Охридското Езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Jul 2023 08:57:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Охридското Езеро – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нивото на Охридското Езеро три сантиметри над јулскиот просек https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-ohridskoto-ezero-tri-santimetri-nad-julskiot-prosek/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-ohridskoto-ezero-tri-santimetri-nad-julskiot-prosek/#respond Mon, 10 Jul 2023 08:57:48 +0000 https://kurir.mk/?p=854889

Нивото на Охридското Езеро е намалено за еден сантиметар во однос на вчерашниот ден, но е за три сантиметри повисоко од јулскиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења. И Преспанското Езеро денеска има зголемен водостој во однос на вчера за еден сантиметар, но е под просекот за јули. Нивото на Дојранското Езеро, пак, е без промени, но е, исто така, пониско од јулскиот просек. Кај повеќето реки, нивоата се над просекот за овој месец. Сепак, нема поголеми промени на водостоите во однос на вчерашниот ден. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/nivoto-na-ohridskoto-ezero-tri-santimetri-nad-julskiot-prosek/feed/ 0
Сопственците да си ги дислоцираат кајчињата од брегот на Охридското Езеро, утре е последниот ден од дадениот рок https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sopstventsite-da-si-gi-dislotsiraat-kajchinata-od-bregot-na-ohridskoto-ezero-utre-e-posledniot-den-od-dadeniot-rok/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sopstventsite-da-si-gi-dislotsiraat-kajchinata-od-bregot-na-ohridskoto-ezero-utre-e-posledniot-den-od-dadeniot-rok/#respond Thu, 22 Jun 2023 07:40:02 +0000 https://kurir.mk/?p=848459

Во пресрет на главната летна туристичка сезона Општина Охрид упати јавен повик до сопствениците на пловни објекти (кајчиња) истите да ги отстранат од крајбрежниот појас на езерото на потегот кај Сараиште во Стариот дел на градот и долж крајбрежјето на туристичката населба Пештани. Според локалните власти, утре истекува рокот даден на сопствениците самите да ги отстранат пловните објекти поставени на јавните површини. Во спротивно, в сабота екипи на општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за нивно отстранување, а трошоците за тоа ќе паднат на товар на сопствениците. Во повикот се нагласува дека пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/sopstventsite-da-si-gi-dislotsiraat-kajchinata-od-bregot-na-ohridskoto-ezero-utre-e-posledniot-den-od-dadeniot-rok/feed/ 0
Нивото на Охридското Езеро се спушти на минимумот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-ohridskoto-ezero-se-spushti-na-minimumot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-ohridskoto-ezero-se-spushti-na-minimumot/#respond Thu, 25 Nov 2021 12:58:24 +0000 https://kurir.mk/?p=599763

Нивото на водата во Охридското Езеро падна на дозволениот минимум, на котата 693,10 метри надморска височина или 16 сантиметри под просекот за овој период од годината. Температурата на водата е 12,5 степени Целзиусови, што е за 0,3 степени под просекот за ноември. Билјанините извори на испустот кај Студенчишта се веќе два месеци без вода, но тоа е само дел од изворите оттаму што водата се користи и како каптажа за системот за водоснабдување на градот и дел за потебите на Хидробиолошкиот завод. Слична неповолна хидролошка состојба беше и ланската година кога во ноември водостојот падна и сантиметар под минимално дозволеното ниво од 693,10 метри надморска височина. Дијаметрално спротивна беше ситуацијата во 2018 година кога водостојот на езерото беше драстично повисок од дозволениот максимум определне на 693,75 м.н.в., кога достигна ниво и од 694,03 метри надморска височина или 93 сантимметри повиско ниво отколку денеска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-ohridskoto-ezero-se-spushti-na-minimumot/feed/ 0
На распоредот на ФИНА во август Охридското Езеро два официјални пливачки маратони https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-rasporedot-na-fina-vo-avgust-ohridskoto-ezero-dva-oficijalni-plivachki-maratoni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-rasporedot-na-fina-vo-avgust-ohridskoto-ezero-dva-oficijalni-plivachki-maratoni/#respond Mon, 12 Apr 2021 08:47:59 +0000 https://kurir.mk/?p=495909

Претстојната летна сезона Охрид и Охридското Езеро ќе бидат домаќини на две големи пливачки манифестации од светски ранг во организација со Светската пливачка федерација (ФИНА). На календарот официјални спортски пливачки манифестации на ФИНА во август на Охридското Езеро ќе се пливаат трката на 25 километри од Свети Наум до Охрид, како втора од распоредот светски маратонски трки на отворени води, како и олимписката дисциплина на 10 километри, седма по ред од серијата за бодување на ФИНА. Популарно наречениот голем пливачки маратон е закажан за 21 август, додека десеткилометарската трка е на календарот една седмица подоцна на 28 август. И двете трки се организирани во соработка на ФИНА со Пливачката федерација на Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/na-rasporedot-na-fina-vo-avgust-ohridskoto-ezero-dva-oficijalni-plivachki-maratoni/feed/ 0
Кривична пријава за фрлање градежен шут во Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-prijava-za-frlanje-gradezen-shut-vo-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-prijava-za-frlanje-gradezen-shut-vo-ohridskoto-ezero/#respond Thu, 04 Mar 2021 14:21:18 +0000 https://kurir.mk/?p=477246

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во рамките на инспекциска постапка утврдил дека на потегот меѓу хотелот „Далјан“ и домот за стари лица во изградба, на површина од 964 квадратни метри, на брегот на Охридското Езеро и во самото езеро, фрлен е градежен шут и насипана е земја од ископ на темели од непозната локација. Во координација со Министерството за внатрешни работи пронајден е сопственикот на земјиштето и против него е покрената кривична пријава. Со цел санирање на крајбрежјето, Инспекторатот поднел и информација за влијанието на нелегалното насипување земја и шут на брегот на езерото во населбата Далјан и за итно враќање на крајбрежјето во првобитната состојба. „Имајќи го предвид мислењето на Хидробиолошкиoт завод од Охрид дека нелегалното насипување земја и шут на брегот од езеротo во населбата Далјан има негативно влијание врз Охридското Езеро, особено врз квалитетот на водата и седиментот, врз живиот свет во езерото, неговиот биодиверзитет, оплитувањето и други негативни последици на овој значаен акватичен екосистем, очекуваме Владата да ги задолжи Министерството за транспорт и врски и Општина Охрид да го отстранат насипот и да го санираат крајбрежјето“, соопшти ДИЖС. До надлежното Јавно обвинителство Охрид, како што посочија, е доставена кривичната пријава за понатамошно постапување по случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/krivichna-prijava-za-frlanje-gradezen-shut-vo-ohridskoto-ezero/feed/ 0
Без китење елка во Охридското Езеро, нуркачите од под вода посакаа среќна Нова 2021 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-kitenje-elka-vo-ohridskoto-ezero-nurkachite-od-pod-voda-posakaa-srekjna-nova-2021-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-kitenje-elka-vo-ohridskoto-ezero-nurkachite-od-pod-voda-posakaa-srekjna-nova-2021-godina/#respond Tue, 29 Dec 2020 12:22:16 +0000 https://kurir.mk/?p=449845

Коронавирусот ја прекина и веќе воспоставената традиција на новогодишно китење елка во водите на Охридското Езеро. Оваа година поради ситуацијата наметната со коронавирусот нуркачите од Клубот за подводни активности – Охрид и Нуркачкиот клуб „Амфора“ со малку видоизменета агенда посакаа среќна Нова 2021 година. Поделени во групи од по тројца-четворица нуркачи, слично на протоколите за дистанца, тие нуркаа на три различни локации кај Заливот на Коските, кај Трпејца и кај изворите на Црн Дрим кај Свети Наум и на тој начин на сите граѓани им ја честитаа Новата година. Честитката ја упатија посебно и на децата со ретки болести со желба за подобро здравје и лесно надминување на потешкотиите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bez-kitenje-elka-vo-ohridskoto-ezero-nurkachite-od-pod-voda-posakaa-srekjna-nova-2021-godina/feed/ 0
Бродарите на Охридското Езеро да ги почитуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/brodarite-na-ohridskoto-ezero-da-gi-pochituvaat-merkite-za-sprechuvanje-na-shirenje-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/brodarite-na-ohridskoto-ezero-da-gi-pochituvaat-merkite-za-sprechuvanje-na-shirenje-na-koronavirusot/#respond Fri, 07 Aug 2020 13:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=387765

Претставници на Езерската полиција, на Капетанија на пристаништа и на Државниот пазарен инспекторат синоќа остварија средба со сопствениците на бродови на Охридското Езеро, со цел да им се укаже на обврските за доследно почитување на одлуките и протоколите за работа на пловните објекти и примена на безбедносно-здравствените мерки за заштита на граѓаните од КОВИД-19. На сопствениците и капетаните на бродови им е укажана неопходноста од строго придржување до забраната за групирање лица, примање патници без заштитни средства, како и за користење дезинфекциски средства во пловните објекти, независно дели истите се закотвени на пристаништето или се во движење во водите на Охридското Езеро. Претставници од Одделението за превенција од СВР – Охрид укажаа и на потребата од воведување на редарска служба што ќе се грижи за безбедноста при влез и за време на престојот на патници во бродот, како и редовно информирање преку разглас на патниците за неопходноста од придржување до препораките за носење на заштитна маска и држење на растојание за време на пловидбата. На бродарите им беа презентирани протоколите за работа во делот за работа на угостителска дејност, со посебен акцент за гласна музика и им беше укажано за неопходната примена на мерките за безбедна пловидба и на другите одредби од Законот за внатрешна пловидба. Претставниците на СВР Охрид и на другите надлежни институции најавија континуирани  контроли на сите пловни објекти кои се прикотвени или пловат по Охридското Езеро. Изминатите денови се вршеше превоз на патници на бродови на Охридскот Езеро, без да се почитуваат правилата за спречување на ширење на коронавирусот, односно се примаа патници без маски и без почитување на Протоколите за заштита донесени од Комисијата за заразни болести. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/brodarite-na-ohridskoto-ezero-da-gi-pochituvaat-merkite-za-sprechuvanje-na-shirenje-na-koronavirusot/feed/ 0
Дивоградбите го загрозуваат растителниот и животинскиот свет во и околу Охридското Езеро https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/divogradbite-go-zagrozuvaat-rastitelniot-i-zivotinskiot-svet-vo-i-okolu-ohridskoto-ezero/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/divogradbite-go-zagrozuvaat-rastitelniot-i-zivotinskiot-svet-vo-i-okolu-ohridskoto-ezero/#respond Sun, 13 Oct 2019 07:16:34 +0000 https://kurir.mk/?p=250988

Нелегално изградените објекти покрај Охридското крајбрежје, палењето на трските во и околу езерото, како и депонирањето градежен шут и отпад негативно влијае врз растителниот и животинскиот свет во Охридското Езеро, сметаат експертите, пренесува МИА. Биологот Беким Зиба вели дека дивоизградените објекти на крајбрежјето не само што го загрозуваат статусот Охридскиот регион да биде ставен на листата на загрозени подрачја на УНЕСКО, туку и наштетуваат и на богатата флора и фауна. -Дивоизградените објекти и несовесното однесување на луѓето еколошки и биолошки и наштетуваат на флората и фауната и во крајбрежјето и во водата. Треба да се рушат, да се повлечат како што беше порано, најмалку 50 метри од брегот на Езерото, а не да се гради како што ќе му текне на некој, нагласи Зиба во изјава за МИА. Сличен став дели и активистот од граѓанската иницијатива „Доста е“ Глигорије Ќатоски. И тој смета дека на струшката ривиера има дивоградби кои влијаат врз живиот свет во Езерото, но и оти директно придонесуваат да бидеме ставени на список на загрозени места на УНЕСКО. Покрај негирањата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко дека во Струга нема дивоградби, кои го загрозуваат статусот на Охридското Езеро да биде ставено на листата на загрозениу подрачја, Ќатоски го тврди спротивното. -Секако дека во Струга има дивоградби. Со задоволство би ги прошетал градежните инспектори и градоначалникот да им ги покажам тие дивоградби на самото крајврежје. Постојат дивоградби што се изградени на крајбрежјето и директно придонесуваат да бидеме ставени на листата на загрозени подрачја, вели Ќатоски. Смета дека е потребно системско решавање на проблемите, посочувајќи оти во измените на Законот за градежно земјиште со строги рокови треба да се определи термин во кој концесионерите би имале доброволен рок за отстранување на објектите покрај плажите. – И покрај законските одредби за монтажни објекти на плажите се поставија објекти од цврста градба, кои концесионерите, чии концесии се истечени од поодамна се однесуваат како да се нивна сопственост. Ваквите објекти да бидат отстранети во предвидениот рок, додава Ќатоски. Граѓанскиот активист од „Доста е“ го спомна и палењето на трските кое речиси секоја пролет се случува на струшкото крајбрежје, нагласувајќи ја важноста како природен филтер кој влијае за одржување на растителниот и животинскиот свет во Охридското Езеро.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/divogradbite-go-zagrozuvaat-rastitelniot-i-zivotinskiot-svet-vo-i-okolu-ohridskoto-ezero/feed/ 0
Автомобил влета во Охридското Езеро (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/avtomobil-vleta-vo-ohridskoto-ezero-video/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/avtomobil-vleta-vo-ohridskoto-ezero-video/#respond Sun, 01 Sep 2019 09:44:53 +0000 https://kurir.mk/?p=235654

Автомобил вчера вечерта завршил во водите на Охридското Езеро. Настанот се случил на Кеј Македонија. „Бесплатен Паркинг во Охрид“, пишува во описот на фотографијата објавена на Твитер. Видеото на Охрид 1, погледнете го во продолжение ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/avtomobil-vleta-vo-ohridskoto-ezero-video/feed/ 0