охридска библиотека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Jul 2022 10:46:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png охридска библиотека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Охридската библиотека збогатена со 120 нови наслови https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskata-biblioteka-zbogatena-so-120-novi-naslovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskata-biblioteka-zbogatena-so-120-novi-naslovi/#respond Wed, 06 Jul 2022 10:46:14 +0000 https://kurir.mk/?p=700913

Охридската библиотека „Григор Прличев“ го збогати својот библиотечен фонд со 120 нови наслови од реномирани македонски издавачки куќи. Директорот на установата Милчо Јованоски информира дека ова е прва од предвидените три јавни набавки, за кои од Министерството за култура добиле 450.000 денари. Набавката, како што посочи, содржи книги од сите жанрови од домашна и странска продукција во одделите за деца и возрасни. – Не случајно библиотечниот фонд се збогатува токму сега на почетокот од летната туристичка сеозна со цел да им излеземе во пресрет на охриѓани, но и на посетителите своето слободно време да го поминат со нова и актуелна книга, изјави Јованоски. На полиците на библиотеката за издавање се подготвени: „Море на загубената љубов“ од Санта Монтефјоре, „ Лаги што поврзуваат“ од Емили Гифин, „Италијанска девојка “ од Лусинда Рајли, трите во издание на Матица македонска, како и „Продавница за сувенири во Техеран“ од Марјан Камали и „Што остави зад себе“од Елен Мари Вајсмен во издание на Книгохоличари. Библиотеката во Охрид за читателите е отворена секој работен ден од 8 часот и 30 минути до 16 часот, а годишната членарина е 200 денари за деца и 300 денари за возрасни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskata-biblioteka-zbogatena-so-120-novi-naslovi/feed/ 0