Олександр Онишченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 17 Dec 2022 11:17:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олександр Онишченко – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ковачки: Ковачевски и Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски со чиј потпис Онишченко доби македонско државјанство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/#respond Sat, 17 Dec 2022 11:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=776971

Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ за директор на АНБ го назначуваат Зарко Милошевски, човекот со чиј потпис Онишченко добива македонско државјанство, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција. Како што истакна документот кој е објавен на социјалните мрежи покажува дека Зарко Милошевски го дал позитивното мислење како последен во постапката за проверка на безбедносни пречки. -На овој документ Милошевски е потпишан како овластено лице кое одобрило Известување до Секторот за управно надзорни работи, дека не постојат пречки од безбедносен карактер за Онишченко да добие државјанство. Зарко Милошевски е клучна алка за Онишченко да добие државјанство. Ова одобрение е издадено на 03.03.2022 година, во време кога премиер е Ковачевски. Овој предмет чекал повеќе од 9 месеци на одобрување во време кога премиер е Заев, а се решава само за 3 месеци откако доаѓа Ковачевски. Кој е интересот на Ковачевски за давање на државјанство на Онишченко, и дали Зарко Милошевски е поставен за директор на АНБ како награда или за да молчи за одредени процеси? Треба ли Зарко Милошевски да молчи зошто му е дадено државјанство на Онишченко и да ги прикрива своите шефови Ковачевски и Зечевиќ или треба да биде главен актер при давање на нови државјанства на сомнителни ликови од Далечниот Исток? Зарко Милошевски е дел од луѓето на Зечевиќ. Но, дали истиот е и дел од планот на Артан Груби и Миле Зечевиќ за давање на 20-тина македонски државјанства на лица од Сингапур, Хонг Конг, Тајван и други држави од Далечниот Исток преку Технолошко-индустриската развојна зона во Тетово?, прашува Ковачки. Посочува дека според планот на Зечевиќ и Артан Груби, во Македонија постои можност државата да додели државјанство на странски лица поради постоење на посебен економски интерес од истите во вид на инвестиција вредна над 400.000 евра. Врз основа на вакви инвестиции Милошевски треба да потпише над 20-тина државјанства на луѓето од Далечниот Исток, а правен застапник на истите да биде адвокатската канцеларија на Миле Зечевиќ. -Практично државјанствата на луѓето од Далечниот Исток ќе бидат исплатени. Тука се поставува прашањето дали во форма на адвокатски услуги ќе се плаќа провизијата за услугите пружени од АНБ и дали низ вака разработена шема треба да се одглават и над 3000 барања за македонско државјанство кои стојат во фиока, а за кои алармираат структурите на ДУИ? Па од тука јасно е зошто за Зарко Милошевски постои консензус меѓу СДС и ДУИ. Наместо безбедносните служби да бидат во функција на безбедноста на државата, СДС и ДУИ ги упропастија и истите ги користат за свое лично богатење, нагласи Ковачки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-kovachevski-i-zechevikj-za-direktor-na-anb-go-naznachuvaat-zarko-miloshevski-so-chij-potpis-onishchenko-dobi-makedonsko-drzavjanstvo/feed/ 0
Закажано продолжение на сослушувањето на Димовски пред матичната собраниска комисија за случајот Онишченко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/#respond Thu, 15 Dec 2022 06:36:16 +0000 https://kurir.mk/?p=775751

Претседателот на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање Љупчо Пренџов за денеска го закажа продолжението на седницата на која сега веќе поранешниот дирекрот на АНБ Виктор Димовски треба да продолжи со рефереирање за улогата на Агенцијата во безбедносната проверка на лицето Александр Онишченко при давањето на позитивно мислење за добивање македонско државјанство. Првото продолжение на седницата, кое беше затворено за јавноста, беше прекинато бидејќи имаше информации дека на јутјуб се слуша она што го зборувал Димовски. Собранискиот спикер Талат Џафери го информираше МВР и беше спроведена истрага. Денешното продолжение Пренџов го закажа откако јавноста беше информирана дека извештајот од МВР пристигнал. Во меѓувреме Владата побара одземање на државјанството на Онишченко и спроведува истрага за случајот, а вчера исто така е именуван и нов директор на Агенцијата за национална безбедност. Станува збор за Зарко Милошевски кој досега бил помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО регистар во АНБ. Досегашниот директор на АНБ Димовски заминува на амбасадорката позиција во Париз. Претседателот на Комисијата за надзор на безбедносните служби Пренџов, и покрај тоа, закажа продолжение на отчетот на Димовски и очекува тој да се појави во Парламентот. По првото продолжение на седницата Димовски изјави дека лоцирано е едно лице во АНБ кое без да се консултира со меѓународните партнери во НАТО, дало согласност дека за украинскиот државјанин Олексндр Онишченко нема безбедносен ризик,. -Останува да утврдиме дали се работи за пропуст, намера или лукративен интерес. Ништо од ова не е исклучено. Сакаме, и мој прв и најголем интерес е ова да го откриеме. Ќе го откриеме, нема да застанеме, рече тогаш Димовски.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zakazano-prodolzenie-na-soslushuvanjeto-na-dimovski-pred-matichnata-sobraniska-komisija-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
Владата го поништи државјанството на Онишченко https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-ponishti-drzavjanstvoto-na-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-ponishti-drzavjanstvoto-na-onishchenko/#respond Tue, 06 Dec 2022 13:10:31 +0000 https://kurir.mk/?p=771756

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница. Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија. Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-go-ponishti-drzavjanstvoto-na-onishchenko/feed/ 0
Николоски: Онишченко цел свој живот бил само 2 дена присутен во земјава, а му дале државјанство, моите сознанија говорат дека има други вакви случаи, Спасовски да си даде оставка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-onishchenko-cel-svoj-zivot-bil-samo-2-dena-prisuten-vo-zemjava-a-mu-dale-drzavjanstvo-moite-soznanija-govorat-deka-ima-drugi-vakvi-sluchai-spasovski-da-si-dade-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-onishchenko-cel-svoj-zivot-bil-samo-2-dena-prisuten-vo-zemjava-a-mu-dale-drzavjanstvo-moite-soznanija-govorat-deka-ima-drugi-vakvi-sluchai-spasovski-da-si-dade-ostavka/#respond Sun, 27 Nov 2022 19:10:11 +0000 https://kurir.mk/?p=767276

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за „Тема на денот“ во дневникот на Сител ТВ истакна дека за случајот Онишченко е прекршен законот кој вели мора да се направат безбедносни проверки и да се направи интервју со лицето, а тој само два дена бил претходно во Македонија и како што додаде има и други вакви случаи, затоа потребно е министерот Спасовски да си даде оставка. - Ова воопшто не е наивен случај, ниту е се случајно. Имено за било кое лице да добие државјанство кое не е родено во Македонија мора да се направат безбедносни проверки, но и интервју со лицето, а за да се направи тоа тој мора да е физички присутен во државата. Онишченко вкупно во Македонија пред да добие државјанство, а тоа го добива на 31 мај 2022 година, бил само два дена во Македонија, во декември 2020 година и во април 2022 година, а државјанство добива мај следна година. Во периодот измеѓу не бил присутен што значи прекршен е законот кој вели мора да се направи безбедносна проверка, но исто така и разговор односно интервју, рече Николоски. Николоски потсети дека и самата влада кажа дека има пропусти заради неточни податоци и тоа е одговорност на МВР. - Потписот е спротивен на неговото име кое е на О, а потписот на А, веројатно свесен дека прави нешто на работ на законот и затоа покрај одговорност на директорот на АНБ одговорност мора да поднесе и министерот за внатрешни работи и премиерот, потенцираше Николоски. Николоски истакна дека има и уште неколку вакви спорни случаи за кои не е направена безбедносна проверка, во случен период и со слично прескокнување на процедурата. Според мои сознанија кои се кредибилни има уште неколку други случаи на издавање на државјанство на случен случај како Онишченко кои се исто така спорни за кои исто не е направена безбедносна проверка и само покажува силна ерозија во рамки на безбедносните служби. Се работи за 4 други пасоши дадени на лица со спорно или криминогено минато. Ова е надвор од скандалот за 215 пасоши за нарко босови. Николоски потсети дека на црна листа на САД не се става никој случајно и тука се навлегло во длабок криминал и основната причина зошто ова се случува е неспособност или криминал Во врска со директорот на АНБ, Николоски вели дека малце доблест да има Виктор Димовски треба да се повлече од заминување за амбасадор и со кој ум владата и претседателот Пендаровски планираат да го пратат за амбасадор во Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-onishchenko-cel-svoj-zivot-bil-samo-2-dena-prisuten-vo-zemjava-a-mu-dale-drzavjanstvo-moite-soznanija-govorat-deka-ima-drugi-vakvi-sluchai-spasovski-da-si-dade-ostavka/feed/ 0
Онишченко изненаден што му се одзема државјанството: Побараа од мене да ја претставувам Македонија, имам валидни документи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onishchenko-iznenaden-shto-mu-se-odzema-drzavjanstvoto-pobaraa-od-mene-da-ja-pretstavuvam-makedonija-imam-validni-dokumenti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onishchenko-iznenaden-shto-mu-se-odzema-drzavjanstvoto-pobaraa-od-mene-da-ja-pretstavuvam-makedonija-imam-validni-dokumenti/#respond Thu, 24 Nov 2022 09:59:07 +0000 https://kurir.mk/?p=765761

Владата почна постапка за да му го одземе државјанството на Олександр Онишченко, кој е на црната листа на САД. Онишченко во разговор со „Слободен печат“ кажа дека во неговото државјанство нема измама. - Побараа од мене да ја претставувам Македонија и да помогнам во подготовката на Олимписките игри. Ги дадов сите документи при апликацијата, и мојот руски пасош и изводот од матична книга на родените. Имам и руски и украински пасош, јас сум официјално лице, кажа Онишченко за „Слободен печат“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onishchenko-iznenaden-shto-mu-se-odzema-drzavjanstvoto-pobaraa-od-mene-da-ja-pretstavuvam-makedonija-imam-validni-dokumenti/feed/ 0
Директорот на АНБ денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/#respond Wed, 23 Nov 2022 10:38:09 +0000 https://kurir.mk/?p=765303

Директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски денеска на затворена седница на Влада ќе реферира за случајот „Онишченко“. Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Тетово рече дека Димовски ќе информира за сите детали како е издадено државјанството на Укранинецот Олександер Онишченко, односно како се обезбедени позитивните мислења. – Понатаму од тоа не можам да коментирам, со оглед на тоа дека од затворени седници на Влада не може да се даваат информации, бидејќи тоа е тешко казниво дело, изјави Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за нова инвестиција на германската компанија Киел во ТИРЗ Тетово. Ковачевски, исто така, не одговори и дали средбата со помошник генералниот секретар на НАТО за безбедност и контраразузнавање била за случајот „Онишченко“. – Не можам да кажам детали за разговорот со помошникот генерален секретар на НАТО за безбедност, изјави кусо Ковачевски. Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/direktorot-na-anb-deneska-na-zatvorena-sednica-na-vlada-kje-referira-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
Затворена седница на Владата: Димовски треба да реферира за случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorena-sednica-na-vladata-dimovski-treba-da-referira-za-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorena-sednica-na-vladata-dimovski-treba-da-referira-za-sluchajot-onishchenko/#respond Tue, 22 Nov 2022 06:29:27 +0000 https://kurir.mk/?p=764486

На затворена владина седница денеска се очекува директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски да даде извештај за случајот со давањето на македонско државјанство на контроверзниот Укранинец Олександр Онишченко. Премиерот Димитар Ковачевски вели дека мора да се утврди одговорност за случајот. Во АНБ, според медиумите, суспендирани се двајца службеници за пропуст во проверката на Онишченко. Дополнително во Собранието во тек е истрага за пренесувањето во живо на Јутјуб на затворената комисиска седница на која Димовски зборуваше исто така за случајот „Онишченко“. Премиерот Ковачевски изјави дека побрал детален извештај за работата на АНБ. -Она што јас побарав е детален извештај врз основа на спроведена истрага или анализа согласно процедурите на АНБ и директорот да дојде да даде извештај на затворена седница на Влада. И тоа ќе се случи најверојатно во текот на утрешниот ден. Меѓутоа и вие самите знаете дека од затворена седница на Влада не може да се даваат извештаи и информации со оглед на казнивоста на давање такви информации од затворена седница на Влада, рече Ковачевски. Потсети дека државјанството било издадено врз основа на четири позитивни мислења доставени на седница на Влада од четири различни институции врз основа на кои тоа е доделено. Според Ковачевски одговорност за случајот мора да има и оти тоа е работа на анализата, односно истрагата која што таму треба да биде спроведена, која веќе и се спроведува. Наскоро треба да биде именуван нов директор на АНБ за што е почнат процес на селекција, но смената на Димовски ќе биде поради тоа што тој треба да замине на амбасадорска позиција во Франција. Медиумите вчера објавија дека двајца службеници во АНБ се суспендирани поради случајот со издавањето македонско државјанство на Онишченко. Димовски во петокот по седницата матичната собраниска комисија изјави дека при интерната постапка во АНБ за евентуален пропуст за случајот „Онишенко“ е констатирано дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со партнерите од НАТО пред да се даде позитивно мислење. Според него, „лоциран е прстенот и поединецот“ што го ставил потписот и ќе се преземе одговорност. Димовски додаде дека чекањето за реферирање за случајот, било поради тоа што требало да се почитуваат и следат институционалните норми и да се истражи ако затаил, каде и зошто затаил системот за национална безбедност. Токму оваа затворена седница на Комисијата се пренесуваше во живо на Јутјуб, по што беше прекината и за што се истражува како и зошто се случило тоа. Од МВР за МИА истакнаа дека случајот е пријавен во Секторот за компјутерски криминал и оти веќе се постапува по него, без други детали. Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери посочуваат дека истрагата е во тек и дека штом Собранието добие официјални информации од МВР, јавноста ќе биде информирана. Во врска со случајот „Онишченко“ вчера се огласи и Советот на амбасадори кој, како што се наведува во соопштението, посебно е загрижен од најновите информации за големиот пропуст на неколку владини институции во врска со издавањето македонско државјанство на украинскиот олигарх Олександр Онишченко. Овој вид, како што стои, небрежност и површно разгледување на барањето за државјанство, се додава, е во спротивност со познатите НАТО и ЕУ критериуми. Што се однесува до украинскиот олигарх Онишченко, Советот ги поддржува ставовите на претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски државните институции да преземат итни чекори во обелоденувањето на овие неприфатливи дејствија и сторителите да се соочат не само со морална, туку и законска одговорност (доколку ја има), бидејќи го уриваат угледот на нашата држава и им наштетуваат на евроинтеграциските процеси, се наведува во соопштението од Извршниот Одбор на Советот на амбасадори. Украинскиот државјанин Онишченко, кој се наоѓа на „црната листа“ на САД поради неговите врски со руските власти, добил македонско државјанство како спортист во еквестријан на предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата, по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zatvorena-sednica-na-vladata-dimovski-treba-da-referira-za-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
ФОКУС: Двајца припадници на АНБ суспендирани поради случајот „Онишченко“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-dvajca-pripadnici-na-anb-suspendirani-poradi-sluchajot-onishchenko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-dvajca-pripadnici-na-anb-suspendirani-poradi-sluchajot-onishchenko/#respond Mon, 21 Nov 2022 13:30:57 +0000 https://kurir.mk/?p=764238

Двајца припадници на Агенцијата за национална безбедност, кои се дел од одделот за стратешка соработка, се суспендирани поради случајот со украинскиот бизнисмен Олександар Онишченко, кој добил македонско државјанство иако бил на црна листа на САД поради мешање во изборниот процес, неофицијално дознава „Фокус“. Откако директорот на АНБ Виктор Димовски реферираше на седница на матичната собраниска комисија, истакна дека службеник не ја извршил потребната меѓународна консултација со НАТО-партнерите пред да даде согласност дека нема безбедносен ризик. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-dvajca-pripadnici-na-anb-suspendirani-poradi-sluchajot-onishchenko/feed/ 0
Не е испочитувано последното ниво од проверката за Онишченко: Како човек од црната листа добива македонско државјанство? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-ispochituvano-poslednoto-nivo-od-proverkata-za-onishchenko-kako-chovek-od-crnata-lista-dobiva-makedonsko-drzavjanstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-ispochituvano-poslednoto-nivo-od-proverkata-za-onishchenko-kako-chovek-od-crnata-lista-dobiva-makedonsko-drzavjanstvo/#respond Sat, 19 Nov 2022 08:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=763252

Интерната постапка за евентуален пропуст за случајот „Онишченко“ констатира дека не е испочитувано последното ниво од безбедносната проверка и не била направена консултација со НАТО партнерите пред да се даде позитивно мислење. Лоциран е прстенот и поединецот што го ставил потписот и ќе се преземе одговорноста. Претседателот на државата Стево Пендаровски повикува на одговорност за овој случај на доделување македонско државјанство на украинскиот државјанин Олександр Онишченко, кој е ставен на црната листа на САД. Директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Виктор Димовски вчера по седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и на Агенцијата за разузнавање (АР), изјави дека чекањето за реферирање за случајот, било поради тоа што требало да се почитуваат и следат институционалните норми и да се истражи ако затаил, каде и зошто затаил системот за национална безбедност. Безбедносната проверка пред издавање позитивно мислење за издавање пасош на некое лице, Димовски појасни дека се прави на неколку нивоа и дека се потребни потписи од десет припадници на АНБ. Тие констатирале дека последното ниво кое требало да направи консултација со НАТО партнерите, дало позитивно мислење, но тоа не го направило. Тој нагласи дека истрагата ќе продолжи, со цел да се утврди дали станува збор за изолиран случај или не. Тој не го откри името на лицето, но посочи дека во сите четири сектори работат лица со безбедносни сертификати. Рече дека испитуваат дали станува збор за изолиран случај или не, односно дали се работи за пропуст или некој намерен или лукративен интерес. -Не сакаме заради ваков случај, она што е сторено со макотрпна работа во изминатиот период да пропадне. Во зависност од тоа ќе се утврди дали ќе заврши со дисциплинска или кривична одговорност, изјави Димовски. Претседателот Пендаровски во завчерашното гостување во емисијата „24 Анализа“, во врска со случајот „Онишченко“ оцени дека станува збор за сериозен удар врз кредибилитетот на една земја членка на НАТО во очите на другите сојузници. -Станува збор за човек чија биографија ја знаеме кој е на црната листа, но е поврзан со други индивидуи и групи и не е поврзан само со изборите за претседател во Америка во 2016. Има четири сектори во рамките на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Владата на крајот носи позитивна одлука. Треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ. Четвртиот сектор во АНБ  е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Ако е точно тоа што го знам, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ. Мора да извлечеме одговорност за овој случај. Ако човекот се мешал во нивните избори, со кои очи ќе ги погледнеме Американците. Нема да не гледаат со исти очи. Имаше и реакција од Америка како е можно ова да се случи, рече Пендаровски. Според него станува збор за прилично голем пропуст, но системски. -Јас би рекол дека станува за системски пропуст, не станува збор за една индивидуа. Значи некој погрешил, примил мито, шпекулирам, рече претседателот, повотрувајќи дека мора до крај да се истера процесот на одговорност во АНБ. Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера реагираше да се прекине комисиската работа бидејќи според информации во медиумите, она што се зборувало на затворената седница на Комисијата за контрола на АНБ, одело тонски во живо на Јутјуб. Џафери на почетокот на седницата истакна дека нема да отстапи од своите надлежности за да испита до крај што се случува. -Одлука има на Комисијата работата да биде затворена. Од каде, како, што, тоа не е моја работа јас тоа да го испитувам. Има државни институции кои се надлежни тоа да го спроведат и сите надлежни институции се информирани и ќе бидат во Собрание тоа да го испитаат. Меѓутоа, тоа не е за телевизија, додека не се утврди што е што, рече Џафери. Тој нагласи дека нема што да крие од пратениците и од службата, посочувајќи дека сме членки на НАТО, претенденти да бидеме дел од ЕУ и сме цел на кибер напади и не треба да се случи тоа што се случило во соседството. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, пак, истакна дека е очигледно оти вчера имало ситуација што треба да се истражи и за која треба да имаат конкретни информации што се случи. -Не го оправдувам реагирањето на колегите од власта, затоа што ова е проблем во оваа институција и е голем проблем доколку ова навистина се случило и во државата. Затоа претседателе ве охрабтувам и сигурно согласно вашите надлежности да преземете обврска да се направи целосна истрага за инцидентот, односно скандалот, доколку е случен на Комисијата која што се одржуваше денеска. Таа треба да биде зад затворени врати на која присуствуваат пратеници, кои имаат сертификати од одредено ниво и доколку навистина се случило вакво нешто навистина треба да има одговорност, рече Мицевски. Украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин како спортист во еквестријан по предлог на Коњичката федерација. Одлука за доделување македонско државјанство за него донела Владата по добиено позитивно мислење од сите надлежни институции. И премиерот Димитар Ковачевски изјави дека упатил барање до институциите, кои биле вклучени во донесувањето на позитивни мислења за доделување на државјанството на Онишченко, да поднесат извештај за тоа дали и како е спроведена процедурата.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ne-e-ispochituvano-poslednoto-nivo-od-proverkata-za-onishchenko-kako-chovek-od-crnata-lista-dobiva-makedonsko-drzavjanstvo/feed/ 0
„Виктор Димовски нема да биде амбасадор во Париз“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-nema-da-bide-ambasador-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-nema-da-bide-ambasador-vo-pariz/#respond Fri, 18 Nov 2022 18:01:55 +0000 https://kurir.mk/?p=763126

Пендаровски оцени дека ова е голем удар врз кредибилитетот на АНБ, на Владата, на претседателот и на државата воопшто. Тој рече дека или за овој случај ќе извлечеме одговорност до крај или повеќе нема да не гледаат со исти очи. Ако се утврди дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, е одговорен за издавањето македонско државјанство на Олександр Онишченко, нема да оди амбасадор во Париз. Но, ако се покаже дека од луѓето во четирите сектори во АНБ, некој од нив е кабает, тој мора да биде сменет и да понесе одговорност. Ова вечерва го порача претседателот Стево Пендаровски, во вчерашното гостување во емисијата „24 анализа“ на ТВ 24. Претседателот рече дека во случајот треба да се сконцентрираме на интерната истрага во АНБ, каде постојат четири сектори. „Три се функционални, имаат засебна област во која работат. Четвртиот сектор во АНБ е за соработка со странски служби кои се наши партнери во НАТО. Тука имаме посебни тимови кои работат со сите, но најмногу со трите – четирите најсилни служби на земјите-членки на Алијансата. Ако е точно тоа што го знам, дека од сите тие сектори во АНБ, вклучително и овој сектор, тоа е голем удар за кредибилитетот за АНБ, на Владата, претседателот, државата, членката на НАТО“, смета Пендаровски. За да знаете дека Онишченко е на црната листа на САД, наведе тој, не мора формално да ги прашувате ЦИА или ФБИ бидејќи црната листа е податок што е јавно објавен на интернет. Или ќе извлечеме одговорност од овој случај до крај, смета Пендаровски, или нема да не гледаат со исти очи. „Ние мораме да ја извлечеме одговорноста до крај во рамки на овој случај, бидејќи е недозволено државата која има направено, дадено огромен придонес, мислам на САД, од нашата независност до денес, и денес, имаме документ од 2008 потпишан, ова лето го обновивме. Ако човеков се мешал во нивните внатрешни избори и работи кои се надвор од законот и е ставен на листа на санкции, популарно црна листа, со кои очи ние ќе излеземе пред Американците и ќе кажеме од утре повторно да соработуваме. Или ќе го извлечеме до крај процесот на одговорност по сите овие четири сектори или ви велам нас нема да нè примат, со исти очи нема да не гледаат ако не го направиме тоа“, рече Пендаровски. Тој кажа дека до него, а најверојатно и до Владата, имало реакции од амбасадата на САД од каде прашувале како е можно тоа да се случи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/viktor-dimovski-nema-da-bide-ambasador-vo-pariz/feed/ 0