окта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Sep 2023 13:53:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png окта – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОКТА донираше фотоволтаична централа и за средното економско училиште во Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okta-donirashe-fotovoltaichna-tsentrala-i-za-srednoto-ekonomsko-uchilishte-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okta-donirashe-fotovoltaichna-tsentrala-i-za-srednoto-ekonomsko-uchilishte-vo-ohrid/#respond Wed, 20 Sep 2023 13:42:52 +0000 https://kurir.mk/?p=879918

Во рамки на одбележувањето на својот 45-ти роденден, ОКТА донираше уште една фотоволтаична централа, овој пат на средното општинско економско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Охрид. Донацијата е во согласност со стратегијата на компанијата за поддршка на иницијативи поврзани со обновливите извори на енергија, што се одразува и на нејзините општествено одговорни активности и вложувања. Централата, чие официјално предавање во употреба беше извршено денеска, од страна на директорот на енергетско планирање и развој во ОКТА - д-р Ристо Јаневски и градоначалникот на Охрид - Кирил Пецаков, ќе обезбеди снабдување со електрична енергија од обновливи извори на ова средно училиште. „Во годината кога компанијата прославува 45 години постоење, со реализацијата на овие донаторски проекти за поддршка на образовните институции во земјава, сакаме да ја потврдиме нашата континуирана заложба да делуваме одговорно во заедницата во која што сите заедно живееме. Фотоволтаичната централа ќе придонесе во неколку важни сегменти од работата на училиштето - намалување на потрошувачката на електрична енергија, заштита на животната средина преку користење на обновливи извори на енергија, како и подигање на свеста кај учениците за важноста од употребата на одржливи енергетски решенија. Оваа донација претставува долгорочна инвестиција во иднината на училиштето, обезбедувајќи одржливи придобивки, не само за идните генерации на ученици, туку и за целата заедница.“, изјави д-р Ристо Јаневски, директор на енергетско планирање и развој во ОКТА. Вкупната инсталирана моќност на новата фотоволтаична централа изнесува 21,8kW (киловати) и може годишно да произведе и до 26,5 MWh MWh (мегаватчасови) електрична енергија, што претставува значаен дел од енергетските потреби на ова училиште. „Благодарни сме за оваа значајна донација на ОКТА. Изградбата на фотоволтаична централа на кровот на училиштето претставува круна на активностите кои што во изминатиот период овозможија ова средно училиште да добие нов и современ изглед. Со оваа донација, ќе се постигне навистина значајна заштеда на енергија и ќе се намалат трошоците на училиштето, што секако за нас има големо значење, бидејќи со тоа остануваат повеќе средства за подобрување на образовниот процес“, рече градоначалникот на Охрид - Кирил Пецаков. Изминатиот месец ОКТА донираше фотоволтаична централа за градинката „Пепелашка“ во општина Центар, а наскоро компанијата ќе се реализираат уште две донации од овој тип, односно фотоволтаична централа за образовна установа, како и соларен полнач и паркинг за велосипеди што ќе биде поставен во кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. До крајот на годината ОКТА планира да отпочне и со изградба на фотоволтаична централа во кругот на компанијата, со моќност од 12 MW (мегавати). Почнувајќи од 2018 година, ОКТА има инсталирано пет фотоволтаични постројки кај свои деловни партнери со вкупна моќност од 611 kW (киловати). На овој начин, компанијата дава активен придонес во зголемување на своето портфолио во делот на обновливите извори на енергија и намалување своето влијание врз животната средина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okta-donirashe-fotovoltaichna-tsentrala-i-za-srednoto-ekonomsko-uchilishte-vo-ohrid/feed/ 0
ОКТА – Финансиски резултати за вториот квартал/првата половина од 2023 година https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/okta-finansiski-rezultati-za-vtoriot-kvartal-prvata-polovina-od-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/okta-finansiski-rezultati-za-vtoriot-kvartal-prvata-polovina-od-2023-godina/#respond Mon, 31 Jul 2023 13:37:25 +0000 https://kurir.mk/?p=862043

ОКТА ги објави финансиските резултати за вториот квартал од 2023 година со прилагодена ЕБИТДА од 236 милиони денари, што претставува зголемување од 29% во споредба со вториот квартал од 2022година, и нето приходи од 5 милиони денари. Обемот на продажба достигна 290 илјади м³, останувајќи главно непроменет во однос на вториот квартал од 2022 година. Приходите од продажба изнесуваа 10.347 милиони денари, намалени за 37% во споредба со истиот период минатата година, како последица од падот на меѓународните цени на горивата. Зголемувањето на прилагодената ЕБИТДА главно ја одразува солидната побарувачка за горива на домашниот и извозниот пазар, како и зголемените маржи. Остварените нето приходи во вториот квартал од 2023 година достигнаа 5 милиони денари, како резултат на  влијанието од падот на меѓународните цени на горивата, што доведе до негативен ефект на залихите од 127 милиони денари, наспроти позитивниот ефект на залихите од 267 милиони денари во вториот квартал од 2022година. Тековниот долготраен притисок на инфлацијата, како и геополитичките тензии по санкциите врз извозот на руската нафта создадоа предизвици за бизнисите ширум светот, вклучувајќи го и нафтениот сектор. И покрај ова опкружување полно со предизвици, ОКТА останува главен снабдувач со горива во земјата и регионот, обезбедувајќи им непречени услуги на потрошувачите и придонесувајќи во голема мера за закрепнувањето на економијата. Компанијата продолжува да ја спроведува својата стратегија за трансформација, која вклучува и инвестиции во почисти извори на енергија и намалување на емисиите на јаглерод диоксид. Во вториот квартал од 2023 година, компанијата спроведе тендер за изградба на нова фотоволтаична  централа со моќност од 12 MW на сопствено земјиште, како еден од најголемите фотоволтаични проекти во земјата од ваков вид. Оваа инвестиција особено поволно ќе влијае врз финансиските резултати на компанијата и енергетскиот микс на земјата, бидејќи ќе замени скап увоз на енергија. Во текот на вториот квартал од 2023 година, ОКТА го задржа својот фокус во спроведувањето на значајни општествено одговорни проекти. Заедно со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Министерството за внатрешни работи и неколку здруженија на велосипедисти и мотоциклисти, компанијата го поддржа организирањето на дефиле под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“. Дефилето се одржа во Скопје со учество на повеќе од 150 велосипедисти и мотоциклисти, при што сите учесници добија опрема за безбедност во сообраќајот, како донација од ОКТА. На 10 мај, со официјалното отпочнување со работа на националната берза на електрична енергија, ОКТА стана активен учесник и трговец во неа, како една од првите сертифицирани компании. Компанијата има за цел да продолжи непречено да снабдува  горива со врвен квалитет на домашниот и соседните пазари, додека истовремено ги разгледува и можностите за дополнително подобрување на резултатите од работата.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/okta-finansiski-rezultati-za-vtoriot-kvartal-prvata-polovina-od-2023-godina/feed/ 0
Димитриос Пасхос е нов Главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ назначен за нов Претседател на Одборот на директори на компанијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrios-pashos-e-nov-glaven-izvrshen-direktor-na-okta-vuk-radovik-naznachen-za-nov-pretsedatel-na-odborot-na-direktori-na-kompanijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrios-pashos-e-nov-glaven-izvrshen-direktor-na-okta-vuk-radovik-naznachen-za-nov-pretsedatel-na-odborot-na-direktori-na-kompanijata/#respond Fri, 21 Jul 2023 16:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=858790

Одборот на директори на ОКТА АД – Скопје донесе одлука со која го назначи Димитриос Пасхос за нов вршител на должност Извршен член на Одборот на директори и Главен извршен директор на компанијата. Истовремено, досегашниот Главен извршен директор на ОКТА, Вук Радовиќ ја презема функцијата Претседател на Одборот на директори на компанијата. Дополнително, воведена е нова позиција - Заменик Претседател на Одборот на директори на која е назначен Василиос Багиокос, неизвршен и независен член на Одборот. Новиот Главен извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос е магистер по меѓународни финансии кој одлично ја познава компанијата и состојбите на домашниот и глобалните енергетски пазари, со оглед на тоа што до неговото назначување на новата функција тој ја извршуваше должноста Директор на Финансии и администрација на ОКТА, на која беше назначен во јули 2019 година. До именување на нов Директор на Финансии и администрација, Пасхос ќе продолжи да ја извршува и оваа функција. Од почетокот на 2020 година, Радовиќ уште успешно ја извршуваше функцијата Главен извршен директор на ОКТА. Дополнително, Одборот на директори избра тројца вршители на должноста членови на Одборот на директори и тоа: Дионисиос Роутсис, неизвршен член на Одборот на директори; Димитриос Пасхос, извршен член на Одборот на директори и Главен извршен директор; и Тхеодора Петроула, неизвршен и независен член на Одборот на директори. Одлуките стапуваат на сила на 24 јули 2023 година.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/dimitrios-pashos-e-nov-glaven-izvrshen-direktor-na-okta-vuk-radovik-naznachen-za-nov-pretsedatel-na-odborot-na-direktori-na-kompanijata/feed/ 0
ОКТА главен спонзор на националната кошарка во претквалификациите за Олимпијадата 2024 и квалификациите за Евробаскет 2025 https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/okta-glaven-sponzor-na-natsionalnata-kosharka-vo-pretkvalifikatsiite-za-olimpijadata-2024-i-kvalifikatsiite-za-evrobasket-2025/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/okta-glaven-sponzor-na-natsionalnata-kosharka-vo-pretkvalifikatsiite-za-olimpijadata-2024-i-kvalifikatsiite-za-evrobasket-2025/#respond Tue, 18 Jul 2023 10:30:11 +0000 https://kurir.mk/?p=857673

Во пресрет на претквалификацискиот турнир за место на Олимписките игри во Париз, ОКТА ја продолжи поддршката на националната кошаркарска федерација како главен спонзор. Договорот за спонзорство вклучува поддршка на машката кошаркарска репрезентација и во натпреварите од квалификацискиот циклус за Евробаскет 2025, кој треба да започне во февруари идната година. Со новиот договор, ОКТА го задржува континуитетот во долгогодишното партнерство со кошаркарската федерација и ја потврдува улогата на континуиран поддржувач на националните спортски селекции во нивните успеси на меѓународната спортска сцена. „Среќни сме што го продолжуваме партнерството, а со тоа и континуирано придонесуваме во напорите на кошаркарската федерација да обезбеди што подобри услови за машката сениорска репрезентација во претстојните спортски предизвици. Веруваме дека нашата поддршка ќе биде дополнителен мотив за сениорите во остварување на целта – пласман на Олимпијадата 2024 и успешни квалификации во Евробаскет 2025“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА. Договорот за поддршка на сениорскиот кошаркарски тим започнува со претквалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз, а ќе трае до февруари 2025 година кога треба да завршат квалификациите за Европското првенство во кошарка. „Нашата цел е јасна – учество на машката репрезентација на Олимпијадата во 2024 година и на Евробаскет 2025. Поддршката, каква што е и оваа од ОКТА, е дополнителен поттик и овозможува играчите и стручниот штаб целосно и непречено да се посветат на својот, спортскиот дел од работата. Тоа е многу полесно кога имате покрај себе партнер кој е со вас долги години и низ заедничка соработка докажал дека искрено ги споделува нашите цели и амбиции. Тоа ни значи многу и нам како организација и на играчите и, верувам, на сите љубители на кошарката и на спортот во земјава“, рече Перо Антиќ, претседател на Федерацијата. Претквалификацискиот турнир за Летните олимписки игри ќе се одржи во Талин од 12 до 15 август 2023 година, а противници на нашата репрезентација се тимовите на Израел, домаќинот Естонија и Чешка. Двете првопласирани репрезентации обезбедуваат пласман во полуфиналната фаза од квалификациите. Квалификациите за Европското првенство стартуваат во февруари 2024 и ќе траат сѐ до февруари 2025, а во нив ќе учествуваат вкупно 32 национални тимови, од кои 24 ќе обезбедат пласман на самитот на најдобрите кошаркарски репрезентации на Стариот континент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/okta-glaven-sponzor-na-natsionalnata-kosharka-vo-pretkvalifikatsiite-za-olimpijadata-2024-i-kvalifikatsiite-za-evrobasket-2025/feed/ 0
ИЗБРАНО ПОБЕДНИЧКОТО РЕШЕНИЕ ЗА СОЛАРЕН ПОЛНАЧ И ПАРКИНГ ЗА ВЕЛОСИПЕДИ КОЈ ШТО ОКТА ЌЕ ГО ДОНИРА НА УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrano-pobednichkoto-reshenie-za-solaren-polnach-i-parking-za-velosipedi-koj-shto-okta-ke-go-donira-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrano-pobednichkoto-reshenie-za-solaren-polnach-i-parking-za-velosipedi-koj-shto-okta-ke-go-donira-na-ukim/#respond Fri, 14 Jul 2023 11:59:27 +0000 https://kurir.mk/?p=856677

Заврши конкурсот за избор на идејно решение за соларен полнач и паркинг за велосипеди, кој што беше организиран од компанијата ОКТА во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ). Тимот составен од Ивана Попоска од Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје и Елена Новеска од Архитектонскиот факултет – Скопје, е победник на овој конкурс и истиот ќе биде награден со 62.000 денари од страна на компанијата. Наградениот проектот беше еден од вкупно 11-те пристигнати идејни решенија во чија изработката беа вклучени вкупно 30 студенти од техничките факултети при УКИМ. Победничкото идејно решение претставува иновативна комбинација од паркиралиште за велосипеди, фотоволтаичен систем за полнење на електрични велосипеди, тротинети и останати електронски уреди, како и простор за одмор и релаксација. Средствата за целосна реализација на овој проект кој што ќе биде изграден на соодветна локација во рамки на кампусот на УКИМ се донација од ОКТА, по повод одбележувањето на 45-годишниот јубилеј на компанијата. „Бројот на пријавени тимови и доставени идејни решенија ни потврдуваат дека со овој проект успеавме да ја поттикнеме креативноста на голем број млади стручни луѓе во изнаоѓањето современи решенија кои го унапредуваат квалитетот на урбаното живеење и кои се одржливи, бидејќи го истакнуваат значењето на енергијата од обновливи извори. Истовремено, овој проект е продолжение на стратешката определба на компанијата за инвестирање во одржлив развој и енергетска трансформација, но и потврда на нашите континуирани општествено одговорни активности насочени кон подигнување на јавната и индивидуалната свест за безбедност во сообраќајот“, изјави Марија Ставрева, Менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА АД - Скопје. Оваа активност за изградба на соларен полнач и паркинг за велосипеди и електрични тротинети, компанијата ОКТА ја реализира во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Посветеноста на студентите при реализацијата на проектите кои што беа доставени во рамките на овој конкурс е уште еден показател за апликативно знаење и тимска работа кои ги поседуваат студентите на техничките факултети во состав на најголемиот универзитет во нашата земја, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот овој проект, кој во себе содржи и значајна општествено-одговорна компонента, претставува одличен пример за успешна соработка помеѓу академската и бизнис заедницата, што треба да го следат и останатите чинители во општеството“, истакна професор д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера при УКИМ. Ова е само една од предвидените донации по повод 45-годишнината на ОКТА која што е во согласност со процесот на трансформација на компанијата кон зелена енергија и претставува дополнување на  повеќегодишната општествено одговорната платформа на ОКТА, #ЈасВнимавам, наменета за јакнење на свесноста за поголема лична и колективна безбедност во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izbrano-pobednichkoto-reshenie-za-solaren-polnach-i-parking-za-velosipedi-koj-shto-okta-ke-go-donira-na-ukim/feed/ 0
„ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ – дефиле на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/jas-vnimavam-i-bezbedno-vozam-defile-na-velosipedisti-i-mototsiklisti-za-pogolema-bezbednost-vo-soobrakajot/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/jas-vnimavam-i-bezbedno-vozam-defile-na-velosipedisti-i-mototsiklisti-za-pogolema-bezbednost-vo-soobrakajot/#respond Mon, 08 May 2023 12:33:35 +0000 https://kurir.mk/?p=831826

Со цел подигнување на свеста за поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, на 13 мај 2023 година ќе се одржи дефиле на кое ќе учествуваат преку 100 велосипедисти и над 30 мотоциклисти. Дефилето ќе започне во 11.00 часот со поаѓањето на велосипедистите од платото под мостот „Близнак“, на кејот на реката Вардар во населбата Аеродром, а  мотоциклистите ќе стартуваат од фонтаната во Градскиот парк во 11.30 часот и двете групи ќе се сретнат на плоштадот „Македонија“. Сите кои сакаат да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, можат да се приклучат на ова свечено дефиле со велосипед или мотоцикл. Дефилето кое ќе се одржи под мотото „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“ е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“. Целта на дефилето е зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигање на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот. На учесниците кои први ќе пристигнат на почетните позиции, ќе им бидат доделени стартни пакети од страна на РСБСП. Како дополнителна поддршка на настанот, а во рамки на својата кампања за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „ЈАС ВНИМАВАМ“, компанијата ОКТА ќе обезбеди велосипедски ѕвончиња, безбедносни велосипедски светла и заштитни кациги за учесниците во дефилето.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/jas-vnimavam-i-bezbedno-vozam-defile-na-velosipedisti-i-mototsiklisti-za-pogolema-bezbednost-vo-soobrakajot/feed/ 0
Силна прилагодена профитабилност: Финансиските резултати на ОКТА за првиот квартал од 2023-та година https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/silna-prilagodena-profitabilnost-finansiskite-rezultati-na-okta-za-prviot-kvartal-od-2023-ta-godina/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/silna-prilagodena-profitabilnost-finansiskite-rezultati-na-okta-za-prviot-kvartal-od-2023-ta-godina/#respond Fri, 28 Apr 2023 13:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=828710

Долготрајните инфлациски притисоци предизвикани од тековните геополитички тензии и енергетската криза продолжија да создаваат предизвици за економијата во текот на првиот квартал од 2023 година. Санкциите воведени од ЕУ и нафтеното ембарго ги натераа повеќето европски земји да престанат да увезуваат руски нафтени производи и гас, што предизвика нерамнотежа меѓу побарувачката и понудата. И покрај конкурентното опкружување полно со предизвици, каде што компанијата работи на пазарите во Република Македонија и Косово, ОКТА продолжува да биде лидер во снабдувањето со горива и успеа да го зголеми прометот за 7% во првиот квартал на 2023 година, споредено со истиот период минатата година. Обемот на продажба во првиот квартал од 2023 година изнесуваше 308 илјади м³, што е зголемување од 13% споредено со првиот квартал од минатата година. Производите беа пласирани на двата пазари на кои компанијата традиционално е присутна (домашниот и извозниот), при што извозот имаше удел од 24% во вкупниот обем на продажба. Бруто маржата достигна 175 милиони денари, што претставува намалување од 72% споредено со истиот период од 2022 година, главно поради падот на меѓународните цени на горивата, што доведе до исправка на вредноста на залихите на ОКТА од 8 милиони денари и негативен ефект од нивното вреднување во висина од 128 милиони денари. ЕБИТДА изнесува 77 милиони денари, значајно намалена во споредба со истиот период минатата година, бидејќи на првиот квартал од 2022 година, позитивно влијаеја придобивките од вреднувањето на залихите од 417 милиони денари. Добивката пред оданочување изнесува 37 милиони денари. Прилагодената ЕБИТДА во првиот квартал од 2023 година, изнесува 213 милиони денари, што претставува зголемување од 94% споредено со истиот период минатата година. ОКТА ја започна годината со Божиќна донација за поддршка на ранливите категории на граѓани за време на празниците. Со помош на екипите на Црвениот крст, пакети со прехранбени производи беа доставени до социјално ранливи категории на население. Во рамките на платформата за безбедност во сообраќајот „Јас Внимавам“, ОКТА го поддржа процесот на едукација и обука за стекнување на возачка дозвола на десет членови на Здружението „За тебе“, со што придонесе за нивниот личен и професионален развој. По повод 45 годишниот јубилеј на ОКТА и како дел од платформата „Јас Внимавам“, компанијата во соработка со Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје распиша награден конкурс за изработка на идеен проект за иновативно решение за фотоволтаичен полнач и паркинг за велосипеди и електрични тротинети. Првонаградениот проект ќе биде изграден во кампусот на УКИМ, како донација од ОКТА. Целта на компанијата е да остане лидер на локалниот пазар, обезбедувајќи редовно и непречено снабдување на горива со највисок квалитет на своите клиенти на пазарите на кои работи, додека напредува со своите иницијативи за автоматизација кои ќе ја оптимизираат организацијата, намалувајќи ја базата на трошоци и поставувајќи цврсти темели за идни резултати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/silna-prilagodena-profitabilnost-finansiskite-rezultati-na-okta-za-prviot-kvartal-od-2023-ta-godina/feed/ 0
Со донација од ОКТА, корисниците од Здружението „За тебе“ ќе се стекнат со возачки дозволи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-donatsija-od-okta-korisnitsite-od-zdruzhenieto-za-tebe-ke-se-steknat-so-vozachki-dozvoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-donatsija-od-okta-korisnitsite-od-zdruzhenieto-za-tebe-ke-se-steknat-so-vozachki-dozvoli/#respond Thu, 12 Jan 2023 10:54:11 +0000 https://kurir.mk/?p=786380

Десет корисници, членови на Здружението „За тебе“ („4U“) ќе се стекнат со возачка дозвола преку донација од ОКТА АД - Скопје, со што ќе ги унапредат своите професионални вештини и ќе ги зголемат своите можности за вработување. Младите кои ќе ги користат средствата обезбедени од компанијата за оваа намена се полнолетни лица, кои растеле во СОС Детско село или во домот за деца без родители „11-ти Октомври“. Донацијата ќе ги покрие сите трошоци за обука, здравствени прегледи и полагањата на сите испити до стекнување на возачка дозвола. „Поддршката на лицата, особено младите, од социјален ризик е наша долгорочна определба како општествено одговорна компанија. Благодарни сме што имаме можност да им помогнеме на овие млади луѓе кои ги прават првите чекори во својот самостоен живот. Стекнувањето возачка дозвола ќе го унапреди нивниот индивидуален и професионален развој, дополнително ќе ги изедначи со останатите врсници, правејќи ги поконкурентни на пазарот на трудот. Веруваме дека целиот процес на едукација и обука ќе придонесе да станат одговорни учесници во сообраќајот и да ја шират добрата сообраќајна култура за побезбедни патишта“, изјави на свеченото доделување на донацијата главниот извршен директор на ОКТА Вук Радовиќ. Здружението „4U“ обезбедува помош и поддршка за млади во социјален ризик во процесот на вработување, при пронаоѓање привремено сместување, но и во опремувањето на нивните живеалишта, обезбедувањето храна, средства за хигиена и други потреби во секојдневниот живот. „Поддршката од поединци, организации, помали и поголеми компании на секој наш штитеник му покажува дека не е препуштен сам на себе во животот. Оваа порака, која е најважната, денес ја испраќа и ОКТА. Нивната донација не само што е благородна, туку и доаѓа во вистинско време за вистинските млади луѓе, за кои можноста да се стекнат со возачка дозвола е навистина драгоцена. Верувам дека секој од нив ќе го памети овој чекор на компанијата која не еднаш ја покажала својата грижа за ранливите групи, а особено за децата и младите во социјален ризик“, изјави претседателката на Здружението „4U“ Цеце Николовска, која и самата е поранешна штитеничка на СОС Детско село. Оваа донација е во рамки на платформа на ОКТА за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот „ЈАС ВНИМАВАМ“, која компанијата активно ја спроведува веќе петта година по ред. Како дел од платформата досега реализирани се следниве активности – донација на едукативни сообраќајни полигони во основните училишта ширум земјава, обука на децата и продукција на едукативни содржини за нив, донација на рефлектирачки приврзоци за поголема безбедност во сообраќајот на сите првачиња во Скопје, продуцирање и емитување на едукативни видео материјали за најчестите причини за сообраќајни незгоди, донација на механизми за регулирање на работата на семафорите на дел од булеварите во Скопје и  50 уреди за звучна сигнализација на пешачки премини во главниот град наменети за лица со оштетен вид. Во 2017-та година, платформата „ЈАС ВНИМАВАМ“ беше прогласена за најдобра национална општествено одговорна практика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/so-donatsija-od-okta-korisnitsite-od-zdruzhenieto-za-tebe-ke-se-steknat-so-vozachki-dozvoli/feed/ 0
Празнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznichna-donacija-na-okta-za-ranlivite-grupi-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznichna-donacija-na-okta-za-ranlivite-grupi-gragjani/#respond Thu, 05 Jan 2023 10:45:18 +0000 https://kurir.mk/?p=783972

Во пресрет на божикните празници, ОКТА обезбеди помош за ранливите категории сограѓани. Со средствата кои компанијата ги донираше на Црвениот крст на Град Скопје се обезбедени пакети со прехранбени продукти. Тимови на Црвениот крст ги дистрибуираа пакетите до социјално најранливи семејства во земјава на кои помошта им е најпотребна. „Како организација и како поединци веруваме во принципите на хуманоста, и затоа преку различни активности се трудиме да ја дадеме нашата поддршка онаму каде е најпотребна. Благодарни сме што имаме ресурси и можност да помагаме, и се надеваме дека со оваа донација ќе успееме барем малку да го направиме овој празничен период од годината, поразличен и за лицата во социјален ризик”, рече Деан Стојковски, претседател на организацијата на Црвен Крст при ОКТА. Покрај редовното вклучување во добротворни активности, вработените се горди што во рамки на ОКТА веќе 41 година дејствува и посебна организација на Црвениот крст, која континуирано ги промовира хуманите вредности и активно организира акции на крводарителство и волонтерство, со цел поддршка на загрозените и ранливи категории на население.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/praznichna-donacija-na-okta-za-ranlivite-grupi-gragjani/feed/ 0
ОКТА донираше гориво за греење за потребите на СОС Детско Село  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okta-donirashe-gorivo-za-greenje-za-potrebite-na-sos-detsko-selo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okta-donirashe-gorivo-za-greenje-za-potrebite-na-sos-detsko-selo/#respond Wed, 14 Dec 2022 12:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=775447

ОКТА АД - Скопје донираше 6.000 литри екстра лесно масло за греење за една од куќите на СОС Детско село во која живеат млади лица без родителска грижа. Донираната количина на гориво ќе биде доволна целосно да ги покрие потребите за тековната грејна сезона. „Во услови на изразена енергетска криза, која започна да има влијание на сите во општеството, ние решивме да ја дадеме нашата поддршка за младите лица згрижени во една од младинските куќи на СОС Детско село. Со оваа донација веруваме дека ќе помогнеме безгрижно да ја поминат оваа зима, и со тоа целосно да се насочат кон своите училишни, односно младински активности. Во оваа прилика, како компанија сакаме да изразиме особена благодарност кон мисијата и континуираната работа на тимот на СОС Детско село, посветена на  децата и младите без родителска грижа, да им обезбеди топол дом и правилен развој во здрави индивидуи“ – изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА АД - Скопје. Во младинските куќи на СОС Детско село се обезбедува 24-часовна грижа, помош и поддршка за 28 деца и млади над 14-годишна возраст, сѐ до полнолетство, а најдоцна до завршување на средното образование, со цел нивно оспособување за самостоен живот и интеграција во општеството. „Обезбедувањето масло за греење за целата грејна сезона претставува драгоцена поддршка во реалното функционирање на домот на младинците во претстојната зима која е полна со предизвици, а нам ни овозможува да се посветиме на нашата главна мисија – поддршка во нивното образование и созревање во самостојни личности, целосно подготвени да ја преземат одговорноста за сопствениот животен развој. Донацијата на ОКТА е пример за општествена одговорност на една компанија и ја потврдува нивната посветеност и стратегија за помош и поддршка онаму каде што навистина е потребно“, изјави Јулијана Накова Гапо Национален директор од СОС Детско село. Како дел од корпоративната стратегија за општествена одговорност, ОКТА секогаш е подготвена да возврати и на значаен начин да придонесе за заедницата во која работи. Ранливите категории на граѓани се само еден од аспектите во кои компанијата континуирано ја дава својата поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/okta-donirashe-gorivo-za-greenje-za-potrebite-na-sos-detsko-selo/feed/ 0