олабавување мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 14 May 2021 06:07:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олабавување мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 До вторник скратен полициски час и олабавени мерки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-vtornik-skraten-policiski-chas-i-olabaveni-merki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-vtornik-skraten-policiski-chas-i-olabaveni-merki/#respond Fri, 14 May 2021 06:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=510081

Полицискиот час од синоќа почна од полноќ и траеше до четири часот изутринава согласно новиот предлог на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки. Олабавувањето на рестриктивните мерки уследи по намалувањето на бројот на новозаболени и хоспитализирани на корона вирусот во изминатиот период и намалувањето на притисокот врз болничките капацитети. Новите мерки, што Владата ги усвои во вторникот на седница, ќе важат до 18 мај. Од вторникот со продолжено работно време до 23:30 часот работат и угостителските објекти на летните тераси, а со работа почнаа и фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но за нив е задолжително почитување на протоколите за работа. Спортските натпревари и понатаму ќе се одржуваат без физичко присуство на публика. Како дел од олабавувањето на рестриктивните мерки е и дозволата да се организираат настани и слични јавни активности согласно протоколите за работа, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор. Засега, останува забраната за свадби и концерти. Останува и препораката за носење на заштитна маска на отворено. Според министерот за здравство Венко Филипче, се уште е рано да се смени оваа препорака. За ова било разговарано на последниот состанок на Комисијата за заразни болести, но заклучокот бил дека е рано за укинување на оваа препорака. Согласно новите мерки, сега и на здравствените работници им се дозволува користување на годишен одмор и платени отсуства, но тоа ќе се прави согласно планот на раководителот на установата за да се наруши нормалното и тековно функционирање на системот на работа во здравствените установи. Во градинките е дозволено зголемување на бројот на згрижени деца најмногу до 15 во воспитните групи до двегодишна возраст и до 20 деца во воспитните групи од 2-6 годишна возраст. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-vtornik-skraten-policiski-chas-i-olabaveni-merki/feed/ 0
Кипарската влада даде зелено светло за втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-vlada-dade-zeleno-svetlo-za-vtorata-faza-na-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-vlada-dade-zeleno-svetlo-za-vtorata-faza-na-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki/#respond Wed, 20 May 2020 10:23:43 +0000 https://kurir.mk/?p=348228

Со отворање на основните и дел од средни училишта, со целосно укинување на забраната за движење и полицискиот час и слободно движење во паркови, на плоштади и сл, со отворање на фризерските и козметичките салони, како и на кафулињата и угостителските објекти, од утре започнува втората фаза на олабавување на рестриктивните мерки на Кипар, откако Владата даде зелено светло, јави дописничката на МИА од Атина. На владината седница, како што соопшти портпаролот Кирјакос Кусиос, било одлучено освен планираното олабавување за 21 мај 2020 година, два дена подоцна да се отворат и религиозните објекти, плажите и обложувалниците. Во однос на образовните институции, градинките и високото (незадолжително) средно образование за деца од 15 до 18 годишна возраст ќе останат затворени, а ќе се отворат само основните и средните училишта што се дел од ниското (задолжително) средно образование. Во третата фаза, на 1 јуни 2020 година, вратите одново ќе ги отворат археолошките локалитети, музеите и библиотеките. Портпаролот на кипарската Влада, упати апел до граѓаните во име на претседателот и владата на земјата, да ги почитуваат превентивните мерки на лична хигиена и да го одржуваат потребното растојание. -Досегашниот одговорен став на нашите сограѓани ќе треба да продолжи. Пандемијата не заврши и ќе треба да го заштитиме она што сите заедно, со жртвувања и труд го постигнавме во земјата, рече Кусиос. На 4 мај со отворањето на продавниците, со исклучок на трговските центри, отворањето на пазарите, туристичките агенции, враќање на работа на државните службеници, беше воведена првата фаза од олабавувањето на рестриктивните мерки на Кипар, но за граѓаните продолжи да важи забраната за движење и полицискиот час Согласно последните официјални податоци од Министерството за здравство на Кипар, од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера регистрирани се 918 случаи на Ковид-19, а починаа 17 лица кај кои новиот коронавирус беше главната причина за смртта. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kiparskata-vlada-dade-zeleno-svetlo-za-vtorata-faza-na-olabavuvanje-na-restriktivnite-merki/feed/ 0