ОИК – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
Најнови вестиThu, 28 Oct 2021 13:50:08 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.3.3https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.pngОИК – Kurir.mk
https://arhiva.kurir.mk
3232Разрешена ОИК на Дебар, Рилинд Хаса е новиот претседател
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-oik-na-debar-rilind-hasa-e-noviot-pretsedatel/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-oik-na-debar-rilind-hasa-e-noviot-pretsedatel/#respondThu, 28 Oct 2021 13:50:08 +0000https://kurir.mk/?p=587175Државната изборна комисија ја разреши Општинската изборна комисија за Дебар, поточно нејзниот прв ешалон, додека остануваат и понатаму заменик-претседателот и замениците на членовите на комисијата.
На месото на Маџите Атипи, нов претседател на ОИК-Дебар е Рилинд Хаса, а потпретседател на комисијата и понатаму е Јованка Јосифовска.
-Ги презедовме обврските и продолжуваме со активностите околу спроведувањето на гласањето во недела на избирачо место 0543, каде изборите се повторуваат и за градоначалник и за членови на Советот на општина Дебар, изјави Хаса за МИА.
Како што е познато Управниот суд ја прифати тужбата на коалцијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, а ДИК врз основа на овие тужби донесе решение за повторување на гласањето, со оглед дека вкупниот број на запишани избирачи на ова избирачко место влијае врз вкупните резултати во оваа општина.
На избирачко место 0543 во единствениот избирачки список запишани се 777 лица со право на глас. Во првиот круг ова право го оставариле 484 од кои 16 ливчиња биле неважечки.
Во првиот круг кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник Хекуран Дука, на ова избирачко место освоил 195 гласови или 40,29 отсто од запишаните, Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива 271 или 55,99 отсто, и Петрит Клења, кандидат за градоначлник од ДПА, два гласа или 0,41 отсто.
Во оваа општина има 27 избрачки места, во единствениот избирачки список се запишани 19.211лица. Во првиот круг правото на глас го искористиле 8.046 лица или 41,88 отсто. Најмногу гласови доби Поцеста 3.998 или 49,69 отсто, Дука 3.713 или 46,15 и Клења 47 или 0,46 отсто.]]>Државната изборна комисија ја разреши Општинската изборна комисија за Дебар, поточно нејзниот прв ешалон, додека остануваат и понатаму заменик-претседателот и замениците на членовите на комисијата.
На месото на Маџите Атипи, нов претседател на ОИК-Дебар е Рилинд Хаса, а потпретседател на комисијата и понатаму е Јованка Јосифовска.
-Ги презедовме обврските и продолжуваме со активностите околу спроведувањето на гласањето во недела на избирачо место 0543, каде изборите се повторуваат и за градоначалник и за членови на Советот на општина Дебар, изјави Хаса за МИА.
Како што е познато Управниот суд ја прифати тужбата на коалцијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, а ДИК врз основа на овие тужби донесе решение за повторување на гласањето, со оглед дека вкупниот број на запишани избирачи на ова избирачко место влијае врз вкупните резултати во оваа општина.
На избирачко место 0543 во единствениот избирачки список запишани се 777 лица со право на глас. Во првиот круг ова право го оставариле 484 од кои 16 ливчиња биле неважечки.
Во првиот круг кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник Хекуран Дука, на ова избирачко место освоил 195 гласови или 40,29 отсто од запишаните, Беким Поцеста од Алијанса за Албанците-Алтернатива 271 или 55,99 отсто, и Петрит Клења, кандидат за градоначлник од ДПА, два гласа или 0,41 отсто.
Во оваа општина има 27 избрачки места, во единствениот избирачки список се запишани 19.211лица. Во првиот круг правото на глас го искористиле 8.046 лица или 41,88 отсто. Најмногу гласови доби Поцеста 3.998 или 49,69 отсто, Дука 3.713 или 46,15 и Клења 47 или 0,46 отсто.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-oik-na-debar-rilind-hasa-e-noviot-pretsedatel/feed/0Последен ден за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/#respondSat, 11 Sep 2021 06:07:42 +0000https://kurir.mk/?p=562234Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањегто на рокот за да овозможат кандидатурите да бидат поднесени.
Општинските изборни комисии ќе ги разгледуваат канндидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или има даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. Откако ќе бидат прифатени, односно најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивен редослед (најдоцна до 23 септември). Кандидатите за градоначалник и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.
Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори, најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Националниот демократски институт.
Како што информираше членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи станува збор за локални избори, потпишувањето и промоција на овој кодекс ќе се одвива на две нивоа. Едното ниво ќе е директно организирано од ДИК преку нивните општински изборни комисии.
Кондарко напомена дека ново е тоа што во текстот на кодексот ќе додадат дека се обврзуваат сите учесници кандидати да се воздржат од користење и на говор на омраза и било каква дискриминација по кој било основ посебно на пол и род.
– Сметаме дека со овој кодекс, ние како ДИК покрај законската обврска повикуваме, апелираме на овој начин покрај дневната политика што е неизбежна во секоја изборна кампања, сепак основните вредности на демократијата, владеење на правото од фер и демократското и коректно однесување на сите учесници во изборниот процес, бидејќи и самите учесници покрај организацијата на изборите од наша страна, изборните органи, даваат свој белег на сликата за изборите со начинот на нивното однесување и типот на водење на нивната капања, додаде тој.
На 9 септември на полноќ заврши увидот во Избирачкиот список за локалните избори. ДИК соопшти дека вкупно 14.921 лица извршиле увид во Избирачкиот список до завршување на рокот.
– Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. До Комисијата, исто така, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 114 барања.
Политичките партии поради деновите на жалост по пожарот во тетовската Ковид болница каде загинаа 14 лица до утре ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори.
Сепак, некои од нив ги објавија и последните имиња за кандидати за градоначалници пред рокот за поднесување кандидатури до ОИК.
Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември, а завршува на 15 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се одржуваат со почитување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19.]]>Најголем дел од учесниците на локалните избори, политички партии и независни кандидати го чекаат последниот ден да ги поднесат своите кандидатури за локалните избори на 17 октомври. Кандидатурите се поднесуваат до Општинските изборни комисии (ОИК) до денеска на полноќ. ОИК ќе имаат свои тимови кои ќе дежураат до завршувањегто на рокот за да овозможат кандидатурите да бидат поднесени.
Општинските изборни комисии ќе ги разгледуваат канндидатурите и доколку ги исполуваат условите ги прифаќаат или има даваат соодветен рок на подносителите да ги исправат недоследностите. Откако ќе бидат прифатени, односно најдоцна до 18 септември, ОИК ги доставува листите до ДИК за да биде извршено жребување за нивен редослед (најдоцна до 23 септември). Кандидатите за градоначалник и листите за советници на една партија или коалиција добиваат ист реден број во сите општини. Потоа листите ќе бидат објавени на веб страната на ДИК и огласени од страна на Избирачките одбори.
Овластените претставници на сите политички партии, односно подносителите на листи за локалните избори, најдоцна до 23 септември на централно ниво ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори. Потпишувањето на Кодексот е организирано од Државната изборна комисија во соработка со Националниот демократски институт.
Како што информираше членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи станува збор за локални избори, потпишувањето и промоција на овој кодекс ќе се одвива на две нивоа. Едното ниво ќе е директно организирано од ДИК преку нивните општински изборни комисии.
Кондарко напомена дека ново е тоа што во текстот на кодексот ќе додадат дека се обврзуваат сите учесници кандидати да се воздржат од користење и на говор на омраза и било каква дискриминација по кој било основ посебно на пол и род.
– Сметаме дека со овој кодекс, ние како ДИК покрај законската обврска повикуваме, апелираме на овој начин покрај дневната политика што е неизбежна во секоја изборна кампања, сепак основните вредности на демократијата, владеење на правото од фер и демократското и коректно однесување на сите учесници во изборниот процес, бидејќи и самите учесници покрај организацијата на изборите од наша страна, изборните органи, даваат свој белег на сликата за изборите со начинот на нивното однесување и типот на водење на нивната капања, додаде тој.
На 9 септември на полноќ заврши увидот во Избирачкиот список за локалните избори. ДИК соопшти дека вкупно 14.921 лица извршиле увид во Избирачкиот список до завршување на рокот.
– Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, вкупно 14.921 лица се провериле во избирачкиот список, поднесени се вкупно 281 барања за запишување во избирачкиот список, 99 барање за бришење на податоците од избирачкиот список и 74 барања за измена на податоците во избирачкиот список, се вели во соопштението од ДИК. До Комисијата, исто така, на е-маил адресата [email protected] се поднесени вкупно 114 барања.
Политичките партии поради деновите на жалост по пожарот во тетовската Ковид болница каде загинаа 14 лица до утре ги одложија јавните активности поврзани со локалните избори.
Сепак, некои од нив ги објавија и последните имиња за кандидати за градоначалници пред рокот за поднесување кандидатури до ОИК.
Кампањата за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември, а завршува на 15 октомври на полноќ. Локалните избори ќе се одржуваат со почитување на мерките за превенција од ширење на Ковид-19.]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/posleden-den-za-podnesuvanje-kandidaturi-za-lokalnite-izbori-na-17-oktomvri/feed/0Почна дистрибуцијата на гласачките ливчиња до ОИК за референдумот
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-distribucijata-na-glasachkite-livchinja-do-oik-za-referendumot/
https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-distribucijata-na-glasachkite-livchinja-do-oik-za-referendumot/#respondThu, 27 Sep 2018 18:59:13 +0000https://kurir.mk/?p=106693Од печатницата „Киро Дандаро“ од Битола утрово почна дистрибуцијата на гласачкиот материјал за референдумот за името закажан за в недела.
Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Оливер Деркоски изјави дека дистрибуцијата на гласачките ливчиња за референдумот почна по проверката што членови на Комисијата ја направија во печатницата „Киро Дандаро“. Оцени дека подготовката на референдумскиот материјал завршила одлично.
- Во текот на денот со помош на возила на Македонски пошти и наши екипи материјалот ќе биде дистрибуиран до ОИК, рече Деркоски.
Право на глас на плебисцитарното изјаснување имаат 1.806.336 гласачи, запишани во Избирачки список.
Гласачкиот материјал за референдумот се доставува директно до општинските изборни комисии, кои пак според роковникот на ДИК се должни еден ден пред денот на одржување на референдумот да го предадат на избирачкиот одбор.
Референдумот ќе се спроведува на 3.480 избирачки места во 80 општини во земјата.
Болните, изнемоштемите, лицата во домашен притвор, затворениците и државјаните на Република Македонија во странство гласаат еден ден пред референдумот, односно на 29 септември.
Референдумското прашање гласи: Дали сте за влез во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?“, а гласачите што ќе излезат на референдумот со заокружување со сино хемиско пенкало треба да се изјаснат дали се „за“ или „против“.
Гласањето на 30 септември почнува во 7 часот наутро и завршува во 19 часот.
ДИК првичните резултати од референдумот добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците и целокупниот гласачки материјал од ОИК, во рок од 24 часа по приемот на записниците и целокупниот гласачки материјал од сите ОИК.
Резултатот од гласањето, ДИК го објавува во „Службен весник“ во рок од 15 дена од денот на одржување на референдумот.
МИА]]>Од печатницата „Киро Дандаро“ од Битола утрово почна дистрибуцијата на гласачкиот материјал за референдумот за името закажан за в недела.

МИА]]>https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pochna-distribucijata-na-glasachkite-livchinja-do-oik-za-referendumot/feed/0