олег дерипаска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Mar 2022 13:55:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олег дерипаска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Активисти ја окупираа вилата на рускиот олигарх Дерипаска во Лондон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-ja-okupiraa-vilata-na-ruskiot-oligarh-deripaska-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-ja-okupiraa-vilata-na-ruskiot-oligarh-deripaska-vo-london/#respond Mon, 14 Mar 2022 13:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=647002

Активисти денеска зазедоа вила во Лондон што е поврзана со рускиот олигарх Олег Дерипаска, истакнувајќи дека имотот ќе се користи за поддршка на украинските бегалци. Британската Влада го замрзна имотот на Дерипаска минатата недела, откакоа ги прошири санкциите кон богатите Руси и компании со цел да изврши притисок врз претседателот Владимир Путин да стави крај на инвазијата на Украина. Во соопштението за санкциите, Дерипаска е идентификуван како истакнат про-Кремљ олигарх кој е тесно поврзан со Путин. Активистите развиориле украински знамиња и транспарент, на кој пишувало „Имотот е слободен“ на балконот на вилата на Плоштад Белгрејв број 5, каде главно се сместени странски амбасади и куќи на богаташи од целиот свет. – Со окупација на вилата сакаме да покажеме солидарност со народот на Украина, но и со народот на Русија кој никогаш не се согласи на ова лудило. Како и секогаш со војните, империите имаат корист, а обичните луѓе ја плаќаат цената, соопштија активистите. Британија е критикувана за бавното воведување санкции против богатите Руси кои го преплавија Лондон во изминатите 30 години и ја поттикнаа градската економија. Американската влада го санкционираше Дерипаска во 2018 година, тврдејќи дека им помага и ги поддржува руските „злобни активности“ низ светот. Во документите за санкциите на САД е наведена и адресата Плоштад Белгрејв бр.5 во Лондон како имот на Дерипаска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aktivisti-ja-okupiraa-vilata-na-ruskiot-oligarh-deripaska-vo-london/feed/ 0
„Њујорк тајмс“: ФБИ од Дерипаска сакал да направи свој шпион https://arhiva.kurir.mk/makedonija/njujork-tajms-fbi-od-deripaska-sakal-da-napravi-svoj-shpion/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/njujork-tajms-fbi-od-deripaska-sakal-da-napravi-svoj-shpion/#respond Mon, 03 Sep 2018 09:36:39 +0000 https://kurir.mk/?p=95618

Американските специјални служби се обиделе да го направат рускиот  бизнисмен Олег Дерипаска шпион и да добијат информации од него за наводно учество на Русија во изборите во САД. Тие напори не успеаја да донесат плод, пишува „Њујорк тајмс". Според извори на американскиот весник, ФБИ во 2014 и 2016 година се обиде да го принуди Дерипаска да работи за нив како информатор во замена за ветување дека ќе ги реши проблемите со добивањето на американска виза. Меѓу посредниците  биле сега веќе поранешниот висок американски официјален претставник Брус Ор и поранешниот британски разузнавачки агент Кристофер Стил, кои работеле заедно, пишува весникот. Стил е автор на т.н. досие Доналд Трамп, кое содржи непроверени компромитирачки информации за американскиот претседател. Според „Њујорк тајмс", САД првично сакале од Дерипаска да добијат информации за наводната поврзаност на рускиот организиран криминал со руското раководство. Според извори на весникот, бизнисменот за време на состанокот со американските официјални лица изјавил дека таквите тврдења се погрешни. Тој не изразил желба повторно да се сретне со нив. Во септември 2016 година, соработници на ФБИ  без претходна најава се појавиле во куќата на Дерипаска во Њујорк и почнале да го прашуваат дали поранешниот шеф на штабот на Трамп,  Пол Манафорт бил врска помеѓу предизборните кампањи на Републиканската партија и Кремљ. Според весникот, Дерипаска ја сметал таквата теорија за апсурдна и рекол дека немало нелегална комуникација меѓу помошникот на Трамп и Русија. „Њујорк тајмс“ пишува дека тогаш Министерството за правда и ФБИ сфатиле дека обидите да врбуваат Русин претрпеле неуспех. Според податоците на изворот на весникот, бизнисменот ги известил руските власти за состаноците со претставниците на ФБИ. Во април 2018 година, Америка воведе санкции против Дерипаска и низа компании, кои се поврзани со него.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/njujork-tajms-fbi-od-deripaska-sakal-da-napravi-svoj-shpion/feed/ 0
Форбс: Дерипаска загуби речиси една милијарда долари заради вклучувањето во списокот на санкции на Вашингтон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-deripaska-zagubi-rechisi-edna-milijarda-dolari-zaradi-vkluchuvanjeto-vo-spisokot-na-sankcii-na-vashington/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-deripaska-zagubi-rechisi-edna-milijarda-dolari-zaradi-vkluchuvanjeto-vo-spisokot-na-sankcii-na-vashington/#respond Sat, 07 Apr 2018 12:11:24 +0000 https://kurir.mk/?p=37584

Рускиот бизнисмен Олег Дерипаска изгубил за еден ден 957 милиони долари заради новите американски санкции, објави Форбс. Министерството за финансии на САД вчера воведе санкции за седум руски претприемачи и против 12 компании кои тие ги контролираат, како и против 17 високи руски владини претставници. Дерипаска е на списокот како и компаниите што ги контролира. На списокот е и Сулејман Каримов кој загубил 244 милиони долари како и Виктор Шамалов кој загуби заради санкциите 41 милион долари. Форбс во 2017 година го процени богатството на Дерипаска на 5,3 милијарди долари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-deripaska-zagubi-rechisi-edna-milijarda-dolari-zaradi-vkluchuvanjeto-vo-spisokot-na-sankcii-na-vashington/feed/ 0