океани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 09 Aug 2023 17:41:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png океани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Температурата на океаните неделава урива рекорди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/temperaturata-na-okeanite-nedelava-uriva-rekordi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/temperaturata-na-okeanite-nedelava-uriva-rekordi/#respond Wed, 09 Aug 2023 17:41:24 +0000 https://kurir.mk/?p=865149

Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник. Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони. Океаните апсорбираат 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците. Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, гас и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата. Просечната температура на океаните од април ги урива сезонските рекорди ширум светот. „Топлинскиот бран на океанот е непосредна закана за некои морски животни“, рече Пирс Форстер од Меѓународниот центар за клима на Универзитетот во Лидс. „Веќе сме сведоци на директен резултат од избелувањето на коралите во Флорида и очекувам да се појават повеќе последици“, додаде тој. Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/temperaturata-na-okeanite-nedelava-uriva-rekordi/feed/ 0
Океаните соборуваат температурни рекорди https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okeanite-soboruvaat-temperaturni-rekordi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okeanite-soboruvaat-temperaturni-rekordi/#respond Sat, 05 Aug 2023 13:48:24 +0000 https://kurir.mk/?p=863669

Светските океани достигнаа рекордно високи температури оваа недела, предизвикувајќи загриженост за климата на планетата, морскиот свет и крајбрежните заедници. Температурата на површината на океанот во петокот се искачи на 20,96 степени Целзиусови, покажуваат податоците на климатската опсерваторија на Европската унија. -Последниот рекорд од 20,95 степени е забележан во март 2016 година, изјави портпаролката на агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперник. Меѓу тестираните примероци нема ниту еден од поларните региони, пренесуваат француските медиуми. Океаните апсорбирале 90 отсто од вишокот топлина создадена од човековата активност од почетокот на индустриската ера, предупредуваат научниците. Таа топлина продолжува да се акумулира додека стакленички гасови, главно од согорувањето на нафта, нафта и јаглен, се собираат во атмосферата на Земјата. Се предвидува дека затоплувањето на океаните ќе има други влијанија врз подводниот живот, вклучувајќи ја миграцијата на одредени видови и ширењето на инвазивните видови. Ова може да ги загрози рибните резерви, а со тоа и безбедноста на храната во делови од светот. Потоплите океани потешко апсорбираат јаглерод диоксид, со што се засилува маѓепсаниот круг на глобалното затоплување. Во понеделникот на брегот на Флорида е забележана температура од 38,3 степени. Минатата недела температурите на површината на северниот дел на Атлантикот се искачија на рекордно висока просечна температура од 24,9 степени, покажуваат податоците на американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА). Употребата на јаглен, нафта и гас се очекува да биде во центарот на дискусиите на претстојниот COP28, климатските разговори на ОН, кои ќе се одржат во Дубаи на крајот на годината. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okeanite-soboruvaat-temperaturni-rekordi/feed/ 0
Океаните во фокус на годинашниот Светски метеоролошки ден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okeanite-vo-fokus-na-godinashniot-svetski-meteoroloshki-den/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okeanite-vo-fokus-na-godinashniot-svetski-meteoroloshki-den/#respond Tue, 23 Mar 2021 10:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=486569

„Океаните, нашата клима и времето“ е мотото под кое годинава се одбележува Светскиот метеоролошки ден, 23 Март. Во пораката на генералниот секретар на Светската метеоролошка организација (СМО), Петери Талас по повод Светскиот метеоролошки ден, се потенцира значењето на океаните на целокупниот глобален климатски систем, неговите промени, како и појавата на екстремните временски состојби. Затоа и ОН ја прогласи 2021/2030 за Декада на океаните. -Според глобалниот климатски мониторинг, минатата година беше трета по ред најтопла година и покрај развојот на Ла Ниња состојбата во Пацификот, а декадата 2011-2020 е убедливо најтопла во историјата. Како последица, регистрирани се бројни промени: забрзано покачување на нивото на морињата, продолжени и интензивни сушни периоди, зголемен број на урагани, како и почести и посилни вон-тропски циклони, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) која се приклучува кон одбележувањето на Светскиот метеоролошки ден. СМО, како наследник на Меѓународната метеоролошка организација, е формирана во 1873 година. Нејзината основна мисија е да ги поддржи земјите во обезбедувањето метеоролошки и хидролошки услуги со цел заштита на човечките животи и имот од природните непогоди поврзани со времето, климата и водите, зачувување на животната средина и придонес кон одржив развој. Од 1961 година, Светскиот метеоролошки ден го одбележува датумот 23 март 1950 година кога стапува на сила Конвенцијата за основање на Светската метеоролошка организација и важниот придонес што го овозможуваат националните метеоролошки и хидролошки служби за зачувување на животите и благосостојба на општеството. Секоја година одбележувањето на денот се посветува на една тема од значаен интерес, а темата за оваа година е “Океаните, нашата клима и времето“. УХМР е формирана 1947 и ги спроведува препораките на СМО во својата дејност за обезбедување функционален мониторинг на времето и климата, рана најава на неповолните временски појави и прогнози на времето, како и ефикасна примена на климатските истражувања во сите сектори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okeanite-vo-fokus-na-godinashniot-svetski-meteoroloshki-den/feed/ 0
Во океаните досега има 1,56 милијарди маски, последиците врз морскиот живот се многу тешки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-okeanite-dosega-ima-1-56-milijardi-maski-posledicite-vrz-morskiot-zivot-se-mnogu-teshki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-okeanite-dosega-ima-1-56-milijardi-maski-posledicite-vrz-morskiot-zivot-se-mnogu-teshki/#respond Mon, 14 Dec 2020 09:02:42 +0000 https://kurir.mk/?p=442938

Се проценува дека 1,56 милијарди заштитни маски завршиле во океаните ширум светот годинава поради пандемијата на Ковид-19, што има сериозни последици врз морските животни и растенија, покажа извештајот на една организација за заштита на морињата. Организацијата „Океани Азија“ (Oceans Asia) со седиште во Хонг Конг објави извештај кој покажува дека морскиот свет е загаден со дополнителни 4.680 до 6.240 тони пластика поради неправилно фрлени маски. Во извештајот се наведува дека се потребни 450 години за да се разградат маските, и оти дури и тогаш, микропластиката ќе им наштети на морскиот свет и на екосистемот. Како што е наведено, поради пандемијата имало значително почеста употреба на пластика за еднократна употреба, како опрема за лична заштита, пакувања на хигиенски производи и набавка на храна за носење. Во исто време, мерките создадени за намалување на потрошувачката на пластика, како што се забрана за пластични кеси за еднократна употреба, се „одложени, паузирани или укинати“. Загадувањето со пластика секоја година убива околу 100.000 морски цицачи и желки, повеќе од еден милион птици, па дури и поголем број риби, безрбетници и други животни, соопшти организацијата Океани Азија. Во документот се додава дека сето тоа има негативно влијание врз риболовот и туризмот, а глобалната економија ја чини околу 13 милијарди американски долари годишно. Извештајот предлага употреба на заштитни маски за повеќекратна употреба и информирање на јавноста за правилно отстранување на отпад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-okeanite-dosega-ima-1-56-milijardi-maski-posledicite-vrz-morskiot-zivot-se-mnogu-teshki/feed/ 0
Студија: Со порастот на температурите во океаните снемува кислород https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-so-porastot-na-temperaturite-vo-okeanite-snemuva-kislorod/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-so-porastot-na-temperaturite-vo-okeanite-snemuva-kislorod/#respond Mon, 09 Dec 2019 09:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=275033

Климатските промени и загадувањето го истиснуваат кислородот од океаните, заканувајќи се за опстанокот на многу видови риби, тврдат експерти од Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN). Истражувачите велат дека климатските промени ја влошуваат состојбата со недостиг на кислород. Споредено со 1960-тите, кога недостаток на кислород бил забележан на 45 океански локации, денес истиот проблем е забележан на дури 700 места. Експертите велат дека таа состојба е особено штетна за одредени видови риби, како што се туната, ајкулата и една вид сабјарка. Балтичкото Море и Црното Море се најголемите затворени морски екосистеми со мала содржина на кислород, се вели во извештајот на IUCN. Доколку земјите продолжат со вообичаениот пристап кон емисиите на штетни гасови, светските океани би можеле да останат со три до четири проценти помалку кислород до 2100 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/studija-so-porastot-na-temperaturite-vo-okeanite-snemuva-kislorod/feed/ 0
Студија: Океаните може да произведуваат шестпати повеќе храна отколку денес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-okeanite-moze-da-proizveduvaat-shestpati-povekje-hrana-otkolku-denes/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-okeanite-moze-da-proizveduvaat-shestpati-povekje-hrana-otkolku-denes/#respond Thu, 21 Nov 2019 08:29:23 +0000 https://kurir.mk/?p=266992

Со примена на технолошки решенија и подобро управување, океаните би можеле да произведат шест пати повеќе храна отколку денес, велат научници во извештај во кој посебно се нагласува за одгледување школки. Авторите на извештајот предвидуваат дека океаните можат да обезбедат повеќе од две третини животински протеини од количината што експерти на ОН за храна ја проценуваат дека ќе биде потребна за да се нахрани човештвото во иднина. Во принцип, одгледувањето храна од океанот има помалку влијание врз климата од земјоделството и не подлежи на никакви ограничувања, како што се земјиште и вода. Морската храна е многу хранлива, содржи есенцијални витамини, минерали и масни киселини, се вели во извештајот што го претставија научниците на симпозиумот за риболов во Рим во рамки на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). -Океанот има голем, нераскажан потенцијал да помогне да го нахрани светот во наредните децении, а тоа може да се реализира со тоа што влијанието врз животната средина ќе биде помала од онаа што ја произведуваат други извори на храна, објасни водачот на студијата Кристофер Костело. – Ако направиме брзи и далекусежни промени во начинот на управување со индустријата за експлоатација на морињата и притоа ги зачуваме екосистемите, можеме да ја зајакнеме долгорочната безбедност на храната и егзистенцијата на милиони луѓе, рече тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-okeanite-moze-da-proizveduvaat-shestpati-povekje-hrana-otkolku-denes/feed/ 0
Студија: Океаните се загреваат многу брзо, последиците може да бидат катастрофални https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-okeanite-se-zagrevaat-mnogu-brzo-posledicite-moze-da-bidat-katastrofalni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-okeanite-se-zagrevaat-mnogu-brzo-posledicite-moze-da-bidat-katastrofalni/#respond Sat, 12 Jan 2019 12:56:44 +0000 https://kurir.mk/?p=151412

Според нова студија објавена во списанието Journal, океаните на Земјата се многу потопли отколку што претходно се сметало и се загреваат побрзо. Студијата покажа дека океаните станале многу потопли отколку што беа во шеесеттите години на минатиот век, а нејзините автори тврдат дека во 2018 година, океаните биле најтопли досега. Кога водата се загрева, зафаќа повеќе простор, што значи дека нивото на морето се зголемува. Според студијата, само тој ефект може да предизвика зголемување на нивото на морето за околу 30 сантиметри до крајот на векот. -Тоа не звучи многу, но постојат многу градови во светот што се на височина не повеќе од 30 сантиметри над нивото на морето. Тоа значи дека милиони и милиони луѓе може да бидат раселени, објасни Стивен Симпсон, професор по биологија на морето од Британскиот Универзитет Екстер, во зијава за Си-Ен-Ен. Покрај тоа, затоплувањето на океаните предизвикува побрзо топење на глечерите, поради што нивото на морето е уште повисоко. Поради тие два феномена, нивото на морето може да се зголеми за еден метар до 2100 година, а милиони луѓе би морало да ги напуштат своите домови. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/studija-okeanite-se-zagrevaat-mnogu-brzo-posledicite-moze-da-bidat-katastrofalni/feed/ 0