ОХЦХР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Apr 2023 11:57:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОХЦХР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОХЦХР: Речиси 8.500 цивили загинаа при руската инвазија врз Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ohtshr-rechisi-8-500-tsivili-zaginaa-pri-ruskata-invazija-vrz-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ohtshr-rechisi-8-500-tsivili-zaginaa-pri-ruskata-invazija-vrz-ukraina/#respond Tue, 11 Apr 2023 11:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=822859

Канцеларијата на Високиот комесаријат за човекови права на ОН (ОХЦХР) денеска објави дека евидентирала 8.490 загинати и 14.244 повредени цивили од почетокот на инвазијата на 24 февруари 2022 година до 9 април 2023 година. ОХЦХР стравува дека бројката на жртвите е многу поголема поради ограничениот пристап до воените зони. Поголемиот број смртните случаи се регистрирани на територијата контролирана од украинската влада, при што се вклучени и 3.927 лица од регионите Доњецк и Луганск. - ОХЦХР верува дека вистинските бројки се значително повисоки, имајќи предвид дека е одложено добивањето информации од некои локации, каде што продолжуваат интензивните конфликти, а многу извештаи допрва треба да се потврдат, се наведува во соопштението на Канцеларијата. Истражно тело под мандат на ОН минатиот месец откри дека руските сили извршиле „недискриминирачки и непропорционални“ напади врз Украина. Русија негира дека намерно гаѓала цивили или дека нејзините сили се одговорни за злосторствата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ohtshr-rechisi-8-500-tsivili-zaginaa-pri-ruskata-invazija-vrz-ukraina/feed/ 0