ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 12 Feb 2019 15:36:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лазов до градоначалникот на Велес: Ќе ја прифатите ли одговорноста за скандалот и ќе поднесете ли кривична пријава за сторениот криминал? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazov-do-gradonachalnikot-na-veles-kje-ja-prifatite-li-odgovornosta-za-skandalot-i-kje-podnesete-li-krivichna-prijava-za-storeniot-kriminal/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazov-do-gradonachalnikot-na-veles-kje-ja-prifatite-li-odgovornosta-za-skandalot-i-kje-podnesete-li-krivichna-prijava-za-storeniot-kriminal/#respond Tue, 12 Feb 2019 15:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=163144

Деновиве можевте да видите и слушнете уште една дволичност на актуелниот градоначалник Аце Коцевски кога невешто се обиде да ги ескивира фактите и аргументите за пречинатиот криминал и штета по општинскиот буџет од страна на екс раководителот на ЈП за стопанисување со спортски објекти Парк спорт на кој ВМРО-ДПМНЕ благовремено укажа, истакна Кирил Лазов, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес. -Затоа почитуван Коцевски во оваа прилика ќе ви поставиме уште неколку прашања. Зошто речиси повеќе од една година на седниците на Советот не беше спомнат ниту збор за ова јавно претпријатие? Кој ја контролираше работата на ова јавно претпријатие кое е под ингеренции на општината? Зошто дозволивте за целиот период ЈП Парк спорт да нема управен одбор, други органи на контрола, правилник за распределба на плати и слично? Зошто навреме не проверивте каде, како и зошто се исплаќаат илјадници денари на граѓаните даночни обврзници на име на непостоечки адвокатски услуги, И на крајот ќе ја прифатите ли вие лично одговорноста за овој скандал и ќе поднесете ли кривична пријава за сторениот криминал?, запраша Лазов и додаде: „Господине Коцевски. Многу лесно сакате да помините за овој скандал, за кој вина сносите и Вие како најодговорен за работата и контролата на јавните претпријатија кои се под ингеренции на општината. Наместо да ни попувате и делите совети, редно е да ги засукате ракавите и од демагогија да премините во пракса. Граѓаните се уморни од вашите оправдувања Коцевски. Ако од дрвото не ја гледате планината тоа е ваш проблем, граѓаните на Велес не се толку наивни, не ги потценувајте. Тие даночните обврзници се должни да знаат каде и како отишле нивните пари во нечии џеб а за тоа никој да не одговара. Прагот на толеранција одамна го поминавте. Не е добро да ја замајувате јавноста Коцевски, за сите ваши манипулации граѓаните ќе ве казнат и тоа во првата дадена прилика“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lazov-do-gradonachalnikot-na-veles-kje-ja-prifatite-li-odgovornosta-za-skandalot-i-kje-podnesete-li-krivichna-prijava-za-storeniot-kriminal/feed/ 0
„Велешани ги прочитаа Заев и СДСМ и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува дополнително ќе се намалува“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshani-gi-prochitaa-zaev-i-sdsm-i-zatoa-opadna-nivnata-poddrshka-pomegju-gragjanite-a-i-vo-periodot-shto-sleduva-dopolnitelno-kje-se-namaluva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshani-gi-prochitaa-zaev-i-sdsm-i-zatoa-opadna-nivnata-poddrshka-pomegju-gragjanite-a-i-vo-periodot-shto-sleduva-dopolnitelno-kje-se-namaluva/#respond Sat, 06 Oct 2018 10:02:00 +0000 https://kurir.mk/?p=111513

Најпрво дозволете ми во име на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Велес да изразам огромна благодарност до сите граѓани за покажаната висока демократска и патриотска свест, на начин што одлучија да не дадат поддршка на договорот за промена на уставното име, идентитетот, историјата и традицијата на Република Македонија, истакна Игор Здравковски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Велес. -Со ова Велес и велешани, покажаа дека се достојни наследници на Гемиџиите, на Рацин, на Брашнаров, Главинов и еден куп големи Македонци, и дека и покрај сите притисоци од индивидуалци кои што се вршители на функции во локалната и централната власт, тие достојно останаа на ставот за неприфаќање на штетниот договор со Грција. Ние постојано кажуваме дека сите сме за Македонија во Европска Унија, за Македонија во НАТО, но не смееме по цена на губење на достоинството да го прифатиме тој штетен договор. Овој неуспешен референдум, сега можеме да констатираме дека е една неуспешна анкета спроведена од страна на СДСМ и нивните коалициони партнери за која се потрошија огромна сума на пари за обезличување на граѓаните, рече Здравковски и додаде: „Во општина Велес, СДСМ за една година изгуби точно 3.531 глас, односно од добиени 15.962 гласови на локалните избори, референдумот го поддржаа 12.431 граѓан или во проценти тоа е околу 20% губење на поддршката. Катастрофалната економска политика на централно ниво со 0,1% економски раст, криминалните тендери во четири очи, срамниот договор со Грција со кој требаше да се откажеме од сите вредности, манипулациите на Аце Коцевски, штетните и антимакедонски потези на Панче Иванов, нетранспарентното работење, немање дебати и јавни расправи за прашања кои што се од огромна важност за граѓаните, партиските вработувања без никакви критериуми се една од причините за губењето на гласовите на СДСМ“. Исто така, потенцираше тој, можеме да констатираме дека реализацијата на нула проекти кои што беа предвидени во изборната програма – „Живот за сите“ меѓу кои се капиталните проекти за Затворениот пазар, Катна гаража, атмосферска канализација на улиците од погорниот дел од градот и сите оние мали проекти кои што требаше да се реализираат, никаде ги нема. -И сите тие заедно придонесоа за падот поддршката од 3.531 граѓанин на СДСМ во Велес. Велешани ги прочитаа Зоран Заев и СДСМ, ја видоа нивната погубна политика и затоа опадна нивната поддршка помеѓу граѓаните, а и во периодот што следува дополнително ќе се намалува. На крајот на краиштата од овие политики најголеми губитници се граѓаните на општина Велес. Велес отсекогаш знае да препознае идеја, да препознае искреност, да препознае работа. Затоа, Ве повикувам во наредниот период што претстои пред нас, сите заедно да се приклучиме и да ја продолжиме битката за Република Македонија. Да живее Република Македонија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/veleshani-gi-prochitaa-zaev-i-sdsm-i-zatoa-opadna-nivnata-poddrshka-pomegju-gragjanite-a-i-vo-periodot-shto-sleduva-dopolnitelno-kje-se-namaluva/feed/ 0