оксфорд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 08 Mar 2023 07:31:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оксфорд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оксфорд забрани секс меѓу професори и студенти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-zabrani-seks-megu-profesori-i-studenti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-zabrani-seks-megu-profesori-i-studenti/#respond Wed, 08 Mar 2023 07:31:56 +0000 https://kurir.mk/?p=809340

Универзитетот Оксфорд објави дека од 7 април на академските работници кои имаат каква било одговорност со луѓе кои сѐ уште се студенти, ќе им биде забрането да стапуваат во интимни односи со тие лица. Во соопштението објавено во „Тајмс“ се вели дека наставниците и професорите „ќе бидат строго обесхрабрени“ да влегуваат во каков било близок личен однос со студентите што ги надминува границите на професионалното однесување. Ова се однесува и на студентите кои имаат каква било емоционална, практична или финансиска придобивка или зависност од академски работник. Професорот или професорката кои нема да го почитуваат ова правило, ќе биде предмет на дисциплински процедури на Универзитетот. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-zabrani-seks-megu-profesori-i-studenti/feed/ 0
ФА започна истрага за обложување на мечот Оксфорд – Арсенал https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fa-zapochna-istraga-za-oblozhuvane-na-mechot-oksford-arsenal/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fa-zapochna-istraga-za-oblozhuvane-na-mechot-oksford-arsenal/#respond Thu, 12 Jan 2023 07:17:33 +0000 https://kurir.mk/?p=786232

Фудбалската асоцијација на Англија, почна истрага околу „сомнително обложување“ во текот на мечот од третото коло на ФА Купот меѓу Оксфорд – Арсенал, кој заврши со победа на „топчиите“ од 0-3. Истрагата се однесува на случај со играч на Оксфорд во текот на мечот, а медиумите пренесуваат дека станува збор за фудбалерот Сајмон Браун, кој во 59. минута го доби единствениот жолт картон на мечот. Се сомнева дека  тој тоа го сторил намерно. Во Оксфорд истакаа дека се „свесни околу конкретните наводи за нерегуларно обложување“, и објавија дека ќе сорабтуваат во текот на истрагата. Засега не се однесува за регуларноста на мечот, кој е веќе регистриран со поставениот резултат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fa-zapochna-istraga-za-oblozhuvane-na-mechot-oksford-arsenal/feed/ 0
Научници од Оксфорд: Се испитуваат ефектите од мешањето на различни вакцини против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-od-oksford-se-ispituvaat-efektite-od-meshanjeto-na-razlichni-vakcini-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-od-oksford-se-ispituvaat-efektite-od-meshanjeto-na-razlichni-vakcini-protiv-kovid-19/#respond Thu, 17 Jun 2021 10:47:13 +0000 https://kurir.mk/?p=524744

Мешањето на различни видови вакцини против коронавирус е веројатно безбедно и ефикасно, но истражувачите се уште собираат податоци за да се потврди тоа, велат експертите од британскиот универзитет во Оксфорд. -Вакцините против Ковид-19, што се одобрени низ целиот свет, се дизајнирани да го активираат имунолошкиот систем да создава антитела во борбата против коронавирусот, но се разликуваат по начините на кои тоа се прави, изјави д-р Кејт О’Брајан, директор на Одделение за вакцини на Светската здравствена организација (СЗО). Научниците од Оксфорд тестираа комбинации на вакцини што се даваат во две дози, како што се АстраЗенека, Модерна, Новавакс и Фајзер. Досега добиените податоци покажуваат дека вакцинацијата прво со Астразенека, а потоа со вакцината Фајзер е безбедна и ефикасна. Исто така, од оваа комбинација постои малку поголема можност за несакани ефекти како што се чешање и треска. Според вирусолозите, причината за тоа може да биде тоа што мешањето на различни видови вакцини предизвикува посилен одговор на имунолошкиот систем. Во некои земји, здравствените власти веќе предложија мешање на вакцини во одредени ситуации. Откако беше откриено дека вакцината АстраЗенека во ретки случаи влијае на формирање на згрутчување на крвта, многу европски земји, како Германија, Франција и Шпанија, им препорачаа на луѓето кои ја примиле првата доза на вакцината АстраЗенека за втора да ја изберат Фајзер или Модерна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/nauchnici-od-oksford-se-ispituvaat-efektite-od-meshanjeto-na-razlichni-vakcini-protiv-kovid-19/feed/ 0
Оксфорд паузира со вакцинирање со Астра Зенека на деца и тинејџери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-pauzira-so-vakciniranje-so-astra-zeneka-na-deca-i-tinejdzeri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-pauzira-so-vakciniranje-so-astra-zeneka-na-deca-i-tinejdzeri/#respond Tue, 06 Apr 2021 20:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=493383

Универзитетот во Оксфорд престана да им аплицира на деца и тинејџери вакцина развиена со Астра Зенека како дел од студија, во очекување на повеќе информации за случаи на згрутчување на крвта пријавени по вакцинирањето, објави Волстрит џурнал. ЕМА истражува 44 извештаи за исклучително ретки случаи на згрутчување во мозокот, познато како тромбоза на церебрален венски синус (CVST) и се очекува да ги објави своите наоди во среда или четврток. Претставник на ЕМА претходно изјави дека постои јасна „врска“ помеѓу вакцината на британско-шведската компанија и ЦВСТ, но дека вистинската причина се уште не е позната. Оксфорд ќе почека за дополнителни информации од регулаторот за лекови во Велика Британија пред да продолжи да им дава вакцина на деца и тинејџери како дел од истражувањето, изјави портпаролот на универзитетот за Волстрит џурнал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-pauzira-so-vakciniranje-so-astra-zeneka-na-deca-i-tinejdzeri/feed/ 0
Хакирана лабораторијата на Оксфорд каде се истражува корона вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakirana-laboratorijata-na-oksford-kade-se-istrazuva-korona-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakirana-laboratorijata-na-oksford-kade-se-istrazuva-korona-virusot/#respond Fri, 26 Feb 2021 07:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=474050

Кибер банда извршила хакерски напад врз биолошката лабораторија на Универзитетот во Оксфорд, каде се истражува Ковид-19, соопшти денеска британскиот весник „Телеграф“. Според лондонскиот весник, хакирањето се случило во Одделот за структурна биологија, познат како „Страби“, каде се истражува Ковид-19, пренесуваат британските медиуми. Универзитетот во Оксфорд веднаш не даде одговор на барањето за коментар, но за „Телеграф“ потврди дека одделот „Страби“ бил цел на хакерски напад. -Го идентификувавме и ограничивме проблемот и сега истражуваме натаму, го цитира весникот портпаролот на Оксфорд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakirana-laboratorijata-na-oksford-kade-se-istrazuva-korona-virusot/feed/ 0
Оксфорд наскоро со податоци за ефикасноста на вакцината против британскиот вид на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-naskoro-so-podatoci-za-efikasnosta-na-vakcinata-protiv-britanskiot-vid-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-naskoro-so-podatoci-za-efikasnosta-na-vakcinata-protiv-britanskiot-vid-na-koronavirusot/#respond Wed, 27 Jan 2021 19:15:40 +0000 https://kurir.mk/?p=460760

Податоците за ефикасноста на вакцината, што ја разви Универзитетот Оксфорд, против британската мутација на коронавирусот, ќе бидат готови до следната недела. Тоа го нагласи претставник на Универзитетот за време на онлајн состанок со советодавниот панел на американскиот Центар за превенција на заразни болести (ЦДЦ). – Од средината на декември, британската мутација стана доминантна и почна брзо да се шири. Нашата анализа на ефективноста на вакцината против тој вид треба да биде готова до следната недела, рече Ендру Олард, директор на Оксфордската акциска група и главен истражувач. Универзитетот Оксфорд ја разви вакцината во соработка со АстраЗенека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oksford-naskoro-so-podatoci-za-efikasnosta-na-vakcinata-protiv-britanskiot-vid-na-koronavirusot/feed/ 0
Универзитетот во Оксфорд се подготвува за производство на нови верзии на вакцина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/univerzitetot-vo-oksford-se-podgotvuva-za-proizvodstvo-na-novi-verzii-na-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/univerzitetot-vo-oksford-se-podgotvuva-za-proizvodstvo-na-novi-verzii-na-vakcina/#respond Thu, 21 Jan 2021 07:36:36 +0000 https://kurir.mk/?p=457808

Научниците од Универзитетот во Оксфорд се подготвуваат што поскоро да произведат нови верзии на вакцината, кои ќе можат да се изборат со уште позаразните мутации на коронавирусот. Според британски Телграф, тимот што стои зад вакцината на Оксфорд и АстраЗенека спроведува физибилити студии за адаптирање на технологијата за производство на нови верзии на вакцината. Портпаролот на универзитетот рече дека Оксфорд внимателно го следи влијанието на мутациите на коронавирусот откриени во Велика Британија, Јужна Африка и Бразил врз имунитетот обезбеден од нивната вакцина и ги проценува процесите потребни за адаптирање на вакцините што е можно побрзо за борба против мутациите на Ковид-19. Тие во моментов ја проценуваат ефикасноста на нивната вакцина врз новите варијатни на коронавирусот, а резултатите треба да биде познати во првата половина од следниот месец. Сепак, тимот од Оксфорд прифаќа пристап „на ризик“ и има намера да започне со синтетизирање на нови верзии на вакцината без да чека да открие дали ќе бидат потребни, а професорката Сара Гилберт – една од водечките научници – „активно работи на тоа“. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека националното регулаторно тело за лекови ќе биде подготвено да одобри нови верзии на вакцината против Ковид-19 за да се спротивстави на новите варијанти на коронавирусот што може да се појават во иднина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/univerzitetot-vo-oksford-se-podgotvuva-za-proizvodstvo-na-novi-verzii-na-vakcina/feed/ 0
Полард: Во 2021 година ќе има многу нови мутации на коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polard-vo-2021-godina-kje-ima-mnogu-novi-mutacii-na-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polard-vo-2021-godina-kje-ima-mnogu-novi-mutacii-na-koronavirusot/#respond Sat, 16 Jan 2021 13:11:37 +0000 https://kurir.mk/?p=456202

Директорот на групата за вакцини на Универзитетот во Оксфорд, Едру Полард, предупреди дека годинава ќе има многу повеќе мутации на коронавирусот и дека мора да се навикнеме на тоа, но дека постојните вакцини можат да се прилагодат и на новите видови. -Додека со нетрпение ги очекуваме вакцините, во текот на 2021 година ќе наидеме на многу нови видови на Ковид-19 и ќе мора да се навикнеме на тоа, изјави Полард за Би-Би-Си. Според него, најважното прашање е дали некои од овие нови мутации се прилагодување на вирусот поради имунитетот меѓу популацијата, односно, како што рече, „дали е тоа резултат на самиот вирус или навистина е резултат на вакцинација“ Полард нагласува дека новите верзии на вирусот се откриваат во раната фаза и дека, доколку е потребно, вакцините ќе бидат „прилагодени многу брзо“. Тој се согласи со епидемиологот Eдон Едмундс, кој за „Би-Би-Си радио 4“ изјави дека во Велика Британија веројатно веќе се појават случаи на бразилската мутација на коронавирусот. -Ние сме една од најповрзаните земји во светот, па ќе биде необично да не увеземе некои такви случаи во Велика Британија, заклучи Полард.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/polard-vo-2021-godina-kje-ima-mnogu-novi-mutacii-na-koronavirusot/feed/ 0
Пензиониран 82 годишен менаџер ја прими првата вакцина на Оксфорд и АстраЗенека https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/penzioniran-82-godishen-menadzer-ja-primi-prvata-vakcina-na-oksford-i-astrazeneka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/penzioniran-82-godishen-menadzer-ja-primi-prvata-vakcina-na-oksford-i-astrazeneka/#respond Mon, 04 Jan 2021 10:02:41 +0000 https://kurir.mk/?p=451794

Британскиот министер за здравство Мат Хенкок денеска изјави дека вакцината против Ковид-19 на Универзитетот Оксфорд и фармацевтската компанија АстраЗенека е триумф на британската наука. – Имаме многу позитивна вест утрово, почна вакцинирањето со оксфордската вакцина. Ние сме таму каде што сме сега, триумф за британската наука, изјави Ханкок. Првата вакцина на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека ја прими 82-годишен пенизиониран менаџер Брајан Пинкар. Во Велика Британија од денеска почна да се користи вакцината против Ковид-19 на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот Оксфорд. Вкупно 530.000 дози од вакцината досега се дистрибуирани во шест англиски болници. Британската Влада најави дека во рок од неколку месеци ќе бидат испорачани десетици милиони дози. Минатиот месец Велика Британија, прва земја во светот, почна со употреба на вакционата на Фајзер и БиоНтек, која мора да се чува на многу ниска температура. Досега таа вакцина ја примиле околу еден милион Британци. Вакцината Оксфорд/АстраЗенека е поевтина и може да се чува во фрижидер, па поради тоа полесно се транспортира и користи. Изминатите четири недели во Велика Британија регистриран е значителен пораст на бројот на новозаболени. Вчера се пријавени 55.000 инфицирани луѓе со Ковид-19. Вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е над 75.000 луѓе, со што Велика Британија е на второ место во Европа по починати лица од последици од Ковид-19.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/penzioniran-82-godishen-menadzer-ja-primi-prvata-vakcina-na-oksford-i-astrazeneka/feed/ 0
Индија: Одобрена вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека /Оксфорд https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-odobrena-vakcinata-protiv-kovid-19-na-astrazeneka-oksford/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-odobrena-vakcinata-protiv-kovid-19-na-astrazeneka-oksford/#respond Sat, 02 Jan 2021 11:17:08 +0000 https://kurir.mk/?p=451265

Во Индија, втора најнаселена земја во светот со 1,35 милијарди жители, вакцината на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд е одобрена за масовна имунизација на населението од Ковид-19. Индискиот министер за информации и медиуми Пракаш Џавадекар утрово на прес-конференција потврди дека надлежните индиски институции ја одобриле таа вакцина, со што се отвори патот за почеток на масовна вакцинација во оваа држава, која, по САД, има најголем број на потврдени случаи на заразени од Ковид-19 во светот. Министерот Џавадекар најави дека уште најмалку три вакцини се во фаза на добивање на официјална дозвола за употреба, а според постојните планови, околу 300 милиони граѓани треба да се вакцинираат во првите 6 до 8 месеци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/indija-odobrena-vakcinata-protiv-kovid-19-na-astrazeneka-oksford/feed/ 0