олег сенцов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 12 Dec 2018 19:41:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олег сенцов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Наградата „Сахаров“ врачена на украинскиот режисер Олег Сенцов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradata-saharov-vrachena-na-ukrainskiot-reziser-oleg-sencov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradata-saharov-vrachena-na-ukrainskiot-reziser-oleg-sencov/#respond Wed, 12 Dec 2018 19:41:56 +0000 https://kurir.mk/?p=139445

Не е важно како некој живеел или како ќе умре, туку каква кауза има, изјави украинскиот режисер Олег Сенцов, кој  се наоѓа во руски затвор, во текст што неговата братучетка Наталија Каплан го прочита на церемонијата на доделувањето на наградата на Европскиот парламент за слобода на мислата „Сахаров“ во Стразбур. – Современиците не се секогаш правични, но историјата е, и секој го добива местото и името што му е дадено, наведува режисерот во пораката. Тој му оддава почит на Андреј Сахаров, истакната личност меѓу дисидентите од советската ера, по кого е именувана наградата. – За да го поврзам моето име со неговото е голема чест за мене. Се надевам дека ќе имам повеќе време да направам нешто за да почувствувам дека ја заслужив таа награда, додава Сенцов. Украинскиот режисер Олег Сенцов (42), во 2015 година беше осуден на 20 години затвор во Русија, за тероризам. Тој е еден од најгласните критичари на нелегалната анексија на Крим од страна на Русија. Сенцов 145 денови штрајкуваше со глад. Украинскиот режисер ќе добие и 50.000 евра за неговиот придонес во борбата за човекови права. За наградата „Сахаров“ годинава беа номинирани организациите кои ги спасуваат мигрантите на море и мароканскиот активист Насер Зефзафи. Наградата „Сахаров“ ја доделува ЕП секоја година на најзаслужното лице или организација во областа на заштита на човековите права и слободата на изразување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nagradata-saharov-vrachena-na-ukrainskiot-reziser-oleg-sencov/feed/ 0
Олег Сенцов добитник на Европската награда за човекови права https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleg-sencov-dobitnik-na-evropskata-nagrada-za-chovekovi-prava/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleg-sencov-dobitnik-na-evropskata-nagrada-za-chovekovi-prava/#respond Thu, 25 Oct 2018 11:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=119354

Украинскиот режисер, Олег Сенцов, кој е осуден на 20 години затвор во Русија, е добитник на овогодинешната „Награда Сахаров“ на Европскиот Парламент. Сенцов во 2015 година е осуден за тероризам. Тој е еден од најгласните критичари на нелегалната анексија на Крим од страна на Русија. Сенцов 145 денови штрајкуваше со глад. Украинскиот режисер ќе добие и 50.000 евра за неговиот придонес во борбата за човекови права. За „Наградата Сахаров“ годинава беа номинирани организациите кои ги спасуваат мигрантите на море и мароканскиот активист, Насер Зефзафи. Награда Сахаров ја доделува ЕП секоја година на најзаслужното лице или организација во областа на заштита на човековите права и слободата на изразување. Наградата е наречена по рускиот научник и дисидент Андреј Сахаров. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleg-sencov-dobitnik-na-evropskata-nagrada-za-chovekovi-prava/feed/ 0
Олег е осуден на 20 години затвор и веќе 134 дена штрајкува со глад, но вчера стана почесен граѓанин на Париз https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleg-e-osuden-na-20-godini-zatvor-i-vekje-134-dena-shtrajkuva-so-glad-no-vchera-stana-pochesen-gragjanin-na-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleg-e-osuden-na-20-godini-zatvor-i-vekje-134-dena-shtrajkuva-so-glad-no-vchera-stana-pochesen-gragjanin-na-pariz/#respond Tue, 25 Sep 2018 10:10:25 +0000 https://kurir.mk/?p=105671

Украинскиот филмски режисер осуден на 20 години затворска казна во Русија вчера беше прогласен за почесен граѓанин на Париз. Олег Сенцов беше уапсен и осуден во 2014 година бидејќи протестираше поради анексијата на Крим од страна на Русија. Советот на градот едногласно го одобри предлогот без оглед на партиската припадност, објавија француските медиуми. Сенцов веќе 134 дена штрајкува со глад во затвор во знак на солидарност со 70 политички затвореници. - Париз е познат како престолнина на човековите права, ние имаме одговорност да ги промовираме овие вредности секаде во светот. Олег Сенцов мора да биде ослободен, изјави градоначелничката на Париз, Ан Хидалго. Иако Париз само еднаш одобрува статус на почесен граѓанин, а во јуни веќе му го додели на активистот Набил Ражаб од Бахреин, градот оцени дека ситуацијата на Сенцов е премногу итна и дека овојпат треба да се прекрши правилото. Градоначалничката порача дека вчерашното гласање на градот е знак дека има надеж и дека Сенцов се уште може да биде спасен. Иако штрајкот со глад на украинскиот режисер не е целосен, тој прима околу три литри вода дневно и две лажици прехранбени супститути – неговата здравствена состојба е загрижувачка, според информациите кои пристигнуваат од неговиот адвокат.  Во август тој порача дека Сенцов изгубил триесет килограми и дека се соочува со иреверзибилни здравствени проблеми. Франција е меѓу најгласните држави во светот за случајот со Олег Сенцов. Претседателот Емануел Макрон редовно ја отвора темата при средите со Владимир Путин. Во август Макрон побара од Путин пристап до затвореникот за независни доктори, но рускиот претседател одби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oleg-e-osuden-na-20-godini-zatvor-i-vekje-134-dena-shtrajkuva-so-glad-no-vchera-stana-pochesen-gragjanin-na-pariz/feed/ 0
ЕУ бара соодветна медицинска помош за Олег Сенцов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-soodvetna-medicinska-pomosh-za-oleg-sencov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-soodvetna-medicinska-pomosh-za-oleg-sencov/#respond Fri, 10 Aug 2018 13:14:00 +0000 https://kurir.mk/?p=86590

Украинскиот режисер, Олег Сенцов, кој почна штрајк со глад во затвор откако беше уапсен во Крим е во се полоша здравствена состојба. Високата претставничка за надворешни работи на Европска унија, Федерика Могерини побара од Русија да му пружи н Сенцов „соодветен третман“ во медицинска установа и во согласност со препорака на Европскиот суд за човекови права од 25 јули. - ЕУ очекува меѓународните стандарди за човеки права да бидат почитувани на Полуостровот и сите нелегално затворени украински граѓани во Русија и на Крим да бидат ослободени без одлагање Сенцов беше уапсен затоа што протестираше против анексијата на Крим од страна на Руската Федерација на 10 мај 2014 година и е осуден на дваесет години затвор за „учество во терористичка група“. Француски весник „Ле Монд“, вчера објави едиторијал во кој бара од Франција и од ЕУ итно да протестираат и да им порачаат дека случајот со Сенцов е неприфатлив. - Европските лидери можат и мораат да направат повеќе. Тие не можат да го игнорираат фактот дека во минатотот Владимир Путин бил чувствителен на притисокот на јавноста и на лидерите. Михаил Ходорковски, Пуси Рајот, украинската пилотка Надја Савченко сите беа ослободени предвреме. Се уште постои надеж и треба да се зграпчи, повикува редакција на еден од највлијателните француски дневни весници. Сенцов на 14 мај почна штрајк со глад за да протестира против затворањето на 70 Украинци од страна на Русија од политички причини. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-bara-soodvetna-medicinska-pomosh-za-oleg-sencov/feed/ 0