Олександер Сирски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 Oct 2023 15:28:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олександер Сирски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сирски: Ситуацијата на боиштето ескалирала, Русите сакаат да се одмаздат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirski-situatsijata-na-boishteto-eskalirala-rusite-sakaat-da-se-odmazdat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirski-situatsijata-na-boishteto-eskalirala-rusite-sakaat-da-se-odmazdat/#respond Mon, 16 Oct 2023 15:28:41 +0000 https://kurir.mk/?p=889437

Командантот на украинските копнени сили Олександер Сирски изјави дека ситуацијата на североисточниот дел на фронтот „значително ескалирала“. Тој посочи дека руските сили се надеваат дека ќе ја пробијат одбраната во правец Купјанск-Лиман. Сирски смета дека руската армија всушност сака „одмазда“ со враќање на териториите кои некогаш биле под нејзина окупација. На почетокот на август Русија започна напад врз Купјанск и околината, поместувајќи ја линијата на фронтот за околу три километри. Гранати паднаа врз градот, принудувајќи ги локалните власти да започнат со евакуација на цивилите. Украинците минатата недела известија за жесток руски напад врз Авдијевка, град северно од Доњецк. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirski-situatsijata-na-boishteto-eskalirala-rusite-sakaat-da-se-odmazdat/feed/ 0
Сирски: На боиште доаѓаат се подобро обучени руски војници https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirski-na-boishte-doagjaat-se-podobro-obucheni-ruski-vojnici/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirski-na-boishte-doagjaat-se-podobro-obucheni-ruski-vojnici/#respond Mon, 05 Dec 2022 13:20:35 +0000 https://kurir.mk/?p=771185

Генерал Олександер Сирски, командант на украинските копнени сили, изјави дека на боиште доаѓаат се подобро обучени руски војници, по неодамнешната мобилизација која ја спроведе Москва. За националната телевизија тој истакна дека мобилизацијата ја зголемила воената закана на Русија во Украина, но дека Москва моментално користи многу стара опрема, бидејќи има огромни проблеми со обновата на залихите. – На источното боиште ситуацијата е многу напната, непријателот секојдневно ги напаѓа нашите единици. Ваков број војници ја зголеми заканата за нас и тоа не се само зборови – тоа се нови бригади, нови баталјони кои се обучени, ова е дополнение кое војската го чекаше, бидејќи беше исцрпена, одговори Сирски на прашање за последиците од мобилизацијата која Москва ја нареди во септември. – Тие кои сега доаѓаат подобро се обучени од тие кои претходно беа испраќани на фронт, додаде Сирски. Сепак, тој посочува дека наспроти зголемената закана руските сили бавно напредуваат околу градот Бахмут во кој моментално се водат најтешките борби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sirski-na-boishte-doagjaat-se-podobro-obucheni-ruski-vojnici/feed/ 0