олабавување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 May 2022 10:04:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олабавување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕУ разгледува олабавување на еколошките прописи додека се намалува зависноста од руските енергенси https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razgleduva-olabavuvanje-na-ekoloshkite-propisi-dodeka-se-namaluva-zavisnosta-od-ruskite-energensi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razgleduva-olabavuvanje-na-ekoloshkite-propisi-dodeka-se-namaluva-zavisnosta-od-ruskite-energensi/#respond Thu, 12 May 2022 09:47:21 +0000 https://kurir.mk/?p=675561

Под притисок од високите цени на енергијата и со намера да стави крај на зависноста од руските гас и нафта, Европската Унија планира да ги олабави еколошките прописи за проекти за обновливи извори на енергија, пишуваат светски медиуми, а јави Радио слободна Европа. Европската Комисија сака да ја забрза зелената транзиција и да го намали потпирањето на руските горива со воведување нови мерки, што ќе овозможат, некои проекти за обновлива енергија да добијат дозвола во рок од година дена, според нацрт документот. Комисијата планира следната недела да го претстави пакетот мерки за да се стави крај на потпирањето на ЕУ врз Русија, со зајакнување на обновливи извори на енергија, штедење на енергија и зголемување на увозот на гас од други места. Британски медиуми укажуваат дека проекти за обновлива енергија често се соочуваат со далеку поголем период доцнење, поради бирократија, противење на локални заедници или загриженост за загрозени видови, па постојат стравови, оти, Унијата тешко ќе ја зголеми употребата на енергијата на ветрот и сонцето, доволно брзо за да ги исполни целите во борбата против климатски промени. Нацрт предлогот предвидува постоечките рокови и понатаму да важат за проекти надвор од соодветни области, што не би требало да се совпаѓаат со заштитени локации или патишта за миграција на птици. Приоритет би им се дал на покриви, области околу патишта и железнички шини, како и индустриски подрачја. Таквите области, според нацртот, и понатаму би биле подложни на еколошка оцена, но за поединечни проекти во нив не би имало потреба, освен ако значајно не влијае врз животната средина во некоја друга членка на ЕУ. Проекти со капацитет помал од 150 kW во соодветни услови би имале шестмесечен процес на издавање дозвола, или девет, доколку постојат проблеми околу безбедноста или влијание врз електричната мрежа. Руската инвазија на Украина ја поттикна ЕУ да забрза со усвојување алтернативи на фосилните горива, што инаку планираше со својот Зелен договор за борба против климатски промени да достигне нула емисии на јаглерод до 2050 година, пишува Фајненшл тајмс. Во ЕУ е постигнат договор, до 2030 година, 40 отсто од електричната енергија да се произведува од обновливи извори. Но, документот, што треба да биде објавен следната недела, мора да си стави повисока цел, со оглед на тоа дека повикува на зголемување на стапките за имплементација на проекти за зелена енергија за 30 отсто. ЕУ расправа за забрана за увоз на нафта од Русија во рок од шест месеци, додека ветува дека ќе ја прекине употребата на руски гас до крајот на годината, истакнува Фајненшл тајмс, укажувајќи дека рускиот гас покрива над 40 отсто од потрошувачката во ЕУ. Потпретседателот на Европската Комисија, одговорен за Зелениот договор, Франс Тимерманс на 10 мај изјави дека увезениот водород е единствената можна замена за гасот, што го користи европската тешка индустрија, а што, најголем дел, доаѓа од Русија. Повик за забрзување на зелената транзиција дојде и од над 100 компании, што сакаат ЕУ да го интензивира својот фокус на обновлива енергија, додека настојува да се стави крај на зависноста од руските фосилни горива, укажува Блумберг. Шефови на компании, меѓу нив и Мајкрософт, Unilever и H&M, наведоа дека сега е време ЕУ да биде храбра и да ги удвои напорите за исполнување на Зелениот договор. Руската инвазија на Украина ја влоши кризата во снабдување со енергија што веќе постоеше во Европа, доведувајќи ги цените на стоките до рекордни нивоа, подвлекува Блумберг и тврди дека ЕУ сега се соочува со потенцијални прекини во снабдувањето со гориво, бидејќи Русија се заканува оти ќе ја прекине испораката, доколку не биде платена во рубљи. ЕУ може да ја забрза зелената транзиција со зголемување на инвестиции во обновливи извори на енергија, подобрување на изолацијата на зградите и со поттик бизнисите да избираат технологии со ниска содржина на јаглерод, се наведува во писмото на шефовите на компаниите, каде Блумберг имаше увид. Според писмото, промените би можеле да помогнат и за намалување на даноците и мерките за поддршка на приходите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-razgleduva-olabavuvanje-na-ekoloshkite-propisi-dodeka-se-namaluva-zavisnosta-od-ruskite-energensi/feed/ 0
И покрај силниот бран на омикрон Холандија ги олабавува мерките: Се отвараат ресторани, театри, музеи… https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-silniot-bran-na-omikron-holandija-gi-olabavuva-merkite-se-otvaraat-restorani-teatri-muzei/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-silniot-bran-na-omikron-holandija-gi-olabavuva-merkite-se-otvaraat-restorani-teatri-muzei/#respond Wed, 26 Jan 2022 08:46:35 +0000 https://kurir.mk/?p=623047

Холандија од денеска отвора ресторани, театри, музеи и кина и покрај силниот бран на инфекции со варијантата омикрон на коронавирусот, објави холандскиот премиер Марк Руте. Кафулињата и рестораните, како и местата кои нудат културни содржини, ќе бидат отворени до 22 часот, но со рестриктивни мерки како задолжително носење маски и докази за вакцинација. Исто така, ќе и овозможи на јавноста повторно да учествува во спортски настани како фудбалски натпревари. Мерката за затворање продавници беше укината минатата недела, откако беше наметнато строго затворање на 18 декември. Притисокот врз владата да ги укине рестриктивните мерки беше огромен, пишува „Телеграф“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-silniot-bran-na-omikron-holandija-gi-olabavuva-merkite-se-otvaraat-restorani-teatri-muzei/feed/ 0
Австрија ги олеснува епидемиолошките мерки од 19 мај: Се отвораат угостителски објекти, спортот и туризамот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-gi-olesnuva-epidemioloshkite-merki-od-19-maj-se-otvoraat-ugostitelski-objekti-sportot-i-turizamot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-gi-olesnuva-epidemioloshkite-merki-od-19-maj-se-otvoraat-ugostitelski-objekti-sportot-i-turizamot/#respond Fri, 23 Apr 2021 15:42:27 +0000 https://kurir.mk/?p=501296

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денес објави дека ублажувањето на епидемиолошките мерки во целата земја ќе следи од 19 мај. - Среќен сум што предвидувањата се остварија. Можеме да се вратиме во нормала до лето. Се наоѓаме на последните метри од пандемијата - потенцира Курц на прес-конференцијата, пренесува Танјуг. Тој најави дека мерките ќе бидат релаксирани од 19 мај, а со тоа и отворање на угостителски објекти, спорт, туризам ... Во врска со ова, тој истакна дека граѓаните ќе го користат таканаречениот „зелен пасош“, доказ за прележан коронавирус, тестирање или вакцинација, за пристап до овие установи. Тој посочи дека, иако сегашната состојба изгледа добро, таа ќе продолжи да се следи со цел навремено да се реагира во случај на влошување. Училиштата ќе започнат нормално да работат од 26 април, ученици од основните училишта секој ден, и постари лица во смени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/avstrija-gi-olesnuva-epidemioloshkite-merki-od-19-maj-se-otvoraat-ugostitelski-objekti-sportot-i-turizamot/feed/ 0
Кипар дополнително ги олабавува рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-dopolnitelno-gi-olabavuva-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-dopolnitelno-gi-olabavuva-restriktivnite-merki/#respond Thu, 01 Apr 2021 09:23:38 +0000 https://kurir.mk/?p=490721

Отворање на дел од средните училишта во целата земја и основните училишта, но само во регионот Лимасол со физичко присуство на учениците, зголемување на бројот на присутни во приватните образовни институции за дополнителна настава, дозволено одржување на натпревари и првенства во индивидуалните спортови, се дел од новите мерки што од денеска стапуваат во сила на Кипар, по одлука на Владата за дополнително олабавување на рестрикциите, јави дописничката на МИА од Атина. Минатиот месец се отворија средните училишта за повисоките класови, а сега, во училишните клупи се враќаат и останатите средношколци и потребно ќе биде да имаат негативен рапид тест. Во приватните образовни институции за дополнителна настава, дозволено е присуство на вкупно седум лица (шест ученици и еден наставник). Нема промени во однос на полицискиот час и задолжителното испраќање смс порака за движење на граѓаните, со исклучок на викендите кога наместо две, дозволени се најмногу три пораки. Мерките се во сила до 30 април, а една седмица пред Велигден, кипарската Влада одново ќе ја разгледа епидемиолошката слика во земјата за евентуално прилагодување на мерките за празникот. Од денеска, се отвора и платформата за закажување термин за вакцинација за лицата над 64 годишна возраст. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-dopolnitelno-gi-olabavuva-restriktivnite-merki/feed/ 0
Германија конечно ги олабавува мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-konechno-gi-olabavuva-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-konechno-gi-olabavuva-merkite/#respond Wed, 03 Mar 2021 09:51:08 +0000 https://kurir.mk/?p=476440

Германската канцеларка Ангела Меркел и регионалните лидери се блиску до договор за постепено ублажување на ограничувањата поради коронавирусот, пренесува Ројтерс пред денешниот самит на канцеларката и премиер на провинциите, на кој ќе се дискутира за епидемиолошката состојба во земјата. Агенцијата наведува, според нацрт планот за кој имала увид, дека властите во Германија подготвуваат одлука за денешно постепено олеснување на епидемиолошките мерки на денешната средба, но дека правилата повторно може да се заострат доколку бројот на инфекции со Ковид 19 почнува да се зголемува. Според новиот план на владата од 8 март, ќе можат да се соберат најмногу пет лица од две домаќинства, освен деца на возраст под 14 години, а исто така цвеќарниците и книжарници, градинарски центри, како и салони за услуги за нега ќе се отворат повторно, пренесува Ројтерс. Бројот на случаи од „Ковид 19“ се зголеми денес во Германија за 9.019, додека беа пријавени 418 смртни случаи како резултат на болеста, но бројот на случаи на 100.000 луѓе е благо намален во последните седум дена, на 64 од 65,8 во вторникот. Ројтерс наведува дека според планот за кој имал увид, повторно се предвидуваат строги мерки доколку бројот на случаи надмине 100 до 100 000.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-konechno-gi-olabavuva-merkite/feed/ 0
Џонсон бара олабавување на мерките за да се спасат 3,5 милиони работни места https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-olabavuvanje-na-merkite-za-da-se-spasat-3-5-milioni-rabotni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-olabavuvanje-na-merkite-za-da-se-spasat-3-5-milioni-rabotni-mesta/#respond Sun, 07 Jun 2020 10:18:15 +0000 https://kurir.mk/?p=354733

Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на министрите во неговата влада што е можно поскоро да ги укинат мерките за изолација за да се спречи околу 3,5 милиони луѓе да ги загубат своите работните места, напиша денеска лондонскиот весник „Сан“. Весникот вели дека веста доаѓа откако премиерот потпиша нови мерки за зајакнување на економијата, а откако претходно министерот за економија Алок Шарма го известил дека се загрозени повеќе од три милиони работни места во секторот на угостителство. Според весникот, Џонсон на предупредувањето одговорил со „Господи!“. Весникот наведува дека тој, наводно, на група министри им дал задача до јули да излезат со мерки за да може животот колку толку да се врати во нормала. -Не би рекол дека ни се заканува цунами од загуби на работни места, но тоа ќе биде доста голем бран, изјави неименуван британски функционер, запознатн со ситуацијата. Велика Британија е на второ место во светот според бројот на смртни случаи од коронавирусот со 40.465 смртни случаи, а досега 284.868 се регистрирани како заразени. Водечките британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон да нареди земјата да се подготви за вториот бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат доколку земјата не го подобри одговорот на Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-olabavuvanje-na-merkite-za-da-se-spasat-3-5-milioni-rabotni-mesta/feed/ 0
По девет седмици, олабавување на мерките и во Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-devet-sedmici-olabavuvanje-na-merkite-i-vo-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-devet-sedmici-olabavuvanje-na-merkite-i-vo-moskva/#respond Mon, 01 Jun 2020 14:44:50 +0000 https://kurir.mk/?p=352455

Властите во Москва од денеска почнаа да ублажуваат одредени мерки воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, девет недели по нивното воведување, иако бројот на случаи продолжи да расте. Од денеска, парковите и трговските центри се отворени, а на граѓаните им е дозволено да шетаат и вежбаат по првпат од воведувањето на мерките, пренесува Би Би Си. Како што се наведува, иако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека епидемијата го достигнала својот врв, бројот на пациенти продолжува да расте. Најголем број пациенти во цела Русија се забележани во Москва, но и најголем број смртни случаи, но сепак, градоначалникот дозволи отворање на продавници, книжарници, трговски центри, паркови …На граѓаните им е дозволено да одат на прошетка три пати неделно во периодот од 9.00 до 21.00 часот и со употреба на рота-систем се мери колку долго биле надвор. Јавните собири се уште се забранети до 14 јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-devet-sedmici-olabavuvanje-na-merkite-i-vo-moskva/feed/ 0
Комисијата за заразни болести ги демантира информациите дека е донесена одлука за целосно олабавување на мерките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-gi-demantira-informaciite-deka-e-donesena-odluka-za-celosno-olabavuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-gi-demantira-informaciite-deka-e-donesena-odluka-za-celosno-olabavuvanje-na-merkite/#respond Tue, 26 May 2020 13:55:11 +0000 https://kurir.mk/?p=350406

Комисијата за заразни болести ги демантира информациите кои се пласирани денеска во одредени медиуми дека на утринскиот состанок е донесена одлука за целосно олабавување на мерките заради тоа што истите не се почитувале од граѓаните. Сите досегашни мерки и предлози до Владата, Комисијата за заразни болести ги носи врз основа на темелни анализи на состојбата со епидемијата во земјата. Денеска на прес конференција, ставот на Комисијата детално ќе го образложи Др. Жарко Караџовски, претстедател на Комисијата за заразни болести.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-za-zarazni-bolesti-gi-demantira-informaciite-deka-e-donesena-odluka-za-celosno-olabavuvanje-na-merkite/feed/ 0
Меркел: Германија многу внимателно ќе почне со олабавување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-germanija-mnogu-vnimatelno-kje-pochne-so-olabavuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-germanija-mnogu-vnimatelno-kje-pochne-so-olabavuvanje-na-merkite/#respond Wed, 15 Apr 2020 18:54:31 +0000 https://kurir.mk/?p=332860

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска најави дека мерките за физичко дистанцирање ќе останат на сила, но дека ќе има многу внимателно постепено олабавување на некои рестриктивни мерки, како што е отворање на дел од продавниците во понеделник. Меркел, по состанокот со премиерите на покраините, рече дека Германија постигнала успех во борбата против коронавирусот, бидејќи е спречено преоптоварување на здравствениот систем. – Тоа што го постигнавме е само етапен успех, кој е многу кревок. Се согласивме дека не треба да има избрзано дејствување. Треба да разбереме дека ќе мора да живееме со овој вирус сè додека не се пронајде лек или вакцина и затоа треба да го обезбедиме она што го постигнавме, рече Меркел на прес-конференција. Таа истакна дека е договорено мерките, како што е задолжително држење растојание во јавност меѓу лица од најмалку 1,5 метри, да останат на сила, како и одредбата со која се забранува движење со повеќе од едно лице кое не е од исто домаќинство. Исто така, рече дека сите прекршувања ќе продолжат да бидат строго казнувани. Меркел смета дека треба да има можност за што побрзо откривање на синџирот на инфекцијата, за што, како што рече, веќе се работи на подготвување апликација. – Ако сме во состојба да го ограничиме жариштето, тогаш олабавувањата на мерките не се проблематични, рече Меркел. Исто така, рече дека ќе им се препорача на граѓаните да носат заштитни маски во јавниот превоз и во продавници. Германската канцеларка најави дека од 4 мај ќе се отворат училиштата за матурантите и другите завршни одделенија, додека основните училишта и градинките ќе останат затворени. – Наставата мора да биде организирана во мали групи и мора да биде изграден концепт за паузи, но и за превоз, појасни Меркел. Што се однесува до фризерските салони, тие ќе почнат да работат од 4 мај, но со концепт за одржување хигиена. Во однос на верските заедници, таа им се заблагодари на црквите за поддршката на мерките за време на Велигден и најави дека верските собирања и натаму нема да се одржуваат. Меркел рече дека од понеделник можат да почнат со работа продавниците кои имаат површина до 800 метри квадратни, но со добар концепт за користење и хигиена и да воспостават ред за да не се создава метеж. Премиерот на Баварија, Маркус Шедер рече дека е договорено продавниците да се отвораат со јасен концепт за заштита и мерки, како што е ограничување на купувачите, еден на 20 метри квадратни. Шедер истакна дека хотелите и трговските центри нема да почнат со работа и дека до крајот на август нема да се одржуваат големи манифестации. Во однос на училиштата, Шедер појасни дека градинките и основните училишта од прво до трето одделение и натаму нема да работат, бидејќи, како што рече, не може од мали деца да се бара да разберат дека мора да носат заштитни маски. На прес-конференцијата беше најавено дека состаноците на канцеларката Меркел со премиерите на покраините ќе се одржуваат на секои две недели за да се разгледува развојот на ситуацијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/merkel-germanija-mnogu-vnimatelno-kje-pochne-so-olabavuvanje-na-merkite/feed/ 0