охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 10:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png охрид – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Приведен дилер од Охрид, пронајден кокаин https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-diler-od-ohrid-pronajden-kokain/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-diler-od-ohrid-pronajden-kokain/#respond Sat, 04 Nov 2023 10:33:49 +0000 https://kurir.mk/?p=896376

На 03.11.2023 во 19.35 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид го лишија од слобода А.К.(33) од Охрид. По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја. По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја. Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/priveden-diler-od-ohrid-pronajden-kokain/feed/ 0
„Дејли Мејл“: Охрид во Македонија не нуди само фасцинантна историја, туку и прекрасни вина и одличен квалитет за парите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejli-mejl-ohrid-vo-makedonija-ne-nudi-samo-fastsinantna-istorija-tuku-i-prekrasni-vina-i-odlichen-kvalitet-za-parite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejli-mejl-ohrid-vo-makedonija-ne-nudi-samo-fastsinantna-istorija-tuku-i-prekrasni-vina-i-odlichen-kvalitet-za-parite/#respond Tue, 24 Oct 2023 13:55:09 +0000 https://kurir.mk/?p=892570

Охрид во Северна Македонија не нуди само фанцинантна историја туку и прекрасни вина и одличен квалитет за парите. Откако и ветив на мајка ми дека ќе ја почестам вечера како покрај езерото, почна да ме фаќа паника. Таа одбра диксретно осветлен ресторан покрај водата, со маси покриени со бело ленено платно. Персоналот облечен со машни и престилки, јастог на ресторанското мени...И кога пристигна сметката, очите ми се раширија од неверување – три комплетни оброци и шише каберне совињон за само 56 фунти. Испадна дека тоа е типично за Охрид, малку познато место во земјата која нема излез на море. Вредноста што се добива за парите тука е само една ставка од долгата листа негови адути. Таа балканска дестинација, најчесто незабележана од туристите од Обединетото кралство, изобилува со историја, плива во историја, убавини, а веќе ја добива и својата увездиќка на винската карта. Најпознатото место тука – градот Охрид, е фасинантен. Додека со мајка ми ја изодуваме двочасовната пешачка тура, нашиот водич Владо има што да каже за неговата историја. Ни ги покажува градските порти кои првично биле изградени во 4 век п.н.е, ни раскажува за „болничките цркви“ од 14 век каде пациентите од чума биле ставени во карантин, нè запознава со градските куќи од 18 век кои биле изградени во превртени пирамидални форми за да обезбедат дополнителен простор за нивните жители, нè носи во хеленистичкиот амфитеатар слуќајно откриен 1980-тите, нè води во црквата на Пресвета Богородица од 13 век, наречена Систинската капела на Македонија поради таванскиот фрескоживопис... Сместени сме во „Јуник спа резорр“, хотелот со 130 соби, сместен на 20 минути одење покрај самиот Кеј на езерото до Стариот град. Опкружен со планини обвиени во измаглица, тој се наоѓа во мирниот дел на градот, но доволно блиску до вревата на центарот, колку да биде интересно. Нашиот час по историја продолжува наредниот ден, со патувањето со брод покрај источниот брег на езерото. Пловиме покрај Заливот на коските, реплика на наколната населба изградена на водата каква што постоела во праисторијата и го посетуваме манастирот Свети Наум, сместен на ритче каде муралите раскажуваат за чудата што ги направил мисионерот од 10 век. Додека патувавме со мајка ми распававме колку недопрена е природата околу Охридсктоо Езеро. Целото југоисточно крајбрежје на езерото отпаѓа на Националниот парк „Галичица“, распослан на простор од 87 милји квадратни во форма на елипса прекриена со шума и испреплетена со пешачки патеки. Пешаците - почетници можеби ќе се чувствуваат посигурни да го истражуваат тој простор со водич, бидејќи патеките што и не се најсоодветно одбележани, водат до планинските врвови на 5.900 стапки надморска височина и до висорамнините на планините, совршени за кампување во дивина. Како безнадежно аматерски планинари, најдовме друг начин да го истражиме тоа зеленило околу Охридското Езеро – со посета на Манастирската винарија. Сместена во шума од леска, ела и бука на крајот на тесна патека, таа е токму она како што сугерира и нејзиното име – манастир што произведува вино и нуди тури и дегустации. Седејќи покрај потокот што се користи за разладување на резервоарите за вино во лето, пробуваме цветен мускат со овошна нота на круша и чоколаден вранец, служејќи се со сирење на даска, суво месо и традиционалниот намаз – ајварот подготвен од црвени пиперки и модар патлиџан. Сакајќи да дознаеме повеќе за тукашните вина, одиме и во Вилата со бар и винарија „Мал Свети Климент“, во Стариот дел на градот. Нејзините менаџери, експертите за вино и алкохолни пијалоци Алмир и Елена, не воведуваат во библиотеката на вината на Северна Македонија. Двојката нè запознава со свежото пенливо вино од регионот на долината на реката Вардар, како и со сопствената лосос-розова роза на винаријата, приготвена од древната памидна сорта грозје во глинени амфори закопани в земја. Има вкус на летни јагоди... За да ги разбистриме главите следното утро, ја следиме патеката што води низ карпите покрај езерото, веднаш зад центарот на Охрид. Одиме долж патеката до врвот на ридот каде што чемпресите во облик на пури стојат како стражари над црквата „Свети Јован“ од 13-тиот век и се одмораме на клупата, гледајќи го езерото со површина од 138 квадратни километри. Оддалеку ја гледаме Албанија. Охридското Езеро можеби се уште не се наоѓа на првата страница на листата дестинации зај туристите од Велика Британија, но она што до доживеавме како искуство недвојбено го впиша на онаа мојата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejli-mejl-ohrid-vo-makedonija-ne-nudi-samo-fastsinantna-istorija-tuku-i-prekrasni-vina-i-odlichen-kvalitet-za-parite/feed/ 0
ДКСК за постапувањето со дивоградбите во Охрид: Неусогласена регулатива и префрлање на надлежностите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-za-postapuvaneto-so-divogradbite-vo-ohrid-neusoglasena-regulativa-i-prefrlane-na-nadlezhnostite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-za-postapuvaneto-so-divogradbite-vo-ohrid-neusoglasena-regulativa-i-prefrlane-na-nadlezhnostite/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:38:26 +0000 https://kurir.mk/?p=888536

Државната комисија за спречување на комисијата (ДКСК) на денешната седница по предметот оформен по сопствена иницијатива во однос на склучени договори за јавна набавка меѓу Општина Охрид и правни лица за уривање на бесправно изградено објекти на територијата на Охрид, констатира дека постои неусогласена законска регулатива, а надлежностите се префрлаат од централна на локална власт. -По спроведената постапка, констатирано е дека надлежностите само се префрлаат од централната на локалната власт, од еден орган на друг орган, а од инспекциските органи и Министерството за транспорт и врски исто така детектирани се состојби на слабости. Имаме неусогласена законска регулатива, поточно за Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градежно земјиште, Законот за градење, Правилникот за формата и содржината на барањето, потребната документација, образецот и решението за изведување на градбите, рече на денешната седница Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК. Таа додаде дека ДКСК препорачува при спроведената анализа и проверка на одредбите да се преземат чекори за надминување на оваа состојба. Според она што е утврдено, Ивановска хронолошки образложувајќи го предметот, потсети дека во 2019 година Општина Охрид засилено работела на воспоставување на градежна дисциплина. -Во 2020 година Владата донесува план за управување со светско природно културно наследство. Планот предвидувал изработка на урбанистички план од државно значење, за површина со кој ќе се овозможи зачувување на крајбрежната функционалност и постапна ревитализација на клучните еко системи кои требало да бидат готови до крајот на 2021 година. ДКСК упатува барање со кое ја повикува Владата да ги преземе сите активности за одземање на надлежностите за уривање на бесправно изградени објекти на сите општини во регионот кој е под заштита на УНЕСКО, а Владата како носител на извршната власт да се справи со проблемот за бесправно изградени објекти. Ова барање го упативме до Владата во 2020 година, рече Ивановска. Таа додаде дека Владата го разгледала барањето на ДКСК и го задолжила Министерството за транспорт и врски да достави мислења со соодветни насоки за постапување до ДКСК. -Министерството за култура ја известува ДКСК дека студиите за оценка на влијанието за животната средина и оценка на културното наследство за бесправно изградени објекти не се донесени. Управата за животна средина ја известува ДКСК дека немала издадено решение за оцена на влијанието врз животната средина, рече Ивановска. Ивановска посочи дека е донесен заклучок да запре постапувањето по овој предмет, а да продолжи по новоформираниот предмет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-za-postapuvaneto-so-divogradbite-vo-ohrid-neusoglasena-regulativa-i-prefrlane-na-nadlezhnostite/feed/ 0
Мицкоски на средба со пензионерите од Охрид: Неспособноста на оваа власт ве примора наместо да уживате во своите пензионерски денови да протестирате за повисоки пензии, идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги зголеми пензиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-penzionerite-od-ohrid-nesposobnosta-na-ovaa-vlast-ve-primora-namesto-da-uzhivate-vo-svoite-penzionerski-denovi-da-protestirate-za-povisoki-penzii-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-g/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-penzionerite-od-ohrid-nesposobnosta-na-ovaa-vlast-ve-primora-namesto-da-uzhivate-vo-svoite-penzionerski-denovi-da-protestirate-za-povisoki-penzii-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-g/#respond Wed, 04 Oct 2023 14:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=885171

Во рамки на акцијата „Важно е! Од тебе зависат промените“, вчера во Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со пензионерите, при што нагласи дека со оваа ненародна власт пензионерите наместо да уживаат во своите пензионерски денови тие се приморани да протестираат по улиците барајќи поголема пензија. „Главниот удар врз пензионерите е направен ако се сеќавате кога беше пуштена онаа методологија кога два пати годишно пензиите се нивелираа по два столба. Пондер имаше 50% трошоци за живот и пондер имаше 50% раст на просечна плата. Тоа се напушти и тоа траеше добри две години со што се направи дисбаланс помеѓу просечната пензија и просечната плата или минималната плата и да речеме од некои 60-тина проценти таа падна под 50% и сега денеска пензионерите ги гледаме како наместо да уживаат во пензионерските денови тие протестираат на улиците и си ги бараат правата за подобар живот“, појасни Мицкоски. Тој посочи дека владата под притисок на јавноста ја врати таа стара методологија само ребрендирана како швајцарски метод. А, во суштина тоа беше онаа иста методологија која ја напушти власта. „Има уште една работа, јас кога отидов во пензија влегов со 80% од просекот на плати, а пред тоа беше 90%, сега е 80%, значи на два – три пати ни е скратено она што требало да ни го дадат“, истакна еден од пензионерите при средбата со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски. Мицкоски нагласи дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ заедно со економскиот тим да направи анализа и да се креира економски модел за раст на пензиите и тие проценти кои што претходно биле да се стигнат, или како што рече зошто не и да се надминат. „Апсолутно како ВМРО-ДПМНЕ имаме намера да влеземе во озбилна анализа и овој економски тим кој што го креира тој економски модел да има посебен начин на раст на пензиите и тие проценти кои што беа да се стигнат, а зошто да не и да се надмине“, укажа Мицкоски. Но, тој исто така при средбата со пензионерите во Охрид рече – „Но, мораме да бидеме свесни во овој момент дека нашиот буџет ваков каков што е ние немаме прегледност, не знаеме кои се обврските преземени се додека во таа институција не влеземе“. Мицкоски додаде дека сите оние кои одлучија да нанесат штетат на интересот на стотици илјади семејства кои сакаат да ја видат власта сменета, односно да има Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат поразени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-na-sredba-so-penzionerite-od-ohrid-nesposobnosta-na-ovaa-vlast-ve-primora-namesto-da-uzhivate-vo-svoite-penzionerski-denovi-da-protestirate-za-povisoki-penzii-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-ke-g/feed/ 0
Охриѓанец си изградил куќа без документација за градба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohriganets-si-izgradil-kuka-bez-dokumentatsija-za-gradba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohriganets-si-izgradil-kuka-bez-dokumentatsija-za-gradba/#respond Wed, 04 Oct 2023 10:19:50 +0000 https://kurir.mk/?p=885031

СВР Охрид поднесе кривична пријава О.К.(57) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој, на катарстарска парцела на улицата „Даме Груев“ во Охрид, спротивно на Законот за градба и без соодветна документација за градба, издадена од надлежен државен орган, бесправно изградил стамбен објект за домување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohriganets-si-izgradil-kuka-bez-dokumentatsija-za-gradba/feed/ 0
Мицкоски се сретна со охридските пензионери: Пензионерите заслужуваат огромно внимание и тоа ќе го добијат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-ohridskite-penzioneri-penzionerite-zasluzhuvaat-ogromno-vnimanie-i-toa-ke-go-dobijat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-ohridskite-penzioneri-penzionerite-zasluzhuvaat-ogromno-vnimanie-i-toa-ke-go-dobijat/#respond Tue, 03 Oct 2023 12:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=884630

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во рамките на активнооста "Важно е! Од тебе зависат промените" оствари средба со охридските пензионери. -Денес во рамките на посетите "Важно е! Од тебе зависат промените" се сретнав со охридските пензионери. Отворен и искрен разговор за сите теми кои ги засегаат овие луѓе. Ниските пензии, тешкиот живот, уставните измени и бугарскиот диктат кој не го прифаќаме, за законот за амнестија. Им кажав дека сето ова ќе го промениме. Ќе воведеме нов модел за пензии, кои мора да бидат повисоки и достоинствени. Пензионерите заслужуваат огромно внимание и тоа ќе го добијат. Важно е да ги менуваме работите и тоа зависи од секој еден од вас. За секоја тема имаме решенија, и за секое прашање ќе имаме одговори и понуда, објави на Фејсбук Мицкоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/mitskoski-se-sretna-so-ohridskite-penzioneri-penzionerite-zasluzhuvaat-ogromno-vnimanie-i-toa-ke-go-dobijat/feed/ 0
Од недела: 30 денари час паркинг на јавните паркиралишта низ Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-nedela-30-denari-chas-parking-na-javnite-parkiralishta-niz-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-nedela-30-denari-chas-parking-na-javnite-parkiralishta-niz-ohrid/#respond Fri, 29 Sep 2023 12:37:05 +0000 https://kurir.mk/?p=883247

Согласно одлуката за дополнување и изменување на одлуката за утврдување на цени за користење на паркинг простори на Општина Охрид, од 1 октомври цената на паркирањето возила низ Охрид ќе изнесува 30 денари за час. Таа цена ќе важи за сите зони низ градот за сите паркиралишта со кои стопанисува Јавното претпријатие „Билјанини извори“, вклучувајќи ја и премиум-зоната во центарот на градот каде во летниот период чес паркирање се наплаќаше по сто денари. Новата цена на паркирањето ќе биде на сила до 1 март наредната година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-nedela-30-denari-chas-parking-na-javnite-parkiralishta-niz-ohrid/feed/ 0
Три илјади денари за секое прваче од Општина Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tri-iljadi-denari-za-sekoe-prvache-od-opshtina-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tri-iljadi-denari-za-sekoe-prvache-od-opshtina-ohrid/#respond Thu, 21 Sep 2023 13:43:44 +0000 https://kurir.mk/?p=880349

Втора година по ред Општина Охрид преку програмата за основно образование го спроведе проектот „Нашите првачиња“, за доделување парични средства за сите првачиња во општинските основни училишта. На сметките на вкупно 467 родители/старатели на првачиња запишани во основните училишта во општината за учебната 2023/24 година се префрлени вкупно 1,4 милиони денари, односно по три илјади денари за секое прваче. Градоначалникот Кирил Пецаков им посака на првачињата среќни училишни денови и многу успеси.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/tri-iljadi-denari-za-sekoe-prvache-od-opshtina-ohrid/feed/ 0
Од утре двонасочен соообраќај по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-dvonasochen-sooobrakaj-po-tselata-dolzhina-na-bulevarot-makedonski-prosvetiteli-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-dvonasochen-sooobrakaj-po-tselata-dolzhina-na-bulevarot-makedonski-prosvetiteli-vo-ohrid/#respond Mon, 18 Sep 2023 12:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=879154

Сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид од утре ќе се одвива со изменет режим, односно двоначосно по целата должина на сообраќајницата. Според новиот сообраќаен режим усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е дислоцирање на такси-постојката кај главната пошта на простор на улицата „Партизанска“, a локацијата да биде пренаменета во паркинг-простор. Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси-постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кон булеварот „Туристичка“ со што од утре сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно. Од полицијaта апелираат на придржување кон измените, а униформирани службеници во текот на утрешниот ден ќе стојат на делот од булеварот каде ќе има измени во сообраќајот за да ги информираат учесниците во сообрачајот за новиот сообраќаен режим. Од пред неколку дена повторно е на сила и режимот за слободно преминување на паркиралиштето кај Градското пристаниште од и кон Стариот дел на Охрид за граѓаните кои имаат картички за влез со возила во тој дел од градот. Од јуни поради зголемен проток на пешаци во централниот дел на Охрид на сила беше забраната за поминување со возила низ паркиралиштето секоја вечер од 20 до 5 часот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/od-utre-dvonasochen-sooobrakaj-po-tselata-dolzhina-na-bulevarot-makedonski-prosvetiteli-vo-ohrid/feed/ 0
Охриѓанец ја нападнал својата сопруга, а не му било прв пат – сега ќе одговара за две кривични дела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohriganets-ja-napadnal-svojata-sopruga-a-ne-mu-bilo-prv-pat-sega-ke-odgovara-za-dve-krivichni-dela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohriganets-ja-napadnal-svojata-sopruga-a-ne-mu-bilo-prv-pat-sega-ke-odgovara-za-dve-krivichni-dela/#respond Thu, 14 Sep 2023 14:55:07 +0000 https://kurir.mk/?p=878119

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.С.(42) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „неизвршување судска одлука“. Тој, на 30.08.2023 околу 18:30 часот, во семејната куќа, физички ја нападнал неговата сопруга, a од претходно имало решение од Основниот суд во Охрид за изречени привремени мерки на заштита од семејно насилство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ohriganets-ja-napadnal-svojata-sopruga-a-ne-mu-bilo-prv-pat-sega-ke-odgovara-za-dve-krivichni-dela/feed/ 0