олеснети мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Feb 2022 09:24:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олеснети мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кипар ги олеснува мерки, дозволен пристап во затворените простори и за невакцинираните https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-gi-olesnuva-merki-dozvolen-pristap-vo-zatvorenite-prostori-i-za-nevakciniranite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-gi-olesnuva-merki-dozvolen-pristap-vo-zatvorenite-prostori-i-za-nevakciniranite/#respond Mon, 21 Feb 2022 09:24:18 +0000 https://kurir.mk/?p=634163

Стабилизирањето на епидемиолошката слика и намалувањето на притисокот врз здравствениот систем на Кипар, носат и олабавување на мерките, меѓу кои и укинување на забраната за влез на невакцинирани во одредени простори, јави дописничката на МИА од Атина. Олабавувањето на мерките стапува денеска во сила, а веќе е дозволено влез во угостителските објекти, ноќните клубови, кината, театрите, на стадионите, на свадбите и крштенките и за невакцинирани лица , но со задолжителен рапид тест. Дополнително, се зголемува и исполнетоста на кината и театрите на 75 отсто од капацитетот, на спортските натпревари на 70 проценти, во угостителските објекти, на свадбите, крштенките и сл, дозволени се 12 лица на маса, наместо осум како што беше досега, а се укинува и забраната за танцување во кафулињата и клубовите. Во домовите, дозволен е собир на 20 наместо десет лица како што беше досега, вклучително и децата, а се намалува од 50 на 25 отсто работата од дома во јавниот и приватниот сектор. Паралелно, задолжително тестирање со рапид тестови еднаш седмично се воведува и во градинките за деца со наполнети четири години. Новите мерки ќе бидат во сила до 14 март 2022 година. Министерот за здравство на Кипар Михалис Хаѕипанделас, соопштувајќи ги мерките рече дека „во последните денови има стабилизирање на епидемиолошките индикатори како и значително намалување на притисокот на здравствениот систем, што овозможува воздржано чувство на оптимизам за текот на пандемијата“. Од почетокот на пандемијата, во земјата се регистрирани 306.219 случаи на Ковид-19, а починаа 823 лица. Целосно вакцинирани се 642.892 лица, а 432.171 граѓани примиле и бустер доза.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kipar-gi-olesnuva-merki-dozvolen-pristap-vo-zatvorenite-prostori-i-za-nevakciniranite/feed/ 0
ОЛЕСНЕТИ МЕРКИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ – овие три соседни земји повторно ќе не примаат само со сертификати за примени две дози на вакцина! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olesneti-merki-za-makedoncite-ovie-tri-sosedni-zemji-povtorno-kje-ne-primaat-samo-so-sertifikati-za-primeni-dve-dozi-na-vakcina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olesneti-merki-za-makedoncite-ovie-tri-sosedni-zemji-povtorno-kje-ne-primaat-samo-so-sertifikati-za-primeni-dve-dozi-na-vakcina/#respond Sat, 05 Feb 2022 11:13:28 +0000 https://kurir.mk/?p=627391

Се олеснуваат мерките за влез на државјаните на Република Македонија во Република Косово, Кралството Норвешка како и во Република Бугарија. „Со најновата одлука на Владата на Косово, се укинува барањето за нашите државјани при влез да приложат потврда за примена трета доза на вакцина против коронавирусот. Со новата одлука која ќе стапи на сила почнувајќи од утре, нашите државјани можат да влезат во Косово доколку поседуваат сертификат за примени две дози вакцини против Ковид-19, или една доза но со ПЦР тест. Норвешка им ги укина ограничувањата за влез на наши државјани, при што сепак продолжува да се бара пополнување на формулар за регистрација пред влегување во Норвешка (https://reg.entrynorway.no/) како и задолжително приложување на негативен ПЦР тест направен 24 часа пред влез во Норвершка, доколку лицето е постаро од 18 години и не поседува валиден сертификат за вакцинација или за прележан Ковид-19. Олеснети мерки за влез и во Бугарија, кои предвидуваат приложување на еден од следните документи: сертификат за примени две или три дози на вакцина против Ковид- 19; сертификат за прележан Ковид- 19; негативен ПЦР; или негативен антиген тест“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи. Од понеделник Грција ќе ја укине мерката, воведена на 19 декември 2021, за задолжителен ПЦР/рапид тест и за вакцинираните и за невакцинираните патници за влез во земјата, мерка што важи и за државјаните на Северна Македонија. Министерот за здравство Танос Плеврис рече дека за оние кои имаат валиден европски сертификат нема да биде потребен тест за патување во Грција. -Од понеделник 7 февруари влезот во земјата за оние кои имаат активен европски сертификат ќе биде без задолжителен тест, изјави Плеврис. Последната министерска одлука од 24 јануари е во сила до понеделник во 6 часот наутро и предвидува задолжителен негативен тест ПЦР или рапид-тест за сите патници, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата и независно дали се или не се вакцинирани. Во Европа сè повеќе расте оптимизмот дека се ближи крајот на пандемијата и сè повеќе држави ги укинуваат речиси сите епидемиолошки мерки, но експертите апелираат за внимателност. Речиси сите епидемиолошки мерки се укинати во Велика Британија, Данска, Норвешка и во Шведска. Маските на отворено повеќе не се задолжителни во Франција, а во Шпанија од следниот четврток Владата ќе го укине задолжителното носење маски на отворено – мерка која беше воведена на крајот на декември за да се спречи ширењето на варијантата омикрон. Италијанската Влада во средата соопшти дека ќе објави распоред за постепено укинување на ограничувањата. Појавата на сојот омикрон кон крајот на минатата година, што е позаразен, но помалку опасен, за многумина е индикатор за крај на панедмијата. Бројот на заразени сè уште е голем, но има помалку хоспитализирани, а се намалува и бројот на починати. Тоа е случај во државите каде поголемиот дел од населението е вакцинирано против КОВИД-19. Причина за оптимизам е и што одделни фармацевтски компании произведоа таблети против КОВИД-19. Но, експертите потенцираат дека сè уште треба да се биде внимателен, бидејќи сојот омикрон предизвика смрт на голем број луѓе, пред сè кај невакцинираните. Горниот дом на австрискиот Парламент усвои закон со кој вакцините против коронавирус ќе бидат задолжителни за возрасните, што е прв таков потег во Европската Унија. Околу 69 отсто од австриското население е целосно вакцинирано против коронавирус, што е една од најниските стапки во Западна Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/olesneti-merki-za-makedoncite-ovie-tri-sosedni-zemji-povtorno-kje-ne-primaat-samo-so-sertifikati-za-primeni-dve-dozi-na-vakcina/feed/ 0
Холандија и Шведска со олеснети мерки за влез на вакцинираните граѓани на Македонија – ова се деталите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandija-i-shvedska-so-olesneti-merki-za-vlez-na-vakciniranite-gragjani-na-makedonija-ova-se-detalite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandija-i-shvedska-so-olesneti-merki-za-vlez-na-vakciniranite-gragjani-na-makedonija-ova-se-detalite/#respond Thu, 30 Sep 2021 07:35:56 +0000 https://kurir.mk/?p=570440

Со последната одлука на Кралството Холандија, се укинува задолжителниот карантин од десет дена за оние патници кои се целосно вакцинирани, без разлика дали доаѓаат од групата високо ризични земји, каде спаѓа и Република Македонија.

Повеќе информации за улсловите за влез во Холандија можете да прочитате нивните линкови:  wijsopreis.nl и  reizentijdenscorona.rijksoverheid.nl

Во исто време и Кралство Шведска ја укина привремената забрана за влез во земјата. Со најновата одлука усвоена од Владата на Кралство Шведска, луѓето кои патуваат во Шведска и коишто можат да презентираат сертификат за вакцинација издаден во Македонија, Сан Марино, Швајцарија, Турција, Украина или Ватикан, се ослободени од забраната за влез и од условите за тестирање. Инаку, според одлуката на Европската комисија, сертификатите за вакцинација издадени во овие земји се еквивалентни на дигиталниот COVID сертификат на ЕУ (што значи дека таквите сертификати можат да се проверат и потврдат на ист начин со користење на истите технички системи како и сертификатот на ЕУ).

Соодветно на високата стапка на вакцинација, слични олеснителни мерки ко би се примениле наскоро најави и Белгија, и тоа почнувајќи од први октомври.  Покрај проширувањет на употребата на КОВИД сертификатот, од Белгија најавија и намалување или целосно укинување на обврската за носење заштитни маски.

На следниот линк, подетални информации за протоколите на патување во сите држави во светот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19

]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/holandija-i-shvedska-so-olesneti-merki-za-vlez-na-vakciniranite-gragjani-na-makedonija-ova-se-detalite/feed/ 0