охридски рамковен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 13 Aug 2023 07:09:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png охридски рамковен договор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дваесет и две години Охридски рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/#respond Sun, 13 Aug 2023 07:09:12 +0000 https://kurir.mk/?p=866182

Пред дваесет и две години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Во рамки на одбележувањето на 22-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, по втор пат ја организира Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“ (ПФД) со над 80 учесници. Како што соопштуваат од Кабинетот на првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, преку „Peace Forum Dialogue“ на младите им се дава можност да стекнат знаења за функционирањето на политичкиот систем во земјата, спроведувањето на политиките кои произлегуваат од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи, управувањето со конфликти, градењето мир, социјалната кохезија, консензуалната демократија, градењето мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграција на граѓаните во јавниот, социјалниот, економскиот и културниот живот. На првиот ден на отворањето на форумот во Маврово, вчера се обратил заменик министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Џабир Доко кој истакнал дека Школата за млади лидери нуди можности за учесниците да се стекнат со нови знаења од најдобрите експерти во земјата и регионот. Охридскиот рамковен договор беше потпишан на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје од страна на тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, тогашниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, како и тогашните лидери на СДСМ, Бранко Црвенковски, на ПДП, Имер Имери и на ДПА, Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ и на САД, Франсоа Леотар и Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти. Комитетот за односи меѓу заедниците денеска ќе одржи свечена седница по повод одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој во 2019 година се трансформираше во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели“. - Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците, се додава во документот. Потоа следуваат точки што се однесуваат на прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, недискриминација и правична застапеност, посебни собраниски процедури, образование и употреба на јазиците, изразување на идентитет и имплементација. Договорот содржи и три Анекси: А.Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-i-dve-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/feed/ 0
Скандал на прославата на ДУИ за Рамковниот договор: Водителката исвиркана кога проговори на македонски јазик (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-na-proslavata-na-dui-za-ramkovniot-dogovor-voditelkata-isvirkana-koga-progovori-na-makedonski-jazik-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-na-proslavata-na-dui-za-ramkovniot-dogovor-voditelkata-isvirkana-koga-progovori-na-makedonski-jazik-video/#respond Sun, 14 Aug 2022 17:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=718442

Наместо да се слави мултиетничкиот карактер, што е еден од главните столбови на Рамковниот договор, синоќешната прослава на 21-годишнината од неговото потпишување мина во сенка на однесувањето на дел од присутните на забавата.. Дамка на прославата фрли исвиркувањето на водителката, кога таа прозборе на македонски јазик.. Од Владата засега нема реакција на однесувањето на присутните на настанот, кој според најавите, треба да стане традиционален и да прерасне во фестивал налик на Егзит.. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skandal-na-proslavata-na-dui-za-ramkovniot-dogovor-voditelkata-isvirkana-koga-progovori-na-makedonski-jazik-video/feed/ 0
ФОТО: Владо Јаневски го откажа учеството на фестивалот за одбележувањето на Охридскиот рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vlado-janevski-go-otkaza-uchestvoto-na-festivalot-za-odbelezuvanjeto-na-ohridskiot-ramkoven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vlado-janevski-go-otkaza-uchestvoto-na-festivalot-za-odbelezuvanjeto-na-ohridskiot-ramkoven-dogovor/#respond Fri, 12 Aug 2022 13:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=717725

По Антониа Гиговска која го откажа своето учесто на Peace Festival и објави дека ниту таа, ниту нејзиниот менаџмент не бил запознаен за каков настан се работи, во јавноста се појавија информации дека поп пејачот Владо Јаневски ќе ја замени, но сега и тој објави дека го откажува настапот на фестивалот организиран од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби во рамките на одбележувањето на Охридскиот рамковен договор годинава. Тој преку социјалната мрежа „Инстаграм“ со официјално соопштение ја информираше јавноста дека нема да настапува на прославата на плоштадот „Скендербег“. Сепак, на страницата на Министерството најавата сè уште стои. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-vlado-janevski-go-otkaza-uchestvoto-na-festivalot-za-odbelezuvanjeto-na-ohridskiot-ramkoven-dogovor/feed/ 0
Груби на младите им објаснуваше кои се придобивките од Рамковниот договор: „Преку еднакво општество имаме корист сите“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-na-mladite-im-objasnuvashe-koi-se-pridobivkite-od-ramkovniot-dogovor-preku-ednakvo-opshtestvo-imame-korist-site/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-na-mladite-im-objasnuvashe-koi-se-pridobivkite-od-ramkovniot-dogovor-preku-ednakvo-opshtestvo-imame-korist-site/#respond Fri, 12 Aug 2022 13:13:45 +0000 https://kurir.mk/?p=717710

Првиот потпретседател на Владата  и министер за политички систем и односи меѓу заедниците,  Артан Груби денеска учествуваше на третиот и последен ден од Школата за млади лидери „Дијалог на мировен форум“ што се организира во рамките на одбележувањето на 21-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Груби, откако им се заблагодари на младите учесници и предавачи на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“, им ги подели и сертификатите. „Мислам дека треба да им објасниме на младите кои се придобивките што ги имаме од Охридскиот договор. Знаете дека  сите имаме корист од еднакво општество за сите и денес и после 21 година државата се грижи за заедниците кои живеат во неа и сите заедници станаа еднакви бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја ни се грижа за безбедноста и евроатлантската перспектива. Денеска сме членки на НАТО и минатиот месец почнавме преговори за членство во Европската Унија. Знаете дека преку еднакво општество, сите имаме корист и денес после 21 година, државата се грижи за заедниците кои живеат во неа и сите заедници станаа еднакви, бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја се грижа за безбедноста и евроатлантската перспектива. И заедно преку организирање на вакви настани подобро да ги покажеме и разјасниме придобивките што државата и општеството ги имаат од Охридскиот договор. Затоа се собравме деновиве овде заедно да го споделиме искуството, да научиме и да го споделиме истото со пријателите. Решивме Школата за млади лидери „Peace Forum Gialogue“ и „Peace Festival“ да се организираат заедно за да станат традиционални настани, додека следната година очекуваме да биде нешто уште поголемо. Многу ми е драго што одлучивте да учествувате во оваа школа и изразувам благодарност до сите учесници и предавачи кои беа дел од ова училиште“, рече Груби во својот говор пред присутните. Инаку, во рамки на одбележувањето на 21-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, за прв пат ја организираше Школата „Peace Forum Fiakogue“ за млади лидери. Преку оваа школа младите учесници имаат можност да се стекнат со информации за функционирањето на политичкиот систем во државата. Спроведувањето на политиките произлезени од Охридскиот рамковен договор, унапредувањето на меѓуетничките односи, управувањето со конфликти, градењето мир, социјалната кохезија, консензуалната демократија, интеграцијата, градењето мир и соживот меѓу етничките заедници и интеграцијата на граѓаните во јавноста, општествениот, економскиот и културниот беа дел и од предавањата во рамките на Школата за млади лидери „Peace Forum Dialogue“. Целта на Школата за млади лидери беше стекнување нови знаења и подобрување на лидерските вештини за можности и придонес за иднината, во позитивниот развој на општеството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grubi-na-mladite-im-objasnuvashe-koi-se-pridobivkite-od-ramkovniot-dogovor-preku-ednakvo-opshtestvo-imame-korist-site/feed/ 0
Дваесет години Охридски рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/#respond Fri, 13 Aug 2021 05:21:11 +0000 https://kurir.mk/?p=549936

Со низа настани под слоганот „По Охрид“ во земјава се одбележува 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во 2001 година. Потписници на Охридскиот рамковен договор се тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју. Во разговорите што започнаа во јули во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, беа консултирани повеќе советници и експерти, а во одредени написи што излегоа во текот на годините и Али Ахмети, кој ја предводеше ОНА. Договорот беше потпишан на 13 август во претседателската резиденција на Водно во Скопје. Во основните принципи на документот се наведува дека „целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања. Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот. Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат. Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците“. Потоа следуваат точки што се однесуваат на Прекин на непријателствата, развој на децентрализирана власт, Недискриминација и правична застапеност, Посебни собраниски процедури, Образование и употреба на јазиците, Изразување на идентитет и Имплементација. Договорот содржи и три Анекси: А.Уставни амандмани; Б. Измени во законодавството и Ц. Имплементација и мерки за градење доверба, како и завршни одредби. Во контекст на спроведувањето на Договорот, во 2004 година беше основан Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, којшто сега прерасна во Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Секретаријатот имаше задача целосно да го спроведе договорот и да обезбеди административна и стручна поддршка на заменик претседателот на Владата задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор. Токму сегашното Министерствот е организатор и ги предводи настаните за одбележување на 20 – годишнината од потпишувањето на договорот. Централниот настан за одбележување на 20 години од потпишувањето на Рамковниот договор е организиран во соработка со Универзитетот Колумбија од Њујорк и ќе се одржи денеска во скопскиот хотел Александар Палас, а поканети се над 200 гости. Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби најави конференција со три панели и, меѓу другите, обраќања на претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, на лидерот на ДУИ Али Ахмети. Иако поканети, како потписници на Договорот, на настанот нема да се обратат поранешниот претседател на државата, премиер и лидер на политичката партија СДСМ Бранко Црвенковски и поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љупчо Гергиевски. Најавени се и Хавиер Солана и Џорџ Робертсон, амбасадори на ЕУ, САД, НАТО и ОБСЕ, како и Питер Фејт, Пол Вилијамс, Бренда Пиерсон, Давид Син, Роберт Сери и Ветон Сурои. Во јавноста деновиве без изнесени низа забелешки за организацијата особено на овој настан имајќи ги предвид мерките за спречување на Ковид-19, особено што од 16 август во сила ќе бидат нови мерки. Поради тоа одложен е и концертот што беше планиран за утревечер. Во изминатите десет дена во рамки на одбележувањето се одржаа повеќе панел дискусии, а оригинална копија од Договорот беше доставена во Државниот архив. Какви се ефектите од Охридскиот рамковен договор? Владата на Република Северна Македонија на 27 јули одржа свечена седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање премиерот Зоран Заев потенцираше дека оваа значајна годишнина се совпаѓа и со 30 годишнината од независноста на нашата земја, со 80 годишнината од народното востание и 20 годишнината од потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација како наш прв чекор во остварувањето на нашата заедничка цел за членство во Европската Унија. Премиерот потсети дека една од првите приоритети на листата на новоформираната Влада во 2017 година беше заокружувањето на нормативниот дел којшто произлегуваше од Охридскиот рамковен договор и од Амандманот 5 од Уставот на Република Северна Македонија. -Тогашната Влада, во која министри беа и поголем дел од овој, актуелен состав на извршната власт, ја исполни обврската која непотребно се одолговлекуваше од сите претходни влади, и го донесе Законот за употребата на јазиците. Со Законот за употреба на јазиците, како и со сите останати законски измени и подзаконски акти за правична застапеност, се заокружија одредбите од Охридскиот рамковен договор, кој беше потпишан на 13 август во 2001 година и со кој се стави крај на конфликтот и кој беше прифатен како гаранција дека сите прашања од интерес на заедниците во нашата земја ќе се решаваат низ дијалог и низ институциите, истакна Заев. Охридскиот рамковен договор, како што кажа Заев, стави крај на конфликт кој со себе понесе и жртви, и кој спречи нашата заедничка татковина да стане место на продолжен конфликт и на општество без надеж за мирен живот. Со овој договор, според Заев, нашата држава е постабилна и побезбедна, со загарантирана меѓуетничка толеранција и посилна социјална кохезија. Заедно се развиваме како држава во која шансите за благосостојба се еднакви за сите, како членка на НАТО и идна членка на ЕУ. -Се определивме за политики што ја градат Република Северна Македонија како граѓанска држава на сите кои живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци и сите други заедници. Прифативме дека Македонците, како мнозински народ во нашата земја, имаат одговорност да креираат политики и атмосфера за негување, заштита и унапредување, афирмација и поддршка на употребата на сите останати јазици на припадниците на граѓаните кои живеат во нашата земја, рече Заев. Владата на оваа свечена седница ги усвои заклучоците според кои констатира дека нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор е усвоен од страна на институциите на Северна Македонија и спроведувањето на законските одредби е постојан секојдневен процес кој што се одвива непречено. Заклучок од оваа седница на Владата е дека Охридскиот рамковен договор придонесе кон зголемување на кохезивно општество, еднакво и едно општество за сите граѓани и заедници како и за интеграцијата на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. Лидерот на ДУИ Али Ахмети деновиве оцени дека Охридскиот рамковен договор е еден од најважните документи на Северна Македонија, затоа што „ја спаси земјата од можна трагедија“. -Охридскиот договор ја спаси земјата од можни трагедии, кои може да настанат од поделби, безброј трагедии во загуба на животи. Беше интервенирано на време, со оглед на претходните искуства во Босна и Косово што се случија. Меѓународната заедница беше многу брза и интервенираше меѓу страните, да започнат преговори за можен мировен договор, рече Ахмети. Ахмети, меѓу другото, рече дека сите заедници што живеат во Северна Македонија имаат корист од овој договор, но додаде дека има уште работа. -Охридскиот договор е имплементиран, законодавниот дел е исполнет, прагматичниот дел треба да се направи. Не треба да бидеме арогантни да кажеме дека се е затворено, сѐ уште има одделенија без застапеност на други заедници, вклучително и Албанци, Турци, Роми и така натаму. Сѐ уште постојат предрасуди од македонската заедница дека ја губат својата држава. Охридскиот договор претставува победа за сите, победа и за Македонците, бидејќи да се добие мир, стабилност и безбедност, се разбира, е голема победа, вели Ахмети. Првиот вицепремиер Груби, пак, во средата на панел дискусијата на тема: „По две децении, дали Рамковниот договор е тесен за едно општество целосно отворено и еднакво“ организирана од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа истакна дека Охридскиот договор е процес кој има почеток но нема крај. -Токму овој денешен јубилеј е и најдобрата можност за изразување на институционална, колективна и персонална благодарност кон сите мажи и жени кои го започнаа овој процес уште од 1991 година и за една цела деценија направија континуирани напори за еднаквост, заедно со тие мажи и жени кои го забрзаа процесот во 2001 година и следствено го усвоија нормативниот дел од процесот наречен Охридски мировен договор до моите денешни колеги со кои заедно ја имаме обврската за нејзината имплементација и да не застанеме во ниту еден момент унапредувајќи ја таа еднаквост во сите сфери од животот, истакна Груби. Според Груби, активностите за одбележување на Охридскиот договор не се само активности за рефлексија или споредба, но тие ги оценува како начин на креирање на заедничка визија за следните 20 години. -Мирот, стабилноста, развојот и економската благосостојба, правичната застапеност, социјалната кохезија, рамнотежата на диверзитетите, неселективната правда, надминувањето на поделбите, или изнаоѓањето на решенија за сеуште отворени домашни, регионални прашања или уште пошироко, се нешта кои бараат одржување и храброста на отворените умови. Е оваа визија не толерира рамки, ниту тесни ниту широки, туку цели кон флексибилен и креативен простор, во соодветност со утрешниот и компатибилен со денешниот, бара секојдневен и буден третман, конкурентени респонсивен. Приспособлива рамка која ја штити демократијата делејќи ја власта, носењето на одлуки и одговорноста за иднината која ја имаме. Тоа е рамка која не се множи со нула. А ние, ние мора да го изградиме и надградиме просторот помеѓу местото каде што дишат и се натпреваруваат граѓаните потполно еднакви во инклузивно општество во отворена и динамична рамка, соодветна, каков што е и самиот живот, кажа Груби. За министерот за надворешни работи Бујар Османи, Рамковниот договор е најуспешниот меѓународно посредуван договор на просторите на поранешна Југославија. -Ако ги споредиме сите мировни договори во регионот во последните 20, 30 години, единствениот договор кој се исполни во целост, во својот легислативен дел, односно во нормативниот дел, во делот на законите кои произлегуваат од самиот договор. Овој договор е јасно најуспешен и тоа се покажува во секојдневниот живот. Преку трансформација на оваа држава од држава во која рамката беше поставена за да прифати една етничка заедница во оваа функционална мултиетничка демократија во која живееме сега, која станува пример прво дека во регионот можни се мултиетнички функционални демократии и пример како да се решаваат сличните прашања, не само во регионот, туку и пошироко, нагласи Османи. За одбележувањето на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор се огласија и опозициските лидери искажувајќи дека нема да присуствуваат на овој настан. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека Рамковниот договор е завршена работа, а приватни паради во историски најтешки времиња се неприфатливи. -Наместо парите да ги пренаменат за други граѓански потреби, одлучиле да слават кога најмалку е време за славење. А во меѓувреме каква е реалноста? Гимназијата Кирил Пејчиновиќ во Тетово и после 4 години се уште не е реновирана. Нема ниту збор од канализацијата во Другово. Неколку километри автопат кон Косово и после година и половина не е мрднат од почетна точка. Исто болат солзите на мајката Македонка, Албанка, Турчинка, Ромка, Србинка…, кога се разделува од сопственото чедо кое заминува во туѓина поради тоа што не добило шанса во Македонија и уште многу, многу порази…, напиша на Фејсбук Мицкоски. На настанот нема да присуствуваат ниту лидерите на Алијанса на Албанците и Алтератива Зијадин Села и Африм Гаши. Тие во својата реакција посочуваат дека не само што не се против Охридскиот договор, туку работат да го заштитат истиот од каква било девалвација. -Ние добро ја разбираме загриженоста на ДУИ и мизерната ситуација во која тие самите избраа да бидат, по две деценискиот неуспех во спроведувањето на Охридскиот договор и во сите други сфери, се наведува во соопштението од коалициските партнери Села и Гаши. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proslavata-za-ramkovniot-dogovor-namesto-drzavna-agenda-stana-partisko-politichka-promocija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proslavata-za-ramkovniot-dogovor-namesto-drzavna-agenda-stana-partisko-politichka-promocija/#respond Thu, 12 Aug 2021 07:38:59 +0000 https://kurir.mk/?p=549506

Прославата за рамковниот договор наместо државна агенда, стана партиско политичка промоција, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ако вистински се грижеа за духот на рамковниот договор тогаш парите од прославата ќе беа попаметно да се пренаменат и дадат за реконструкција на училиштата во тетовско, гостиварско, кумановско или за решавање на проблемот со вода за пиење во Тетово. А, секако најдобро ќе се искористеа и за сервисирање на канадерите за гасење на пожар. Наместо тоа коалицијата на власт даде предност на криминалот, наместо соживотот. Најголемата закана за рамковниот договор е токму власта која го поделува народот на тие кои се со нив и народот кој не е, велат од партијата.

Од таму додаваат дека воедно треба власта да одговори дали прославата на рамковниот и одложување на мерките заради прославата не значи доказ за целосно политизирање на процесот и воедно лажната грижа за здравјето на граѓаните. Оттука ВМРО-ДПМНЕ ниту претседателот Мицкоски нема да учествува во таквиот декор. Нема потреба од партиска предизборна парада во услови на тешка економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа. Парите можеше да се искористат за многу други цели!

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-proslavata-za-ramkovniot-dogovor-namesto-drzavna-agenda-stana-partisko-politichka-promocija/feed/ 0
Деветнаесет години Охридски рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/#respond Thu, 13 Aug 2020 05:44:47 +0000 https://kurir.mk/?p=389996

Пред деветнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како дел од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/devetnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/feed/ 0
Села, Гаши и Касами не одат на лидерска кај Ахмети https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-gashi-i-kasami-ne-odat-na-liderska-kaj-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-gashi-i-kasami-ne-odat-na-liderska-kaj-ahmeti/#respond Thu, 13 Aug 2020 05:43:25 +0000 https://kurir.mk/?p=389993

Лидерите на Алијансата за Албанците и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши нема да одат на средбата на челниците на партиите од албанскиот политички блок што денеска напладне ја организира претседателот на ДУИ Али Ахмети. На средбата нема да оди ниту лидерот на Беса Билал Касами. Ахмети ја планираше заедничката средба за денеска на годишнината од потпишувањето на Охридскиот Рамковен договор, а покрај Села, Гаши и Ксами, паканет е и лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој досега не се изјасни јавно дали ќе присуствува. Села и Гаши вчера информираа дека прифаќаат зедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок, но бараат наместо денеска, таа да се одржи на друг датум, по 17 август. Според нив, за да има суштински и плоден состанок, би било добро поканата да има предлог агенда, за да имаат појасна идеја за причината за неговото организирање. И движењето Беса синоќа соопшти дека нејзиниот лидер Билал Касами нема да присуствува на лидерската средба. Беса предлага воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата влада. Од ДУИ, пак преку соопштение изразија благодарност до оние кои искажале интерес за учество на средбата и објавија агенда од неколку точки за кои би дискутирале партиските челници. – Статус на реализација на определбите од Заедничката декларација во претходниот мандат; Евалуација на предвремените парламентарни избори од 15 јули 2020 година; Формирање на меѓупартиски совет во согласност со Заедничката декларација и утврдување на рокови за реализација на заедничките цели и Различни, се темите шти ги предлага ДУИ. Не го коментираат откажувањето на Села, Гаши и Касами, но велат дека остануваат отворени за натамошни средби во текот на следната недела или на кој било иден датум за кој, како што наведуваат, би се договориле на денешната заедничка средба. Иницијативата на Ахмети за лидерски состанок на партиите од албанскиот политички блок, ја критикуваше претседателот на СДСМ Зоран Заев, оценувајќи ја како „притисок врз него и Коалицијата Можеме за премиер по предлог на ДУИ“. За тоа дали средбата на лидерите на партиите на Албанците, може да влијае врз формирање на новото парламентарно мнозинство, Заев кажа дека е прерано да се даде каков било одговор на тоа. Средбата на албанските политички челници, според агендата на ДУИ, треба да се одржи напладне во хотелот Парк во Скопје, во истовреме со предавањето на мандатот за составување нова влада од претседателот Стево Пендаровски на лидерот на СДСМ Зоран Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sela-gashi-i-kasami-ne-odat-na-liderska-kaj-ahmeti/feed/ 0
Осумнаесет години Охридски рамковен договор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/#respond Tue, 13 Aug 2019 06:38:27 +0000 https://kurir.mk/?p=229073

Пред осумнаесет години на денешен ден е потпишан Рамковниот договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот конфликт во земјава во 2001 година. Преговорите почнаа во Скопје, а потоа продолжија во Охрид, каде што завршија со парафирање на документот на 10 август. Три дена подоцна на 13 август 2001 година во претседателската резиденција на Водно во Скопје Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери. Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју. Повеќе од 130 закони, законски измени и дополнувања се донесени во изминатите години од имплeментацијата на Охридскиот рамковен договор, од кои најголем дел – 59 се закони за недискриминација и правична застапеност, 40 се во сферата на идентитет, култура, образование и децентрализација на власта. За успешна имплементација на договорот, беше формиран Секретаријат за спроведување на Охридскиот рамковен договор, како дел од Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osumnaeset-godini-ohridski-ramkoven-dogovor/feed/ 0