октопод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 22 Jul 2023 18:39:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png октопод – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО+ВИДЕО: Влегол во Грција во море, излегол со октопод на грбот https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-vlegol-vo-grtsija-vo-more-izlegol-so-oktopod-na-grbot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-vlegol-vo-grtsija-vo-more-izlegol-so-oktopod-na-grbot/#respond Sat, 22 Jul 2023 18:39:06 +0000 https://kurir.mk/?p=859044

На социјалните медиуми се појави неверојатно видео, каде е снимен маж на чиј грб се залепил октопод, а шокираните пливачи се обидуваат да му помогнат да го тргне, пишува „Слободна Далмација“. Не може точно да се процени каде и кога се случило ова, но италијанскиот турист по име Кристијан Кастања, добро се снашол и покрај тоа што имал неочекуван гостин на грбот, додека уживал на една од плажите во Грција. Кога го забележал октоподот на неговиот грб, Кристијан се обидел сам да го тргне, но тој не се помрднал. Набрзо луѓето во негова близина се понудиле да му помогнат, бидејќи Кристијан не успеал сам да го извади октоподот. Нивната „борба“ продолжила, откако октоподот се префрлил на неговата рака. Бројни се коментарите на корисниците на социјалните медиуми. Повеќето од нив наведуваат дека немало да издржат ни десет секунди, доколку им се случело она што го издржал Кристијан. „Бог да чува“; „Сигурно би умрел“; „За 10 секунди би бил на другиот свет… Секој ден, во секој поглед, имам се помалку желба да одам на море“; „Ах, мајко мила… Каде е ова?“, гласат дел од коментарите. Во продолжение погледнете го целото видео:
@christiancastagna7 Ma non va più via #polpo #viral #fyp ♬ OUT NOW Enzo Smooth Operator - Enzo
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-vlegol-vo-grtsija-vo-more-izlegol-so-oktopod-na-grbot/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема за леб, а владата набавува октоподи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-narodot-nema-za-leb-a-vladata-nabavuva-oktopodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-narodot-nema-za-leb-a-vladata-nabavuva-oktopodi/#respond Fri, 23 Sep 2022 06:33:33 +0000 https://kurir.mk/?p=736460

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека лицемерната влада бара од граѓание да штедат, а тие аздисуваат со набавки на морски плодови. -Службата за општи и заеднички работи при Владата среде криза ќе потроши над 20 илјади евра за морска храна. Ова е спротивно на најавите кои ги имаа во влада дека ќе ги редуцираат луксузирањата. Да потсетиме дека милиони од народните пари беа потрошени среде криза за режано цвеќе, кафиња, набавки на службени возила, миење на службени возила, витрини, позлатени чинии, вилишки, лажици и ножеви. Самата власт призна дека иако знаеле за кризата во буџетот предвиделе 100 милиони евра непродукивни трошења, се наведува во соопштението на партијата. Клептоманите на власт, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, предводени од дезертерот Ковачевски може имаат ужасно ниска реализација на капитални инвестиции, ама затоа се махери за луксузирање. -Оттука македонската економија пропаѓа, а народот тоне во сиромаштија. Ги имаме убедливо најлошите параметри на Балканот, најниска стапка на странски инвестиции, најниска стапка на раст на БДП, највисока инфлација, половина милион граѓани во сиромаштија и рекорден износ на задолжување. Но Владата мува не ја лази што народот нема за леб, штом СОЗР набавува октоподи за министрите, стои во партиското соопштение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-narodot-nema-za-leb-a-vladata-nabavuva-oktopodi/feed/ 0
Додека 40 илјади луѓе останаа без работа, владата троши пари на октоподи и свежа риба https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-40-iljadi-lugje-ostanaa-bez-rabota-vladata-troshi-pari-na-oktopodi-i-sveza-riba/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-40-iljadi-lugje-ostanaa-bez-rabota-vladata-troshi-pari-na-oktopodi-i-sveza-riba/#respond Tue, 08 Sep 2020 11:27:13 +0000 https://kurir.mk/?p=400619

Во време на пандемија, здравствена и економска криза кога секојдневно се отпуштаат работници власта се луксузира. Како последица на кризата изминатите неколку месеци во Македонија без работа останаа околу 40.000 работници. Од друга страна Владата и општините се фрлиле на расипништво. На електронскиот систем за јавни набавки стои договор за набавка на прехранбени продукти пијалоци (безалкохолни и алкохолни) за потребите на Општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ на 26 август склучил договор за набавка на прехранбени продукти алкохолни и безалколни пијалоци за потребите на општината во вредност од 246.620,00 денари. Општина Центар направила набавка на кафе, растворливо кафе во гранули, разни видови чаеви бадеми, лешници, кикирики, индиски ореви за сопствени потреби. Министерството за одбрана и секторот логистика пак склучило договор за набавка на газирани пијалоци во вредност од 3 557 488,19 денари. Набавувала и Службата за општи и заеднички работи на Владата во периодот додека траеше корона кризата вршела набавки на луксузни добра како што се морски плодови свежа риба октопод, апетисани, кафе кадаиф и сувомеснато. Имено, Службата за општи и заеднички работи вршела набавка на морски плодови, свежа риба и окропод во износ од 565.299 денари, понатаму кафе и еспресо во износ од 1.707.039 апетисани во износ од 449.631 и сувомеснато во износ од 713.029 денари. Непродуктивните трошоци кога секојдневно се отпуштаат вработени се неосновани. Истите се доказ за расипничкото трошење на Владата во време на криза кога компаните и граѓаните едвај преживуваат, а владата се гости со пијалоци, морска храна, апетисани и сувомеснати. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dodeka-40-iljadi-lugje-ostanaa-bez-rabota-vladata-troshi-pari-na-oktopodi-i-sveza-riba/feed/ 0
Јанушев: Заев е главата на октоподот и главниот сатрап на судството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-zaev-e-glavata-na-oktopodot-i-glavniot-satrap-na-sudstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-zaev-e-glavata-na-oktopodot-i-glavniot-satrap-na-sudstvoto/#respond Sun, 23 Feb 2020 13:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=307711

Снимките покажуваат зошто Заев треба да оди во затвор и зошто мафијата има своја држава. Заев вели “близок сум со Јово”, “нема одлука на Врховен без Заев”, “или закон за СЈО или Врховен трас-трас, ќе ги падне случаите”! Ова накусо е вистинското лице на Зоран Заев кое покажува дека: Прво, криминалецот Зоран Заев е во исто време премиер и врховен судија! Второ, криминалецот Зоран Заев вели дека Катица Јанева го знае тоа и ги движи работите по тој терк! Трето, договорено е, или закон за СЈО или Врховен ќе ги падне случаите кои се сомничат за криминал. Зоран Заев е главата на октоподот и главниот сатрап на судството, реагира преку Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-zaev-e-glavata-na-oktopodot-i-glavniot-satrap-na-sudstvoto/feed/ 0
Октопод оставен пред Влада, на главата му пишува „Заев“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oktopod-ostaven-pred-vlada-na-glavata-mu-pishuva-zaev-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oktopod-ostaven-pred-vlada-na-glavata-mu-pishuva-zaev-foto/#respond Thu, 19 Sep 2019 08:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=242307

Голем октопод утрово е оставен пред Владата. На него е напишано презимето на премиерот, Заев. Граѓаните со ова порачуваат дека бараат расчистување на случаите како „Рекет“ и разврзување на целото клопче. Со овој “октопод“, каде што токму на главата е напишано Заев, граѓаните испраќаат важна порака. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oktopod-ostaven-pred-vlada-na-glavata-mu-pishuva-zaev-foto/feed/ 0
Стоилковски: Oбвинителството мора да даде прецизен одговор има ли недозволива финансиска поврзаност меѓу Боки 13 и Богоев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-obvinitelstvoto-mora-da-dade-precizen-odgovor-ima-li-nedozvoliva-finansiska-povrzanost-megju-boki-13-i-bogoev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-obvinitelstvoto-mora-da-dade-precizen-odgovor-ima-li-nedozvoliva-finansiska-povrzanost-megju-boki-13-i-bogoev/#respond Mon, 05 Aug 2019 12:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=226558

Октоподот не мирува, мирува само Русковска - обвинителството. Додека одмораат истовремено со Катица Јанева, октоподот и таканаречената невладина на владата за скандалот „Рекет“ каде членуваат половина СДСМ имаат можност слободно да уништуваат евентуални докази и да влијаат врз евентуални сведоци, ова денеска преку прес-конференција го истакнува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Стефан Богоев, градоначалникот на Општина Карпош е еден од функционерите на СДСМ кои што заедно со Фросина Ременски и Костадин Костадинов, се вплеткани во НВО која што е центарот на вниманието на скандалот „Рекет“. Граѓаните се уште немаат одговор за Меморандумот од ноември 2017 година. Стефан Богоев, како градоначалник потпишал Меморандум за соработка со Бојан Јовановски, како претседател на Меѓународниот сојуз, Сојуз внимавајте во чиј што Управен одбор е таткото на Стефан, Владо Богоев. Јавноста мора да знае за улогата на Богоеви и дали има евентуална злоупотреба преку меморандумот за заедничка реализација на проекти и колкава е улогата на Богоеви за телевизискиот презентиран проект „Европскиот комплекс за возрасни лица и мобилен сервис“ во општина Карпош. Презентација направена преку телевизијата на Бојан Јовановски, Боки13!Неспорна е блискоста на Богоеви со Бојан Јовановски, но обвинителството и градоначалникот на Карпош мора да кажат за планот за измена на деталниот урбанистички план заради комплексот на Боки 13, наречен „Карпош на вода“? Обвинителството мора да каже дали има злоупотреби на службената положба на Богоев за уредување на дворот на објектот на ТВ на Боки13?, прашува Стоилковсли.

Тој додава дека обвинителството мора да даде прецизен одговор има ли недозволива финансиска поврзаност меѓу Боки 13 и Богоев при локалните избори 2017 година? Тоа е истата година кога се одржаа локалните избори и бил потпишан меморандумот меѓу Боки13 и Стефан Богоев, градоначалникот. -Само за споредба, според извештаите објавени во медиумите, СДСМ за Стефан Богоев во Карпош нема потрошено ниту денар за закуп на билборди,  но за Богоев во Карпош биле закупени 78 билборди, со цени од 600 до 1.900 евра за еден ден. Доколку тие не постојат во ставката закуп на билборди во извештајот на партијата, значи дека се платени во готово, некаде околу 80 илјади евра. И тоа е само еден сегмент за финансирањето на кампањата. Па јавноста мора да знае дали Боки платил во замена за Меморандум и тоа што треба да следи по него? Оттука јавноста мора да ја знае вистината, дали има поврзаност меѓу недозволеното финансирање на кампањата и работата на Стефан Богоев на објектот на ТВ на Боки13 но и работа кон реализација, согласно меморандумот, на планот на Боки13 преку неговата рекет- организација за изградба на луксузен комплекс „Карпош на вода“?   Додека граѓаните тонат во сиромаштија, државата ја задолжуваат, а функционери обединети во државна мафија тераат рекет и самоволие, а обвинителството се одмора. Ете затоа на Македонија и е потребно право и правда, затоа на Македонија и е потребна обнова, и таа ќе се случи наскоро. Ве уверуваме дека сите кои што се огрешиле, ќе одговараат, а бројчаникот, навистина ќе врти!, потенцира Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-obvinitelstvoto-mora-da-dade-precizen-odgovor-ima-li-nedozvoliva-finansiska-povrzanost-megju-boki-13-i-bogoev/feed/ 0
Мицкоски: Власта сака компромитираното СЈО да го замени со исто такво, за да ги амнестира криминалите на октоподот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-saka-kompromitiranoto-sjo-da-go-zameni-so-isto-takvo-za-da-gi-amnestira-kriminalite-na-oktopodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-saka-kompromitiranoto-sjo-da-go-zameni-so-isto-takvo-za-da-gi-amnestira-kriminalite-na-oktopodot/#respond Sun, 21 Jul 2019 12:08:39 +0000 https://kurir.mk/?p=220715

Зоран Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за „Република’. Тој зборува за случајот „Рекет“ и низата нејаснотии кои се отвораат – зошто нема обвинение против специјалната обвинителка Катица Јанева, зошто Заев е нем за Кики и Фрики… Премиерот Зоран Заев одлучи да поднесе предлог на закон за организирање на Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, Вие сте против таквиот закон, кои се причините? Очекувате ли доближување на ставовите? Мицкоски: Предлогот на власта не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување на обвинителство кое ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод. Откако увиде премиерот дека ова постојно СЈО е компромитирано пред сé поради политичките влијанија кои тој и неговите луѓе ги вршат врз тоа обвинителство, дополнително притиснато од коруптивниот скандал во кој учествува првиот човек Јанева, тој практично го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да не се даде нов живот на тоа СЈО, туку да се формира ново обвинителство во рамките на постојното Јавно Обвинителство кое ќе се занимава со гонење на висока корупција и криминал. Но проблемот настанува кога Зоран Заев сака на сила да протурка решение кои би било ново СЈО затоа што тоа исто обвинителство би го воделе компромитирани кадри, па дури истите од ова постојното СЈО, со задача да му помогне на Заев да остане на власт, исто како што му помогна да дојде. И што би се случило хипотетички, би се продолжил случајот Талир кој е случај против ВМРО-ДПМНЕ и кој е исклучиво политички конструиран, а позади тоа би се амнестирале вистинските криминали на власта. Едноставно Владата покажува дека не е за сериозна пресметка со корупцијата и се става во улога да штити корупција. Тие трета година ја имаат одговорноста да ја водат државата, а зад себе немаат ниту една правна разрешница на некој криминален скандал. Ние не може да си дозволиме едно урнисано СЈО да го замениме со друго, како и да се вика новото, но тоа да биде еднакво неквалитетно, непрофесионално и корумпирано како постојново. Рускоска е предлогот на Заев за нов јавен обвинител на тој нов оддел. За Вас ова не е прифатливо. Зошто? Мицкоски: Заев го легитимираше она што одамна го велам, а тоа е дека Рускоска е негов избор, и сега сака една Катица Јанева да ја замени со друга Катица Јанева, овој пат со име Вилма Рускоска. Јасно е дека овој предлог не може да се разбере никако поинаку освен како мајтапење со законите и правната држава. Па не може жената која е персонификација на нестручно работење под политичка палка да се справи со криминалот и да донесе правда. По овој терк фали уште Кацарска да стане врховен судија или претседател на Апелација, па Зоран Заев комплетно да го деградира судството за да може слободно да се додаде префиксот СДСМ во имињата на овие институции. Зоран Заев како што ја фалеше Катица Јанева сега ја фали Вилма Рускоска, и да ви кажам тоа треба да не загрижи, зашто првава е дел од афера тешка неколку милиони евра, а вторава, како демек има улога да ја расветли, ама никако да стигне до Јанева, нејзините соработници од врхушката на власт, па дури и првиот човек на власта. Ви се молам, ова се сериозни работи, и сметам дека никако не може вака една одговорна функција да се препушти на такви кадри. Очекувате ли да собере Заев 2/3 мнозинство во Собранието за поддршка на законот? Мицкоски: Зоран Заев треба да разбере дека не е повеќе фактор кој може да наметнува услови и диктира темпо. Ако мисли дека може без главната опозициска парламентарна партија да носи вакви крупни закони, тогаш се лаже, а се лаже ако мисли дека повторно со притисоци и закани може да собира гласови на пратеници, зашто веќе земјава му го изгуби стравот на Заев, а неговите денови во политиката се броени. Логиката говори дека дури и ова СЈО беше изгласано во парламентот со консезуална поддршка на сите партии, и за тоа време кога се носеше тој закон Заев велеше дека е најлошо до тогаш, па прашањето е какво е ова време кога самиот Заев во улога на премиер си турка лични решенија за обвинителство без опозиција, и зошто воопшто го губеше времето со работните групи со кои ја замајуваше домашната и европската јавност?Одговорот е дека живееме 100 пати полошо од сите претходни времиња и криминалниот октопод е силно навлезен во сите пори на општеството. Заев и СДСМ излегоа со декларација за правдата и правната држава и Ве обвинуваат дека стоите на патот на правдата. Дали посакувате правда? Мицкоски: Прво Заев и СДСМ се трета година власт во земјава, што чекаа до сега, кој друг треба да ја донесе правдата. Тоа им е работата, за тоа земаат плата, 24 часа дневно, 365 дена во годината. Но со овие луѓе нема правда. Тие се извор на неправдата и заштитник на криминалот. Не може да очекувате правда од човек кому му е полна устата со криминал. Впрочем го видовме сите како бара евро за Вицето, евро за црквата во Струмица. Од ваков ли човек да очекуваме правда?! Тоа што крадат наратив од опозицијата за правна држава и владеење на правото само ги прави неуспешни и во полето на пр-от. Но кој им беше пречката до сега да стигнат до правдата? Па за само еден месец им видовме пратеник како бара по „пола” недозволена психотропна супстанца, слушнавме како градоначалник тепа човек во својата канцеларија, слушнавме како се договараат тендери за М-нав, како Заев комуницира со божемните Порошенко и Столтенберг, и како за 5 секунди влегува во подмитување на Вартоломеј, а еве овие денови гледаме и како СЈО работело, во дослух со луѓе од власта. И кажете ми во кој од овие случаи гледате одлучност на власта да се справи со криминалот?! Во ниту еден. Затоа што ние овој месец го гледаме тој криминален октопод како на излог, со сите нечистотии, аморални работи и несреќи на луѓе. Нема надеж дека било кој сегмент од оваа истрошена власт може да донесе правда. Затоа што тие ја погребуваат правдата, а како што знам да кажам, рибата мириса од главата, до првиот човек е. Со Зоран Заев нема правда. Изгледа навистина безобразно кога структура која направила и донела толку неправди, говори за правда. Тоа е толку пародоксално и нестварно, но и неодговорно. Како на клептоман да му подарите паричник на чување. Или како кога на тендер за рушење на дивоградби во Охрид ќе ви се јави фирмата на кралот на дивоградбите кој останува нечепнат само поради блискоста со владата. Едноставно Заев е должник и на криминалните рекетарски крила во државата кои му помогнаа да дојде на власт и да се одржува на власт. Сега истите тие луѓе ги испорачуваат барањата кои премиерот им ги ветил, и затоа ќе ни се случува предавање на ингеренциите од локална на централна власт. И кога ме прашувате дали посакувате правда ќе ви кажам дека нема човек во земјава кој посакува повеќе правда од мене и сум подготвен да одам до крајот за да ја добиеме. Случајот Рекет открива интересни детали, Рускоска вели дека во дел од снимените разговори е и Катица Јанева, Заев верува во личноста на Јанева. Мицкоски: Со секој поминат ден ќе се потврдува она што го говорам од почетокот. Сето ова не е возможно без согласност, логистика и поддршка на луѓето од врхушката на власта. Се работи за добро разработена шема која сочинува октопод чија глава е Зоран Заев. Кога веќе се знае ова ајде да ги проследиме нелогичностите со кои власта ја разводнува аферата. Како е возможно Катица Јанева да не биде приведена, доколку имала активен разговор со првобовинетиот во овој случај, кој пак е прв другар и соработник со Зоран Заев и врхушката на власта? Нели тоа е потврда на делото дека рекетот се одвивал со знаење и амин на првиот човек на компромитираното СЈО и врхушката на власт?! Ако тоа е така, зошто Јанева не е во притвор и зошто Заев ја штити? И тука ќе ве потсетам дека од почетокот прашував дали Катица Јанева е учесник во разговорите со осомничените и ја има во доказниот материјал. Власта и обвинителството одбегнуваа одговори, а еве полека се одмотува клопчето. Но, нема да се добие целата слика ако нема полна одговорност кај врхушката на власт. И бидејќи премиерот вели дека само еднаш се сретнал во второосомничениот во случајот Рекет, јас би го запрашал дали е потполно сигурен во ова негово тврдење, или се работи за повеќе средби? Како што ретерираше во повеќе наврати за многу други работи, да не ретерира и за ова. Но обвинителството негираше дека врз Катица Јанева има посебни истражни мерки? Мицкоски: Ако е така, зошто сé уште трагаат по нејзиниот втор телефон, и дали сето ова не е договорена фарса? Знае ли некој каде е во моментов Катица Јанева? Или тоа власта ќе го чува како некоја мистерија додека не смислат некој подобар план. Нема да има ништо се додека се чуваат заштитени вистинските закрилници на овој рекет. Се додека Кики ни кажува дека не е Кики, а Фрики молчи, се додека Заев се прави нем за неговите партиски соработници кои така молчејќи го прават и него соочесник и главен покровител на овој срамен криминал, криминалот ќе цвета. Треба да знаат дека нема правда без одговорнст, а одговорноста ќе ја побараме ние кога ќе се избориме за смена на власта. Седната недела доаѓа еврокомесарот Јоханес Хан, што очекувате од неговиот престој? Мицкоски: Очекувам изворно да се запознае со нашите позиции и со состојбите во државата. И меѓународната заедница ја споделува загриженоста со коруптивните скандали кои, за жал, стануваат секојдневие и се кочница за напредок. Воедно добро е да се слушнат и аргументите за воспоставување на механизам за независен обвинителен и судски систем како еден од предусловите за напредок во европските интеграции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vlasta-saka-kompromitiranoto-sjo-da-go-zameni-so-isto-takvo-za-da-gi-amnestira-kriminalite-na-oktopodot/feed/ 0
Рибар фатил школка, а од неа излегол октопод (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ribar-fatil-shkolka-a-od-nea-izlegol-oktopod-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ribar-fatil-shkolka-a-od-nea-izlegol-oktopod-video/#respond Tue, 16 Jul 2019 06:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=218871

Рибар во заливот Суруга, Јапонија, извлекол школка, ја ставил на палубата на бродот, а таа почнала невообичаено да се мрда и отвора. Изненадувачки е што од оклопот на школката излегло мало октопотче, кое од работ на бродот наречен „Аи Миура“ скокнало во морето. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ribar-fatil-shkolka-a-od-nea-izlegol-oktopod-video/feed/ 0
ВИДЕО: Научник затвори октопод во тегла, а неговата реакција мора да ја погледнете https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nauchnik-zatvori-oktopod-vo-tegla-a-negovata-reakcija-mora-da-ja-poglednete/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nauchnik-zatvori-oktopod-vo-tegla-a-negovata-reakcija-mora-da-ja-poglednete/#respond Sun, 12 May 2019 11:23:48 +0000 https://kurir.mk/?p=197029

Октопод или осмоног е животно од типот мекотели, во класата главоногите со околу 600 видови. Има 8 крака и може да достигне должина и до 3 метри, а голем период од животот го поминува криејќи се во карпи, дупки и пукнатини. Во краткото видео кое следува може да видите како реагира октопод кој е затворен во тегла. Ќе се изненадите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-nauchnik-zatvori-oktopod-vo-tegla-a-negovata-reakcija-mora-da-ja-poglednete/feed/ 0