Охридски маратон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Aug 2023 13:29:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Охридски маратон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Срушен рекордот на Охридскиот маратон, злато за Италијанецот Окипинти https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srushen-rekordot-na-ohridskiot-maraton-zlato-za-italijanetsot-okipinti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srushen-rekordot-na-ohridskiot-maraton-zlato-za-italijanetsot-okipinti/#respond Sat, 26 Aug 2023 13:12:00 +0000 https://kurir.mk/?p=871190

Италијанецот Алесио Окипинти е победник на овогодинешното 36-то издание на Охридскиот маратон, тој го сруши рекордот од 2013 година со време од 5 часа и 9 минути и постави ново најдобро време од 4:53:14 часа. -Среќен сум што го срушив рекордот. Првпат сум тука, езерото е одлично. Се надевав и посакував победа, изјави Окипинти за МТВ. Втор на целта пристигна минатогодишниот победник Аргентинецот Матијас Дијаз со време од 4 часа и 59 минути. Во женска конкуренција најдобра беше французинката Каролин Жуис, која целната линија ја мина после 5:05:59 часа пливање. Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев маратонот го заврши на 5-тото место со време со 5 часа и 8 минути. Истакна дека е задоволен, но не е тоа што го очекувал. Поп Ацев додадека и дека во последните 40 минути од пливањето веќе снемал сила. На градското пристаниште во Охрид пристигнуваат и останатите учесници на маратонот. Учество земаа 15 пливачи кои пливаат 25 километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид. Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/srushen-rekordot-na-ohridskiot-maraton-zlato-za-italijanetsot-okipinti/feed/ 0
Означен стартот на 36-тиот Охридски пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oznachen-startot-na-36-tiot-ohridski-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oznachen-startot-na-36-tiot-ohridski-plivachki-maraton/#respond Sat, 26 Aug 2023 09:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=871129

Сите 15 пријавени пливачи денеска во 10 часот влегоа во водите на Охридското Езеро кај Свети Наум, на стартот на 36-тиот меѓународен Охридски пливачки маратон. Шестте пливачки и деветмината маратонци ќе треба да ги испливаат 25-те километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид. Оваа година покрај нашите шест пливачи - Евгениј Поп Ацев, Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Кристијан Стојановски, Ивана Неделковска и Јована Неделковска учествуваат и двајца пливачи од Аргентина – Ерика Јенсен и Матијас Дијаз, тројца од Италија – Елена Лионело, Марко Инглима и Алесио Окипинти, двајца од Турција – Туна Ердоган и Догкан Улач, како и Марсен Шоутен од Холандија и Каролин Жуис од Франција. Моменталните временски услови се идеални за добра трка, водата на езерото е мирна со температура од 24 степени. Во такви услови на пливачите за да стигнат до целта ќе им бидат потребни околу четири до четири и пол часа, така што на целта ќе може да се очекуваат некаде по 15 часот. Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра. Во програмата на Охридскиот пливачки маратон е и младинската работилница на Програмата за развој на Обединетите нации и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ што започнува во 14 часот на Кеј Македонија. Охридскиот пливачки маратон оваа година е дел од Фестивалот на вода, а се одржува во организација на Општина Охрид со поддршка на Агенцијата за млади и спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор е Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oznachen-startot-na-36-tiot-ohridski-plivachki-maraton/feed/ 0
Хернандес победник на 35. Охридски пливачки маратон, Поп Ацев трет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hernandes-pobednik-na-35-ohridski-plivachki-maraton-pop-acev-tret/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hernandes-pobednik-na-35-ohridski-plivachki-maraton-pop-acev-tret/#respond Sat, 10 Sep 2022 14:57:20 +0000 https://kurir.mk/?p=731124

Аргентинецот Матијас Дијас Хернандес е победник на Охридскиот пливачки маратон што се одржа денеска патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до градското пристаниште. -Трката беше многу тешка, бидејќи водата беше студена и имаше бранови. Многу сум среќен што победив, изјави Хернандес. Во конкуренција на седумина пливачи и една девојка воторото место го освои Франческо Гетини од Италија, додека трет беше Македонецот Евгениј Поп Ацев. -Секој пат е тешко, долга е трката, на крај имаше бранови и беше тешко. Последниот час беше стварно тежок. Задоволен сум со второто место. Водата не беше многу студена, но сепак беше. Добра трка, многу сум среќен, рече Гетини по трката. Покровител на маратонот е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hernandes-pobednik-na-35-ohridski-plivachki-maraton-pop-acev-tret/feed/ 0
Пендаровски: Очекувам одговорност и истрага во Пливачката федерација за организацијата на Охридскиот пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ochekuvam-odgovornost-i-istraga-vo-plivachkata-federacija-za-organizacijata-na-ohridskiot-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ochekuvam-odgovornost-i-istraga-vo-plivachkata-federacija-za-organizacijata-na-ohridskiot-plivachki-maraton/#respond Fri, 19 Aug 2022 12:38:54 +0000 https://kurir.mk/?p=721079

Претседателот на државата Стево Пендаровски очекува одговорност и истрага во однос на случувањата во Пливачката федерација на Македонија и откажувањето на Охридскиот пливачки маратон за оваа година. По она што бил информиран од новото раководство на Федерацијата, забележа дека се работи за сериозни обвинувања. – Од новото раководство на Пливачката федерација на Македонија пред некој ден бев информиран дека тие веќе после една спроведена ревизија на работењето на претходното раководство и организатори на маратонот имаат поднесено извештаи или кривични пријави до Антикорупциска и Основното јавно обвинителство. Очекувам, бидејќи станува збор за многу сериозни наводи од тоа што ми беше презентирано од новиот претседател на Федерацијата, дека тоа ќе биде земено веднаш во работа и нема да чекаме години и години да разбереме дали има таму навистина криминал, на што упатуваат ревизорските наоди и изјавите на новото раководство или нема ништо. Тој е така нарачен евентуално криминален дел на организацијата, изјави Пендаровски. По отворањето на јубилејната 55. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ одговарајќи на новинарски прашања забележа дека коментарите за откажувањето на Охридскиот маратон се предизвикани од политички мотиви. – Јас знам дека има луѓе во опозицијата кои некои работи не ги разбираат. Не е возможно да до толку не разбираат и не прават разлика меѓу покровител, организатор и спонзор. Ја сум и денес покровител на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, но немам никаов контакт со финансиската конструкција на семинарот. Имам уште неколку покровителста и тие ги преземав од моите претходници. Ние можеме неформално да помагаме барајќи од приватни фирми спонзорства, но од Кабинетот на Претседателот не било никогаш одделувано пари и средства за организација на било која манифестација на која претседателот е покровител, појасни Пендаровски. Службите во неговиот кабинет, додаде, вчера проверувале десет години наназади ниту еден денар не бил исплатен од буџетот на Претседателот на државата за која било манифестација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-ochekuvam-odgovornost-i-istraga-vo-plivachkata-federacija-za-organizacijata-na-ohridskiot-plivachki-maraton/feed/ 0
Пецаков: Локалната самоуправа ќе го организира Охридскиот пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-lokalnata-samouprava-kje-go-organizira-ohridskiot-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-lokalnata-samouprava-kje-go-organizira-ohridskiot-plivachki-maraton/#respond Thu, 18 Aug 2022 11:04:34 +0000 https://kurir.mk/?p=720479

Општина Охрид ќе направи се, односно 99 отсто Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи, изјави денеска градоначалникот Кирил Пецаков по координативниот состанок со претставници на пливачките клубови од градот. Најави дека локалната самоуправа дека ќе направи се од следната година, организацијата на манифестацијата да ја преземе во свои раце заедно со пливачките клубови. – За оваа година ќе направиме се што е и што не е во наша моќ да успееме да го организираме Охридскиот маратон. Ја повикуваме и државата, на што добив и веднаш одговор од Агенцијата за млади и спорт. Треба да пристигне директорот и да видиме на кој начин би учествувале тие во организацијата на маратонот. Начинот на раководење на маратонот години наназад и односот со него го гледам и по однос на посетеноста како од година во година се уништува и ќе мораме како Локална од наредната година да ги разгледаме сите опции, истакна Пецаков. Посочи дека наградниот фонд кон пливачите не бил исплатен последните две-три години, а се поставува прашањето дали и годинава ќе биде исплатен. – Не можам да сфатам како се доведуваме во ситуација да останеме без маратон, односно да поминеме со едно соопштение дека нема да се одржи поради блокирана сметка, состојба која трае долги години. Што правеле досега? За да поканите пливачи на маратонот потребно е месец дена однапред да се известат и да го потврдат нивното доаѓање. Сега се поставуваме во една временска крајна зона каде незнам колку би добиле позитивни одговори. Поканите се веќе испратени од вчера, сабајлево почнуваме да добиваме одговори, на кои потенцирам дека најбитно прашање е дали ќе има награден фонд, бидејќи наназад две три години не им се исплатени наградите на кои пливале, истакна Пецаков. Во однос на учеството на пливачи и краткиот временски период од нивната покана, рече дека ќе побараат помош од легендите во македонското пливање меѓу нив Томи Стефановски и Евгениј Поп Ацев, преку својот личен интегритет и авторитет да го заложат да ги поканат пливачите, со цел годинава да се одржи Охридскиот пливачки маратон. Во разговори со компании последните 12 часа, нагласи, дека успеале да обезбедат одреден фон, а по средбата со директорот на Агенцијата за млади и спорт и поддршката од нивна страна ќе направат финансиска конструкција со која би се одржал. – Од разговорот со Охридските клубови, кои всушност се организатори на настанот технички се спремни да го организираат, а околу финансиите потребни се околу 50 000 евра. Оваа година би можеле со толку да организираме и Општина Охрид е спремна сетоа тоа да го понесе, нагласи Пецаков. Претседателот на здружението „Охридски бранови“, Кочо Паскали рече дека се подготвени техничи да го оргнизираат маратонот. – За една трка од 29-30 пливачи, се ангажираат 200 луѓе за кајчиња, старт, патека…. Тоа е работа која сака студиозно и сериозно работење. „Охридски бранови“ има свои реквизити за старт, патека, цел, луѓе со кои соработува годините за пловни објекти, глисери, судии…. За 24 часа како клуб во соработка со Црвен крст – Охрид можеме да го организираме маратонот. Но проблем се пливачите и средставата, рече Паскали. Сметката на пливачката федерација, посочи, била блокирана повеќе од 10 години и за надминување на проблемот потребно било да се излезе со информација каде и колку се должи за да може да се раздолжат. Информацијата за неодржување на 60. издание на Охридскиот пливачки маратон вчера ја објави претседателот на државата Стево Пендаровски, под чие покровителство се одржува манифестацијата, по средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-lokalnata-samouprava-kje-go-organizira-ohridskiot-plivachki-maraton/feed/ 0
Пецаков: Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка, охридскиот маратон нема да се одржи! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-neseriozno-e-da-se-ostavi-nacionalnata-plivachka-federacija-so-blokirana-smetka-ohridskiot-maraton-nema-da-se-odrzi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-neseriozno-e-da-se-ostavi-nacionalnata-plivachka-federacija-so-blokirana-smetka-ohridskiot-maraton-nema-da-se-odrzi/#respond Wed, 17 Aug 2022 17:17:20 +0000 https://kurir.mk/?p=720100

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков преку статус на Фејсбук пишува дека оваа година нема да се одржи охридскиот маратон. -Драги мои охриѓани, но и почитувана македонска и светска јавност, Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија. Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон. Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер. Апелирам да престане уништувањето на националните симболи и манифестации по кои е препознатлива Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pecakov-neseriozno-e-da-se-ostavi-nacionalnata-plivachka-federacija-so-blokirana-smetka-ohridskiot-maraton-nema-da-se-odrzi/feed/ 0
На Охридското Езеро се одржува Меѓународниот пливачки маратон на ФИНА https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-ohridskoto-ezero-se-odrzuva-megjunarodniot-plivachki-maraton-na-fina/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-ohridskoto-ezero-se-odrzuva-megjunarodniot-plivachki-maraton-na-fina/#respond Sat, 21 Aug 2021 09:57:22 +0000 https://kurir.mk/?p=553296

Во водите на Охридското Езеро денеска се одржува јубилејниот 50. Охридски пливачки маратон, прва од четирите трки на распоредот на серијата Ултра пливачки маратони на Светската пливачка федерација (ФИНА). Пливачите влегоа во водите на езерото на стартот на трката во 11 часот кај Свети Наум, а првите маратонци на целта кај Градското пристаниште во Охрид. оддалечено 25 километри, се очекува да стигнат за приближно шест часа. Временските услови за маратонот се поволни, температурата на водата е 25 Целзиусови степени. но мал проблем претставува умерениот северен ветар што го бранува езерото и дува спротивно од насоката на пливањето. Меѓу 12 пливачи и седум пливачки учесници на маратонот се неколку познати имиња, како Марк Антоан Оливие од Франција, светски шампион на пет километри, бронзениот медалист од Олимиписките игри во Рио де Жанеиро и шестопласиран на Олимпијадата во Токио, потоа неговиот сонародник Аксел Рејмонд, светскиот шампион на 25 километри за 2019 година, како и нашиот Евгениј Поп Ацев, победник на ФИНА Светската серија на Ултра маратони 2019 година. Од нашите маратонци во водите на езерото влезе и Александар Илиевски. Кај жените на стартот, меѓу познатите се освојувачката на сребро на десеткилометрскиот маратон во Доха – Ошан Касињол, како и ветеранката и нам добро позната неколкукратна победничка на охридскиот маратон – Пилар Гељо од Аргентина. Наградниот фонд на пливачкиот маратон изнесува десет илјади долари, рамномерно распореден во двете категории. Првиот Ултра маратон што требаше да се одржи во Канада е откажан, додека после охридскиот на распоредот се уште две трки – на патеката Капри во Италија и Росарио во Аргентина. Ова е 50-ти пат светската пливачка елита да се собере на Охридското Езеро, а 35-та трка од возобновувањето на Охридскиот пливачки маратон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/na-ohridskoto-ezero-se-odrzuva-megjunarodniot-plivachki-maraton-na-fina/feed/ 0
Васил Јанкула, кој боледува од церебрална парализа, ја извози патеката на Охридскиот маратон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vasil-jankula-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-ja-izvozi-patekata-na-ohridskiot-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vasil-jankula-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-ja-izvozi-patekata-na-ohridskiot-maraton/#respond Sun, 09 Sep 2018 08:02:32 +0000 https://kurir.mk/?p=98309

Васил Јанкула од Мала Преспа, кој боледува од детска целебрална парализа, ја оствари својата цел, и со точак на три тркала ја извози триесет километарската патека во рамки на Охридскиот меѓународен атлетски маратон. -Васил беше дел од 32-то издание на маратонот, што се одржа во Охрид по повод 8 Септември. Денот на независноста на Република Македонија. Со оптимистички дух и храбро срце успеа за два часа да ја извози патеката полна со удолници и угорници. Огромната волја и ентузијазмот на еден млад човек со церебрална парализа беа посилни од неговите кревки мускули на кои болеста оставила неизбришливи траги, пишува весникот „Илинден“. Се додава дека Васил покажал оти различностите се насекаде околу нас, но дека треба да бидат прифатени и оти лицата со посебни потреби можат да бидат дел од еден ваков спортски настан, па макар и вон конкуренција. -Со солзи го кажувам ова, но ова младо момче тоа го заслужува. Посакувам да имав магично стапче и се да сменев. Но, си велам се ќе беше попусто бидејќи Васил е посилен и од науката и од здравството. Тој е пример како понатаму да се види изгрејсонцето, да се стане со насмевка и на животот да му се спротивстави со цврсто јас, а тоа е токму Васил, победник на самиот себе си, огледало и пример за секого, изјави неговиот тренер Тони Ангеловски. Искажувајќи огромна почит за храброста и одлучноста на Васил „Илинден“, единствен весник на македонски јазик во Албанија, му го честита успехот, со кој покажа дека физичкиот хендикеп не и може ништо на желбата и одлучноста на еден млад човек.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vasil-jankula-koj-boleduva-od-cerebralna-paraliza-ja-izvozi-patekata-na-ohridskiot-maraton/feed/ 0