Оле Ејнар Бјерндален – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Apr 2018 14:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Оле Ејнар Бјерндален – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бјерндален ја заврши кариерата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bjerndalen-ja-zavrshi-karierata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bjerndalen-ja-zavrshi-karierata/#respond Tue, 03 Apr 2018 14:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=35860

Легендарниот норвешки бијатлонец Оле Ејнар Бјерндален соопшти дека се повлекува од активната спортска кариера во која доминираше повеќе од две децениии. -  Мојата мотивација е незадржлива, бијатлонот се уште ми е интересен, но ова беше моја последна сезона, истакна Бјерндален. Тој му се заблагодари на своето семејство, но и на норвешкиот народ за постојаната поддршка во текот на кариерата, при што 44-годишниот спортист додаде дека минатата година имал проблеми со срцето и тоа дополнително ја забрзало одлуката за пензионирање. -  Медицинскиот тим и терапиите многу ми помогнаа, поради што сум им многу благодарен, истакна Бјерндален. Норвешкиот бијатлонец нагласи дека прво ќе се посвети на семејството и одморот, а дури потоа ќе одлучи како ќе продолжи. Оле Ејнар Бјерндален има 13 медали на Зимските олимписки игри, од кои осум златни, четири сребрени и една бронзена. На светските шампионати 20 пати го има освоено златниот медал, како и 14 сребрени и 11 бронзени. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/bjerndalen-ja-zavrshi-karierata/feed/ 0