ојо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Oct 2023 13:06:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ојо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Обвинителството со детали за нападот врз Елена Ристеска, осомничената доби и забрана за приближување https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinitelstvoto-so-detali-za-napadot-vrz-elena-risteska-osomnichenata-dobi-i-zabrana-za-priblizhuvane/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinitelstvoto-so-detali-za-napadot-vrz-elena-risteska-osomnichenata-dobi-i-zabrana-za-priblizhuvane/#respond Wed, 25 Oct 2023 13:06:10 +0000 https://kurir.mk/?p=892961

Основното јавно обвинителство Скопје информира поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. -Осомничената 38-годишна скопјанка, на 23 октомври во угостителски објект во Скопје, извршила грубо насилство кон една оштетена, физички напаѓајќи ја со тврд предмет и нанесувајќи и повреда на главата. Притоа упатила и вербални закани кон оштетената и кон други присутни лица, со што предизвикала чувство на несигурност, загрозување и страв. Ценејќи ги сите околности, пред се можноста за повторување на агресивното и насилното однесување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка на претпазливост – забрана за осомничената да се приближува или да воспоставува контакти со оштетената, информираат од ОЈО. Од МВР пак, соопштија дека Е.Т.П. го признала делото, а извршен е разговор и со сведоци на настанот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/obvinitelstvoto-so-detali-za-napadot-vrz-elena-risteska-osomnichenata-dobi-i-zabrana-za-priblizhuvane/feed/ 0
ОЈО ќе бара тројца онколошки пациенти кои ќе имаат целосен увид во постапката за скандалот со Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-ke-bara-trojtsa-onkoloshki-patsienti-koi-ke-imaat-tselosen-uvid-vo-postapkata-za-skandalot-so-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-ke-bara-trojtsa-onkoloshki-patsienti-koi-ke-imaat-tselosen-uvid-vo-postapkata-za-skandalot-so-onkologija/#respond Mon, 11 Sep 2023 12:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=876919

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање. Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката. Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-ke-bara-trojtsa-onkoloshki-patsienti-koi-ke-imaat-tselosen-uvid-vo-postapkata-za-skandalot-so-onkologija/feed/ 0
Татко под истрага: На малолетната ќерка и покажувал порно видеа и вршел други полови дејствија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-pod-istraga-na-maloletnata-kerka-i-pokazhuval-porno-videa-i-vrshel-drugi-polovi-dejstvija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-pod-istraga-na-maloletnata-kerka-i-pokazhuval-porno-videa-i-vrshel-drugi-polovi-dejstvija/#respond Wed, 16 Aug 2023 08:57:57 +0000 https://kurir.mk/?p=867302

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 42-годишник за кого постои основано сомнение дека подолг временски период вршел други полови дејствија спрема неговата ќерка родена во 2016 година. -Постои сомнение дека тој во повеќе наврати, во текот на 2022 и 2023 година, искористувајќи што со девојчето живеел во иста семејна заедница, и прикажувал видеа со порнографска содржина и кон неа продолжено вршел други полови дејствија, санкционирани во член 188 став 5 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството. По предлог на надлежниот јавен обвинител, судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци определи мерка притвор во траење од 30 дена за осомниченото лице.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/tatko-pod-istraga-na-maloletnata-kerka-i-pokazhuval-porno-videa-i-vrshel-drugi-polovi-dejstvija/feed/ 0
ЈА ДРЖЕЛ ЗАКЛУЧЕНА И СЕКОЈДНЕВНО ЈА МАЛТРЕТИРАЛ 19-ГОДИШНАТА НЕВЕНЧАНА СОПРУГА: ОЈО поведе постапка против 21-годижен маж! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ja-drzhel-zakluchena-i-sekojdnevno-ja-maltretiral-19-godishnata-nevenchana-sopruga-ojo-povede-postapka-protiv-21-godizhen-mazh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ja-drzhel-zakluchena-i-sekojdnevno-ja-maltretiral-19-godishnata-nevenchana-sopruga-ojo-povede-postapka-protiv-21-godizhen-mazh/#respond Wed, 19 Apr 2023 12:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=825491

Основното јавно обвинителство - Тетово поведе постапка против едно лице на возраст од 21 година, за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда“ од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело „противправно лишување од слобода“ согласно 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Од Јавното обвинителство денеска соопштија дека почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал, нанесувајќи и бројни телесни повреди. - Жената искористила прилика кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција, појаснуваат од Јавното обвинителство. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово доставил предлог за определување мерка притвор на осомничениот. Судијата го прифатил предлогот на обвинителството и со решение му определи притвор во траење од осум дена.​​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ja-drzhel-zakluchena-i-sekojdnevno-ja-maltretiral-19-godishnata-nevenchana-sopruga-ojo-povede-postapka-protiv-21-godizhen-mazh/feed/ 0
ПИЈАН ИСПУКАЛ КОН НЕГО НЕКОЛКУ КУРШУМИ, ПА СО КУНДАКОТ ГО УДИРАЛ ДОДЕКА УМИРА – ОЈО со хорор детали од убиството во казино утрово! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pijan-ispukal-kon-nego-nekolku-kurshumi-pa-so-kundakot-go-udiral-dodeka-umira-ojo-so-horor-detali-od-ubistvoto-vo-kazino-utrovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pijan-ispukal-kon-nego-nekolku-kurshumi-pa-so-kundakot-go-udiral-dodeka-umira-ojo-so-horor-detali-od-ubistvoto-vo-kazino-utrovo/#respond Fri, 31 Mar 2023 10:11:29 +0000 https://kurir.mk/?p=818445

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во казино на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, каде едно лице беше лишено од живот утринава. Според првичните сознанија, починатиот маж на возраст од 46 години, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба. Извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место. Се трага по лицето за кое постои сомнение дека го извршило убиството. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pijan-ispukal-kon-nego-nekolku-kurshumi-pa-so-kundakot-go-udiral-dodeka-umira-ojo-so-horor-detali-od-ubistvoto-vo-kazino-utrovo/feed/ 0
Уште 10 лица осомничени за сексуална злоупотреба и изготвување на порнографски материјал​ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ushte-10-litsa-osomnicheni-za-seksualna-zloupotreba-i-izgotvuvane-na-pornografski-materijal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ushte-10-litsa-osomnicheni-za-seksualna-zloupotreba-i-izgotvuvane-na-pornografski-materijal/#respond Thu, 30 Mar 2023 11:58:34 +0000 https://kurir.mk/?p=818129

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, врз основа на прибраните докази во текот на истражната постапка ја прошири постапката против десет лица. Со дејствијата опишани во Наредбата за спроведување истражна постапка, шестмина се осомничени дека сториле кривично дело Трговија со дете од чл.418-г ст.3 од КЗ, две лица се товарат за сторено кривично дело Полова злоупотреба на немоќно лице од чл.187 ст.2 в.в. со ст.1 и две лица за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија од чл.193 ст.3 од КЗ. Имено, во јануари годинава, предметниот обвинител донесе Наредба против пет лица кои сексуално злоупотребувале малолетничка и изготвувале порнографски материјал. По преземените дејствија во текот на истражната постапка, јавниот обвинител прибави цврсти докази врз основа на кои во соработка со Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР денес спроведе акција. Извршени се претреси на повеќе локации во Велес и на по една локација во Скопје и Тетово, притоа лишени се од слобода девет лица, додека еден осомничен се наоѓа надвор од државата. Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка притвор за осуммина осомничени и мерки на претпазливост за две лица осомничени за производство и дистрибуција на детска порнографија. За кривичните дела Трговија со дете и Полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку 8 години, додека за кривично дело Производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.​ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ushte-10-litsa-osomnicheni-za-seksualna-zloupotreba-i-izgotvuvane-na-pornografski-materijal/feed/ 0
Одбиено барањето на одбраната на сопственикот на „ДоказМ“ за изземање на скопското ОЈО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-odbranata-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-skopskoto-ojo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-odbranata-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-skopskoto-ojo/#respond Tue, 07 Mar 2023 14:54:32 +0000 https://kurir.mk/?p=809152

Вишото јавно обвинителство го одби барањето на одбраната за изземање на сите обвинители од скопското Јавно обвинителство поради можноста да се јават како оштетени во постапката што се води против обвинетиот Марјан Стаменковски, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост „ДоказМ“, како средство за извршување, сторил повеќе кривични дела. Како што потврдија од ОЈО за МИА, барањето е одбиено, а застапник на обвинението останува обвинителката Зорица Павловиќ од скопското Обвинителство. Денешното насрочено рочиште е одложено за 10 март, токму поради ова барање за кое Судот одлучи да чека на одлуката на Вишото јавно обвинителство. На почетокот на првото насроченото рочиште денеска јавната обвинителка Зорица Павловиќ предложи до Судот јавноста да биде исклучи од отворањето до крајот на главната расправа, бидејќи, како што рече, „се работи за кривични дела против моралот, а исклучувањето на јавноста е потребно заради заштита на приватниот живот на оштетените и сведоците“. Судот го прифати овој предлог и донесе решение за исклучување на јавноста. Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена претходна постапка поднесе обвинителен предлог против Марјан Стаменковски, сопственик на порталот „ДоказМ“, кој се товари дека преку веб порталот во негова сопственост, како средство за извршување, сторил кривични дела „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, „уцена“, „пиратерија на аудиовизуелно дело“ и „злоупотреба на лични податоци“. Предметот беше оформен по поднесени кривични пријави против обвинетиот од повеќе жртви во текот на 2022 и почетокот на 2023 година, а во врска со објавени содржини на неговиот веб портал. Меѓу пријавите има и две новинарки од неделникот „Фокус“ и од еден владика. На денешното рочиште беа присутни оштетените Валентина Вурмо, Ирена Мулачка, Александра Милчевска, Марина Јовановска, Блерим Рамадани и Роберт Петров. Вурмо и Мулачка, по одложувањето на процесот, во изјава за медиуми рекоа дека очекуваат дека правдата ќе биде задоволена. Процесот го води судијката Марија Клетничка Марковска, а застапник на обвинението е јавната обвинителка Зорица Павловиќ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/odbieno-baraneto-na-odbranata-na-sopstvenikot-na-dokazm-za-izzemane-na-skopskoto-ojo/feed/ 0
ОЈО со издадени наредби по вчерашниот оружен инцидент на улицата „Самоилова“ во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-izdadeni-naredbi-po-vcherashniot-oruzhen-intsident-na-ulitsata-samoilova-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-izdadeni-naredbi-po-vcherashniot-oruzhen-intsident-na-ulitsata-samoilova-vo-skopje/#respond Tue, 07 Mar 2023 12:43:40 +0000 https://kurir.mk/?p=809105

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска издаде повеќе наредби во насока на расчистување на синоќешниот оружен инцидент во близина на Старата скопска чаршија, во кој две лица беа лишени од живот, а едно беше повредено. По наредба на јавниот обвинител ќе биде извршена обдукција на телото на починатите. Сите обезбедени и подигнати траги и материјални докази од лице место во угостителскиот објект во кој се случи настанот се предадени на вештачење. Обезбедени се снимки од видео надзорот на самиот објект, на околните објекти, како и на системот „Безбеден град“, кои детално ќе бидат проверени. Јавниот обвинител издаде наредба да бидат извршени разговори со повреденото лице, со неколку други лица кои биле присутни во угостителскиот објект за време на настанот, како и со други лица кои би можеле да имаат некакви сознанија за инцидентот. Во текот на ноќта, беше обезбедена уште една локација на патот кон Горно Оризари, каде беше пронајдено опожарено возило „ауди“. По насоки на јавниот обвинител денеска увидни екипи на МВР вршат детален увид и преглед на таа локација, а сите прибрани траги и докази исто така ќе бидат предмет на вештачење. Истражните органи продолжуваат да преземаат интензивни дејствија за проверка на сите околности и откривање на сторителите.​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ojo-so-izdadeni-naredbi-po-vcherashniot-oruzhen-intsident-na-ulitsata-samoilova-vo-skopje/feed/ 0
Оформен предмет по допрен глас за смрт на пациенти во прилепската болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oformen-predmet-po-dopren-glas-za-smrt-na-patsienti-vo-prilepskata-bolnitsa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oformen-predmet-po-dopren-glas-za-smrt-na-patsienti-vo-prilepskata-bolnitsa/#respond Wed, 22 Feb 2023 15:43:41 +0000 https://kurir.mk/?p=803771

Основното јавно обвинителство во Прилеп по допрен глас оформи предмет по информациите за смрт на две лица во ЈЗУ Општа болница Прилеп – жена на возраст од 48 години и непознато машко лице кај кои биле извршени оперативни зафати по што добиле интерхоспитална бактерија од која починале. Според сознанијата, веднаш по овие случаи сите оперативни сали во болницата биле затворени. -Исто така, Основното јавно обвинителство Прилеп постапува и по добиена информација преку допрен глас за несовесно лекување на лице на возраст од 30 години на Одделот за неврологија при ЈЗУ Општа болница Прилеп. Пациентот наводно бил лекуван десетина дена со погрешна дијагноза, соопштија од Јавното обвинителство. Со цел да ги провери овие информации и евентуална кривична одговорност, надлежен јавен обвинител издаде барања за прибавување на целокупната писмена документација во врска со овие случаи од Државниот санитарен и здравствен инспекторат Прилеп и од ЈЗУ Општа болница Прилеп. Како што се посочува во соопштението, издадена е и наредба до МВР – ОВР Прилеп да изврши информативни разговори со службени лица во болницата, со роднини и блиски лица на пациентите. По извршените проверки ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oformen-predmet-po-dopren-glas-za-smrt-na-patsienti-vo-prilepskata-bolnitsa/feed/ 0
Д-р Жан Митрев бара од странските амбасади активно следење на процесот на ОЈО поради несериозниот и површен пристап https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/#respond Tue, 24 Jan 2023 10:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=791079

Д-р Жан Митрев и Клиничката болница Жан Митрев испратија писма до амбасадите на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Холандија и до Делегацијата на ЕУ во државата со кои ги информираа за текот на истрагата во случајот против докторот и Клиниката. Покрај информирањето со писмото се упатува повик за нивното внимание и поголем мониторинг на одвивање на целата истражна постапка и основаноста на обвинението, поради досегашното површно иследување на постапката. “Ви се обраќам со намера да Ве информирам и запознам за случајот што верувам дека може да остави длабоки траги во општественото живеење, во перципирањето на здравствената професија и случај што претендира да воведе лоша пракса во правосудниот систем во државата. Ваквите примери можеби се ретки, но и како такви може да предизвикаат штета со далекусежни последици”, стои во писмото до амбасадите и европското претставништво. Во писмото, д-р Митрев осврнувајќи се на работата на клиниката, со акцент на периодот од Ковид пандемијата за кога се однесува обвинението и кога Клиничката болница Жан Митрев го има највисокиот процент на успех во третманот на пациенти со Ковид-19, со 74,6% излечени од сите случаи, додека пак смртноста е 25% наспроти 51,5% во другите болници, го потенцира општествено значење на клиниката затоа што нуди врвна медицинска нега, максимален професионален ангажман и посветеност на добросостојбата на пациентот и надеж за излекување и за живот, дури и кога тоа не било случај во другите клиники. “И покрај овие резултати, и покрај пожртвуваната работа на целиот тим, денес Клиничката болница Жан Митрев и моето име и дело се предмет на истрага за која имаме основани сомневања дека се спроведува површно без да се навлезе во суштината. Со ваквиот пристап не само што се занемаруваат многу елементи коишто се факти сами по себе, туку и се спречува фактичната вистина што нашите пациенти ја знаат и ја доживеале, што ние како персонал на клиниката сме ја доживеале, да биде докажана и институционално потврдена. Ваквиот површен пристап, само ја гребе површината на приказните за борбата за живот и ја девалвира пожртвуваноста на целосниот персонал на Клиниката Жан Митрев, кој во тие моменти грижата за пациентите со Ковид 19 и последици од коронавирусот ги стави пред себеси и своите семејства”, наведува во писмото д-р Митрев. На крајот од писмото повторно се упатува повик за зголемен мониторинг на процесот заради несериозниот и површен пристап: “Сведоштва за несериозноста и нецелосно иследување пристигнуваат од сите оние што се повикани како сведоци и кои можат најавтентично да посведочат како се боревме за животот и колку животи спасивме. И затоа Ви се обраќам со надеж и желба дека ќе го поттикне Вашиот интерес и ќе го побуди Вашиот фокус на мониторинг на овој случај. Верувам во една вистина, онаа што е поддржана со факти, и онаа што некој ја доживеал, треба само да се создадат услови за истата да ја види светлината на денот и да се толкува таква како што е, недвосмислено и целосно”, го завршува писмото д-р Митрев.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/d-r-zhan-mitrev-bara-od-stranskite-ambasadi-aktivno-sledene-na-protsesot-na-ojo-poradi-neseriozniot-i-povrshen-pristap/feed/ 0