олег данченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 17 Jan 2022 21:21:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олег данченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сопругата на украинскиот фудбалер загина во страшна несреќа – камион и го смачка скапоцениот мерцедес и тоа на најважниот ден за него (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/soprugata-na-ukrainskiot-fudbaler-zagina-vo-strashna-nesrekja-kamion-i-go-smachka-skapoceniot-mercedes-i-toa-na-najvazniot-den-za-nego-video/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/soprugata-na-ukrainskiot-fudbaler-zagina-vo-strashna-nesrekja-kamion-i-go-smachka-skapoceniot-mercedes-i-toa-na-najvazniot-den-za-nego-video/#respond Mon, 17 Jan 2022 21:21:10 +0000 https://kurir.mk/?p=620572

Викторија Данченко (27), сопругата на фудбалерот Олег Данченко, почина по тешка сообраќајна несреќа што се случила во Одеса. Она што е дополнително трагично е што се` се случило истиот ден кога нејзиниот сопруг потпишал договор со Зорја од Луганск и се согласил да се врати во родната земја.
Според информациите кои доаѓаат од Украина, Викторија била зад воланот на мерцедесот на Олег, а сообраќајната несреќа се случила кога удрила во друг автомобил на патот. Нејзиното возило потоа било удрено од камион, а безживотното тело на Викторија пожарникарите го извлекле од искршениот автомобил.
Пожарникарите со часови имале проблеми да го извлечат телото на сопругата на фудбалерот од возилото, а автомобилот со кој се возела е целосно уништен. Според некои извори од Украина, причина за несреќата е преголемата брзина со која Викторија често се фалела.
Таа и пред сообраќајната несреќа во која загинала, се снимала себеси додека вози.
Олег Данченко (27) е поранешен млад репрезентативец на Украина, а во својата богата кариера го носеше дресот на Шахтјор, руски Рубин, АЕК Атина, како и бројни помали екипи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/soprugata-na-ukrainskiot-fudbaler-zagina-vo-strashna-nesrekja-kamion-i-go-smachka-skapoceniot-mercedes-i-toa-na-najvazniot-den-za-nego-video/feed/ 0