ојо гевгелија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 09:19:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ојо гевгелија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Еден осомничен за насилство врз жена и нејзината малолетна ќерка во гевгелиско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/eden-osomnichen-za-nasilstvo-vrz-zhena-i-nejzinata-maloletna-kerka-vo-gevgelisko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/eden-osomnichen-za-nasilstvo-vrz-zhena-i-nejzinata-maloletna-kerka-vo-gevgelisko/#respond Wed, 25 Jan 2023 09:19:28 +0000 https://kurir.mk/?p=791571

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Откако претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 јануари, осомничениот дошол од Кавадарци каде што живее, со неговото возило и го паркирал на улицата пред семејната куќа на оштетената во селото Мрзенци. Кога дошол пред влезната врата, ѝ се јавил да му ја отклучи вратата, па откако оштетената одбила, осомничениот со нога ја скршил вратата и влегол внатре. Веднаш се качил на горниот кат каде што во спалната соба оштетената спиела со нејзината 6-годишна ќерка и ја удрил со бокс во пределот на лицето. Во тој момент се разбудило и девојчето и почнало да плаче, па оштетената ја дигнала во рацете. Осомничениот замавнал кон нив и го удрил девојчето во пределот на лицето. На оштетената ѝ го одзел мобилниот телефон и го скршил за да не може да побара помош. Потоа повторно почнал да ја удира со боксови и клоци, да ја дави во пределот на вратот, додека за цело време нејзината малолетна ќерка плачела вознемирено, молејќи го осомничениот да си оди и да не ја тепа мајка ѝ. Навредувајќи ја, тој ја фатил за коса оштетената и со влечење ја симнал во дневната соба. За да го натера да ја пушти мајката, девојчето започнало да фрла кон осомничениот со портокали, по што тој започнал да ја тресе ќерката, ја дигнал и силно ја фрлил на седечката гарнитура. Потоа се качил на горниот кат, каде ги кршел и расфрлил сите предмети. Тој момент го искористила оштетената која целата во крв, боса, ја зела нејзината ќерка и успеала да излезе од куќата, да влезе во возилото и да побегне во домот на нејзините родители. Од насилството оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на нос, како и повеќе посекотини, контузии и хематоми по целото тело, а со телесни повреди – гребнатинки, модрици и хематоми се здобила и нејзината малолетна ќерка. Со дејствијата осомничениот кај двете предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв кое резултирало со бројни психички трауми особено кај 6-годишното девојче. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гевгелија достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе се даде во бегство, ќе ја попречува истрагата со влијание врз сведоците и дека ќе го повтори кривичното дело. Судијата го прифати предлогот и донесе Решение со кое на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/eden-osomnichen-za-nasilstvo-vrz-zhena-i-nejzinata-maloletna-kerka-vo-gevgelisko/feed/ 0
ОЈО Гевгелија поведе постапка за обид за убиство​ поради долг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-gevgelija-povede-postapka-za-obid-za-ubistvo-poradi-dolg/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-gevgelija-povede-postapka-za-obid-za-ubistvo-poradi-dolg/#respond Mon, 02 Nov 2020 13:09:48 +0000 https://kurir.mk/?p=423778

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое што на 29 октомври годинава, во канцеларија на извршител во Гевгелија, со умисла се обидел да лиши од живот две лица со кои се сретнал по претходен договор за регулирање на начинот и рокот на исплата на неговиот долг. – Додека траело излагањето на оштетениот – адвокат, осомничениот ја затворил вратата од канцеларијата, извадил пиштил и го вперил во доверителот – лицето кон кое го имал долгот. По реакција на адвокатот, осомничениот го вперил пиштолот и кон него, но адвокатот успеал да ја фати раката на осомничениот и да го насочи пиштолот кон подот,  по што настанала турканица и борење по подот. Во меѓувреме другиот оштетен и вработените од извршителската канцеларија ја напуштиле просторијата. Додека траела борбата, осомничениот со левата рака се обидел да го репетира пиштолот. Откако оштетениот адвокат му ветил на осомничениот дека нема да го пријават, борбата престанала и осомничениот го напуштил местото на настанот, се вели во соопштението на ОЈО. Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, поради основан страв дека ќе ги сокрие или уништи трагите на кривичното дело или ќе ја попречува кривичната постапка со влијание  врз сведоци, како и можност да го повтори кривичното дело, надлежен јавен обвинител до Судот доставил и судот го прифатил предлогот за определување на мерка притвор во траењет од 30 деан за осомничениот. Против лицето постои основано сомнение дека го сторило кривичното дело – Убиство од член 123 став 3 во врска со член 19 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-gevgelija-povede-postapka-za-obid-za-ubistvo-poradi-dolg/feed/ 0