олеснување на мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Apr 2021 18:27:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олеснување на мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Холандија останува заклучена до 28 април: Врвот на третиот бран сè уште не е поминат https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-ostanuva-zakluchena-do-28-april-vrvot-na-tretiot-bran-se-ushte-ne-e-pominat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-ostanuva-zakluchena-do-28-april-vrvot-na-tretiot-bran-se-ushte-ne-e-pominat/#respond Sun, 11 Apr 2021 19:20:51 +0000 https://kurir.mk/?p=495723

Холандската влада денес објави дека нема да има олеснување на мерките и дека ноќниот полициски час и другите ограничувања ќе останат на сила најмалку до 28 април. Владата претходно објави дека размислува да го прекине полицискиот час на 21 април и да им дозволи на баровите и рестораните да ги пречекуваат гостите на отворено, пренесува Танјуг. Но, портпарол на владата за новинската агенција АНП изјави дека ќе го одложи олеснувањето на мерките за најмалку една недела. „Прерано е“, рече портпаролот. Тој одби да даде други детали, додавајќи дека премиерот Марк Руте ќе ја објасни одлуката на владината прес-конференција на „Ковид-19“ закажана за во вторник. Холандските здравствени власти денес пријавија 8.218 нови случаи на коронавирус во текот на изминатите 24 часа, што е најголемо дневно зголемување за повеќе од две недели. Според податоците, во холандските единици за интензивна нега во моментов има 788 пациенти со ковид-19. Неколку болници и научници се изјаснија против раното олеснување на мерките за заклучување, велејќи дека врвот на третиот бран сè уште не поминал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/holandija-ostanuva-zakluchena-do-28-april-vrvot-na-tretiot-bran-se-ushte-ne-e-pominat/feed/ 0
Џонсон: Спречена е катастрофа, не е време за укинување на карантинот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-sprechena-e-katastrofa-ne-e-vreme-za-ukinuvanje-na-karantinot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-sprechena-e-katastrofa-ne-e-vreme-za-ukinuvanje-na-karantinot/#respond Mon, 11 May 2020 06:32:17 +0000 https://kurir.mk/?p=344348

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека благодарение на рестриктивните мерки, во земјата е спречена катастрофа, каде што најлошото сценарио би било половина милион жртви, и најави дека планира постепено да ги укине карантинските мерки. – Не е време неделава да се укинат мерките за карантин. Наместо тоа, ќе ги преземеме првите претпазливи чекори за модифицирање на нашите мерки, рече Џонсон во синоќешното телевизиско обраќање. Од денеска, оние кои не можат да работат од дома, ќе можат да одат на работа, а од среда граѓаните ќе можат да поминат неопределено време надвор ако се придржуваат кон мерките за физичко растојание. – Може да седите на сонце во локален парк, да се возите, дури и да спортувате, но само со членовите на вашето домаќинство, објасни Џонсон. Училиштата би можеле повторно да почнат со работа на 1 јуни, а угостителските објекти од јули, во зависност од ситуацијата. Тој додаде дека луѓето што доаѓаат во Британија со авион, ќе бидат испратени во карантин. Британскиот премиер рече дека, благодарение на напорите и жртвувањата на сите, националниот здравствен систем бил заштитен и спасени се илјадници животи. – Би било лудост да отфрлиме сè што постигнавме и да дозволиме уште еден удар. Мора да останеме будни. Мора да продолжиме да го контролираме вирусот и да спасиме животи, рече Џонсон. Тој најави нов систем за предупредување на Ковид 19 за да се следи вирусот. Системот ќе има скала од еден до пет, и колку е повисоко нивото, толку мерките ќе бидат построги. Прво ниво ќе значи дека заразата веќе не е присутна во Велика Британија, а петто ниво е најкритично. За време на карантинскиот период, Велика Британија е во четвртото ниво на тревога, рече Џонсон.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-sprechena-e-katastrofa-ne-e-vreme-za-ukinuvanje-na-karantinot/feed/ 0
Денеска ќе се знае дали ќе има олеснување на мерките https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-znae-dali-kje-ima-olesnuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-znae-dali-kje-ima-olesnuvanje-na-merkite/#respond Mon, 11 May 2020 05:33:29 +0000 https://kurir.mk/?p=344331

Трендот на нови случаи со Ковид-19, чиј број вчера изнесуваше 20, а завчера 36, ќе биде разгледуван денеска на состанок на Комисијата за заразни болести, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за натамошно постапување во однос на воведените мерки за заштита од ширење на коронавирусот и според тоа, ќе се знае дали ќе има нивно олеснување. Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 во државава од почетокот на епидемијата, досега, изнесува 1.642, бројката на оздравени пациенти е 1.136, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 415. Од Министерството за здравство апелираат граѓаните доследно да се придржуваат до мерките, да ја почитуваат забраната за групи поголеми од две лица, да се држи дистанца од најмалку два метра и задолжително да се носи заштитна опрема за лице во случај кога просторот меѓу граѓаните е помал од пропишаното. Ресорниот министер Венко Филипче на последната прес-конференција рече дека резултатите од тестирањата за Ковид-19 ќе ги анализираат на состаноците и на Комисијата за заразни болести и на централниот штаб на Владата, по што ќе се знае како точно ќе се димензионираат натамошните мерки и кои дејности прво ќе почнат да функционираат со цел постепено отворање на економијата. -Тие што организираат едукации, курсеви, автошколите би биле тие кои ќе бидат први, кои ќе почнат да функционираат согласно предлозите. Сите кои лесно можат да воспостават ред, дистанца, дезинфекција, носење маски, и тие кои можа да воспостават шалтерски систем ќе имаат приоритет, рече Филипче. Во врска со олабавување на мерките за спортистите, истакна дека се размислува да се дозволат индивидуалните спортови, но како сето тоа понатаму ќе се одвива ќе се знае по состаноците. Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како главен координатор на кризните штабови на единиците на локалната самоуправа за одбрана од Ковид-19, истакна дека државата се обидува да изнајде начин да се врати состојбата во општеството во некаква нова нормалност, а истовремено да им се овозможи и на верниците да ги практикуват своите потреби, притоа почитувајќи ги мерките за заштита. Според него, мора да се изнајде начин како да се овозможи практикување на верските обреди, но и да се внимава на здравјето, водејќи се по препораките на институциите. – Државата е должна да изготви сет мерки, а верските заедници да ги почитуваат. Можеби требало подобра координација на верските заедници со државата во време кога беа носени одредени одлуки, но реалноста сега е таква, одлуката е донесена како да се адаптираме на оваа ситуација. Моја должност е да бидам во блиска соработка со сите верски заедници, за да може да го штитиме здравјето на луѓето во текот на верските обреди, рече Османи, нагласувајќи ја потребата од почитување на мерките, координираност на сите чинители во општеството со што би се елиминирале какви било перцепции за постоење некакво верско ривалство во мерките. Што се однесува на очекувањата за намалување на рестриктивните мерки, тој појасни дека одлуката ќе се носи согласно прецизно утврдени параметри, а не според некакви политички калкулации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/deneska-kje-se-znae-dali-kje-ima-olesnuvanje-na-merkite/feed/ 0