охридска архиепископија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Nov 2022 17:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png охридска архиепископија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонските и бугарските историчари не се усогласиле за Охридската архиепископија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-i-bugarskite-istorichari-ne-se-usoglasile-za-ohridskata-arhiepiskopija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-i-bugarskite-istorichari-ne-se-usoglasile-za-ohridskata-arhiepiskopija/#respond Fri, 25 Nov 2022 17:31:01 +0000 https://kurir.mk/?p=766667

Имавме навистина напорна и тешка средба. Два дена дискутиравме само за учебниците по историја и имаше позитивна и конструктивна атмосфера, меѓутоа не дојде до договор. Бевме блиску, можно е да се постигне договор, ние сме оптимисти и ќе продолжиме со таа надеж и следната година да дискутираме на тие теми, изјави копретседателот Драги Ѓоргиев, по завршувањето на дводневниот состанок на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија. Дебатата во овие два дена според Ѓоргиев била за Охридската архиепископија, и една од забелешките од колегите од Бугарија е дека, тие сакаат да се промени начинот на кој таа е претставувана во нашите учебници. Договор за некои од забелешките за учебниците за седмо одделение, според Ѓоргиев, не бил постигнат поради недоразбирања околу изворите и различното толкување на минатото. – Тие различни пристапи во толкувањето на изворите од средновековието, прават и ние да имаме различен пристап во правењето на препораките за учебниците. И тоа е очигледно еден од главните камења на сопнување во работата на комисијата, изјави Ѓоргиев. Според него, кај колегите од Бугарија има еден пристап во кој тие овие прашања ги креваат на ниво на дебата на историографии. – Овде станува збор за препораки за учебници со кои треба да се надминат одредени недразбирања за да се подобрат учебници во двете држави, а не да се постигне некаква согласност меѓу историографиите во Македонија и Бугарија.Тука некаде настанува конфликтот околу кој не можеме да се разбереме и да го надминеме тоа, изјави Ѓоргиев. Дебатата за бугарските учебници, посочи дека е завршена пред година и половина и има седум препораки кои треба да бидат применети. – За учебниците во бугарскиот образовен систем има усвоено седум наши препораки кои треба да бидат имплементирани. И со тоа заврши дебатата за бугарските учебници. На тоа ниво петти и шести клас, кај нас соодветно е шесто и седмо одделение и сега расправаме за нашите учебници, изјави Ѓоргиев. Претседавачот на бугарскиот дел од комисијата Ангел Димитров, потврди дека главна тема на средбата во изминатите два дена била како да биде претставена Охридската Архиепископија во учебниците и оти и покрај првичните очекувања, конкретни резултати не се постигнати. – Јас разбирам дека тоа е многу важна тема, и се надевавме и бевме многу блиску до резултатот. Што се случи не знаеме, но ќе продолжиме на следната средба која ќе биде прва за наредната година во Софија. Ветувам дека ние ќе направиме се што е можно да има позитивни сигнали и добри резултати. Така што, завршивме за оваа година, а посакувам поуспешна да биде следната година за граѓаните на двете држави, кажа Димитров. Прашан што конкретно барала бугарската страна, тој одговори дека инсистирале да се запазат научните принципи и мултиперспективноста. – Мултиперспективност во образованието значи во еден рок да бидат претставени гледните точки на сите учесници. Станува збор за историските случувања, а не современите држави да имаат право на своја различна гледна точка. Во историјата не може да има две коренити основоположни гледни точки кои се валидни. Едната е валидна, другата не е. Која е вистинската? Таа се определува од два научни принципа. Едниот е и тој е основата во историската наука – е почитувањето на фактите и историските извори, а другиот е со усогласување со доминантната позиција во светската наука. Од таа страна ние сме спокојни запазувајќи ги научите принципи, рече Димитров. За забелешките на членови од македонскиот дел на комисијата дека нивните бугарски колеги го спорат макеоднскиот јазик и идентитет, Димитров кусо одговори дека „тоа нема никаково значење и не е тема на разговор“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonskite-i-bugarskite-istorichari-ne-se-usoglasile-za-ohridskata-arhiepiskopija/feed/ 0
Архиепископот Стефан го замоли патријархот Вартоломеј да ја признае Охридската архиепископија за автокефална https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/#respond Sun, 12 Jun 2022 12:33:10 +0000 https://kurir.mk/?p=689865

Добро ви е познат копнежот на нашата јерархија и на нашиот православен народ, и тоа не го сокриваме од Вас и пред Вас, и пред членовите на свештената јерархија на Вашата Црква и на верниот народ што ѝ принадлежи – да ја видиме Охридската Архиепископија возобновена и уредена како автокефална Црква, истакна архиепископот г.г. Стефан во обраќањето до вселенскиот патријарх Вартоломеј по денешната нивна заедничка Патријаршиска и синодална литургија во Соборниот храм „Св. Георгиј“ во Истанбул. – Но, Господ ни е сведок, дека колку ни е надежта голема, уште поголема е нашата полна доверба во Вашиот суд, во Вашето расудување за времето кога треба да се случи уредувањето на овие работи. Вам Ви го оставаме судот на времето, но Ве молиме – не заборавајте нѐ, помагајте ни да растеме…. , рече меѓу другото г.г Стефан. Како што јави известувачот на МИА од Истанбул, тој му порача на Вартоломеј дека во него е одговорноста на Мајката Црква за добробитот и преуспевањето на православното семејство. – При Вас се принадлежностите и правата и не молиме повеќе и поинаку од она како што постапивте со доделувањето на автокефалиите низ историјата, па и во современието. Без да поставуваме аналогија со зборовите на Мудриот Соломон, а имајќи го предвид одговорното и служечко првенство и привилегиите и авторитетот на Константинополската катедра, ќе речеме: „Имаш голема сила, и кој може да се дигне против силата на Твојата мишка? …сите ги милуваш… сè запазуваш …ги сакаш душите“, рече архиепископот Стефан. Тој натаму нагласи дека нашиот завет е дека „упорно ќе работиме на своето издигнување и дека трпеливо ќе го чекаме тоа благопријатно време, кога радосната објава на Великата Христова Црква за нас, пропратена со веселото биење на црковните камбани, ќе ги преисполни со неопислива радост срцата на нас современите и ќе ги смири духовите на упокоените“. Вселенскиот патријарх Вартоломеј од своја страна изјави дека на крајот на денешното историско сослужување со Вас, во овој наш Сечесен Патријаршиски Храм, „го насочуваме нашето слово, нашиот ум и срце кон сите наши возљубени чеда од Најсветата Охридска Архиепископија во државата Северна Македонија, водачите и водените, овде присутните и оние што се наоѓаат таму“. – Особено се радуваме за личното присуство на Превосходниот Претседател на Владата на Северна Македонија г. Димитар Ковачевски и заедно со него министрите и останатите негови соработници, како и за големиот број на верни чеда од Црквата на оваа благословена земја, кои го наполнија овој славен Храм и му дадоа друга димензија на денешниов празник на Педесетницата – како соборна, така и лична за нас, додаде патријархот Вартоломеј. Тој изрази верба дека овој настан значи потполно разбирање од наша страна за големината на дарот на Мајката Црква кон нашиот народ, но и за одговорноста која се понесува, влегувајќи од денес во Сеправославниот Свет. – Огноосветлени од благодатта на Утешителот, Го молиме, Го умолуваме и просиме од животворниот Свет Дух, обновителниот и сесилниот, слаткиот и Кој ги лекува раните, Кој ги надополнува човечките недостатоци, Кој ги испитува нашите срца – да ве утврди во вистината, да ве умножи во верата, да ве умудрува во борбата за Црквата, та и ние, вашиот заеднички отец и застапник, првиот и последниот помеѓу Епископите на Источната Света Христова Црква, да можеме духовно да се радуваме за вас и за вашите дела; та во нив да се прослави сечесното и великолепно име на Отецот и Синот и Светиот Дух, постојано, сега и секогаш и во вечни векови. Амин, истакна г. Вартоломеј . На литургијата присуствуваше и владина делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, во чиј состав беа и шефот на дипломатијата Бујар Османи, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за одбрана Славјанка Петровска, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи Даријан Сотировски, пратеници и околу 700 верници од државава кои самоорганизирано допатуваа во Истанбул да присуствуваат на овој историски чин. Премиерот Ковачевски ја проследи Патријаршката и Синодална Света Литургија каде на македонски јазик ги прочита Симболот на верата и молитвата „Оче наш“. По заедничката Литургија ќе се одржи и Вечерна богослужба која се служи само еднаш во годината по повод денешниот празник Педесетница – Слегување на Светиот Дух. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arhiepiskopot-stefan-go-zamoli-patrijarhot-vartolomej-da-ja-priznae-ohridskata-arhiepiskopija-za-avtokefalna/feed/ 0
МПЦ-ОА со апел до верниците: Ќе бидат воведени мерки во периодот на Страсна недела https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-oa-so-apel-do-vernicite-kje-bidat-vovedeni-merki-vo-periodot-na-strasna-nedela/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-oa-so-apel-do-vernicite-kje-bidat-vovedeni-merki-vo-periodot-na-strasna-nedela/#respond Wed, 28 Apr 2021 13:17:57 +0000 https://kurir.mk/?p=503303

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија денеска преку соопштение повика на одговорност и почитување на зададените мерки од здравствените власти, имајќи ја предвид епидемиолошка состојба во земјава и во пресрет на Велигден и велигденските празници. -Ги известуваме верниците дека МПЦ-ОА, во претстојниот период на Страсната недела, кој изобилува со богослуженија, во храмовите и манастирите ќе бидат воведени и спроведувани следните мерки: ќе бидат определени лица кои ќе се грижат за задолжително носење заштитни маски внатре и надвор од храмовите и за држење на пропишаното растојание, каде што има услови, литургиите ќе бидат служени на отворено и каде што има услови, ќе се воспостави посебен влез и посебен излез од храмот, се вели во соопштението од Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mpc-oa-so-apel-do-vernicite-kje-bidat-vovedeni-merki-vo-periodot-na-strasna-nedela/feed/ 0
Продолжуваат чествувањата за 1000 години постоење на Охридската архиепископија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-chestvuvanjata-za-1000-godini-postoenje-na-ohridskata-arhiepiskopija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-chestvuvanjata-za-1000-godini-postoenje-na-ohridskata-arhiepiskopija/#respond Mon, 28 May 2018 05:46:29 +0000 https://kurir.mk/?p=59031

Чествувањата по повод 1000-годишниот јубилеј на Охридската архиепископија продолжуваат денеска со Света архиерејска литургија во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, со која ќе чиноначалствува Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА. Централниот настан по повод значајниот јубилеј се одржа синоќа во „Света Софија“, со Свечена академија на која присуствуваа поглаварот на МПЦ Стефан, членовите на Светиот синод на МПЦ како и највисокото државно раководство предводено од претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Архиепископот Стефан во обраќањето пред присутните на Академијата меѓу другото истакна дека јубилејот 1000-години од Охридската архиепископија е настан со кој би се гордеел секој народ и секоја помесна Црква, настан што ја потврдува нашата вековна вистина, настан на кој се потпираат и нашето минато и нашата сегашност и нашата иднина. Тој уште рече дека историјата на Охридската архиепископија одела заедно со историјата на македонскиот народ, дека слободата на Архиепископијата била и слобода за народот. - Знаел нашиот народ дека само народ со минато, може да биде народ со иднина! Знаел дека нема вечни владари и трајни империи, туку дека има само народи кои вечно бдеат и ја чуваат својата историја... Ние денес, загледувајќи се во нашето минато, прилика е да се потсетиме и да се помолиме за личностите од минатото и за нивните заслуги и дела, трудејќи се достојно да се вложиме себеси и да ги насочиме своите обврски и задачи кон сегашниве и идните потреби на нашиот народ и Црква. Душеполезно и спасоносно би било да живееме по она евангелското, што било најглавно во мисијата на нашата древна Црква: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето. Само така ќе им се оддолжиме и ќе покажеме достојна почит кон духовниците и паството, кон сите коишто низ вековите наназад ѝ служеле и нејзе ѝ припаѓале, кон оние коишто некогаш дочекаа славни времиња, кон оние коишто трпеле искушенија, коишто ја доживеале забраната на нејзината дејност, како и кон оние коишто ја бранеле од неправдите и се бореле за нејзино возобновување и, конечно, кон оние коишто во лицето на Македонската православна црква го доживеаја и помогнаа во нејзиното воскресение, рече поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. Претседателот на Република Македонија и покровител на манифестацијата за одбележување на илјадагодишнината од формирањето на Охридската архипепископија, Ѓорѓе Иванов, од своја страна истакна дека славајќи го големиот јубилеј треба да сме свесни на фактот што самата новела на византискиот император Василиј II посветена на славната Охридска Архиепископија ја констатира историската реалност дека во Македонија веќе постоела организирана Црква со црковна ерархија, Црква која произлегувала од верниците христијани, Црква произлена од народот и која постоела заради народот. Претседателот Иванов потсети дека низ вековите Црквата во Македонија се соочувала и со прогони и со просперитет, носела различни имиња, нејзиниот статус бил унапредуван и смалуван, епархиите и биле придодавани и одземани, нејзината диецеза била проширувана и стеснувана, разни владетели ја потврдувале и ја забранувале, опстојувала и во време на императори-пагани, цареви-христијани и султани-муслимани. - Но, без разлика на сето тоа, таа била и останала плодоносна гранка на вистинската лоза, на Исус Христос. Гранка која низ вековите ја пренесувала надежта за вечност со Бог. И токму поради таа надеж, луѓето, независно од нивната етничка, социјална, јазична припадност биле толку многу приврзани кон својата црква. Толку приврзани што ниту најмоќниот човек на најмоќната империја на 11 век, византискиот император Василиј ИИ, не се осмелувал да ја укине. Туку ја потврдил, ја проширил и ја заштитил. И тоа е чинот што ние денес го празнуваме. Денес ја празнуваме потврдата на постоењето на црквата во Македонија во ликот на народната Охридска архиепископија, рече Иванов. Свое обраќање пред присутните гости на академијата имаше и претседателот на Владата Зоран Заев кој посочи дека востоличувањето на Охридската архиепископија не значеше создавање нова црква туку светла точка во историјата на континуитетот на христијанството на овие простори што има корени уште од апостолско време. Заев нагласи дека денеска се чествува десет векови поврзаност на македонскиот народ со колевката од која произлезе духовната сувереност на народот собран околу идејата за своја држава за која и се избори. Тој забележа дека никој денеска не може да го порекне, отфрли тој посебен однос меѓу Охридската архиепископија и народот во РМ. Однос изграден на длабоки врски и почит со наследството што православните христијански верници го негуваат со Охридската архипеископија, со МПЦ која иако се соочува со бројни искушенија никогаш не посегнала по туѓо, а на својата афтокефалност се повикува како што на неа се повикуваат сите помесни православни цркви денеска. - МПЦ – ОА е жива црква со полн духовен раст. Искрено се надеваме дека многу скоро ќе преовлада христијанската љубов и добрата волја и дека МПЦ ќе стане дел од единството на православната заедница. Повторно ќе се повикаме на вредностите на древната Охридската архипеископија која била духовната обединителка на православните народи и уверени сме дека нејзиниот дух возобновен во МПЦ ќе прерасне во алка на помирување и обединување околу изворните принцпипи на заедништвото на православната црква, истакна премиерот Заев. Свечената академија беше збогатена со пригоден концерт на Камерниот оркестар на Македонската филхармонија заедно со хоровите од братствата на манстирите „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“. На програмата беа преработки и аранжмани на композиции со тематика од македонските тропари. Во рамки на манифестацијата во галеријата на „Света Софија“ беше отворена и изложба на уметнички портети на македонските архиепископи. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuvaat-chestvuvanjata-za-1000-godini-postoenje-na-ohridskata-arhiepiskopija/feed/ 0
Свечена академија по повод 1000 години од основањето на Охридската архипеископија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-akademija-po-povod-1000-godini-od-osnovanjeto-na-ohridskata-arhipeiskopija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-akademija-po-povod-1000-godini-od-osnovanjeto-na-ohridskata-arhipeiskopija/#respond Sun, 27 May 2018 06:56:56 +0000 https://kurir.mk/?p=58721

Централната свеченост во рамки на манифестациите по повод одбележувањето на Илјадагодишнината од основањето на Охридската архиепископија ќе се одржи вечерва од 18:30 часот во катералната црква „Света Софија“ во Охрид. На Свечената академија по повод значајниот јубилеј е предвидено обраќања да имаат поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија владиката Тимотеј, претседателот на државата Ѓорѓе Иванов како и премиерот Зоран Заев. Свеченоста ќе биде збогатена со пригоден концерт на Камерниот оркестар на Филхармонијата во чии рамки ќе настапат и хоровите од братствата на манастирите „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“, под дирегентска палка на маестро Борјан Цанев. На програмата се преработки и аранжмани на композиции со тематика од македонските тропари. Во рамки на манифестацијата во галеријата на „Света Софија“ ќе биде отворена и изложба на уметнички портети на македонските архиепископи. Одбележувањето на милениумското постоење на Охридската архипеископија почна синоќа со концертот на женскиот црковен камерен хор „Света Злата Мегленска“ во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Чествувањето на јубилејот продолжува утре со празнична златоуста литургија од 9:00 часот во „Света Софија“ со која ќе чиноначалствува архиепископот Стефан во сослужение на членовите на Светиот синод на МПЦ. Се очекува на литургијата да присуствуваат и претставници на највисокото државно раководство. Милиениумското опстојување на Охридската архиепископија, како еден од најзначајните јубилеи за македонската држава и народ, ќе биде одбележано со бројни културни, научни, академски, образовни и спортски настани, организирани на локално, но и на највисоко државно ниво. Активностите се распределени да се одржуваат се до крајот на календарската година, во чии рамки се предвидени ликовни колонии, промоција на научни дела, поштенски марки, монети, училишни конкурси, издавање значајни публикации, организирање научни академски собири, па и спортски активности осмислени да го привлечат вниманието на пошироката јавност. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svechena-akademija-po-povod-1000-godini-od-osnovanjeto-na-ohridskata-arhipeiskopija/feed/ 0
Почнуваат чествувањата по повод 1000 години Охридска архиепископија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-chestvuvanjata-po-povod-1000-godini-ohridska-arhiepiskopija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-chestvuvanjata-po-povod-1000-godini-ohridska-arhiepiskopija/#respond Sat, 26 May 2018 07:12:59 +0000 https://kurir.mk/?p=58425

Со бројни културни, научни, академски, образовни и спортски настани, организирани на локално, но и на највисоко државно ниво, годинава ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридската архиепископија, како еден од најзначајните јубилеи за македонската држава и народ. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи Даријан Сотировски, најавувајќи ја програмата посветена на значајниот јубилеј, истакна дека се работи за извонредно значаен настан – одбележување еден милениум од постоењето на една важна црковна и духовна организација, која го обединувала народот и му помогнала да премости многу тешкотии од најразлични временски епохи. Највиските државни инстутиции заедно со локалните власти и МПЦ имаат изготвено пригодна програма со цел достојно да се одбележи јубилејот, а истовремено да побуди интерес кај сите возрасни категории. Активностите се распределени да се одржуваат од денеска па се до крајот на календарската година, во чии рамки се предвидени ликовни колонии, промоција на научни дела, поштенски марки, монети, училишни конкурси, издавање значајни публикации, организирање научни академски собири, па и спортски активности осмислени да го привлечат вниманието на пошироката јавност. Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски истакна дека Охридската архиепископија има посебно место во нашата богата духовна историја, која освен на македонско тло се простирала и на српска, бугарска и албанска територија, придонесувајќи Охрид како нејзино седиште да се развива во центар на православието и културата. - На овие простори, според научни сознанија, имало континуиран живот седум илјади години, а траги оставале речиси сите цивилизации. Тие траги видливи се и сега и се сведоци за богатата историја на Охрид. Тука секој може да ги види наслагите на минатото, да ги види ранохристијанските базилики, прекрасните мозаици и  бројните цркви со  ретките фрески и икони. Врз цврстите темели на Охридската архиепископија е изградена и нашата Македонска православна црква, нашиот духовен светилник и неизбришлив белег на нашиот духовен идентитет. Делото на светиот Апостол Павле кој на овие простори почнал да го шири христијанството, подоцна го продолжуваатсСветите Климент и Наум Охридски, учениците и следбениците на сесловенските просветители светите Кирил и Методиј. Тие продолжуваат со мисијата на ширењето на сесловенската писменост и култура, а свети Климент го отвора, според многумина најстариот Универзитет во Европа, со околу 3500 ученици. Испреплетеноста на важни културни и историски настани, го прават Охрид крстопат на цивилизациите, духовен и центар на сесловенската писменост и култура. Токму поради тоа, одбележувањето на 1000-годишнината од формирањето на Охридската архиепископија е голем настан за нас, но и за сите земји од православието, рече Стојаноски. Првата содржина од програмата посветена на јубилејот е големиот концерт на хорот „Света Злата Мегленска“ закажан за вечер на Градскиот плоштад во Охрид. Централната свеченост ќе се одржи утревечер од 18.30 часот во катедралната црква Света Софија во Охрид, со Свечена академија во присуство на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија предводени од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, како и претставници на највисоките државни институции во присуство на претседателот Ѓорѓе Иванов и премиерот Зоран Заев. Свеченоста ќе биде збогатена со пригоден концерт на Камерниот оркестар на Филхармонијата во чии рамки ќе настапат и хоровите од братствата на манстирите „Рајчица“ и „Свети Јован Бигорски“, под дирегентска управа на маестро Борјан Цанев. На програмата се преработки и аранжмани на композиции со тематика од македонските тропари. Во галеријата на Света Софија ќе биде отворена и изложба на уметнички портети на македонските архиепископи. Одбележувањето на значајниот јубилеј продолжува веќе утредента, со литургиско чествување што ќе се одржи во Света Софија од 9 часот, на кое е најавено присуство на највисока државна делегација. Организаторите на манифистациите упатија отворен повик до сите братски балкански народи да го посетат Охрид и заедно со македонскиот да го прослават значајниот јубилеј. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochnuvaat-chestvuvanjata-po-povod-1000-godini-ohridska-arhiepiskopija/feed/ 0