Охридски пливачки маратон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 07:52:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Охридски пливачки маратон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шест пливачки и девет пливачи пријавени за утрешниот 36. Охридски пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-plivachki-i-devet-plivachi-prijaveni-za-utreshniot-36-ohridski-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-plivachki-i-devet-plivachi-prijaveni-za-utreshniot-36-ohridski-plivachki-maraton/#respond Fri, 25 Aug 2023 07:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=870752

Шест натпреварувачки во женска и девет во машка конкуренција утре ќе го пливаат 36-тиот Охридски пливачки маратон од Свети Наум до Охрид, што се одржува во организација на Општина Охрид и Пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, на синоќешното претставување на маратонците посочи дека Охридскиот пливачки маратон е вистинска гордост за локалната заедница и државата, бидејќи го промовира Охрид како одлична локација за спортски настани и привлекува пливачи од целиот свет. „Од една страна, маратонската трка на Охридското Езеро го насочува вниманието кон спортот и физичката активност, а од друга страна го поддржува туризмот и свеста за природното богатство и непроценливото културно наследство“, истакна Пецаков. Организаторите на најпознатата меѓународна спортска манифестација во земјата традиционално ја доделија спортската награда „Климе Савин“ за 2023 што годинава му припадна на пливачката легенда Томи Стефановски, а признанија беа доделени до „Костал“, „ЈК Травел“ и на спортскиот коментатор во пензија, Атанас Костовски. Охридскиот пливачки маратон ќе се плива утре на патеката „Климе Савин“ долга 25 километри. Стартот е кај Свети Наум, а целта на Градскиот кеј. Наградниот фонд изнесува 12 илјади евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-plivachki-i-devet-plivachi-prijaveni-za-utreshniot-36-ohridski-plivachki-maraton/feed/ 0
Триесеттина пливачи на годинашниот Охридски пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/triesettina-plivachi-na-godinashniot-ohridski-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/triesettina-plivachi-na-godinashniot-ohridski-plivachki-maraton/#respond Fri, 31 Mar 2023 14:56:13 +0000 https://kurir.mk/?p=818574

Триесеттина пливачи од светската елита ќе бидат учесници на годинашното 36-то по ред издание на Охридскиот пливачки маратон. Претставници на Општина Охрид и на Националната пливачка федерација денеска одржаа состанок посветен на почетокот на подготовките за организирањето на годинешното издание на маратонот, при што е разговарано по однос некои од потребните технички и логистички услови за целокупната организација на најзначајната меѓународна спортска манифестација во Охрид и земјата. На иницијатива на Општина Охрид, Охридскиот пливачки маратон е ставен под закрила на Европската пливачка федерација и ќе се одржува во рамки на Отвореното првенство на LEN, со што се враќа препознатливиот сјај на маратонот како атрактивен настан, интересен за професионалните напреварувачи и врвните пливачки имиња. На денешниот состанок е најавено дека годинава спортската манифестација ќе биде збогатена со повеќе новитети, како за самите учесници така и за публиката. Минатата година Општина Охрид ја презеде организацијата на Охридскиот пливачки маратон, за што од општинскиот буџет беа издвоени два милиони денари, како и целосна вклученост на општинските ресурси за успешно организирање на манифестацијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/triesettina-plivachi-na-godinashniot-ohridski-plivachki-maraton/feed/ 0
ГАЛЕРИЈА: Почна Охридски пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/galerija-pochna-ohridski-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/galerija-pochna-ohridski-plivachki-maraton/#respond Sat, 10 Sep 2022 10:59:09 +0000 https://kurir.mk/?p=731080

Осуммината пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка точно во 10 часот од Свети Наум ја тргнаа на 25 километарската патека „Климе Савин“ во освојување на Охридскиот пливачки маратон 2022 година. Стартот го означи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој им посака мирни езерски води и успешна трка. Во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија. Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот. За безбедноста на пливачите согласно стандардите на ФИНА се грижат волонтери на Црвениот крст – Охрид. Покровител на 60. јубилеен маратон од првата трка, односно 35. од возобновувањето е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/galerija-pochna-ohridski-plivachki-maraton/feed/ 0
Почна Охридски пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-ohridski-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-ohridski-plivachki-maraton/#respond Sat, 10 Sep 2022 09:06:02 +0000 https://kurir.mk/?p=731061

Осуммината пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка точно во 10 часот од Свети Наум ја тргнаа на 25 километарската патека „Климе Савин“ во освојување на Охридскиот пливачки маратон 2022 година. Стартот го означи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој им посака мирни езерски води и успешна трка. Во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија. Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот. За безбедноста на пливачите согласно стандардите на ФИНА се грижат волонтери на Црвениот крст – Охрид. Покровител на 60. јубилеен маратон од првата трка, односно 35. од возобновувањето е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“. ]]>

Осуммината пливачи, седум во машка конкуренција и една девојка точно во 10 часот од Свети Наум ја тргнаа на 25 километарската патека „Климе Савин“ во освојување на Охридскиот пливачки маратон 2022 година. Стартот го означи градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој им посака мирни езерски води и успешна трка. Во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово. Единтвената девојка на годишаното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија. Првите натпреварувачи на целта се очекуваат после 15 часот. За безбедноста на пливачите согласно стандардите на ФИНА се грижат волонтери на Црвениот крст – Охрид. Покровител на 60. јубилеен маратон од првата трка, односно 35. од возобновувањето е Општина Охрид, Националната пливачка федерација и Агенцијата на млади и спорт, а технички организатор е клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“. ]]>
https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochna-ohridski-plivachki-maraton/feed/ 0
Охридскиот пливачки маратон и фестивалот на виното со богата програма за посетителите https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskiot-plivachki-maraton-i-festivalot-na-vinoto-so-bogata-programa-za-posetitelite/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskiot-plivachki-maraton-i-festivalot-na-vinoto-so-bogata-programa-za-posetitelite/#respond Tue, 06 Sep 2022 12:28:57 +0000 https://kurir.mk/?p=729429

Со повеќе содржини од 8 до 10 септември Охрид ќе биде центарот на спортот и забавата во рамки на првиот Охридски фестивал на виното и одржувањето на 60. јубилејно издание на Охридскиот пливачки маратон. Градоначалникот Кирил Пецаков денеска на прес-конференција заедно со организаторот на Винофестот Пане Темов и координаторот на организацискиот одбор на пливачкиот маратон Ристе Јанкоски информираа за дел од содржините, ветувајќи одлична забава за охриѓани и гостите. – Многу содржини и настани во овие четири дена кои ќе привлечат многу гости и туристи и се надевам дека ќе биде пример како за наредното лето би се организирале, можеби не во истиот период, малку порано, да имаме доста настани и содржини со коишто ќе привлечеме гости токму кога привршува туристичката сезона, рече Пецаков. Охридскиот фестивал на виното ќе почне в четврток на „Кеј Македонија“, а ќе трае до сабота, додека в сабота ќе се одржи и традиционалниот Охридски пливачки маратон на 25 километарската патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Градското пристаниште. – Уште една содржина која ќе го збогати викендот е ракометниот натппревар меѓу екипите на Охрид и Прилеп, по што следува и последната вечер на Винофест во Охрид. И во недела како надолнување на тој продолжен викенд од четири дена исполнет со содржини и понуда за сите туристи и охриѓани е организација на Суперкупот во ракомет меѓу екипите на Вардар и Пелистер за кои исто така сме горди како град што првпат го организираме, нагласи Пецаков. На Охридскиот фестивал на виното, според Темов, ќе учествуваат 10-тина македонски винарии и неколку увозници на вино. За забавата ќе бидат задолжени охридските бендови „Камелеон“ и „Бекдор бенд“, а настапи ќе имаат и Ѓоко Танески, Дј Винофест, Фолтин, Александар Јосифовски, Ареа, Наум Петрески, Нина Јанева и Супехикс. – Се надевам на голема понуда на вино, да може да се проба да се дегустира. Се надевам дека охриѓани и гостите ќе уживаат во нашата програма и нашата замисла и вината што ќе може да се пробаат на Фестивалот, истакна Темов. Според него, кај винариите одамна постоел интерес за таков фестивал, посочувајќи дека сегашниот термин не е соодветен поради бербата на грозјето. – Во Охрид е потребен еден можеби и поголем фестивла од „Виноскоп“ во Скопје, бидејќи винариите од соседството сакаат да дојдат во Охрид, рече Темов. Во сабота пак, со почеток во 10 часот ќе се одржи 35-тото возобновено издание на Охридскиот пливачки маратон на патеката „Климе Савин“ во должина од 25 километри. На манифестацијата, како што информираше координаторот Ристе Јанкоски, пријавени се осум пливачи од пет земји. – Во склоп на маратонот планирани се и дополнителни содржини, кои ќе се одржат оваа година со цел да го вратиме неговиот сјај. В четврток на плоштадот кај Долна Порта ќе има презентација на сите пливачи, изложба на стари фотографии од минатото и проекција на документарниот филм „Охридски пливачки легенди“. Филмот и изложбата ќе може да ги погледнат децата од основните и средни училишта в петок во центарот за култура „Григор Прличев“. В сабота покрај пливачкиот маратон имаме предвидено и работилница заедно со децата од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и УНДП на тема „Заедничките перспективи, младите за Охридското Езеро“, појасни Јанкоски. Според него предвидена е и културна програма, со концерт на ансамблот „Билјана“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskiot-plivachki-maraton-i-festivalot-na-vinoto-so-bogata-programa-za-posetitelite/feed/ 0
Почнаа подготовките за Охридскиот пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnaa-podgotovkite-za-ohridskiot-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnaa-podgotovkite-za-ohridskiot-plivachki-maraton/#respond Tue, 23 Aug 2022 10:57:56 +0000 https://kurir.mk/?p=722583

Распределба и прецизирање на обврските за реализација на годинашното издание на Охридксиот пливачки маратон денеска беа направени на координативен состанок со претставници на локалната самоуправа, охридските пливачки клубови и Пливачката федерација на Македонија. На состанокот, што се одржа во Општина Охрид, присуствуваше и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, а е договорено да се формира Организациски одбор за успешна реализација на Маратонот. За координатор на активностите, општинската прес-служба соопшти дека е поставен Ристе Јанкоски. Градоначалникот Пецаков, меѓу другото ја истакна важноста за Охрид и охриѓани од одржувањето на маратонот, давајќи силна поддршка за успешно издание. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnaa-podgotovkite-za-ohridskiot-plivachki-maraton/feed/ 0
Охридскиот пливачки маратон ќе се одржи, Пецаков не дозволува да згасне спортската манифестација https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskiot-plivachki-maraton-kje-se-odrzi-pecakov-ne-dozvoluva-da-zgasne-sportskata-manifestacija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskiot-plivachki-maraton-kje-se-odrzi-pecakov-ne-dozvoluva-da-zgasne-sportskata-manifestacija/#respond Fri, 19 Aug 2022 09:49:38 +0000 https://kurir.mk/?p=720941

Ќе има и ќе најдеме начин да го организираме Охридскиот пливачки маратон, порача градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков на денешната заедничка прес-конференција со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски. Пецаков информира дека со помош на Агенцијата за млади и спорт, која ќе го покрие наградниот фонд од 10.000 евра, како и со помош од други спонзори, Охридскиот маратон сепак ќе се одржи. -Охридскиот маратон не е само спортска манифестација тој е многу повеќе од тоа, тој е чувство вкоренето во секој охриѓанец. Радосен сум бидејќи Охридски пливачки маратон ќе има, иако пред нас излегоа пречки. По вчерашниот координативен состанок на сите засегнати страни, откако заврши состанокот се донесоа следните заклучоци: Наградниот фонд ќе биде покриен од Агенцијата за млади и спорт, а за сите останати трошоци поврзани со одржувањето на маратонот, Советот на Општина Охрид ќе донесе одлука за доделување на два милиони денари од страна на Општината, изјави Пецаков. Тој најави дека ги известиле пливачите за условите што ќе бидат обезбедени од нивна страна, но и за условите од самото пристигнување во Охрид и добиваат позитивни одговори. Пецаков соопшти дека сè уште нема официјална бројка на пливачи кои ќе учествуваат, но дека засега се околу 20. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ohridskiot-plivachki-maraton-kje-se-odrzi-pecakov-ne-dozvoluva-da-zgasne-sportskata-manifestacija/feed/ 0
Одлуката за откажувањето на Охридскиот пливачки маратон е СРАМНА, денес ќе има координативен состанок https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odlukata-za-otkazuvanjeto-na-ohridskiot-plivachki-maraton-e-sramna-denes-kje-ima-koordinativen-sostanok/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odlukata-za-otkazuvanjeto-na-ohridskiot-plivachki-maraton-e-sramna-denes-kje-ima-koordinativen-sostanok/#respond Thu, 18 Aug 2022 08:37:33 +0000 https://kurir.mk/?p=720350

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков денеска ќе одржи координативен состанок поради откажувањето на Охридскиот пливачки маратон. Тој вчера, по објавувањето на одлуката за неодржување на најстарата пливачка манифестација во земјата, со 60-годишна традиција, на социјалнмата мрежа Фејсбук реагираше на одлуката на Националната пливачка федерација -Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон, напиша Пецаков. Според него, несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа неможност да се задржи брендот во маратонското пливање. -Жалам за љубителите на водени спортови и гостите што се дојдени на одмор на охридското крајбрежје што Охрид нема да има можност да ги пречека најдобрите светски пливачи, кои нема да ја почувствуваат магијата на водата во македонскиот езерски бисер, стои во објавата на Пецаков. Реакцијата на Пецаков беше по објавата на шефот на државата Стево Пендаровски за средбата со претседателот на Националната пливачка федерација Горан Стојановски на која, како што соопшти, разговарале за реализираните активности, учества на натпревари, организациските проблеми и предизвици во пливањето на домашен и меѓународен план. Причина за неодржување на маратонот, кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на државата, како што е наведено, била блокираната сметка на Федерацијата и финансиското работење на претходното раководство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/odlukata-za-otkazuvanjeto-na-ohridskiot-plivachki-maraton-e-sramna-denes-kje-ima-koordinativen-sostanok/feed/ 0
Пендаровски ги додели медалите на победниците на 34. Охридски пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pendarovski-gi-dodeli-medalite-na-pobednicite-na-34-ohridski-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pendarovski-gi-dodeli-medalite-na-pobednicite-na-34-ohridski-plivachki-maraton/#respond Sat, 21 Aug 2021 16:42:51 +0000 https://kurir.mk/?p=553439

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги додели медалите и пехарот на победниците на 34. Охридски пливачки маратон. Францускиот пливач Аксел Рејмонд во машка и француската пливачка Ошан Касињол во женска конкуренција се победници на 34. Охридски пливачки маратон, кој се одржа под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Маратонската трка, на која стартот го означи претседателот Пендаровски, започна од манастирскиот комплекс „Св. Наум“, а заврши на градското пристаниште во Охрид. На 25 километри долгата патека „Климе Савин" се натпреваруваа вкупно 19 пливачи, 12 во машка и 7 во женска конкуренција, меѓу кои македонските пливачи Евгениј Поп Ацев, кој го освои третото место и Александар Илиевски и Леонид Мишевски. По пристигнувањето на целта на Охридското пристаниште, претседателот Пендаровски, доделувајќи им венци на победниците, им ја честиташе победата и им посака добро здравје и уште многу натамошни успеси. На церемонија за доделување на медалите, претседателот Пендаровски ги додели медалите и пехарот на победниците на 34. Охридски пливачки маратон. Охридскиот пливачки маратон е редовна трка од светската серија на ултра маратони на (ФИНА) - Светската пливачка федерација, која се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pendarovski-gi-dodeli-medalite-na-pobednicite-na-34-ohridski-plivachki-maraton/feed/ 0
Откажан Охридскиот пливачки маратон https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazan-ohridskiot-plivachki-maraton/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazan-ohridskiot-plivachki-maraton/#respond Thu, 30 Jul 2020 07:46:03 +0000 https://kurir.mk/?p=383500

Поради пандемијата на коронавирус, оваа година нема да се одржи традиционалниот Охридски пливачки маратон. Исто така нема да се организира ниту трката на 10 километри, соопшти ПФСМ. – Пливачката федерација на Северна Македонија како активен член во Светска пливачка федерација (ФИНА) и единствена надлежна за пливање и далечинско пливање во нашата држава, соопштува дека годинашните официјални интернационални пливачки маратони (Охридскиот на 25 и покусиот на 10 км.) од светската серија нема да се одржат поради пандемијата, стои во известувањето од федерацијата. Термините за следната година се: 21 август 2021 на 25 км. и 28 август 2021 година на 10 км.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/otkazan-ohridskiot-plivachki-maraton/feed/ 0