет километри е во 8 часот и 35 минути, со 980 пријавени учесници, истакна Цветкоски. За одржување на трката, според Јоне Станкоски претставник од „Охрид трчаТ“, предвиден е посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во градот. – Со оглед дека улицата „Македонски Просветители“ се реконструира, во еден дел ја заобиколуваме за трчање и се пренасочуваме кон „Мите Богоевски“ и „Даме Груев“. Се трча по улиците „Кеј Македонија“, „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Димитар Влахов“, „Мите Богоевски“, „Даме Груев“, „Туристичка“, „Абас Емин“, „Кирил и Методиј“, „Илинденска“, „Коста Абраш“, „Свети Наум Охридски“, „Кузман Јосифовски“ и патека Студенчишта. Трката се одвива во централното градско подрачје во стариот дел на градот и оди кон патеката Студенчишта и повторно се враќа назад, полумаратонците трчаат два круга, а трката на 5К се трча еден круг, но тие вратат кај Ројал и одат кон целта преку „Партизанска“ и „Македонски Просветители“ во делот кој е пуштен за употреба, појасни Станкоски. За првите три места на трката од 21 километар предвидени се парични награди од 300, 200 и 100 евра додека за сите други трки имаме медали, дипломи, подароци од партнерите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-manifestacijata-ohrid-trchat/feed/ 0
Одобрена атлетската манифестација „Охрид трчаТ“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odobrena-atletskata-manifestacija-ohrid-trchat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odobrena-atletskata-manifestacija-ohrid-trchat/#respond Thu, 13 Aug 2020 11:33:11 +0000 https://kurir.mk/?p=390196

Комисијата за заразни болести даде дозвола за одржување на спортската манифестација „Охрид трчаТ“ која е закажана за 28 до 30 август. – Голема благодарност до Комисијата за заразни болести за начинот на комуникација и посветеноста заедно да го направиме тоа што е најголем приоритет за сите нас во овој момент, заштита, безбедност и сигурност на сите учесници на настанот. Одговорноста е голема. „Охрид трчаТ“ ќе биде прва улична трка за оваа година во нашата земја и пошироко и навистина ни претставува голем мотив и предизвик, во вакви услови да го покажеме нашиот професионализам и визија за подоброто утре наше, на Охрид и на Македонија, изјави директорот на трката, Иван Цветкоски. Вкупниот број на учесници е ограничен на 500, по 250 на полумаратонот (21 километар) и 250 за рекреативната трка на 5 километри. Пријавувањето е отворено до 23 август, доколку претходно не се исполни предвидениот одобрен број за учество. Сите учесници кои ќе се пријават до 20 август ќе имаат право да си имаат име и презиме на стартниот број. Пријавувањето е на официјалната страна www.ohridtrcat.mk.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/odobrena-atletskata-manifestacija-ohrid-trchat/feed/ 0
„Охрид трчаТ“ преместен од јуни за крајот на август https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-trchat-premesten-od-juni-za-krajot-na-avgust/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-trchat-premesten-od-juni-za-krajot-na-avgust/#respond Fri, 01 May 2020 08:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=340247

Четвртото издание на „Охрид трчаТ“, поради новонастаната ситуација со Ковид -19 е одложено од 7 јуни за последниот викенд од август месец. Манифестацијата ќе се одржи од 28 до 30 август низ градските улици на македонскиот туристички центар. – Одлуката за избор воопшто не беше лесна. Сакавме и размислувавме за Вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можеме да ви понудима опција што е најприфатлива. Ние ќе се погрижиме за добар спортски викенд во Охрид. Гратис од нас добивате бањање во Охридското езеро и затоа носете со вас купачи! Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ 2020“ збогатен со полумаратон (21 километар) да биде спортски празник од светски размери во Охрид. Чувајте се и се надеваме дека ќе ве видиме на трката во август! – порачуваат од организациониот одбор на „Охрид трчаТ“. Пријавените учесници имаат три опции. Задржување на пријавата за учество оваа година. Целосно рефундирање на финансиската средства од пријавата или автоматска пријава за следното петто издание на охридскатиот спортски настан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohrid-trchat-premesten-od-juni-za-krajot-na-avgust/feed/ 0