охридски угостители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 11 Aug 2021 18:49:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png охридски угостители – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Охридските угостители бараат адаптација на најновите мерки за справување со епидемијата на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskite-ugostiteli-baraat-adaptacija-na-najnovite-merki-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskite-ugostiteli-baraat-adaptacija-na-najnovite-merki-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/#respond Wed, 11 Aug 2021 18:49:07 +0000 https://kurir.mk/?p=549380

Адаптација на пакетот мерки што ги определи Владата за работењето на угостителските објекти. Тоа е барањето што до властите ќе го достави Општина Охрид по денешната средба на охридските угостители со градоначалникот Константин Георгиески и претставници на Локалната самоуправа. Угостителите од Охрид се на став дека најновите мерки за заштита од Ковид-19 не се добро осмислени, како и оти оставаат неодговорени прашања за начинот на кој ќе се одвива нивното работење после 16-ти август. Денешната средба беше реализирана на барање нa угостителскиот еснаф и ХОТАМ (хотелска асоцијација на Македонија). -Очекувавме повеќе одговори од Државниот пазарен инспекторат, но за жал тие биле спречени да дојдат на денешната средба. Се донесе заклучок дека, нашите барања коишто се однесуваат на новиот пакет, кој сметаме дека не е добро составен, да бидат ревидирани и да се изврши извесна адаптација на истите. Ќе чекаме одговор од повисоките инстанци, дали ќе најдат слух за нашите барања, рече после средбата Михаил Мишев, претседател на Охридскиот еснаф на угостители од Охрид. Забелешките од страна на угостителите во најголем дел се однесувале на плановите за воведување редарска служба, потоа за начинот како да се постапува со гостите кои веќе влегле во државава и се сместени во хотелите врз основа на нивниот статус околу вакцинацијата, а нејаснотии се појавуваат и за тоа како да се постапува со веќе закажаните свадби (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridskite-ugostiteli-baraat-adaptacija-na-najnovite-merki-za-spravuvanje-so-epidemijata-na-koronavirusot/feed/ 0
Охридски угостители: Скратувањето на работното време ќе резултира со организирање домашни забави без контрола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridski-ugostiteli-skratuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-kje-rezultira-so-organiziranje-domashni-zabavi-bez-kontrola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridski-ugostiteli-skratuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-kje-rezultira-so-organiziranje-domashni-zabavi-bez-kontrola/#respond Mon, 14 Dec 2020 14:40:28 +0000 https://kurir.mk/?p=443148

Угостителите од Охрид од здружението „Охридски еснаф“ сметаат дека мерките за дополнително скратување на работното време на нивните објекти за време на престојните празници само ќе придонесат за уште поголем ризик од појава на нови кластери на коронавирусот. Михаил Мишев, претседател на здружението со оценка дека ограничувањето на работењето на кафеаните, кафулињата и рестораните до 18 часот ќе ги натера граѓаните да се самоорганизираат по куќи, викендички, закупени станови и на тој начин само да се зголеми ризикот од ширење на коронавирусот. – Сметаме дека е подобро во овие вонредни услови на епидемија да се има некаква контрола на забавите отколку тоа да се прави без каква било контрола по приватни објекти. Подобро на некој начин да се канализира однесувањето на луѓето за празниците отколку да се остави тоа да се прави на своја рака, до што ќе дојде доколку се спроведат предвидените мерки, истакна Мишев. Тој рече дека со нивниот и заедничкиот став на осумте здруженија на угостители од земјата е запознаена Комисијата за заразни болести, но оти нивниот овластен претставник денеска воопшто немал можност да ги презентира на седницата на која се разгледувале новите мерки. Мишев вели дека ќе ги почитуваат сите мерки што ќе ги донесе Владата, но оти дополнителното скратување на работното време ќе доведе до уште поголеми проблеми во угостителскиот сектор кој и онака работи со преполовени капацитети и во околности далеку од вообичаените. Охрид како наш најголем туристички центар годинава за првпат ќе ја дочека Новата година без организиран пречек на Градскиот плоштад и организирано присуство на туристи кои за новогодишните и божиќните празници ги имало и по десетина илјади, во најголем број од соседните држави. Веројатно ќе има поединечни посети, но со оглед на општата ситуација наметната од епидемијата и забраната за организирани прослави, тоа ќе биде само индивидуално без некаков позначаен импакт врз туристичкиот промет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ohridski-ugostiteli-skratuvanjeto-na-rabotnoto-vreme-kje-rezultira-so-organiziranje-domashni-zabavi-bez-kontrola/feed/ 0