ОИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 Feb 2023 17:24:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОИ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сè повеќе противници на идејата на МОК за руско учество на ОИ 2024 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-poveke-protivnitsi-na-idejata-na-mok-za-rusko-uchestvo-na-oi-2024/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-poveke-protivnitsi-na-idejata-na-mok-za-rusko-uchestvo-na-oi-2024/#respond Tue, 07 Feb 2023 17:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=797432

Олимписките и параолимписките комитети на нордиските земји се приклучија денеска кон сè поголемиот број држави кои официјално се противат на идејата на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) да се изнајде модел што би овозможил настап на руски и белоруски спортисти на Игрите во Париз идната година. „Сега не е вистинското време да се разгледува нивно враќање, тоа е нашиот став. Ние, нордиските олимписки и параолимписки комитети, ја користиме оваа прилика уште еднаш да го поддржиме украинскиот народ и неговата желба за мир“, се наведува во заедничкото писмо испратено до МОК. Претходно денеска и париската градоначалничка Ана Идалго го промени личниот став и се изјасни против настап на руските и белоруските спортисти, а против идејата на МОК во понеделникот се изјасни и Олимпискиот комитет на Чешка. Украина прва ја отфрли идејата на МОК и најави бојкот на Игрите во Париз за што доби поддршка од Полска и балтичките земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/se-poveke-protivnitsi-na-idejata-na-mok-za-rusko-uchestvo-na-oi-2024/feed/ 0
Латвија се закани со бојкот на ОИ во Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-se-zakani-so-bojkot-na-oi-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-se-zakani-so-bojkot-na-oi-vo-pariz/#respond Wed, 01 Feb 2023 20:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=794881

Латвија денеска се закани дека ќе ги бојкотира Олимписките игри (ОИ) 2024 година во Париз доколку на нив им биде дозволен настап на руските спортисти, кои заедно со спортистите од Белорусија се исклучени од речиси сите меѓународни натпреварувања поради руската инвазија врз Украина. Олимпискиот комитет на Латвија, кој воедно е првиот национален олимписки комитет покрај украинскиот што се закани со бојкот на ОИ, ги повика и другите земји да извршат притисок врз меѓународните спортски тела. Најавата на Латвија доаѓа откако Меѓународниот олимписки комитет (МОК) навести неодамна дека би можел да им дозволи учество на руските и белоруските спортисти на Игрите во Париз без истакнување на национални обележја. „Сè додека трае војната во Украина, учеството на руски и белоруски спортисти под кое било знаме би било неприфатливо“, изјави претседателот на Олимпискиот комитет на Латвија, Жоржс Тикмерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/latvija-se-zakani-so-bojkot-na-oi-vo-pariz/feed/ 0
Волонтерка му дала пари за такси, стигна на време и освои златен медал https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/volonterka-mu-dala-pari-za-taksi-stigna-na-vreme-i-osvoi-zlaten-medal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/volonterka-mu-dala-pari-za-taksi-stigna-na-vreme-i-osvoi-zlaten-medal/#respond Fri, 13 Aug 2021 07:50:29 +0000 https://kurir.mk/?p=549990

Една од најневеројатните стории од Летните Олимписки Игри во Токио кои штотуку завршија, е поврзана со една волонтерка по име Тијана Стојковиќ и со Јамајчанецот Хансл Парчмент кој освои златен медал. Неколку дена по крајот на Олимписките Игри во Токио Хансл Парчмент кој освои злато на трката на 110 метри со препони и сензационално го победи големиот фаворит Грент Холовеј, за малку немал да стигне на самата трка. Парчмент изненадно пред 9 години освоил бронзен медал на Олимписките Игри во Лондон. Денот на финалето на 110 метри со препони, 31-годишниот Хансл Парчмент од Јамајка влегол во погрешен автобус. На себе имал слушалки и поради музиката не слушал што разговараат другите олимпијци во автобусот, па не ни сфатил на каде оди. Кога се свестил, видел дека наместо на атлетскиот стадион завршил во пливачкиот центар кај олимписките базени. Го фатило паника дека нема да стигне на време а официјалните лица му објасниле дека во тој момент единствено чаре да се врати во селото е да седне во вистинскиот автобус. Но тоа би му одзело многу време за да се подготви за најголемата трка во животот. Во еден момент се појавила 25-годишната волонтерка Тијана Стојковиќ од Србија се понудила да му даде пари за такси, за атлетичарот да стигне на време директно на стадион. Јамајчанецот (31) стасал за кратко и адекватно се загреал за трката. А таму освоил златен медал за кого го славеа во земјата на Усеин Болт, најбрзиот човек на сите времиња. Хансл Парчмент само што го освоил златото, решил да ја пронајде Тијана и да и се заблагодари на помошта. Два дена по фамозната трка, сјајниот атлетичар на својот Твитер профил објавил видео на кое и се заблагодарува на Тијана која што ја пронашол повторно кај автобуската станица и јавно и се заблагодарува со зборовите дека „она била клучот на успехот што дента стигнал на време на финалето“. Атлетичарот ѝ подарил маица и ѝ вратил пари за таксито. Видеото го споделил и премиерот на Јамајка, Ендрју Холнс кој ја поканил Тијана Стојковиќ да биде гостинка во Јамајка. „Многу сум благодарна на сите. Ова е подарок од драгиот Хансл и совршено ми стои. Фала многу, драг Хансл! Благодарност до сите вас за љубезните пораки“, напишала Тијана Стојковиќ на Инстаграм.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/volonterka-mu-dala-pari-za-taksi-stigna-na-vreme-i-osvoi-zlaten-medal/feed/ 0
Свечено затворени Олимписките игри во Токио https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-zatvoreni-olimpiskite-igri-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-zatvoreni-olimpiskite-igri-vo-tokio/#respond Sun, 08 Aug 2021 14:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=548037

Со свечена церемонија на Националниот стадион во Токио попладнево по средноевропско време официјално е спуштена завесата на 32. Олимписки игри, први во историјата кои се одржаа без присуство на публика поради пандемијата на коронавирус. Свеченото затворање почна со видео колаж со најубавите моменти во изминатите две недели во кои на олимписките борилишта беа поделени 339 комплети медали. Потоа на стадионот влегоа јапонскиот престолонаследник Акишимо, придружуван од претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах. Следеше претставувањето на државните знамиња на учесниците на Игрите, а според традицијата, потоа на стадионот влегоа спортистите меѓусебно измешани во духот на заедништвото Најголем дел од учесниците на Игрите веќе се вратија во своите земји, бидејќи според здравствените и безбедносните протоколи, олимпијците мораа да ја напуштат Јапонија во рок од 48 часови од својот последен настап за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот. Претседателката на Организацискиот комитет, Сеико Хашимото, истакна во обраќањето дека Олимпијадата во Токио донесе Игри на возбуда и инспирација. – Спортот има сила да го промени светот и иднината. Можеби олимпискиот оган денеска ќе се изгасне, но надежта нема никогаш, рече Хашимото, најавувајќи ги Параолимписките игри, кои ќе се одржат во Токио од 24 август до 5 септември. Игрите започнаа на 23 јули и на нив настапија над 11.000 спортисти од 206 држави, како и олимпискиот тим составен од бегалци. Седумчлениот македонски состав настапи во осум дисциплини и освои еден медал, сребро на градите на таеквондистот Дејан Георгиевски во категоријата до 80 килограми. На Игрите во Токио настапија и Борјан Бранковски во дисциплината 10 метри воздушен пиштол, пливачите Филип Деркоски (400 метри слободно) и Миа Блажевска Еминова (100 метри слободно), џудистката Арбреша Реџепи во категоријата до 52 килограми, атлетичарот Јован Стојоски (400 метри), каратистката Пулексенија Јованоска во кати и Магомедгаџи Нуров во борење слободен стил до 97 килограми. Најдобар пласман на табелата на медали остварија американските спортисти со 39 златни одличја, едно повеќе од Кина. САД освоија вкупно 113 медали, а Кина 88. Поединечно, американскиот 24-годишен пливач Кејлеб Дресел е најуспешен спортист на 32. Олимписки игри во Токио со пет златни медали, а австралиската 27-годишна пливачка Ема Мекион е најтрофејна меѓу спортистките со четири златни и три бронзени медали. Домаќин на 33. по ред Олимписки игри во 2024 година ќе биде француската престолнина Париз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/svecheno-zatvoreni-olimpiskite-igri-vo-tokio/feed/ 0
ОИ: Медали освоија 93 држави, Македонија на 77. место со едно сребро https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-medali-osvoija-93-drzavi-makedonija-na-77-mesto-so-edno-srebro/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-medali-osvoija-93-drzavi-makedonija-na-77-mesto-so-edno-srebro/#respond Sun, 08 Aug 2021 13:28:09 +0000 https://kurir.mk/?p=548023

САД на последниот натпреварувачки ден ја престигна Кина според бројот на освоени златни медали на Олимписките игри во Токио на кои одличја освоија вкупно 93 држави, а македонскиот состав со еден сребрен медал заврши на 77. место во вкупниот поредок. Американците беа најуспешни со 39 златни, 41 сребрени и 33 бронзени, пред Кина (38, 32, 18), Јапонија (27, 14, 17), Велика Британија (22, 21, 22) и Русија (20, 28, 23). Единствениот олимписки медал од осумчлената македонска делегација го освои таеквондистот Дејан Георгиевски, кој заврши второпласиран во категоријата до 80 килограми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-medali-osvoija-93-drzavi-makedonija-na-77-mesto-so-edno-srebro/feed/ 0
ОИ: Словенија остана без медал на кошаркарскиот турнир https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/oi-slovenija-ostana-bez-medal-na-kosharkarskiot-turnir/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/oi-slovenija-ostana-bez-medal-na-kosharkarskiot-turnir/#respond Sat, 07 Aug 2021 13:57:32 +0000 https://kurir.mk/?p=547711

Австралиската машка кошаркарска репрезентација го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио, совладувајќи ја попладнево Словенија во натпреварот за третото место со 107-93 (20-19, 33-26, 25-22, 29-26). За австралиските кошаркари ова е прв олимписки медал по четири последователни четврти места (Сеул 1988, Атланта 1996, Сиднеј 2000, Рио де Женеиро 2016), додека Словенија во својот дебитантски олимписки настап остана без медал. Претходно денеска, САД ја совлада Франција во финалето со 87-82 и го освои четвртиот последователен златен медал. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/oi-slovenija-ostana-bez-medal-na-kosharkarskiot-turnir/feed/ 0
Израелката Ашрам ја остави Русија без олимписко злато во ритмичка гимнастика https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/izraelkata-ashram-ja-ostavi-rusija-bez-olimpisko-zlato-vo-ritmichka-gimnastika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/izraelkata-ashram-ja-ostavi-rusija-bez-olimpisko-zlato-vo-ritmichka-gimnastika/#respond Sat, 07 Aug 2021 11:21:43 +0000 https://kurir.mk/?p=547641

Руските гимнастичарки останаа без индивидуално олимписко злато во ритмичка гимнастика за прв пат по 25 години. Последен пат Русинка не освои злато во поединечни натпревари на Игрите во 1996 година. Денес на Олимпијадата во Токио, златото отиде кај Израелката Лина Ашрам. Таа победи пред Русинката, Дина Аверина која го освои второто место во финалето во поединечни натпревари, а нејзината сестра Арина беше четврта. Бронзениот медал е за белоруската натпреварувачка, Алина Харанско.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/izraelkata-ashram-ja-ostavi-rusija-bez-olimpisko-zlato-vo-ritmichka-gimnastika/feed/ 0
ОИ: Бронзени медали за одбојкарите на Аргентина и кошаркарките на Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-bronzeni-medali-za-odbojkarite-na-argentina-i-kosharkarkite-na-francija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-bronzeni-medali-za-odbojkarite-na-argentina-i-kosharkarkite-na-francija/#respond Sat, 07 Aug 2021 09:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=547547

На Олимписките игри во Токио привршуваат натпреварите во екипните спортови. Со бронзени медали на претпоследниот ден од Игрите се закитија одбојкарите на Аргентина и француските кошаркарки. Аргентина во јужно-американската пресметка за 3. место на машкиот одбојкарски турнир го победи Бразил со 3-2, по сетови 25:23, 20:25, 20:25, 25:17 и 15:13. За златото од 14:15 часот ќе играат Франција и Русија. На женскиот турнир во кошарка, Франција беше поуспешна од Србија со 91:76 и го освои бронзениот медал. Утре во дуелот за првото место САД ќе се сретнат со репрезентацијата на Јапонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/oi-bronzeni-medali-za-odbojkarite-na-argentina-i-kosharkarkite-na-francija/feed/ 0
Второ олимписко злато за Бугарија во Токио https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vtoro-olimpisko-zlato-za-bugarija-vo-tokio/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vtoro-olimpisko-zlato-za-bugarija-vo-tokio/#respond Sat, 07 Aug 2021 08:28:08 +0000 https://kurir.mk/?p=547516

Стојка Крастева го освои златниот медал на олимпискиот турнир во бокс во категоријата до 51 килограм во Токио. Европскиот шампион од Софија 2018 и двократниот светски вицешампион Крастева ја победи со 5:0 судиски гласови (30:27, 30:27, 29:28, 30:27, 30:27) актуелниот европски шампион и светски второпласираната рангирана бр.1 во шемата Бусе Наз Чакароглу (Турција), јави БТА. Во деби финалето за Бугарка на Олимпијадата во бокс за жени, 35-годишната Крастева покажа поефикасна борба и заслужено го доби мечот. Таа стана петтиот бугарски олимписки шампион во бокс во првото финале за бугарски претставник во спортот од Атланта во 1996 година, кога Даниел Петров ја освои последната титула во земјата. Така, еден ден пред крајот на Игрите во Токио, бугарските спортисти освоија пет награди по златото на Ивет Горанова во дисциплината кумите карате, среброто на спортистката за стрелачки спорт Антоанета Костадинова во пиштол 10 метри и бронзените медали на Тајбе Усеин и Евелина Николова во женско борење. бокс, категорија до 51 кг, жени: Стојка Крастева (Бугарија) Бусе Наз Чакароглу (Турција) Цукими Намики (Јапонија) и Јуан Чан (Кина).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vtoro-olimpisko-zlato-za-bugarija-vo-tokio/feed/ 0
Селекторот на САД: Никогаш порано не сум почувствувал таква одговорност на патот до златниот медал https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-na-sad-nikogash-porano-ne-sum-pochuvstvuval-takva-odgovornost-na-patot-do-zlatniot-medal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-na-sad-nikogash-porano-ne-sum-pochuvstvuval-takva-odgovornost-na-patot-do-zlatniot-medal/#respond Sat, 07 Aug 2021 08:20:24 +0000 https://kurir.mk/?p=547507

Селекторот на кошаркарската репрезентација на САД, Грег Попович, призна дека чувствувал голем товар на патот до златниот медал на Олимпијадата во Токио. – Секоја титула во лигата е нешто посебно. Секој тим со кој работите е посебен. Но, да бидам искрен, никогаш порано не сум почувствувал толку голема одговорност. Толку многу луѓе ве следат, вие претставувате земја, други земји исто така се вклучени на турнирот. Неверојатна одговорност. Ова беше со мене неколку години, секој ден, така што сега се чувствувам многу подобро, рече Попович. Седумдесет и двегодишниот кошаркарски стручњак го презеде американскиот тим во 2015 година. Во 2019 година, Американците завршија на седмото место на Светското првенство во Кина. Како тренер на Сан Антонио, Попович пет пати стана шампион во НБА. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/selektorot-na-sad-nikogash-porano-ne-sum-pochuvstvuval-takva-odgovornost-na-patot-do-zlatniot-medal/feed/ 0