охридски регион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Aug 2021 10:58:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png охридски регион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките за Охридскиот регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-bara-do-1-fevruari-da-bide-izgotven-izveshtaj-za-postapuvanjata-po-preporakite-za-ohridskiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-bara-do-1-fevruari-da-bide-izgotven-izveshtaj-za-postapuvanjata-po-preporakite-za-ohridskiot-region/#respond Tue, 10 Aug 2021 10:58:05 +0000 https://kurir.mk/?p=548734

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион. Во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на продолжената 44-та пленарна сесија одржана во Кина стои дека Експертскитe тела на ИУЦН (за природно наследство) и ИКОМОС (за културно наследство) инсистираат двете држави да разработат детален стратешки план за обновување со соодветен акциски план што би се реализирал етапно, но според јасно дефинирани и утврдени краткорочни и долгорочни рокови за анулирање на постоечките закани. Истовремено се бара планот да се темели врз врз препораките на Реактивната Мониторинг мисија од 2020 година, со сеопфатна прекугранична политичка и институционална рамка за решавање на сериозните и повеќеслојни закани и предизвици со кои се соочува Охридскиот регион. Планот треба да биде доставен до Центарот за светско наследство до 1 февруари наредната година. Истовремено, со одлуките од Кина се бара од Македонија и Албанија до 1 февруари 2023 година пред Центарот за светско наследство да достават ажуриран заеднички извештај за состојбата на регионот, вклучително и извештај за постигнатиот напредок во спроведувањето на посочените забелешки. Во документот се нотира дека доколку на 46-тата сесија на Комитетот на УНЕСКО не бидат анулирани постоечките закани по Охридскиот регион и неговите исклучителни вредности, останува отворена опцијата за евентуално поместување на регионот на Листата светски наследства во опасност. Во останатиот дел од одлуката се посочува дека изминатите години се исполнети дел од препораките содржани во извештаите на последователните реактивните мисии, некои делумно или недоволно спроведени додека голем број од нив воопшто и не биле адресирани. Најголема загриженост Комитетот искажува по однос забелешките од Заедничката мониторинг мисија од 2020 година, а кои укажуваат на недоволно спроведени активности за запирање на бавната, но континуирана ерозија на атрибутите што го детерминираат регионот како Светско културно и природно богатство. Светската организација изразува длабока загриженост по однос изградбата висококатници на крајбрежјето, слаба архитектонска контрола на новоградбите во градските јадра, но и во останатиот дел од регионот, како и несоодветното и прекумерно искористување на крајбрежјето со несоодветна туристичка инфраструктура што мошне негативно се одразува врз заштитеното добро. Загриженост се искажува и по однос недоволно утврдените приоритети во развојните политики, спротиставени ставови, недоволна вклученост на граѓанскиот сектор во креирањето политики и донесувањето одлуки и мерки, што сето во комбинација резултира со фрагментиран и несоодветен систем на управување со светското наследство. На Сесијата во Кина меѓу останатото се нотираат активностите што ги спровеле институциите на Северна Македонија во насока на отпочнување на процесите за исполнување на препораките на Комитетот. Како позитивни процеси се посочени процесот на прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Студијата за ревалоризација на регионот, иницираниот процес на прогласување на Студенчишкото Блато за Парк на природата. Притоа се бара тие процеси да бидат искористени во насока на креирање функционални управувачки структури и притоа целосно интегрирани во процесите на планирање и управување со доброто. Статусот Светско природно богатство заштитено од УНЕСКО Охридското Езеро го стекна во 1979 година. Една година подоцна и Градот Охрид беше додаден на списокот заштитени културно-историски вредности, така што Охридскиот регион стана едно од само 38-те мешовити природни и културни подрачја во светот признаени и заштитени од УНЕСКО. Во 2009 година беше покрената иницијатива за впишување и на албанската страна на езерото и крајбрежјето под капата на УНЕСКО, така што десет години подоцна во 2019 година регионот беше проширен на двете страни од езерото опфаќајќи вкупна површина од 94,7 хектари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-bara-do-1-fevruari-da-bide-izgotven-izveshtaj-za-postapuvanjata-po-preporakite-za-ohridskiot-region/feed/ 0
Рок од две години за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охридскиот регион да не го изгуби статусот културно светско богатство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rok-od-dve-godini-za-da-se-ispolnat-preporakite-na-unesko-za-ohridskiot-region-da-ne-go-izgubi-statusot-kulturno-svetsko-bogatstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rok-od-dve-godini-za-da-se-ispolnat-preporakite-na-unesko-za-ohridskiot-region-da-ne-go-izgubi-statusot-kulturno-svetsko-bogatstvo/#respond Fri, 23 Jul 2021 15:57:51 +0000 https://kurir.mk/?p=541049

Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина им предложи на Центарот и советодавните тела на УНЕСКО да им дадат на Македонија и на Албанија дополнителни две години да постапуваат по препораките содржани во Реактивните мисии на Комитетот за Светско наследство на ОН, за да избегнат поместување на Охридскиот регион на листата Светски културни и природни богатства во опасност. На заседанието на Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на 44 сесија што се одржува во кинескиот град Фуџоу, Националната комисија на УНЕСКО на Босна и Херцеговина достави амандман за бришење на одредбите од нацрт-одлуката што значеа поместување на регионот на листата загрозени богатства од универзална вредност. Босна и Херцеговина својот предлог го образложи со потребата да се охрабрат Македонија и Албанија во напорите да се исполнат препораките од претходните извештаи, да се поддржат, а не демотивираат активностите што заеднички ги спроведуваат за справување со предизвиците. – Охридскиот регион опфаќа голема територија, што бара големи напори за негова заштита што е компликуван процес. Сметаме дека изминатите две години се забележан напредок во исполнувањето на препораките, а подобрена е и соработката на двете дражви во сите сферии. Обесхрабрувачки би било во овој миг да се стави регионот на листата светски наследства во опасност, наместо тоа потребна им е поддршка, беше посочено од Националната комисија за соработка со УНЕСКО на БиХ. Предлогот за измена на амандманите на одлуката на БиХ беше поддржан од Русија, Унгарија, Саудиска Арабија, Кина и Гватемала. За поместување на Охридскиот регион на листата светски богатства во опасност се изјаснија националните комисии на УНЕСКО на Норвешка, Бахреин, Австралија, кои сметаат дека тоа дополнително ќе ги мотивира во напорите за спроведување интегрирани мерки и активности за елиминирање на регистрираните закани. Министерката за култура, Ирена Стефоска, посочи дека Македонија изминатите две години демонстрирала истрајност и подготвеност да ги интензивира напорите за исполнување на препораките и забелешките на УНЕСКО. Таа во кусoто обраќање пред учесниците на состанокот побара продолжување на роковите како би се овозможило натамошно делување и исполнување на обврските и во сите сфери за дополнителна заштита на светското културно и природно богатство за генерациите. – Македонија останува доследна во решеноста да го задржи статусот на Охридскиот регион, преку обезбедување негова соодветна заштита и одржлив развој. Изминатите две години ги интензивиравме напорите за исполнување на препораките на Комитетот, рече таа притоа посочувајќи некои од спроведените активности како усвојување на Планот за управување со Охридскиот регион, првата фаза од рехабилитација на Колекторскиот систем за заштита на езерото, напуштање на претходните планови за железничката пруга кон Албанија, процесот на отстранување на дивоградбите од крајбрежјето, прогласување на Студенчишкото Блато за парк на природата. Експертскитe тела на ИУЦН (за природно наследство) и ИКОМОС (за културно наследство) во ревидираните одлуки посочуваат дека изминатите години се исполнети дел од препораките содржани во извештаите на последователните реактивните мисии, некои делумно или недоволно спроведени додека голем број од нив воопшто и не биле адресирани. Процесите на деградација регистрирани во Охридскиот регион, како што беше истакнато, се последица на кумулативно влијание предизвикано од несоодветни активности на терен со отсуство на соодветна заштита и конзервација на доброто, така што за да се направи пресврт во дегенеративните процеси ќе биде потребно многу напор и време. Непосредните активности спроведени во одредени области се поздравени, но истите се оценети како недоволни и се посочени како почеток на многу подолг процес на интегрирани и стратешки постапки и мерки што допрва треба да се дефинираат. Најголема загриженост Комитетот искажува по однос забелешките од Заедничката мониторинг мисија од 2020 година, а кои укажуваат на недоволно спроведени активности за запирање на бавната, но континуирана ерозија на атрибутите што го детерминираат регионот како Светско културно и природно богатство. Најмногу забелешки има по однос интервенции пред се во старите градски јадра, но и во нивна околина, предизвикана од несоодветна конзервација, реконструкција и развој. Голема загриженост Светската организација изразува по однос изградбата висококатници на крајбрежјето, слаба архитектонска контрола на новоградбите во градските јадра, како и несоодветна и прекумерна искористеност на крајбрежјето со несоодветна туристичка инфраструктура. На Сесијата во Кина меѓу останатото беа поздравени активностите што ги спровеле институциите на Македонија и на Албанија во насока на отпочнување на процесите за исполнување на препораките на Комитетот, особено креирање институционални структури на управување, потоа се поздравува привремената забрана на издавање градежни дозволи на македонска страна, процесот на уривање и остранување на нелегални објекти на крајбрежјето, како и формирањето Прекуграничен комитет за управување со регионот. Како позитивни процеси поздравени се и процесот на прогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата, Студијата за ревалоризација на регионот, процесот на прогласување на Студенчишкото Блато за Парк на природата, со забелешка за потребата од нивно доследно спроведување во развојните процеси во иднина, со соодветна грижа во управувањето со доброто. Загриженост се искажува и по однос недоволно утврдените приоритети во развојните политики, спротивставени ставови, недоволна вклученост на граѓанските сектор во деонесувањето одлуки и мерки, што сето во комбинација резултира со фрагментиран и несоодветен систем на управување со светското наследство. Во одлуките се поттикнуваат двете држави да разработат детален стратешки план за обновување, со соодветен акциски план што би се реализирал етапно, но според јасно дефинирани и утврдени краткорочни и долгорочни цели за ублажување на постојните закани. Истовремено се инсистира планот да биде базиран врз препораките на Мониторинг мисијата од 2020 година, со сеопфатна прекугранична политичка и институционална рамка за решавање на сериозните и повеќеслојни закани и предизвици со кои се соочува Охридскиот регион. Планот со спроведените мерки во меѓувреме да биде доставен до Центарот за светско наследство до 1 февруари наредната година. Истовремено се бара од Македонија и Албанија до 1 февруари 2023 година пред Центарот за светско наследство да достават ажуриран заеднички извештај за состојбата на регионот, вклучително и извештај за постигнатиот напредок во спроведувањето на горепосочените забелешки, од што би произлегле натамошните активности и евентуално поместување на регионот на Листата светски наследства во опасност. Босна и Херцеговина и Норвешка се задолжени да формираат заедничка група што ќе го следи процесот на исполнување на препораките и за тоа да ги информира Секретаријатот и Комитетот за Светско наследство. Статусот Светско природно богатство заштитено од УНЕСКО Охридското Езеро го стекна во 1979 година. Една година подоцна и Градот Охрид беше додаден на списокот заштитени културно-историски вредности, така што Охридскиот регион стана едно од само 38-те мешовити природни и културни подрачја во светот признаени и заштитени од УНЕСКО. Во 2009 година беше покрената иницијатива за впишување и на албанската страна на езерото и крајбрежјето под капата на УНЕСКО, така што десет години подоцна во 2019 година регионот беше проширен на двете страни од езерото опфаќајќи вкупна површина од 94,7 хектари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/rok-od-dve-godini-za-da-se-ispolnat-preporakite-na-unesko-za-ohridskiot-region-da-ne-go-izgubi-statusot-kulturno-svetsko-bogatstvo/feed/ 0
УНЕСКО ќе расправа за статусот на Охридскиот регион, извесно поместувањето во листата светски вредности во опасност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-kje-rasprava-za-statusot-na-ohridskiot-region-izvesno-pomestuvanjeto-vo-listata-svetski-vrednosti-vo-opasnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-kje-rasprava-za-statusot-na-ohridskiot-region-izvesno-pomestuvanjeto-vo-listata-svetski-vrednosti-vo-opasnost/#respond Fri, 23 Jul 2021 06:01:09 +0000 https://kurir.mk/?p=540600

Расправата за статусот на Охридскиот регион во УНЕСКО се очекува денеска да се најде на дневниот ред на годинешната 44. Сесија на Комитетот за светско наследство при Организација на ОН за образование, наука и култура, што се одржува во кинескиот град Фуџоу. До расправата за состојбите во Охридскиот регион како заштитено природно и културно наследство од исклучителна универзална вредност, според предвидениот дневен ред од работата на Комитетот има уште пет точки, така што веројатно одлуката по нацрт-извештајот и идниот статус на заштитеното културно и природно наследство ќе биде познат во текот на денот. Што се однесува на нацрт-верзијата на самата одлука, во неа се нотираат слабостите за односот на државата, институциите, властите на национално и локално ниво кон Охридското Езеро и градот Охрид како природно односно културно наследство прогласени за светско богатство и несоодветниот одговор на државата и институциите по забелешките нотирани од Светската организација, со конкретен предлог регионот да биде впишан на Листата на УНЕСКО со светски богатства во опасност. Претходно, 34 организации и граѓански здруженија од Северна Македонија и Албанија испратија писмо до Комитетот за светско наследство во кое се бара од УНЕСКО Охридскиот регион да биде впишан на Листата на светски наследства во опасност. Епилогот од денешната расправа е извесен, голема е веројатноста Охрид и езерото да бидат поместени на листата светски вредности во опасност. Тоа не значи нивно бришење од листата на заштитени природни и културни вредности на УНЕСКО, туку очекувана разврска на она на што беше укажувано години наназад од страна на експертите и критичката јавност, како несоодветно однесување кон брендот признаен од светот. Дел од експертите се уште се на став дека можеби тоа е вистинскиот начин што ќе отвори повеќе можности државата, институциите, градот да добијат помош, искуства и механизми на Светската организација во наредните активности за надминување на проблемите што впрочем и доведоа до сегашната состојба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/unesko-kje-rasprava-za-statusot-na-ohridskiot-region-izvesno-pomestuvanjeto-vo-listata-svetski-vrednosti-vo-opasnost/feed/ 0
Граѓански организации бараат јавен увид на нацрт извештајот за Охридскиот Регион до УНЕСКО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanski-organizacii-baraat-javen-uvid-na-nacrt-izveshtajot-za-ohridskiot-region-do-unesko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanski-organizacii-baraat-javen-uvid-na-nacrt-izveshtajot-za-ohridskiot-region-do-unesko/#respond Mon, 25 Jan 2021 10:25:55 +0000 https://kurir.mk/?p=459466

Граѓански организации и високообразовни институции од Алијансата за застапување и лобирање „Разбистри сѐ“ бараат вклучување на јавноста во изработката на извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион, што Владата треба да го достави до УНЕСКО. Како што информираат од Алијансата „Разбистри се“, 31 граѓанска организација и високообразовни институции денеска поднесоа дописи до премиерот Зоран Заев, министерката за култура и претседателка на Националната комисија за УНЕСКО Ирена Стефоска, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, претседателот на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион Зоран Павлов, директорот на Управата за животна средина Џезми Салиу и до директорот на Управата за заштита на културното наследство Ацо Костов. Во дописите организациите бараат јавен увид и спроведување на консултации со јавноста при изработката на Нацрт-извештајот за состојбата со заштитата на природното и културното наследство на Охридскиот Регион и спроведувањето на препораките од УНЕСКО, што го подготвуваат македонските владини институции. Од Алијансата „Разбистри сѐ“ сметаат дека вклучувањето на јавноста во информирањето на Центарот за светско наследство при УНЕСКО е особено важно заради исклучително ранливата состојба во која се наоѓа Охридскиот Регион и за понатамошните активности за зачувување на најголемото природно и културно богатство. -Според Законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион и Архуската конвенција, владините институции се должни да го стават Нацрт-извештајот на увид на јавноста, да побараат мислење од научнообразовни установи и стручни организации во рок од најмалку 30 дена и во конечниот текст на извештајот соодветно да ги вградат добиените мислења од спроведениот јавен увид, посочуваат во соопштение. Оттука, од Алијансата „Разбистри сѐ“ очекуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура да го објават Нацрт–извештајот на своите интернет страници, да ги информираат граѓаните и стручната јавност каде и до кога може да доставуваат коментари, како и да ги вградат добиените мислења во финалната верзија на Извештајот. Од Алијансата „Разбистри сѐ“ исто така бараат Министерството за култура веднаш да го објави Нацрт-извештајот за Охридскиот Регион од 2020 година изготвен од Реактивната мониторинг мисија на УНЕСКО. Според Архуската конвенција, Владата е обврзана да им овозможи на граѓаните пристап до информациите поврзани со животната средина и природата бидејќи светското наследство на Охридскиот Регион им припаѓа на сите. Алијансата за застапување и лобирање е предводена од Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата „Разбистри сѐ“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanski-organizacii-baraat-javen-uvid-na-nacrt-izveshtajot-za-ohridskiot-region-do-unesko/feed/ 0
Трета година од археолошкиот проект за истражување на Охридскиот Регион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/treta-godina-od-arheoloshkiot-proekt-za-istrazuvanje-na-ohridskiot-region/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/treta-godina-od-arheoloshkiot-proekt-za-istrazuvanje-na-ohridskiot-region/#respond Tue, 08 Oct 2019 08:29:52 +0000 https://kurir.mk/?p=249095

Археолошкиот музеј од Скопје во соработка со Карловиот универзитет од Прага трета година го реализира проектот „Погранични студии – истражување на идентитетот и културните контакти во пограничната област на античка Македонија во регионот на Охридското Езеро“. Во третата сезона, во која се  вклучија и Универзитетот на Јужна Бохемија од Чешке Будејовице и Геолошкиот истражувачки центар од Чешка,  преземени се геолошки истражувања.

– Главната цел на овие геолошки истражувања е да се реконструира пејзажот, да се истражат климатските промени, како и животните навики на популацијата која го населувала специфичниот охридски езерски регион, во кој воедно се појавува и елитата што се погребувала на некрополата кај Требениште, информира Археолошкиот музеј.

Во првите две истражувачки кампањи од проектот се изврши рекогносцирање на населби и некрополи во Охридско-преспанскиот регион,  опфаќајќи ја Охридската Котлина северно од езерото (Струга и Охрид)  и Преспанската Котлина, кои хронолошки припаѓаат на периодот од бронзеното време па сè до потпаѓањето на овој регион под римска власт. Од истражувањата се добиени значајни археолошки резултати со кои делумно би можело да се реконструира животот во овој регион во минатото.

– Меѓутоа, со развојот на археологијата како наука и пред сè со вклучувањето напредни технологии, се отвораат нови видици и можности со кои би се лоцирале поголем број археолошки локалитети од нведените периоди, би се утврдила нивната евентулна поврзаност и би се докомплетирала сликата за овој доста значаен археолошки регион. Рекогносцирањата дадоа поконкретни и попрецизни податоци за населбите и некрополите од првиот милениум п.н.е. во регионот,  се утврди нивната распространетост и организација и нивниот сооднос за кој имавме индиции дека постои, соопшти Археолошкиот музеј.

Од натамошните активности во рамки на овој проект, истражувачите очекуваат да добијат одговори на  прашањата – како меѓурегионалната поврзаност и еволуцијата на животната средина влијаеле врз развојот на населбите, како е издвоен идентитетот на елитата во регионот на Охридското Езеро во споредба со ситуацијата во јужна Македонија и Пелагонија, дали е можно да се реконструираат процесите на централизација во регионот симболизирани во основањето на утврдените населби на стратешки места околу езерото итн.

Раководители на проектот се Перо Арџанлиев од Археолошкиот музеј и Марек Верчик од Карловиот универзитет, а со геолошките истражувања раководи Јаромир Бенеш од Универзитетот на Јужна Бохемија.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/treta-godina-od-arheoloshkiot-proekt-za-istrazuvanje-na-ohridskiot-region/feed/ 0