ојо велес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 19 Feb 2023 10:40:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ојо велес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОЈО Велес поведе истрага за разбојништво против 30-годишен велешанец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-povede-istraga-za-razbojnishtvo-protiv-30-godishen-veleshanets/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-povede-istraga-za-razbojnishtvo-protiv-30-godishen-veleshanets/#respond Sun, 19 Feb 2023 10:40:29 +0000 https://kurir.mk/?p=802248

Основното јавно обвинителство Велес поведе истрага против 30-годишен велешанец под сомнение дека сторил кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, на 17 февруари, кај местото викано „Сточно пазариште“, се приближил од зад грб на една жена, ја повлекол за чантата и започнал да ја влече. Бидејќи не можел да ѝ ја оттргне, ја удрил по окото и устата, нанесувајќи ѝ телесни повреди, ѝ ги скршил очилата, па ја турнал на земја. Од оштетената ја одзел чантата со паричник во кој имало околу 300 денари, 20 евра и лични документи. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведокот/оштетената или да го повтори делото.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-povede-istraga-za-razbojnishtvo-protiv-30-godishen-veleshanets/feed/ 0
OJO Велес со обвинение против тетовец за неплаќање акциза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-so-obvinenie-protiv-tetovec-za-neplakjanje-akciza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-so-obvinenie-protiv-tetovec-za-neplakjanje-akciza/#respond Wed, 09 Mar 2022 09:32:02 +0000 https://kurir.mk/?p=643854

Основното јавно обвинителство Велес поднесе Oбвинителен акт против 48-годишен жител на Тетово за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На обвинетиот му се става на товар дека вo текот на 2019 година, како управител на фирма од Велес, чија приоритетна дејност е трговија со жито, тутун и семе, со намера правното лице да избегне целосно плаќање на акциза на што било обврзано со одредбите од членовите 8 и 10 од Законот за акцизи, ги испратил од акцизен склад и ги пуштил во промет акцизните добра без акцизна маркичка. Притоа било избегнато плаќање на акциза од голем износ, односно во висина од 62.658.750 денари. Имено, обвинетиот во име и за сметка на правното лице, во два наврати – на 02.10.2019 и на 24.10.2019 година, извршил увоз на вкупно 35.650 килограми бруто (32.550 килограми нето) сушен тутун во лист тип „вирџинија“. По негови напатствија дадени по телефон, тутунот со товарни возила бил изнесен од Царинската испостава Кавадарци и пренесен во магацинска просторија во Чаир, Скопје. Иако обвинетиот во име и за сметка на правното лице потпишал изјава дека тутунот кој се увезува ќе се доработува во просториите на правното лице, каде се наоѓаат машини за доработка на тутун, по што ќе биде сместен во магацините на правното лице, на наведените адреси на фирмата немало ниту машини за доработка ниту складиште. Јавниот обвинител поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице поради постоење на околности кои го оправдуваат стравот дека доколку биде на слобода ќе се даде во бегство.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-so-obvinenie-protiv-tetovec-za-neplakjanje-akciza/feed/ 0
Парична казна за тројца велешани поради непостапуање по здравствени прописи​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/parichna-kazna-za-trojca-veleshani-poradi-nepostapuanje-po-zdravstveni-propisi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/parichna-kazna-za-trojca-veleshani-poradi-nepostapuanje-po-zdravstveni-propisi/#respond Mon, 07 Jun 2021 12:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=520109

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање на казнен налог против 3 лица за кривично дело Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно се движеле без соодветна дозвола низ градот за време на траењето на забраната за движење, донесена заради превенирање на болеста Covid-19. Обвинителството на Судот му предложи за обвинетите да изрече парични казни и тоа по 40 дневни глоби, секоја од нив во износ од по 20 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/parichna-kazna-za-trojca-veleshani-poradi-nepostapuanje-po-zdravstveni-propisi/feed/ 0
OJO Велес достави предлог казни против пет лица поради непочитување на полицискиот час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-dostavi-predlog-kazni-protiv-pet-lica-poradi-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-dostavi-predlog-kazni-protiv-pet-lica-poradi-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/#respond Fri, 28 May 2021 11:28:25 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516058

Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од чл.206 од Кривичниот законик. Обвинетите го нарушиле полицискиот час, односно за време на важечката забрана определена како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот се движеле без дозвола низ градот. Јавниот обвинител предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни и тоа по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра во денарска противвредност.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-dostavi-predlog-kazni-protiv-pet-lica-poradi-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/feed/ 0
ДЕТАЛИ ЗА АПСЕЊЕТО КАЈ СОПОТ: Пакетчето со кокаин го криел во левата патика, покрената постапка против едно лице https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-apsenjeto-kaj-sopot-paketcheto-so-kokain-go-kriel-vo-levata-patika-pokrenata-postapka-protiv-edno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-apsenjeto-kaj-sopot-paketcheto-so-kokain-go-kriel-vo-levata-patika-pokrenata-postapka-protiv-edno-lice/#respond Wed, 14 Apr 2021 12:51:46 +0000 https://kurir.mk/?p=497083

Основното јавно обвинителство во Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице од Велес на возраст од 31 година за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промeт наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 13 април, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – кокаин во количина од 7,45 грама спакувана во едно полиетиленско пакување. Дрогата ја купил во Скопје од засега непознато лице, па со автомобил се упатил кон Велес. Пакетчето со дрога го држел скриено во левата патика, но му било пронајдено и одземено од полициски службеници на наплатната станица Сопот. Имајќи предвид дека постои опасност од повторување на кривичното дело и опасност од бегство, со оглед на тоа што осомничениот подолг период престојува во Република Германија и имал намера повторно да замине таму, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување притвор. Предлогот беше прифатен од страна на судијата на претходна постапка на Основен суд Велес и определен е притвор во траење од 30 дена.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/detali-za-apsenjeto-kaj-sopot-paketcheto-so-kokain-go-kriel-vo-levata-patika-pokrenata-postapka-protiv-edno-lice/feed/ 0
ОЈО Велес поднесе обвинение проти двајца косовски државјани – не го почитувале полицискиот час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-podnese-obvinenie-proti-dvajca-kosovski-drzavjani-ne-go-pochituvale-policiskiot-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-podnese-obvinenie-proti-dvajca-kosovski-drzavjani-ne-go-pochituvale-policiskiot-chas/#respond Thu, 18 Mar 2021 12:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=484209

Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе Обвинителен предлог против две лица, косовски државјани, за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик. Обвинетите на 17 март во 23:05 часот, за време на важечки полициски час, со автомобил се движеле по автопатот Е-75, па на наплатна станица Отовица биле сопрени и легитимирани од полициски службеници на СВР Велес.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-podnese-obvinenie-proti-dvajca-kosovski-drzavjani-ne-go-pochituvale-policiskiot-chas/feed/ 0
Поведена постапка за силување во Велес​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-za-siluvanje-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-za-siluvanje-vo-veles/#respond Mon, 16 Nov 2020 14:51:04 +0000 https://kurir.mk/?p=430282

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 55-годишен велешанец, поради постоење на основано сомневање дека сторил продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик. Осомничениот искористувајќи исти прилики, во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. На 17.9.2020 околу 22.00 часот, осомничениот, кој и бил сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден, околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело. Јавниот обвинител кој постапува во предметот ги имаше предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на осомничениот, посебно фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело и да влијае врз текот на истражната постапка, па од тие причини до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-za-siluvanje-vo-veles/feed/ 0
ОЈО Велес поднесе казнени налози за непочитување на полицискиот час https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-podnese-kazneni-nalozi-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-podnese-kazneni-nalozi-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/#respond Mon, 06 Apr 2020 13:21:41 +0000 https://kurir.mk/?p=328185

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство. -Обвинетите во текот на викендот на 28 и 29.03.2020 година постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режин на движење од 21 до 5 часот наредниот ден, на територијата на Република Северна Македонија, донесена од Владата на РСМ. Во наведениот временски период, обвинетите во одделни кривично правни настани, со патнички автомобил или пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес, соопштија од обвинителство. Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно, вкупно по 800 евра во денарска противвредност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ojo-veles-podnese-kazneni-nalozi-za-nepochituvanje-na-policiskiot-chas/feed/ 0
Обвинение за возач кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-vozach-koj-pod-dejstvo-na-alkohol-predizvikal-soobrakjajka-vo-kavadarci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-vozach-koj-pod-dejstvo-na-alkohol-predizvikal-soobrakjajka-vo-kavadarci/#respond Thu, 19 Dec 2019 14:42:00 +0000 https://kurir.mk/?p=279783

Основното јавно обвинителство во Велес поднесе обвинение против 37-годишен возач на автомобил, кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајка во Кавадарци со мопед со кој се превезувале две деца и избегал оставајќи ги повредени без помош на коловозот. Обвинетиот, како што информира ОЈО, на 31 мај годинава во состојба на тешко пијанство со присуство на 3,27 промили алкохол во крвта и 2,7 промили алкохол во урината, управувал со автомобил во сопственост на неговата сопруга. Притоа, движејќи се по улицата „Гоце Делчев“ во Кавадарци, каде брзината на движење на возилата е ограничена на 40 км. на час, обвинетиот го управувал автомобилот со брзина од 84 км. на час, односно со брзина која е за 44 км. на час поголема од дозволената. – Доаѓајќи до крстосницата меѓу улиците „Гоце Делчев“ и „Осми септември“, навлегол во вкрстувањето при вклучено црвено светло на семафорот. Во тој момент, пак, од ул. „Осми септември“ на крстосницата, во состојба на кочење, навлегувал мопед марка Априлија со кој се превезувале две деца. Мопедот со предното тркало удрил во десната предна врата на автомобилот, а од ударот мопедот заедно со оштетените деца паднал на коловозот, лизгајќи се. Притоа двете деца се здобиле со тешки телесни повреди. Иако со автомобилот што го управувал ги повредил оштетените деца, обвинетиот продолжил да се движи напред, оставајќи ги без помош на коловозот, се вели во соопштението на ОЈО. Основното јавно обвинителство во Велес, по спроведена истражна постапка, до Основен суд Велес против лицето поднесе Обвинителен акт за кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл.300 ст.1 во врска со чл.297 ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од чл.301 ст.1 од Кривичниот законик.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/obvinenie-za-vozach-koj-pod-dejstvo-na-alkohol-predizvikal-soobrakjajka-vo-kavadarci/feed/ 0
ОЈО со детали за тешката несреќа кај Ново Село: Комбето преминало во спротивната коловозна лента https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-teshkata-nesrekja-kaj-novo-selo-kombeto-preminalo-vo-sprotivnata-kolovozna-lenta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-teshkata-nesrekja-kaj-novo-selo-kombeto-preminalo-vo-sprotivnata-kolovozna-lenta/#respond Thu, 01 Aug 2019 08:30:35 +0000 https://kurir.mk/?p=225382

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес синоќа изврши увид на регионалниот пат Велес – Штип, кај Ново Село, на местото каде се случи тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот, а 14 беа повредени. Како што информираат од Јавното обвинителство, според првичните сознанија, до несреќата дошло кога комбе управувано од 30-годишно лице од Скопје, со кое се превезувале материјали за градежништво, движејќи се во правец од Штип кон Велес, од засега непознати причини преминало на спротивната коловозна лента. Во тој момент, во спротивната насока се движел автобус на туристичка агенција кој превезувал патници за Сончев Брег, Бугарија. -Автобусот се обидел да избегне директен судар, движејќи се кон крајот на коловозната лента. Сепак комбето удрило во предниот дел од автобусот и се извртело целосно на спротивната коловозна лента и во спротивна насока од првобитното движење. Од незгодата на самото место починал возачот на комбето, додека 14 патници од автобусот се здобиле со повреди, вклучувајќи го и возачот на автобусот, соопшти Обвинителството. По насоки на јавниот обвинител, подигнати се траги од местото на несреќата и издадена е наредба да се изврши обдукција на телото на починатиот. Истовремено, издадена е наредба да се изврши анализа за присуство на алкохол во крв и урина кај повредениот возач на автобусот. По наредба на јавниот обвинител ќе се изврши сообраќајно вештачење, како и машинско вештачење на исправноста на возилата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-detali-za-teshkata-nesrekja-kaj-novo-selo-kombeto-preminalo-vo-sprotivnata-kolovozna-lenta/feed/ 0