оклопни возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Jun 2023 06:01:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оклопни возила – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Презентација на новите лесни оклопни возила на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentatsija-na-novite-lesni-oklopni-vozila-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentatsija-na-novite-lesni-oklopni-vozila-na-armijata/#respond Wed, 21 Jun 2023 06:01:47 +0000 https://kurir.mk/?p=848047

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска во штипската касарна „Јане Сандански“, ќе се обратат на презентацијата на новите лесни оклопни возила JLTV, кои се составен дел од опремата на Армијата на Република Северна Македонија. На презентацијата на новите оклопни возила на Армијата ќе присуствуваат и членови на собраниската Комисија за одбрана и безбедност. По обраќањата, како што соопшти Министерството за одбрана, предвидено е да се реализира и кратка показна вежба со овие нови и софистицирани оклопни возила на Армијата. Досега, во два наврати пристигнати се вкупно 32 возила од овој тип.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prezentatsija-na-novite-lesni-oklopni-vozila-na-armijata/feed/ 0
Пристигнаа во Грција првите шест оклопни возила од Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristignaa-vo-grcija-prvite-shest-oklopni-vozila-od-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristignaa-vo-grcija-prvite-shest-oklopni-vozila-od-germanija/#respond Wed, 19 Oct 2022 07:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=747471

Првата пратка од шест оклопни возила од типот Мардер 1A3, од Германија пристигнаа во Грција, како дел од договорот меѓу двете земји, 40 грчки оклопни возила ΒΜΡ-1 да се испратат во Украина, а истите да бидат заменети со германски возила Мардер, јави дописничката на МИА од Атина. Од Генералштабот на армијата на Грција соопштија дека во следниот период, согласно соодветниот план, ќе пристигнат и останатите оклопни возила „со цел надградба на борбената способност на единиците на копнената армија, зголемување на нивната борбена моќ, како и зајакнување на интероперабилноста на моторизираните пешадиски единици“. Министерот за одбрана на Грција Никос Панајотопулис одговарајќи на пратеничко прашање поврзано со оклопните возила, во петокот, објасни дека од Германија, ќе добијат и муниција, а целиот процес на пренесување за земјата нема да има никаков трошок, бидејќи е на товар на Германија.
Според Панајотопулос, првите 20 оклопни возила за Украина веќе ги презела украинската страна на грчка територија, а во текот на оваа седмица, со одговорност на трета страна, односно на Велика Британија, ќе бидат пренесени во Украина. На крајот на мај годинава грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и германскиот канцелар Олаф Шолц, донесоа одлука, во Украина да бидат испратени оклопни борбени возила од типот ΒΜΡ-1 со потекло од источна Германија, што Грција ги добила во 1994 година, а во исто време да се заменат со оклопни возила од типот Мардер што Германија ќе ѝ ги отстапи на Грција. Минатиот месец, министрите за одбрана на Грција и Германија го потпишаа соодветниот меморандум за разбирање, а исто таков меморандум, Грција потпиша и со Украина.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/pristignaa-vo-grcija-prvite-shest-oklopni-vozila-od-germanija/feed/ 0
САД тврдат дека Русија од Кина побарала проектили, дронови, оклопни возила… https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-tvrdat-deka-rusija-od-kina-pobarala-proektili-dronovi-oklopni-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-tvrdat-deka-rusija-od-kina-pobarala-proektili-dronovi-oklopni-vozila/#respond Tue, 15 Mar 2022 07:20:43 +0000 https://kurir.mk/?p=647283

САД ги информираа своите сојузници дека Русија побарала од Кина воена опрема, вклучувајќи ракети, беспилотни летала и оклопни возила, и дека Кина „одговорила позитивно” на барањето, пишува „Фајненшл тајмс”. Од дипломатската депеша што ја испратила САД не е јасно дали Кина веќе ја испратила помошта или едноставно се обврзала да го стори тоа, додава Фајненшл тајмс. Меѓу барањата на Русија се и готовите воени оброци, изјавија претходно два извори за Си-Ен-Ен. Еден од нив сугерираше дека храната би можела да биде барањето на кое Кина би можела да се согласи бидејќи тоа не е дел од помошта на која Западот би можел да реагира.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-tvrdat-deka-rusija-od-kina-pobarala-proektili-dronovi-oklopni-vozila/feed/ 0
Словенија ќе купи оклопни возила во вредност од речиси 400 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-kje-kupi-oklopni-vozila-vo-vrednost-od-rechisi-400-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-kje-kupi-oklopni-vozila-vo-vrednost-od-rechisi-400-milioni-evra/#respond Tue, 23 Jun 2020 09:35:00 +0000 https://kurir.mk/?p=361347

Словенија наредните години ќе потроши речиси 400 милиони евра за набавка за нови оклопни возила како дел од процесот за модернизација на армијата, јави дописникот на МИА од Љубљана. Станува збор за поголем инвестициски циклус вреден 780 милиони евра, а средстава треба да се потрошат во период од неколку години, односно од 2021 до 2026 година. Според плановите на Министерството за одбрана, покрај оклопните возила планирано е во овој период да се набават и два воени хеликоптери и еден транспортен авион. Дополнително предвидено е да се потрошат 65 милиони евра за логистика и медицинска опрема, 65 милиони за ракетни системи и 40 милиони за информатички системи потребни за армијата. Словенечката Влада за реализација на инвестицијата веќе подготви и посебен Закон кој веќе влезе во собраниска процедура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slovenija-kje-kupi-oklopni-vozila-vo-vrednost-od-rechisi-400-milioni-evra/feed/ 0
Унгарија ќе купува оклопни возила од Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-kje-kupuva-oklopni-vozila-od-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-kje-kupuva-oklopni-vozila-od-turcija/#respond Sun, 19 May 2019 12:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=199703

Унгарија ќе купи оклопни возила од турско производство, со што ќе стане првата членка на ЕУ, чија армија ќе биде опремена со воена техника произведена во Турција, објави весникот „Сабах“. Весникот посочува дека со ова Унгарија ќе биде шеста земја во светот чии Вооружени сили ќе ги користат турските оклопни возила „Ејдер Јалчин 4х4“ и втора опремена со „Јорук 4х4“. Двата типа оклопни возила се произведуваат во турската компанија „Нурол Макина Санаји“ (НМС). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ungarija-kje-kupuva-oklopni-vozila-od-turcija/feed/ 0