ОЈО Кавадарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Nov 2022 11:41:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОЈО Кавадарци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вработена во центар за социјални работи фалсификувала исправи, поднесен предлог за казнен налог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotena-vo-centar-za-socijalni-raboti-falsifikuvala-ispravi-podnesen-predlog-za-kaznen-nalog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotena-vo-centar-za-socijalni-raboti-falsifikuvala-ispravi-podnesen-predlog-za-kaznen-nalog/#respond Mon, 14 Nov 2022 11:41:25 +0000 https://kurir.mk/?p=760228

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против 40-годишна вработена во Центарот за социјална работа – Кавадарци која се товари дека сторила кривично дело – Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. Во периодот од ноември 2020 до август годинава, како службено лице – член на стручен тим, при постапување со доверени предмети, обвинетата внесувала невистинити податоци во наодите и мислењата. Ваквите исправи ги потпишувала во име на останатите членови на стручниот тим, ги заверувала со службен печат и ги доставувала до директорот на Центарот за социјална работа за понатамошно постапување. Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Кавадарци му предложи да ја огласи обвинетата за виновна и да ѝ изрече алтернативна мерка – условна осуда со која ќе ѝ утврди казна затвор во траење од три месеци која нема да се изврши доколку обвинетата не стори ново кривично дело во рок од две години по правосилноста на пресудата.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotena-vo-centar-za-socijalni-raboti-falsifikuvala-ispravi-podnesen-predlog-za-kaznen-nalog/feed/ 0
Се утврдуваат причините за несреќа на работно место во Неготино https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-utvrduvaat-prichinite-za-nesrekja-na-rabotno-mesto-vo-negotino/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-utvrduvaat-prichinite-za-nesrekja-na-rabotno-mesto-vo-negotino/#respond Sat, 20 Aug 2022 16:07:29 +0000 https://kurir.mk/?p=721478

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци и екипа на ОВР Неготино извршија увид на лице место на патот Неготино-Дисан, каде денеска, при преземање работни активности на бандера за електрична енергија, по пад од корпа на висина од 5 метри, почина 61-годишен работник од Неготино. На увидот беше присутен и инспектор од Државниот инспекторат за труд при Министерството за труд и социјална политика кој ќе изврши анализа на работното досие на починатиот работник и ќе го проследи до Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со извештај за утврдената состојба во поглед на почитувањето на прописите од областа на заштитата при работа. По наредба на јавниот обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Во тек е предистражна постапка за утврдување на причините за несреќата.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-utvrduvaat-prichinite-za-nesrekja-na-rabotno-mesto-vo-negotino/feed/ 0
Детали за убиството во Кавадарци: Го удрил со дрво по главата, па го прободел со нож до см*т, осомничениот се дал во бегство, па е лишен од слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-ubistvoto-vo-kavadarci-go-udril-so-drvo-po-glavata-pa-go-probodel-so-noz-do-sm-t-osomnicheniot-se-dal-vo-begstvo-pa-e-lishen-od-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-ubistvoto-vo-kavadarci-go-udril-so-drvo-po-glavata-pa-go-probodel-so-noz-do-sm-t-osomnicheniot-se-dal-vo-begstvo-pa-e-lishen-od-sloboda/#respond Tue, 16 Nov 2021 12:44:22 +0000 https://kurir.mk/?p=596120

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со екипа на крим техника изврши увид на местото каде вчера со остар предмет едно лице беше лишено од живот, соопштија од ОЈО Кавадарци. – На 15 ноември 2021 година, околу 23:30 часот, по претходна вербална расправија на осомничениот со друго лице, оштетениот се обидел да ги смири и да ги раздвои. При тоа, осомничениот замавнал со дрво и го удрил оштетениот по главата, со што го бутнал на подот, а потоа неколкупати го избодел со нож во пределот на градите. Од здобиените повреди, на пат кон итната медицинска помош, лицето починало. Осомничениот по извршеното дело се дал во бегство, но во текот на денов е лишен од слобода, инфомираат од ОЈО Кавадарци. Обвинителството издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, наредба за сослушување на повеќе лица кои сведочеле на настанот и можат да дадат податоци потребни за истрагата, како и насоки за преземање други истражни дејствија. Поради стореното кривично дело, обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот, лице на возраст од 45 години, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Kривичниот законик. Едновремено, во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Kавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-ubistvoto-vo-kavadarci-go-udril-so-drvo-po-glavata-pa-go-probodel-so-noz-do-sm-t-osomnicheniot-se-dal-vo-begstvo-pa-e-lishen-od-sloboda/feed/ 0
Поднесено обвинение против 41-годишник поради полов напад врз дете https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-41-godishnik-poradi-polov-napad-vrz-dete/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-41-godishnik-poradi-polov-napad-vrz-dete/#respond Tue, 06 Apr 2021 13:02:28 +0000 https://kurir.mk/?p=493154

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години според член 188 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик. Обвинетиот 41-годишник, на точно неутврдени датуми во 2020 година, во куќа во Росоман, во повеќе наврати извршил полови дејствија врз две деца кои не наполниле 14 години, при што ги сликал со мобилен телефон. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podneseno-obvinenie-protiv-41-godishnik-poradi-polov-napad-vrz-dete/feed/ 0
Обвинителен акт за татко и син заради дрога и оружје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-za-tatko-i-sin-zaradi-droga-i-oruzje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-za-tatko-i-sin-zaradi-droga-i-oruzje/#respond Wed, 23 Dec 2020 09:26:49 +0000 https://kurir.mk/?p=447056

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против две лица, татко и син на возраст од 56 и 33 години, кои како соизвршители го сториле кривичното дело –Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1, а едниот од нив и кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик. Во планински предел кај место викано Јаворица во близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, на 28 септември 2020 година овластени службени лица пронајдоа 65 стебла од растението Канабис Сатива со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана. Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел и тоа 8 патрони – 12 мм за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм. Заедно со обвинението јавениот обвинител до надлежниот суд достави предлог за продолжување на определената мерка притвор за двајцата осомничени.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinitelen-akt-za-tatko-i-sin-zaradi-droga-i-oruzje/feed/ 0
Обвинение заради трговија со дрога​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-zaradi-trgovija-so-droga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-zaradi-trgovija-so-droga/#respond Thu, 17 Dec 2020 12:45:20 +0000 https://kurir.mk/?p=444676

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави Обвинителен акт против 29 – годишен жител на село Дуброво, Неготино, поради сторено кривичното дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот во домот и помошните простории во местото каде живеел неовластено заради продажба држел 39.533,4 грама наркотична дрога марихуана. Дрогата, која службени лица ја пронашле при претрес извршен на 5 ноември 2020 година, била спакувана во 41 пакување во најлонска фолија, залепени со бела трака и скриени на повеќе места во близина на домот на осомничениот, во помошна просторија – шупа. Со поднесување на обвинението, а за да се овозможни натамошно непречено одвивање на постапката, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци достави и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-zaradi-trgovija-so-droga/feed/ 0
Трагедија во кавадаречко: Се обидел да ја уб*е 84 годишната сопруга, па се самоу*ил https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-kavadarechko-se-obidel-da-ja-ub-e-84-godishnata-sopruga-pa-se-samou-il/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-kavadarechko-se-obidel-da-ja-ub-e-84-godishnata-sopruga-pa-se-samou-il/#respond Fri, 04 Dec 2020 09:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=438545

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа во село Шивец каде беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди. Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73 – годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По извршеното дело, тој заминал од куќата и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одземал животот. Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот. Оштетената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување. Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место, папиларни линии и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tragedija-vo-kavadarechko-se-obidel-da-ja-ub-e-84-godishnata-sopruga-pa-se-samou-il/feed/ 0
Позната здравствената состојбата на повредените жени во сообраќајката на патот Прилеп-Градско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-zdravstvenata-sostojbata-na-povredenite-zeni-vo-soobrakjajkata-na-patot-prilep-gradsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-zdravstvenata-sostojbata-na-povredenite-zeni-vo-soobrakjajkata-na-patot-prilep-gradsko/#respond Wed, 28 Feb 2018 13:39:47 +0000 http://kurir.mk/?p=25740

Надлежен јавен обвинител од ОЈО Кавадарци изврши увид на местото на сообраќајната несреќа на патот Прилеп-Градско, во која животот го загуби едно лице. Како што соопшти Обвинителството, според првичните сознанија, до несреќата дошло при директен судар на патничко такси-возило „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и товарно возило „волво“ со велешки таблички. Во несреќата животот го загубил возачот на такси-возилото, додека неговите две сопатнички со тешки телесни повреди се префрлени на Клиничкиот центар во Скопје. Возачот на товарното возило и неговиот сопатник не се повредени и со нив веднаш разговарал надлежен јавен обвинител. Со цел утврдување на причините за несреќата, издадена наредба за обдукција на телото на починатиот, прибрани се сите траги и материјални докази од лице место, а ќе биде наредено и сообраќајно вештачење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznata-zdravstvenata-sostojbata-na-povredenite-zeni-vo-soobrakjajkata-na-patot-prilep-gradsko/feed/ 0