Олексеј Резников – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 04 Sep 2023 07:46:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олексеј Резников – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Резников поднесе оставка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-podnese-ostavka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-podnese-ostavka/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:46:49 +0000 https://kurir.mk/?p=874262

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников на Х објави дека поднесе оставка до претседателот на Парламентот. - Го поднесов моето писмо со оставка до Руслан Стефанчук, претседател на Парламентот на Украина. Ми беше чест да му служам на украинскиот народ и да работам за (украинската армија) во изминатите 22 месеци, најтешкиот период од модерната историја на Украина, наведе Резников. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во ножното видео обраќање до нацијата објави дека одлучил да го разреши Резников и да побара од Парламентот да го именува, Рустем Умеров. Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото Министерство беше обвинувано за корупција. - Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников, кој помина повеќе од 550 дена војна. Верувам дека на Министерството за одбрана му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина, истакна Зеленски. Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната рада. Умеров, 41-годишен поранешен адвокат, е директор Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и учествуваше во преговорите за Договорот за извоз на жито преку Црно Море.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-podnese-ostavka/feed/ 0
Коментари на западните весници на разрешувањето на украинскиот министер за одбрана Резников https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komentari-na-zapadnite-vesnitsi-na-razreshuvaneto-na-ukrainskiot-minister-za-odbrana-reznikov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komentari-na-zapadnite-vesnitsi-na-razreshuvaneto-na-ukrainskiot-minister-za-odbrana-reznikov/#respond Mon, 04 Sep 2023 07:04:56 +0000 https://kurir.mk/?p=874236

„Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера најави дека ќе го смени министерот за одбрана на земјата, а како причина ја наведе потребата од `нови пристапи` во војната која трае повеќе од 18 месеци, пишува Њујорк Тајмс. Ова го претставува најголемиот пресврт во военото раководство на Украина од почетокот на целосната руска инвазија, забележува изданието. Судбината на министерот за одбрана е предмет на зголемени шпекулации во Украина, откако на виделина излегоа финансиски неправилности во министерството и владата покрена неколку истраги за корупција меѓу нејзините службеници, пишува весникот. Во последните недели имаше многу шпекулации за политичката иднина на Резников, вклучително и дали тој ќе преземе дипломатска улога како амбасадор во Велика Британија, пишува Њујорк Тајмс. Во пораката на Зеленски, сепак, не се споменува ново назначување на Резников, посочува Њујорк Тајмс. Резников не бил директно вклучен во скандалите во неговото министерство и помошта од западните земји не била погодена, но со неговото разрешување Зеленски се обидува да ги увери САД и другите сојузници дека нивната поддршка нема да биде злоупотребена, пишува Вашингтон пост. Министерот за одбрана игра клучна улога во преговорите со другите земји за давање помош, вклучително и вооружување. Рустем Умеров, изборот на Зеленски за нов министер за одбрана, функцијата ќе ја преземе во клучен момент, пишува британскиот весник „Телеграф“. Некои од западните сојузници на Украина почнаа да го критикуваат Киев дека не постигнал поголем напредок во неговата контраофанзива, која започна пред три месеци и е поддржана со голема количина западна воена опрема, за чие обезбедување во голем дел е заслужен токму Резников. Шпекулациите дека Резников ќе ја загуби работата започнаа на почетокот на оваа година, откако истрагата откри дека Министерството за одбрана на Украина плаќало за снабдување со храна за војниците по високи цени, објави Телеграф. Резников негира дека направил нешто лошо и во неколку наврати изјави дека е цел на клеветничка кампања, пишува Гардијан. Се чини дека неговото заминување има за цел да стави крај на повеќемесечниот притисок на украинските медиуми што започна по објавувањето на резултатите од истрагата во неговиот оддел, коментира весникот. Иако тој лично не бил вклучен во договорот за снабдување со храна, некои украински коментатори оценија дека тој треба да преземе политичка одговорност за она што се случи. Сепак, Резников важи за личност која има изградено силни односи со министрите за одбрана и воените претставници од земјите сојузнички на Украина, пишува Гардијан. Тој стана еден од најистакнатите Украинци од висок профил, претставувајќи ја Украина на состаноците на НАТО и десетици билатерални состаноци за да обезбеди финансирање во вредност од милијарди долари, како и најсовремена опрема за борба против Русија, пишува весникот.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/komentari-na-zapadnite-vesnitsi-na-razreshuvaneto-na-ukrainskiot-minister-za-odbrana-reznikov/feed/ 0
Зеленски го смени министерот за одбрана Олексеј Резников https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-smeni-ministerot-za-odbrana-oleksej-reznikov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-smeni-ministerot-za-odbrana-oleksej-reznikov/#respond Mon, 04 Sep 2023 05:26:28 +0000 https://kurir.mk/?p=874205

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд. Најавата за разрешување што Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно од почетокот на руската инвазија, јавија запдни медиуми. Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото министерство беше оптоварено со обвинувања за корупција. „Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Олексеј Резников помина низ повеќе од 550 дена војна“, рече Зеленски. „Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и други формати на интеракција со армијата и општеството во целина“. Промената на министерот за одбрана мора да биде одобрена од Парламентот, но одлуката најверојатно ќе ја поддржат мнозинството претставници на Врховната Рада. Зеленски рече дека очекува парламентот да го одобри назначувањето на Умеров. Умеров, 41-годишен поранешен адвокат , го води Фондот за државна сопственост на Украина од септември 2022 година и одигра чувствителна улога во воените преговори како што е Црноморскиот договор за жито.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-go-smeni-ministerot-za-odbrana-oleksej-reznikov/feed/ 0
Резников: Украина од партнерите ќе добие воена помош вредна над 1,5 милијарда евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-ukraina-od-partnerite-ke-dobie-voena-pomosh-vredna-nad-1-5-milijarda-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-ukraina-od-partnerite-ke-dobie-voena-pomosh-vredna-nad-1-5-milijarda-evra/#respond Thu, 13 Jul 2023 17:51:58 +0000 https://kurir.mk/?p=856414

За време на самитот на Алијансата во Вилнус, неделава, странските партнери ветија над 1,5 милијарда евра воена помош за Киев, изјави украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, цитиран од британските медиуми. „Средбите во Вилнус беа многу продуктивни“, напиша Резников на Твитер по средбата во главниот град на Литванија. „Украина ќе добие над 1,5 милијарда евра воена помош од нејзините меѓународни партнери“, додаде тој. „Останете на линијата“. Во твитот Резников споменува дека на самитот во Вилнус седум земји понудиле пакети воена помош, а на кој украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа серија состаноци со странски лидери. Меѓу нив е и пакетот помош од 700 милиони евра од Германија, кој, како што вели, вклучува 25 тенкови Леопард 1А5. Тој, исто така, ги поздрави пакетите помош од Франција, Велика Британија, Холандија, Канада и Норвешка, како и од Австралија, земја која не е членка на НАТО. Лидерите на Алијансата во Вилнус кажаа дека Украина, која беше нападната од Русија, во одреден момент во иднина ќе може да се приклучи кон воената алијанса, потсетуваат британските медиуми. Тие не упатија моментална покана, но ја уверија Украина во нивната непоколеблива поддршка и ветија дека ќе испратат поголема воена помош.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-ukraina-od-partnerite-ke-dobie-voena-pomosh-vredna-nad-1-5-milijarda-evra/feed/ 0
Телефонски разговор на Резников со Остин: Очекувајте добри вести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-na-reznikov-so-ostin-ochekuvajte-dobri-vesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-na-reznikov-so-ostin-ochekuvajte-dobri-vesti/#respond Fri, 07 Jul 2023 06:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=853896

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников оствари телефонски разговор со американскиот министер за одбрана Лојд Остин, објави украинската новинска агенција Укринформ. Агенцијата пренесува дека Резников и Остин разговарале за контраофанзивата на украинските вооружени сили, како и за подготовка на нова средба во формат „Рамштајн“. „Имав продуктивен телефонски разговор со американскиот министер за одбрана Лојд Остин“, напиша Резников на Твитер. „Ги синхронизиравме нашите активности пред следниот состанок во формат 'Рамштајн', кој ќе се одржи набргу по состанокот на НАТО во Вилнус“, додаде украинскиот министер. Резников, исто така, објави дека тој и Остин разговарале за нови проекти поврзани со испорака на разни видови муниција за Украина. „Очекувајте добри вести“, изјави Олексиј Резников. Пентагон вчера изрази подготвеност да и обезбеди на Украина касетна муниција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/telefonski-razgovor-na-reznikov-so-ostin-ochekuvajte-dobri-vesti/feed/ 0
Резников: Украина има сериозни шанси да направи пробив во текот на летото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-ukraina-ima-seriozni-shansi-da-napravi-probiv-vo-tekot-na-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-ukraina-ima-seriozni-shansi-da-napravi-probiv-vo-tekot-na-letoto/#respond Tue, 30 May 2023 05:49:58 +0000 https://kurir.mk/?p=840250

Имаме сериозни шанси да направиме пробив во текот на летото, изјави украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников во интервју за францускиот дневен весник „Вест-Франс“. - Сакаме да ја скршиме волјата на Русите за победа во војната, рече Резников, нагласувајќи дека целта на контраофанзивата е Украина да ги врати своите територии „во меѓународно признаените граници од 1991 година, вклучувајќи го и Крим“. Контраофанзива од големи размери „ќе доведе до ново повлекување на Русите од нашите територии“, прогнозира украинскиот министер. (Руската приватна воена компанија) „Вагнер“ користеше затвореници и за време на осуммесечната опсада на Бахмут беа убиени и ранети 60.000 луѓе“, изјави Резников за францускиот весник, без да прецизира дали станува збор за вкупните загуби на двата табора или не. Во интервјуто, украинскиот министер за одбрана нагласува и дека на Украина итно и треба оружје од нејзините западни сојузници. Резников изрази и надеж дека „до крајот на годината“ Киев ќе добие борбени авиони Ф-16 од американско производство, со чија помош украинските сили ќе можат да се спротивстават на руската авијација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-ukraina-ima-seriozni-shansi-da-napravi-probiv-vo-tekot-na-letoto/feed/ 0
Средба Панајотопулос – Резников: Потврдена грчката поддршка за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-panajotopulos-reznikov-potvrdena-grchkata-poddrshka-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-panajotopulos-reznikov-potvrdena-grchkata-poddrshka-za-ukraina/#respond Thu, 06 Apr 2023 17:11:53 +0000 https://kurir.mk/?p=821171

Силната поддршка на Грција за Украина, украинскиот народ и неговото право да ја брани својата татковина и да го врати суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, изразил министер за одбрана на Грција Никос Панајотопулос на денешната средба со неговиот украински колега Олексеј Резников, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос, како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, потсетил дека Грција уште на самиот почетокот на војната „недвосмислено ја осуди руската агресија“ и ги спроведе сите санкции. Украинскиот министер за одбрана, од своја страна, ѝ се заблагодарил на Грција за поддршката на повеќе нивоа, а се осврнал и на претстојното членство на Шведска во НАТО, карактеризирајќи го како симболично, со оглед на тоа дека шведското знаме ги има истите бои како и украинското и изразил надеж дека Украина ќе биде следната земја. Двајцата министри разговарале и за потребата од зајакнување на одбранбената соработка меѓу Грција и Украина. Според АНА-МПА, на средбата, началникот на Генералштабот на грчката армија Константинос Флорос се осврнал на помошта што Грција ја испратила или ќе и ја испрати до Украина споменувајќи: 72 тони хуманитарна помош, 3.870 тони воена опрема, противвоздушни ракети Стингер, ракети, артилериски гранати, муниција за пушки, оклопни возила БМП-1, како и подготвеност за трансфер, во соработка со Меѓународниот координативен центар за донации, на уште една пратка БМП-1, ракети ХЕ 73 мм и артилерија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sredba-panajotopulos-reznikov-potvrdena-grchkata-poddrshka-za-ukraina/feed/ 0
Резников: Се подготвуваме за контраофанзива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-se-podgotvuvame-za-kontraofanziva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-se-podgotvuvame-za-kontraofanziva/#respond Fri, 24 Feb 2023 10:13:24 +0000 https://kurir.mk/?p=804519

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников денеска изјави дека неговите сили прават планови да ги потиснат руските трупи од земјата, една година откако Русија ја започна својата целосна инвазија. „Пред една година ни беше тешко да дојдеме до сериозно оружје. Денес цивилизираните земји гледаат дека вие сте штитот на Европа на исток“, нагласи Резников до вооружените сили. „Ќе има контраофанзива. Ние работиме напорно за да се подготвиме“, додаде тој.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-se-podgotvuvame-za-kontraofanziva/feed/ 0
Украинскиот министер за одбрана е сменет од функција https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-minister-za-odbrana-e-smenet-od-funktsija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-minister-za-odbrana-e-smenet-od-funktsija/#respond Mon, 06 Feb 2023 06:45:26 +0000 https://kurir.mk/?p=796548

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, под притисок поради корупциски скандал во неговото министерство, ќе биде преместен на друга позиција во владата, изјави синоќа претседателот на клубот на претставници на партијата на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Давид Арахамиа, претседател на клубот на претставници на партијата Слуга на народот, рече дека Министерството за одбрана ќе го води Кирило Буданов, шеф на воената разузнавачка агенција ГРУ. Тој не прецизираше кога одлуката ќе биде формализирана. „Војната диктира промени во кадровската политика“, напиша Арахамија на Телеграм. „Времињата и околностите бараат зајакнување и прегрупирање. Ова се случува сега и ќе продолжи да се случува во иднина... Непријателот се подготвува за офанзива. Ние се подготвуваме да се одбраниме и да го вратиме она што е наше“.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukrainskiot-minister-za-odbrana-e-smenet-od-funktsija/feed/ 0
Резников: Русија планира голема офанзива на 24 февруари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-rusija-planira-golema-ofanziva-na-24-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-rusija-planira-golema-ofanziva-na-24-fevruari/#respond Thu, 02 Feb 2023 08:11:41 +0000 https://kurir.mk/?p=794974

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников најавува дека Русија подготвува нова голема офанзива во неговата земја и предупреди дека таа може да почне на 24 февруари. Резников изјави дека Москва мобилизирала илјадници војници за да може „нешто да се обиде“ на одбележувањето на годишнината од почетокот на инвазијата во 2022 година. Со таков напад би се одбележал и Денот на бранителот на татковината во Русија, 23 февруари, со кој се слави војската. Радио Слободна Европа пренесува дека Резников смета дека Москва сега мобилизирала околу 500.000 војници за новата офанзива. Рускиот претседател Владимир Путин во септември 2022 година најави општа мобилизација на околу 300.000 војници, што според него тогаш беше неопходно за да се обезбеди „територијалниот интегритет на земјата“. Резников смета дека вистинскиот број на војници кои се регрутирани и распоредени во Украина може да биде многу поголем. -Официјално објавија 300.000, но кога ќе ги видиме војниците на границите, според нашите проценки, тоа е многу повеќе, рече Резников. И покрај тешките борби во источниот регион Донбас, војната во последните месеци е во ќорсокак, особено откако Украина ја поврати контролата врз јужниот град Херсон. Со исклучок на руското заземање на градот Соледар, ниту една страна не направи голем територијален напредок.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reznikov-rusija-planira-golema-ofanziva-na-24-fevruari/feed/ 0