Оксфорд/АстраЗенека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Mar 2021 14:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Оксфорд/АстраЗенека – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „АстраЗенека“ во Германија одобрена и за лица над 65 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-vo-germanija-odobrena-i-za-lica-nad-65-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-vo-germanija-odobrena-i-za-lica-nad-65-godini/#respond Thu, 04 Mar 2021 14:56:19 +0000 https://kurir.mk/?p=477287

Германската Комисија за вакцини денеска ја одобри вакцината на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд против коронавирус за употреба врз лица постари од 65 години, соопшти Министерството за здравство. -Комисијата за вакцини, исто така, ја препорача вакцината на „АстраЗенека“ и за лицата постари од 65 години. Ова е секако добра вест за постарите лица, кои чекаат на вакцината, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан. Официјален Берлин досега не ја препорачуваше оваа вакцина за лицата над 65-годишна возраст, но, како што ноќеска наведе гермснаката канцеларка Ангела Меркел „неодамнешното истражување обезбеди елементи што овозможуваат зголемување на максималната возраст за употреба на вакцината“, посочувајќи на најновите британски истражувања што ја покажаа големата ефикасност на „АстраЗенека“ кај најстарите. Француската Влада пред два дена ја одобри оваа вакцина и за лицата на возраст меѓу 65 и 75 години.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/astrazeneka-vo-germanija-odobrena-i-za-lica-nad-65-godini/feed/ 0
Вакцината на АстраЗенека одобрена за лица постари од 65 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-astrazeneka-odobrena-za-lica-postari-od-65-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-astrazeneka-odobrena-za-lica-postari-od-65-godini/#respond Tue, 02 Mar 2021 07:37:07 +0000 https://kurir.mk/?p=475809

Луѓето постари од 65 години со здравствени проблеми можат да ja примат вакцината на „АстраЗенека“, објави француското Министерство за здравство, иако претходно се тврдеше дека вакцината не е за лица постари од 65 години. Претходно, медиумите ја објавија изјавата на претседателот на Франција, Емануел Макрон, дека вакцината „АстраЗенека“ е „квази-ефективна“ за лица постари од 65 години, додека во исто време во Велика Британија, дозволена е вакцинација на граѓани од сите возрасти со оваа подготовка од почеток, јавува Ројтерс и јавува Танјуг. Министерката за здравство на Франција, Оливија Веран, посочи дека само лицата постари од 75 години ќе бидат вакцинирани со производи на „Фајзер“ и „Модерна“ во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vakcinata-na-astrazeneka-odobrena-za-lica-postari-od-65-godini/feed/ 0
До април „АстраЗенека“ ќе произведува над 200 милиони вакцини месечно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-april-astrazeneka-kje-proizveduva-nad-200-milioni-vakcini-mesechno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-april-astrazeneka-kje-proizveduva-nad-200-milioni-vakcini-mesechno/#respond Thu, 11 Feb 2021 12:22:54 +0000 https://kurir.mk/?p=467293

Компанијата АстраЗенека очекува овој месец да произведе повеќе од 100 милиони дози од својата вакцина против Ковид-19, развиена во соработка со Универзитетот Оксфорд, зголемувајќи го производството на над 200 милиони месечно до април, изјави денеска генералниот директор на компанијата Паскал Сорио. Шефот на одделот за истражување и развој БиоФармасјутикалс РиД, Мене Пангалос претходно изјави дека компанијата очекува податоци за доцната фаза на американското испитување на вакцината пред крајот на март. „Читањето“ на податоците ќе биде само неколку недели, по објавувањето на резултатите постигнати од компанијата во 2020 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/do-april-astrazeneka-kje-proizveduva-nad-200-milioni-vakcini-mesechno/feed/ 0
ЕМА го доби барањето за условно одобрување на вакцината на Оксфорд/АстраЗенека во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-go-dobi-baranjeto-za-uslovno-odobruvanje-na-vakcinata-na-oksford-astrazeneka-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-go-dobi-baranjeto-za-uslovno-odobruvanje-na-vakcinata-na-oksford-astrazeneka-vo-eu/#respond Tue, 12 Jan 2021 11:38:42 +0000 https://kurir.mk/?p=454234

Европската агенција за лекови (ЕМА) доби барање за условно одобрување за употреба на вакцината против Ковид-19, што ја изработија компанијата „АстраЗенека“ и Универзитетот Оксфорд. ЕМА наведува дека проценката на вакцината ќе се изврши со забрзано темпо и дека мислењето за ставање во промет може да биде издадено до 29 јануари, под услов доставените податоци за квалитетот, безбедноста и ефикасноста на вакцината да се доволни и целосни. ЕМА објаснува дека вакцината на „АстраЗенека“ се состои од друг вирус од семејството аденовируси, што е модифициран да содржи ген SARS-CoV-2, кој откако ќе се достави до организмот, предизвикува имунолошкиот систем да се брани природно и да произведува антитела. Доколку вакцинираната личност подоцна дојде во контакт со САРС-CoV-2, имунолошкиот систем ќе го препознае вирусот и ќе биде подготвен да го нападне, убие вирусот, спречи да влезе во клетките и да ги уништи веќе заразените ќелии, наведуваат во ЕМА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ema-go-dobi-baranjeto-za-uslovno-odobruvanje-na-vakcinata-na-oksford-astrazeneka-vo-eu/feed/ 0
Во Велика Британија почнува имунизација со вакцината на Оксфорд и АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-pochnuva-imunizacija-so-vakcinata-na-oksford-i-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-pochnuva-imunizacija-so-vakcinata-na-oksford-i-astrazeneka/#respond Mon, 04 Jan 2021 08:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=451729

Во Велика Британија од денеска почнува да се користи вакцината против Ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд. Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози. – Ова е клучен момент во нашата борба против овој ужасен вирус и се надевам дека дава нова надеж оти се гледа крајот на оваа пандемија, истакна британскиот министер за здравство Мет Хенкок. Минатиот месец Велика Британија, прва земја во светот, почна со употреба на вакционата на Фајзер и БиоНтек, која мора да се чува на многу ниска температура. Досега таа вакцина ја примиле околу еден милион Британци. Вакцината Оксфорд/АстраЗенека е поевтина и може да се чува во фрижидер, па поради тоа полесно се транспортира и користи. Изминатите четири недели во Велика Британија регистриран е значителен пораст на бројот на новозаболени. Вчера се пријавени 55.000 инфицирани луѓе со Ковид-19. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е над 75.000 луѓе, со што Велика Британија е на второ место во Европа по починати лица од последици од Ковид-019.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-velika-britanija-pochnuva-imunizacija-so-vakcinata-na-oksford-i-astrazeneka/feed/ 0