охридско крајбрежје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 Oct 2023 15:29:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png охридско крајбрежје – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Состанок на експертски тим за охридското крајбрежје во Струга https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sostanok-na-ekspertski-tim-za-ohridskoto-krajbrezhje-vo-struga/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sostanok-na-ekspertski-tim-za-ohridskoto-krajbrezhje-vo-struga/#respond Thu, 05 Oct 2023 15:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=885673

Мешовитиот експертски тим од Обединетите нации, УНЕСКО, УНДП, УНЕП и Северна Македонија за изработка на Студијата за оправданост за урбанистичкиот план за крајбрежниот појас на Охридското Езеро денеска имал работен состанок со градоначалникот на Општина Струга Рамис Мерко. Предводник на тимот, како што соопшти Општина Струга, била Џејн Томсон, експерт поддржан од УНЕСКО, а покрај струшкиот градоначалник учествувале и неговите соработници од областа на урбанизмот, заштитата на природната средина, културното наследство и туризмот, како и локалниот економски развој. - Целта на овој работен состанок беше подетално запознавање на главните заинтересирани страни со процесот на подготовка на Студијата и примена на GIS алатка за прибирање, презентирање и управување со податоците во рамките на природното и културно наследство на Охридскиот регион, информира општинската прес-служба. Состанокот, како што е наведено, се засновал на иницијативата на работната група за подготовка на урбанистички план од државно значење за крајбрежниот појас на Охридското Езеро, формирана од Владата на Република Северна Македонија, - Со најголемо задоволство мора да истакнеме дека претставниците на овој мешовит експертски тим од домашен и меѓународен карактер е единствениот кој организирал ваков работен состанок во Струга, тим кој сериозно и со најголемо внимание ги слушнал нашите барања и потреби, кој реално ја оценил целокупната состојба со Охридскиот регион, и за делот од Струга, но и тим кој вистински ги дава на располагање сите свои човечки ресурси за успешна изработка и реализација на студијата за урбанистичките планови за крајбрежјето на Охридското Езеро, посочува Општина Струга. Оттаму обвинуваат дека најголем дел од проблемите и тешкотиите во Охридскиот регион произлегле од Општината Охрид и нејзините раководители, кои, како што е наведено, постојано, преку платени медиуми, организации и лобисти, ја напаѓале Општина Струга за секаков аспект во секое време и место, без никакви аргументи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sostanok-na-ekspertski-tim-za-ohridskoto-krajbrezhje-vo-struga/feed/ 0
Продолжениот Велигденски викенд повеќе од половина ќе ги исполни сместувачките капацитети на охридското крајбрежје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzheniot-veligdenski-vikend-poveke-od-polovina-ke-gi-ispolni-smestuvachkite-kapatsiteti-na-ohridskoto-krajbrezhje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzheniot-veligdenski-vikend-poveke-od-polovina-ke-gi-ispolni-smestuvachkite-kapatsiteti-na-ohridskoto-krajbrezhje/#respond Mon, 10 Apr 2023 14:38:12 +0000 https://kurir.mk/?p=822495

Повеќе од половина ќе бидат исполнети сметувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера за продолжениот Велигденски викенд, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ), Крсте Блажески. Најголем дел од посетителите, според него, ќе бидат гостите од земјава и од соседството. - Исполнетоста на хотелите за празничниот викенд ќе биде 50 до 60 проценти. Додека приватните сместувачки капацитети ќе бидат поисполнети. Тука се и викенд становите на граѓани од внатрешноста, што Велигденските празници ќе ги поминат во Охрид и Струга, изјави Блажески за МИА. Поголема исполнетост на сместувачките капацитети се очекува и викендот потоа, за празникот Рамазан Бајрам, кога покрај од земјава и соседството се очекуваат гости и од така наречените кружни тури. Туристичката сеозна на охридско-струшкото крајбрежје официјално почнува од 1 мај, а кон средината на месецот се очекуваат првите чартер летови со туристи од Холандија, кои и годинава ќе да бидат најбројни. Покрај холанѓаните се очекуваат чартери и од Полска, Турција, Србија и други традиционални пазари, како и воспоставување нови авио линии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzheniot-veligdenski-vikend-poveke-od-polovina-ke-gi-ispolni-smestuvachkite-kapatsiteti-na-ohridskoto-krajbrezhje/feed/ 0
Зголемени површините со трска долж Охридското крајбрежје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povrshinite-so-trska-dolz-ohridskoto-krajbrezje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povrshinite-so-trska-dolz-ohridskoto-krajbrezje/#respond Tue, 01 Nov 2022 09:50:50 +0000 https://kurir.mk/?p=753754

Површините со трска долж охридското крајбрежје на територија на Општина Охрид се зголемени, покажуваат теренските истражувања на здружението за заштита и одржлив развој на животната средина – регионален зелен центар Охрид во рамки на проектот „Мапирање и управување со трската во Охридското Езеро“. Координаторот на проектот Иван Малезанов информира дека после повеќе од 10 години се прави ново документирање на појасите со трска, што за нив било голем предизвик. – Во споредба со постарата документација која ни беше достапна, забележавме зголемување на површините со трска од селото Подмоље до Свети Наум Охридски. Особено би сакал да го издвојам подрачјето од Подмоље до Охрид, каде проширувањето на трската е навистина изразено и во езерото и на брегот, истакна Малезанов. Тоа, како што посочува, е првиот чекор кон креирање извештај за моменталната состојба на појасите на трска и предлог – иницијатива за промена на степенот на законска заштита, кои се основа за понатамошна разработка на план за управување со ваков тип на природно наследство. Теренското истражување било реализирано во периодот од 15 септември до 17 октомври оваа година. Биле направени комбинирани теренски истражувања, од вода со пловен објект и од копно со теренско возило, како и копнени теренски истражувања. – Се изврши лоцирање и евиденција на сите појаси на трска долж крајбрежјето на Охридското Езеро на потегот од селото Подмоље до Свети Наум, се водеа дневни забелешки за моменталната состојба на секој од појасите (мерење на површината, дали појасите се проширени или намалени и сл.), се прибираше фото и видео материјал се со цел спроведување на идните предвидени активности и изработка на предвидената документација како финален продукт од овој проект, појасни Малезанов.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemeni-povrshinite-so-trska-dolz-ohridskoto-krajbrezje/feed/ 0
Општините сами може да изработат планови за Охридското крајбрежје, вели Бочварски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinite-sami-moze-da-izrabotat-planovi-za-ohridskoto-krajbrezje-veli-bochvarski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinite-sami-moze-da-izrabotat-planovi-za-ohridskoto-krajbrezje-veli-bochvarski/#respond Sat, 21 May 2022 12:54:58 +0000 https://kurir.mk/?p=679877

Има јасни критериуми и законски процедури како општината може да пристапи кон поставување плажи согласно урбанистички план, доколку тој се наоѓа во рамки на Генералниот урбанистички план. За таквата процедура и постапка, согласно новиот Закон се изработува урбанистички проект, кој не треба да оди во Владата, туку Општината може сама да изработи план и да донесе плански документации согласно ГУП-от и планот за управување со УНЕСКО. Ова го истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во врска со носењето план за управување со Охридското крајбрежје од страна на Агенцијата за просторно планирање, поради што градоначалникот Кирил Пецаков неодамна излезе со обвинување дека тоа е пречка за изградба и давање под концесија на плажите за претстојната туристичка сезона. Тој нагласи дека општините може сами да си ги изработат тие планови и да донесат такви урбанистичко плански документации. Додаде дека согласно Законот за градежно земјиште за издавање на тие плажи со јавна лицитација и оглас на краткотраен закуп од една до пет години. – Во однос на урбанистичкиот план за целото крајбрежје, тој се работи во Агенцијата за планирање на просторот, а она што го направивме за доброто на Охрид е обезбедивме 30 милиони денари за изработка на овој урбанистички план. Се изработуваат сите подлоги кои се потребни и Министерството ја предаде постапката во Агенцијата каде се изработува, но и се усогласува со УНЕСКО. Тоа е специфична планска документација која мора дополнително да се усогласи со УНЕСКО и доколку сметаме дека навистина треба да го зачуваме статусот со УНЕСКО таквите документации мора внимателно да се изработат и усогласат, рече Бочварски. Во однос на различните критериуми на третирање на охридското крајбрежје во делот кај Струга, каде со години функционираат плажи без договори за концесија, тој нагласи дека Министерството не кажува дали некој треба да постави или отстрани плажи, туку води грижа за статусот на УНЕСКО. – Министерството за траспорт и врски како надлежно за урбанзиацијата заедно со општините мора да водат грижа за статусот на УНЕСКО. Тоа го правиме доколку сме свесни за значењето на УНЕСКО во оваа земја. Доколку државата не е подготвена да го чува и се грижи за тој статус тогаш било кој од овие субјекти правни или институции треба да излезат и да кажат јасно и гласно дали се за или се против одржување на статусот на УНЕСКО во Охрид. Досега не сум чул од ниту една институција, ниту една општина ни Владата дека е подготвена да се откаже од ваквиот статус, подвлече Бочварски. Доколку Оштина Струга побара поддршка, потенцира дека Владата ќе му помогне да се отстранат оние објекти, кои не се во согласност со статусот со УНЕСКО. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/opshtinite-sami-moze-da-izrabotat-planovi-za-ohridskoto-krajbrezje-veli-bochvarski/feed/ 0
Пецаков: ВМРО – ДПМНЕ предлага амандман за изградба и уредување на кејот во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pecakov-vmro-dpmne-predlaga-amandman-za-izgradba-i-ureduvanje-na-kejot-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pecakov-vmro-dpmne-predlaga-amandman-za-izgradba-i-ureduvanje-na-kejot-vo-ohrid/#respond Wed, 02 Dec 2020 10:54:57 +0000 https://kurir.mk/?p=437412

СДСМ нема концепт за развој на туризмот и развојот на Охрид и унапредување на заштитата на Охридското езеро, тоа се гледа и од Предлог буџетот за 2021. СДСМ на чело со премиерот во заминување Заев со ништо не ги помага нуту туристичките работници, кои беа најмногу погодени од КОВИД 19 пандемијата. Туризмот со СДСМ тоне, а Охрид и охридско ќе бидат заборавени и во идната 2021 година, изјави денеска за медиумите, Кирил Пецаков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - ВМРО-ДПМНЕ преку амандмани на буџетот за 2021 година предлага низа мерки кои сметаме дека се насушно потребни за Охрид и охридско, но и за туризмот во целост, не само во нашиот регион, туку и на ниво на цела Република Македонија. Во таа насока ги предлагаме следните проекти, односно зголемување на средствата за одредени проекти: 1. Изградба/уредување на градскиот Кеј во Охрид; 2. Отварање на дневни центри за деца и лица со пречки во развојот во Охрид. 3. Креирање на специјалистички едногодишни студии за работа во култура за туристички цели: археологија, етнологија, историја на уметност, историја, реторика, етика и сл. На тој начин би се вратил интересот за овие научни гранки, а туризмот би се збогатил со луѓе кои се компетентни во овие научни теми. 4. Набавка на специјален пловен објект за превенција и интервенирање при итни ситуации во медицинска, противпожарна, спасувачка цел по охридското крабрежје; 5. Развој на мобилна апликација Brаnd Macedonia. 6. Поддршка на патувања низ Македонија. 7. Изработка на информациски систем е-визиторс. 8. Дигитализација на царинската управа. 9. Субвенционирање на угостителски капацитети кои би добиле статус зелени хотели/зелени ѕвездички. 10. Евидентирање и промоција на еколошки зони (еко – туризам). 11. Евидентирање и промоција на верски објекти. 12. Изградба на патно поврзување на селото Куратица со Општина Дебарца. 13. Формирање на посебен развоен фонд за туризмот и угостителството; 14. Изградба на катна гаража во Охрид. 15. Реконструкција со надградба и доградба на објектот на НУ Центар за култура Григор Прличев, со цел обезбедување на нов објект наменет за Македонски народен театар. 16. Изградба на велосипедска патека Охрид-Свети Стефан. 17. Изградба на откупно-дистрибутивен центар за земјоделски производи во Охрид. 18. Изградба на станови за млади кадри во планските региони (со посебен акцент на инженери) за потребите на извозно ориентираните компании. 19. Формирање на централно тело за јавни набавки. 20. Формирање на посебна Туристичка инспекција или полиција, истакна тој. - Туризмот и Охрид за мене како пратеник од Охрид секогаш се на прво место, но и за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ќе продолжиме да се бориме со сите средства кои ни стојат на располагање. Оттука, ги повикувам пратениците од владеачкото мнозинство да ги поддржат нашите амандмани и да покажат дека искрено работат и се грижат за потребите на граѓаните, во спротивно по којзнае кој пат ќе докажат дека воопшто не ги интересираат потребите на граѓаните туку само нивните теснопартиски интереси и бизниси, посочи Пецаков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pecakov-vmro-dpmne-predlaga-amandman-za-izgradba-i-ureduvanje-na-kejot-vo-ohrid/feed/ 0
Казни за десет правни субјекти на охридското крајбрежје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-deset-pravni-subjekti-na-ohridskoto-krajbrezje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-deset-pravni-subjekti-na-ohridskoto-krajbrezje/#respond Tue, 04 Aug 2020 13:07:59 +0000 https://kurir.mk/?p=386047

Општинскиот инспекторат од Охрид во текот на празничниот викенд, во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, од аспект на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од Корона вирусот Ковид-19, при што се изречени казни на десет правни субјекти. Станува збор за казни против пет правни субјекти од автокампот „Градиште“ што ги прекршиле одредбите од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од седум илјади евра во денарска противвредност. Инспекторите констатирале дека тие правни субјекти незаконски поставиле урбана опрема – тераси со и без натстрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема. Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така од страна на општинските инспектори е утврдено законско прекршување, при што се изречени глоби против исто пет правни субјекти, со идентичен износ од по седум илјади евра во денарска противвредност. Од Локалната самоуправа посочуваат дека и во текот на наредниот период инспекторатот ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kazni-za-deset-pravni-subjekti-na-ohridskoto-krajbrezje/feed/ 0
ФОТО: Шокантни фотографии од брегот на Охридско Езеро https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-shokantni-fotografii-od-bregot-na-ohridsko-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-shokantni-fotografii-od-bregot-na-ohridsko-ezero/#respond Tue, 10 Mar 2020 06:43:58 +0000 https://kurir.mk/?p=314306

Порталот Ohridinfo објави шокантни фотографии од плажите близу Љубаништа и Св. Наум каде изминативе денови поради бурното време и ветерот брановите го исфрлија отпадокот од езерото. -Уште еднаш езерото покажува каква култура има околината во која се наоѓа. Се надеваме на што побрзо организирање на локалното население и чистење на брегот, пишува порталот. Повеќе фотографии погледнете ја Ohridinfo]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-shokantni-fotografii-od-bregot-na-ohridsko-ezero/feed/ 0