Олена Зеленска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 25 Jan 2023 18:30:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олена Зеленска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зеленски слави роденден – неговата сопруга со емотивна порака од која на многумина ќе им надојдат солзи, не си ист од минатата година (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-slavi-rodenden-negovata-sopruga-so-emotivna-poraka-od-koja-na-mnogumina-ke-im-nadojdat-solzi-ne-si-ist-od-minatata-godina-foto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-slavi-rodenden-negovata-sopruga-so-emotivna-poraka-od-koja-na-mnogumina-ke-im-nadojdat-solzi-ne-si-ist-od-minatata-godina-foto/#respond Wed, 25 Jan 2023 18:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=791915

Денешниот ден е роденден на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој доби емотивна честитка од својата сопруга Олена: „Често ме прашуваат за тоа како си се сменил во текот на оваа година. А јас секогаш одговарам: „Не е сменет. Ист е и понатаму. Истото момче што го запознав кога имавме 17 години. Но, нешто всушност се смени: сега многу помалку се смееш. На пример како на оваа фотографија…Ти посакувам да имаш многу повеќе причини за насмевка“ – напиша Олена Зеленска. Војната во Украина продолжува, а Германија и САД денеска најавија дека ќе испратат тенкови во оваа земја. Долгоочекуваната одлука на овие две земји одекна во медиумите. Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека поддршката на Украина е „обврска на светот“. Тој најави испорака на 31 тенк „Абрамс“, што е еквивалент на еден украински баталјон и соодветна обука за украинските војници да можат да управуваат со возилата. Тој исто така ги нарече Абрамс „најспособни тенкови во светот“. И други земји на НАТО најавија испорака на свои тенкови. Германија во првата пратка ќе достави 14 „леопарди“, но не војници или авиони, најави канцеларот Олаф Шолц.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenski-slavi-rodenden-negovata-sopruga-so-emotivna-poraka-od-koja-na-mnogumina-ke-im-nadojdat-solzi-ne-si-ist-od-minatata-godina-foto/feed/ 0
ОЛЕНА ЗЕЛЕНСКА Е ВО ДАВОС: Moжеме да издржиме уште повеќе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olena-zelenska-e-vo-davos-mozheme-da-izdrzhime-ushte-poveke/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olena-zelenska-e-vo-davos-mozheme-da-izdrzhime-ushte-poveke/#respond Tue, 17 Jan 2023 15:43:46 +0000 https://kurir.mk/?p=788520

Сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, првата дама на Украина, Олена Зеленска се обрати во Давос и таа порача дека Украинците можат да издржат уште долго, ако успеаја една година да живеат во воени услови. Украина бара уште оружје за да се избори со руската агресија. Зеленска денеска ќе зборува на 53. Светски економски форум во швајцарскиот град Давос. Ќе бара поддрпка за Украина. Таа во неделата за Си-ен-ен изјави дека и покрај руските ракетни напади, кои беа насочени кон енергетската инфраструктура и цивилни цели, Украинците сфатија дека ако успеат да „издржат една година, тие се способни да траат уште подолго“. Откако почна војната, Зеленска говореше дека ретко се гледа со својот сопруг. Дел од европските земји ветија дека ќе испорачаат оружје за Украина. Полска најави испраќање на тенкови во Киев. Полскиот претседател Анджеј Дуда го критикуваше својот руски колега, велејќи дека Владимир Путин се однесува како колонијалист, објави CNBC.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olena-zelenska-e-vo-davos-mozheme-da-izdrzhime-ushte-poveke/feed/ 0
Зеленска: Не ја заборавајте трагедијата на Украина за време на празниците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenska-ne-ja-zaboravajte-tragedijata-na-ukraina-za-vreme-na-praznicite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenska-ne-ja-zaboravajte-tragedijata-na-ukraina-za-vreme-na-praznicite/#respond Tue, 29 Nov 2022 10:53:10 +0000 https://kurir.mk/?p=768138

Луѓето не треба да ја заборават војната во Украина овој Божиќ, изјави Олена Зеленска во Лондон, пред нејзиното обраќање во британскиот Парламент.

Првата дама на Украина во интервјуто за радио „Би-Би-Си“ ја повика британската јавност во сезоната на празниците да не ја заборави „трагедијата” предизвикана од руската инвазија. Таа рече дека Украинците ја „чувствуваат силната поддршка“ како и  политичката и финансиска и хуманитарната помош што ја добиваат од Британците.
„Украинците се мошне уморни од оваа војна, но ние немаме избор. Ние се бориме за нашите животи. Британската јавност има избор. Тие можат да се навикнат на нашата трагедија, да се концентрираат на сопствените важни работи во животот“, забележа Зеленска. „Мојата порака за Британците е следнава: тоа не е само војна за нашата слобода и нашите животи. Ова е војна на спротивставени погледи на светот, војна за вредностите. Важно е тие да се зачуваат. Ова е борба за вистината и човечките вредности“,  истакна Зеленска. Првата дама на Украина вчера го посети „Даунинг стрит“ 10 и се сретна со Акшата Мурти, сопругата на британскиот премиер. Целосното интервју за „Би-Би-Си“ со Зеленска ќе биде емитувано подоцна попладнево. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenska-ne-ja-zaboravajte-tragedijata-na-ukraina-za-vreme-na-praznicite/feed/ 0
ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО ЗАМЕНАТА НА ЗЕЛЕНСКИ – еве кого претседателот прати на погребот на кралицата, бледа и со мрачно лице плачеше цело време https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-na-svetot-vpereni-vo-zamenata-na-zelenski-eve-kogo-pretsedatelot-prati-na-pogrebot-na-kralicata-bleda-i-so-mrachno-lice-placheshe-celo-vreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-na-svetot-vpereni-vo-zamenata-na-zelenski-eve-kogo-pretsedatelot-prati-na-pogrebot-na-kralicata-bleda-i-so-mrachno-lice-placheshe-celo-vreme/#respond Mon, 19 Sep 2022 09:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=734718

Принцезата од Велс Кејт Мидлтон се сретна во Бакингемската палата со сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Олена Зеленска, во пресрет на денешниот погреб на кралицата. Олена Зеленска на погребот ќе го застапува и нејзиниот сопруг, кој не можеше да дојде во Лондон за да присуствува на церемонијата. Првата дама на Украина Олена Зеленска се сретна во Бакингемската палата со Кејт Мидлтон, додека претходно беше забележана како влегува во Вестминстерската сала, каде што моментално се наоѓа ковчегот со покојниот монарх кралицата Елизабета Втора. Тоа било само неколку минути пред да дојде и американскиот претседател Џо Бајден да ѝ оддаде почит на кралицата. Олена е фотографирана со другите членови на украинската делегација, облечена во црно и со златен брош на градите. Изразот на нејзиното лице беше мрачен, а Олена ја наведна главата во знак на почит кон кралицата. Госпоѓа Зеленска останала неколку минути во салата додека поминувале граѓани и ѝ оддавале почит на Елизабета Втора, пишува „Дејли мејл“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ochite-na-svetot-vpereni-vo-zamenata-na-zelenski-eve-kogo-pretsedatelot-prati-na-pogrebot-na-kralicata-bleda-i-so-mrachno-lice-placheshe-celo-vreme/feed/ 0
Зеленска побара повеќе оружје од американскиот Конгрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenska-pobara-povekje-oruzje-od-amerikanskiot-kongres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenska-pobara-povekje-oruzje-od-amerikanskiot-kongres/#respond Wed, 20 Jul 2022 18:55:26 +0000 https://kurir.mk/?p=708066

Првата дама на Украина, Олена Зеленска во денешното обраќање пред американскиот Конгрес побара повеќе оружје. – Ние сме благодарни за присуството на САД со нас во оваа војна, но војната не е завршена. Ве молам за повеќе оружје … да ги заштитиме домовите на сите и правото да се разбудиме живи во тие домови. Помогнете ни и заедно ќе извојуваме голема победа, изјави Зеленска. Таа покажа и фотографии на ранети деца при руската инвазија. Зеленска вчера во Белата куќа се сретна со првата дама на САД, Џил Бајден. САД од почетокот на руската инвазија на Украина и има доставено воена опрема од речиси седум милијарди долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zelenska-pobara-povekje-oruzje-od-amerikanskiot-kongres/feed/ 0
Сопругата на Зеленски во посета на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-zelenski-vo-poseta-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-zelenski-vo-poseta-na-sad/#respond Mon, 18 Jul 2022 15:17:23 +0000 https://kurir.mk/?p=707055

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, денеска во Стејт департментот треба да се сретне со украинската прва дама Олена Зеленска. Ова е возвратна посета на Зеленска, откако во мај првата дама на САД, Џил Бајден, се сретна со Зеленска во западна Украина. Патувањето на Џил Бајден тогаш не беше најавено. Таа изјави дека смета оти е важно да му се покаже на украинскиот народ дека оваа војна мора да престане, дека оваа војна е брутална и народот на САД стои со народот на Украина“. Како што јави Гласот на Америка, Зеленска тогаш ѝ се заблагодарила на Бајден за нејзиниот „храбар потег“. Руската инвазија врз Украина наскоро влегува во својот петти месец, откако викендов имаше ескалација на воените дејствија во неколку клучни градови во областа Донбас, со, како што јави украинското Министерство за одбрана, има многу загуби за руската страна.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-zelenski-vo-poseta-na-sad/feed/ 0
Сопругата на Зеленски: Никој нема да ми го одземе сопругот, дури ни војната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-zelenski-nikoj-nema-da-mi-go-odzeme-soprugot-duri-ni-vojnata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-zelenski-nikoj-nema-da-mi-go-odzeme-soprugot-duri-ni-vojnata/#respond Sun, 22 May 2022 19:09:51 +0000 https://kurir.mk/?p=680271

Првата дама на Украина, Олена Зеленска, даде интервју за украинската Рада ТВ со нејзиниот сопруг Володимир Зеленски. Ова е само втор пат двојката да биде видена заедно од почетокот на војната, бидејќи Зеленска е скриена поради безбедност. - Најлошата мака е војната што започна. Не можам да кажам дека нешто значајно се променило од почетокот на оваа војна. Володимир беше и останува сигурен човек. Неговото гледиште не се промени. Нашето семејство, како и сите украински семејства, сега е раздeлено, рече Зеленска и додаде: - Никој нема да ми го одземе сопругот, дури ни војната. Тој живее на работа, едвај го гледаме. Воопшто не сме го виделе два и пол месеца, само разговараме на телефон. Досега имавме неколку шанси да се видиме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/soprugata-na-zelenski-nikoj-nema-da-mi-go-odzeme-soprugot-duri-ni-vojnata/feed/ 0
Првата дама на Украина за Зеленски: Од почетокот на војната го гледам само на телевизија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-dama-na-ukraina-za-zelenski-od-pochetokot-na-vojnata-go-gledam-samo-na-televizija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-dama-na-ukraina-za-zelenski-od-pochetokot-na-vojnata-go-gledam-samo-na-televizija/#respond Fri, 29 Apr 2022 20:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=669981

Сопругата на првиот човек на Украина, Олена Зеленска откри пред јавноста дека не го видела Володимир Зеленски од почетокот на војната, поточно пред повеќе од два месеци. Изјавата ја даде за полскиот весник „Rzechpospolita“. Во интервјуто открива: „го гледам исто како и Вие, на телевизија и на видео снимки од неговите говори“. Зеленска открива дека во ниту еден момент конфликтот не го променил нејзиниот сопруг како човек. Го опиша како човек „на кој можеш да се потпреш“. -Русија планира геноцит, беше репликата која Зеленска ја потенцираше прашана за руско-украинскиот конфликт. „Немам што повеќе да им кажам. Ако ковчезите не ги убедат дека тука нешто не е во ред- нема што да им кажам“, изјави Зеленска за полскиот весник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-dama-na-ukraina-za-zelenski-od-pochetokot-na-vojnata-go-gledam-samo-na-televizija/feed/ 0
Првата дама на Украина се огласи со порака: Најстрашна е смртта на толку многу деца https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-dama-na-ukraina-se-oglasi-so-poraka-najstrashna-e-smrtta-na-tolku-mnogu-deca/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-dama-na-ukraina-se-oglasi-so-poraka-najstrashna-e-smrtta-na-tolku-mnogu-deca/#respond Wed, 09 Mar 2022 06:24:32 +0000 https://kurir.mk/?p=643686

Првата дама на Украина Олена Зеленска за првпат се огласи од почетокот на руската инвазија врз Украина. Таа рече дека руската инвазија пред нешто повеќе од една недела била неверојатна, нешто во што не било можно да се верува, а потоа на 24 февруари во земјата влегле тенкови, авиони и војска. – Најстрашна е смртта на толку многу деца, напиша Зеленска. Таа подвлече дека деца и жени од Украина сега живеат затворени во засолништа и подруми. – За други тоа може да бидат само последици од војната, но за Украина сега е ужасна реалност. Војната против овие невини луѓе е двојно злосторство, напиша Зеленска на својот Фејсбук профил. – Агресорот Путин мислеше дека ќе спроведе блицкриг врз Украина, но ги потцени земјата, народот и нивниот патриотизам. Украинците, без разлика на идеологијата, јазикот, верувањата и националноста, се обединети, рече таа додавајќи дека Русите мислеле дека ќе бидат дочекани со цвеќе како спасители, а добиле молотови коктели. Таа им се заблагодари на сите што помагаат и ги повика медиумите да следат се бидејќи, како што вели, секој доказ е клучен. – Ова му го кажувам на светот. Војната во Украина не е војна таму некаде. Ова е војна во Европа, во близина на границите на ЕУ. Украина ја запира силата која утре може да влезе во вашите градови под изговор дека ќе спасува цивили. Украинците нема да се откажат и покрај сите овие ужаси, истакна Зеленска. – Не знаеме колку време ќе потрае, но ако не го спречиме Путин, кој се заканува со нуклеарна војна, нема да има безбедно место на земјата за нас. Ќе победиме. Поради единството. Поради љубовта кон Украина“, заклучи првата дама на Украина.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvata-dama-na-ukraina-se-oglasi-so-poraka-najstrashna-e-smrtta-na-tolku-mnogu-deca/feed/ 0
Потресна објава на Олена Зеленска: Ова видео го вознемири светот, еве што се случува во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potresna-objava-na-olena-zelenska-ova-video-go-voznemiri-svetot-eve-shto-se-sluchuva-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potresna-objava-na-olena-zelenska-ova-video-go-voznemiri-svetot-eve-shto-se-sluchuva-vo-ukraina/#respond Wed, 02 Mar 2022 08:40:04 +0000 https://kurir.mk/?p=639168

„Поради нападот на Путин, Украинците секоја вечер мораат да ги носат своите деца во подруми и да се борат со непријателот под ѕидовите на нивните домови“. Ова е дел од потресната објава на Олена Зеленска, првата дама на Украина. Зеленска ги вознемири следбениците на социјалните мрежи со потресно видео. „Вака изгледа Украина во моментов. Еве видео кое светот може да го види – ние сме во војна.  Поради нападот на Путин, Украинците секоја вечер мораат да ги носат своите деца во подруми и да се борат со непријателот под ѕидовите на нивните домови. Украина е мирна земја што прва не нападна. Но, ние нема да се откажеме. Цел свет, погледнете: Ние се бориме за мир и во вашите земји“, напиша таа покрај снимките од воените сцени.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/potresna-objava-na-olena-zelenska-ova-video-go-voznemiri-svetot-eve-shto-se-sluchuva-vo-ukraina/feed/ 0