Олексиј Кулеба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Nov 2022 18:33:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олексиј Кулеба – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Киев подготви 425 специјални засолништа во случај на нуклеарен напад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-podgotvi-425-specijalni-zasolnishta-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-podgotvi-425-specijalni-zasolnishta-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/#respond Wed, 02 Nov 2022 18:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=754772

Регионалниот воен началник на Киев Олексиј Кулеба соопшти дека северната украинска територија подготвила неколку стотици „специјални засолништа“ како подготовка за потенцијален нуклеарен напад од Русија. Олексиј Кулеба, шеф на регионалната воена администрација на Киев, во интервју емитувано на украинскиот телевизиски канал Хромадске рече дека украинската влада се подготвува за „најлошото сценарио“ додека тензиите продолжуваат да растат во руско-украинската војна. – Последните осум месеци не научија дека сè може да се случи, рече Кулеба. Како функционер се подготвувам за најлошото сценарио, но се надевам дека сè ќе биде во ред, додаде тој. Кулеба изјави дека армијата на Киев подготвила 425 подземни „специјални засолништа“ низ целиот регион. Воениот претставник додаде дека веќе има илјадници засолништа низ регионот, но посочи дека тие „не се погодни за заштита од опасностите од радијација“. – Јасно е дека човек пред сè треба да се засолни во засолниште, продолжи Кулеба, зборувајќи за тоа како граѓаните треба да се подготват за нуклеарен напад. – Вториот чекор, најважен, треба да биде комуникацијата. Доколку дојде до нуклеарен напад, тогаш, најверојатно, нема да има комуникација. Единственото нешто што ќе функционира е радиото. Значи, преносливите радио станици треба да бидат опремени со батерии. На сите места, за да може да се прима сигналот, додаде тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kiev-podgotvi-425-specijalni-zasolnishta-vo-sluchaj-na-nuklearen-napad/feed/ 0