олеснување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Feb 2022 13:14:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олеснување – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По примерот на многу европски земји и Италија ги попушта мерките против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-primerot-na-mnogu-evropski-zemji-i-italija-gi-popushta-merkite-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-primerot-na-mnogu-evropski-zemji-i-italija-gi-popushta-merkite-protiv-koronavirusot/#respond Mon, 21 Feb 2022 13:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=634376

Италијанската влада неделава ќе донесе итна одлука со цел да се забрза враќањето на туристите. Ќе се укинат неколку мерки воведени во борбата против коронавирусот. Сите вакцини кои досега не биле, отсега ќе бидат признати во Италија, веќе нема да има задолжителен карантин за влез на туристи од земјите на ЕУ, а решение се бара и за сите други земји каде пандемиската слика не е опасна. Така, од 31 март, т.н засилен санитарен пасош (три дози вакцина) нема да биде потребен за барови и ресторани на отворено, туку оној само издаден врз основа на две дози или прележување на вирусот. Премиерот Марио Драги најави итна одлука за отстранување на одредени анти-вивид мерки, кои беа огромна пречка за враќање на туристите, за да не заостане Италија зад земјите кои веќе го најавија или направија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-primerot-na-mnogu-evropski-zemji-i-italija-gi-popushta-merkite-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Италија ги олеснува мерките против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-olesnuva-merkite-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-olesnuva-merkite-protiv-koronavirusot/#respond Tue, 08 Feb 2022 10:34:01 +0000 https://kurir.mk/?p=628520

Италија одлучи да ги ублажи мерките воведени поради коронавирусот, пишува Анадолија. Имено, италијанските власти најавија одредени мерки откако бројот на заразени во земјата почна да опаѓа. Според новите правила, сега помалку студенти ќе посетуваат учење на далечина, а учениците постари од 12 години кои ја примиле третата доза од вакцината и не се заразени, сепак ќе можат физички да одат на училиште, јавува италијанската новинска агенција Анса. Се проценува дека новите правила против коронавирусот ќе им овозможат на 600.000 ученици да завршат учење на далечина и да се вратат на училиште. Владата го укина и ограничувањето од шест месеци на т.н сертификат за супер ковид кој потврдува дека лицето е целосно вакцинирано против КОВИД-19 или било заразено со коронавирус во последните шест месеци. Владата, исто така, го преполови должината на времето што невакцинираните лица треба да го поминат во карантин по близок контакт со заразено лице од десет на пет дена. Дополнително, од петок во белите региони каде има низок ризик од инфекција со новиот коронавирус, веќе нема да бидат задолжителни заштитните маски на отворено. Ноќните клубови ќе можат повторно да се отворат во белите региони во петок. Тие ќе можат да се полнат до 50 отсто, а клиентите ќе треба да имаат потврда за вакцинација или болест и да носат заштитни маски, со исклучок на подиумите и масите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/italija-gi-olesnuva-merkite-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Франција ги олеснува мерките за влез и излез во пресрет на летото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-olesnuva-merkite-za-vlez-i-izlez-vo-presret-na-letoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-olesnuva-merkite-za-vlez-i-izlez-vo-presret-na-letoto/#respond Fri, 04 Jun 2021 11:43:55 +0000 https://kurir.mk/?p=518993

Францускиот државен секретар за туризам Жан-Батист Лемоан, истакна дека од 9 јуни ќе биде можно патувањето надвор од Европа во мнозинството земји од светот, но под услов патниците да бидат вакцинирани, јави дописникот на МИА. Французите од 9 јуни повеќе нема да им треба „убедлива причина“ да одат во повеќето земји надвор од Европа. Но, всушност, малку од овие држави се уште се отворени за туристите од Франција и секоја ги наметнува своите ограничувања. -Тоа е првиот чекор за закрепнување на светскиот туризам, но се уште сите патувања не се слободни, далеку од тоа. Франција, за која досега беше потребна „убедлива причина“ да дозволи излез од Европа, од 9 јуни ќе го укине ова барање за вакцинираните патници во повеќето земји на другите континенти, најави државниот секретар за туризам во денешното интервју за РМЦ. Франција од април вече класифицираше неколку држави како „зелена зона“ (Австралија, Јужна Кореја, Израел, итн.) Или „црвена“ (Индија, Јужна Африка, Бразил, итн.), Во зависност од нивото на циркулација на Ковид-19 и присуство на нивните мутации. Сега е додадена и „портокалова“ зона, која ги вклучува повеќето земји во светот, вклучувајќи ги и САД и Магреб. Северна Македонија се наоѓа на портокаловата листа. До или од зелената зона вакцинираните ќе можат да патуваат без ограничувања; невакцинираните со презентирање негативен ПЦР тест не постар од 72 часа по враќањето. До или од портокалова зона вакцинираните можат да патуваат со презентација на негативен ПЦР тест од 72 часа; невакцинирани само поради сериозна причина. Сите земји кои не се ниту „зелени“ ниту „црвени“ се во портокалова боја. Конечно, од или од црвена зона: вакцинираните ќе можат да патуваат само поради сериозни, а во никој случај од туристички причини. Владата советува да не се патува во Јужна Африка, Аргентина, Бахреин, Бангладеш, Боливија, Бразил, Чиле, Колумбија, Костарика, Индија, Непал, Пакистан, Шри Ланка, Суринам, Турција, Уругвај Северна Македонија и Албанија се единствените кон кои Французите можат да патуваат без ограничувања од двете земји, но за враќање се потребни ПЦР тестови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-gi-olesnuva-merkite-za-vlez-i-izlez-vo-presret-na-letoto/feed/ 0
Oлеснување на мерките во Франција – се отвораат баровите, продавниците и културните објекти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-merkite-vo-francija-se-otvoraat-barovite-prodavnicite-i-kulturnite-objekti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-merkite-vo-francija-se-otvoraat-barovite-prodavnicite-i-kulturnite-objekti/#respond Wed, 19 May 2021 07:52:12 +0000 https://kurir.mk/?p=512244

Франција од денеска ги отвора баровите, продавниците и културните објекти, со што влегува во нова фаза на олеснување на ограничувачките мерки наметнати како резултат на ширењето на коронавирусот. Би-Би-Си наведува дека од денеска се отвораат терасите на рестораните за групи до шест лица Полицискиот час се поместува од 19 на 21 часот. Француските медицински експерти изразија загриженост за бројот на нови дневни инфекции, што сега во просек се над 13.000. Но, овие бројки сга се многу помалку од околу 40.000 заразени дневно во текот на минатиот месец. Процесот на вакцинација, исто така, се забрзува, па досега над 20 милиони лица добиле една, а околу девет милиони две дози вакцина. Владата претходно постави цел до средината на мај да вакцинира 20 милиони лица со најмалку една доза. Во ова фазно олабавување на мерките, сепак, некои мерки остануваат на сила. Баровите и рестораните можат да ги отворат терасите, но не смеат да примаат гости внатре и да надминат 50 проценти од капацитетот. Киносалите и театрите ќе можат да пополнат само 35 отсто од капацитетот или максимум 800 лица. Од почетокот на епидемијата во Франција се регистрирани над 5,9 милиони заразени со коронавирус, а 108.201 лица умреа од Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-merkite-vo-francija-se-otvoraat-barovite-prodavnicite-i-kulturnite-objekti/feed/ 0
Олеснување на рестриктивните мерки во Њујорк кон средината на мај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-restriktivnite-merki-vo-njujork-kon-sredinata-na-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-restriktivnite-merki-vo-njujork-kon-sredinata-na-maj/#respond Tue, 04 May 2021 06:37:42 +0000 https://kurir.mk/?p=505110

Гувернерот на државата Њујорк објави дека голем дел од рестриктивните мерки на локално ниво, воведени поради коронавирусот, ќе бидат олеснети кон средината на овој месец. Метрото во Њујорк ќе продолжи со ноќните линии и 24-часовното работење од 17 мај. Од почетокот на пандемијата метрото беше запрено ноќе, меѓу 1 и 5 часот, кога се вршела дезинфекција на возовите и метро станиците. Ограничувањата на деловниот капацитет, вклучително ресторани, канцеларии, спортски сали, фризерски и салони за убавина, ќе бидат укинати на 19 мај. Укинувањето на мерките за бројот на луѓе на настани и посетителите на разни институции, значи дека киносалите, музеите, театрите, трговските центри повторно ќе работат со полна пареа. Тоа, исто така, важи и за театрите на Бродвеј, кои конечно ќе можат да продолжат со работа, објавија американските медиуми. Ограничувањата на бројот на гледачи ќе останат во сила само за големите спортски сали, а од 19 мај ќе им биде дозволено да продаваат билети за само една третина од местата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-restriktivnite-merki-vo-njujork-kon-sredinata-na-maj/feed/ 0
Од 1 март постои можност за олеснување на епидемиолошките мерки во Хрватска https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-mart-postoi-moznost-za-olesnuvanje-na-epidemioloshkite-merki-vo-hrvatska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-mart-postoi-moznost-za-olesnuvanje-na-epidemioloshkite-merki-vo-hrvatska/#respond Thu, 25 Feb 2021 11:24:56 +0000 https://kurir.mk/?p=473707

Хратскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска ја најави можноста од 1 март да дојде до олеснување на епидемиолошките мерки во земјата, барем кога станува збор за отворање на терасите и градините на угостителските објекти и спортските сали. Премиерот прецизираше дека Националниот штаб за оваа идеја ќе дебатира уште утре, но, исто така, посочи дека тоа ќе биде добро, доколку се спроведе со соодветни епидемиолошки мерки. -Ќе биде можно да се одржуваат тренинзи во затворен простор. Ќе има некои специфики во однос на контактните спортови, рече Пленковиќ на отворениот дел од владината седница. Премиерот притоа апелираше до граѓаните премногу да не се олабавуваат затоа што, како што рече, доколку се влоши епидемиолошката состојба, секогаш може да се преземат порестриктивни мерки. -Се обидуваме да ги зачуваме здравјето, економијата, стабилноста, платите, пензиите и работните места, рече Пленкоивиќ, кој олеснувањето на епидемиолошките мерки го најави и покрај зголемениот број нови инфекции во земјата во последните неколку дена. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-1-mart-postoi-moznost-za-olesnuvanje-na-epidemioloshkite-merki-vo-hrvatska/feed/ 0
Олеснување на рестриктивните мерки во Данска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-restriktivnite-merki-vo-danska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-restriktivnite-merki-vo-danska/#respond Mon, 08 Jun 2020 07:26:23 +0000 https://kurir.mk/?p=354955

Во Данска од денеска е дозволено јавно собирање на 10 до 50 лица, соопшти данското Министерство за здравство. Во рамките на ублажувањето на мерките, воведени со цел спречување на ширењето на Ковид-19, од 15 јуни на туристите од одредени европски земји ќе им биде дозволено да влегуваат во Данска. Во земјата досега се пријавени малку повеќе од 12.000 случаи на коронавирус, додека бројот на смртни случаи изнесува 589. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/olesnuvanje-na-restriktivnite-merki-vo-danska/feed/ 0
Косово: Втора фаза од 18 мај со олеснети мерки за малите бизниси и граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/#respond Fri, 15 May 2020 19:59:28 +0000 https://kurir.mk/?p=346440

Владата на Косово најави дека од 18 мај ќе се спроведуваат нови, олеснети мерки за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои е и зголемувањето на времето што граѓаните можат да го поминуваат на отворено, од три, колку што е сега, на четири часа дневно. Ккао што јави дописникот на МИА од Приштина, вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти изјави пред медиумите дека новите мерки подразбираат и отоврање на одредени бизниси на кои досега им беше забранета работата. Меѓу другите, со работа ќе можат да почнат берберите и фризерите, стоматолозите, трговците на мало и зелените пазари, градскиот и меѓуградскиот сообраќај со посебни дозволи, уметничките галерии, музеите и други. Како што информираа Курти и вршителот на должноста министер за здравство, граѓаните ќе можат да излегуваат, според нивните персонални броеви во личните документи, два пати на ден по два часа, наместо по еден и пол час, како што беше регулирано со досегашните мерки. Институтот за јавно здравство на Косово во својот последен извештај за состојбата со пандемијата на Ковид-19, објави дека во земјата во четвртокот се извршени 300 тестирања, при што се потврдени 18 нови случаи на заразени од новиот коронавирус. Вкупно заболени, од појавата, пред околу два месеци, на првите случаи на заразени се 945 лица. Во периодот на кој се однесува последниот извештај на косовските здравствени власти се забележани 19 излекувани од болеста и ниту еден починат. Според овие официјалните статистики, во Косово има 690 излекувани и 29 починати од Ковид-19, што значи дека во земјата моментно има 226 активни носители на новиот коронавирус. Вклучително вчерашните податоци, во Косово, заклучно со вчерашниот ден, се извршени вкупно 10.942 тестирања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovo-vtora-faza-od-18-maj-so-olesneti-merki-za-malite-biznisi-i-gragjanite/feed/ 0
Сојузот на здруженија на пензионерите бара да се олеснат мерките за возрасните луѓе над 67 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-penzionerite-bara-da-se-olesnat-merkite-za-vozrasnite-lugje-nad-67-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-penzionerite-bara-da-se-olesnat-merkite-za-vozrasnite-lugje-nad-67-godini/#respond Wed, 13 May 2020 10:41:01 +0000 https://kurir.mk/?p=345323

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска предложи за граѓаните над 67 години да важат истите мерки за заштита од коронавирусот како и за останатото население. -Сметаме дека ограничувањето на времето за движење до сега имаше свое оправдување, но во услови на смирување на пандемијата Ковид 19, како неопходна потреба за пензионерите е слободно движење со доследно почитување на мерките што ќе важат и за останатото население. На овој начин се дава еднаков третман на возрасните за самостојно живеење и активно стареење како начин за одржување на нивната психофизичка кондиција, наведуваат во соопштение. Предлогот, како што наведува здружението, е заснован врз барања на голем број на пензионери, посочувајќи дека во државата има над 320.000 корисници на пензија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sojuzot-na-zdruzenija-na-penzionerite-bara-da-se-olesnat-merkite-za-vozrasnite-lugje-nad-67-godini/feed/ 0
Во Албанија од денеска нови олеснувања на мерките за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-od-deneska-novi-olesnuvanja-na-merkite-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-od-deneska-novi-olesnuvanja-na-merkite-za-kovid-19/#respond Mon, 11 May 2020 10:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=344518

Од денеска Албанија влегува во нова фаза, со нови владини олеснувања за постепено отворање на деловни активности, што беа затворени како последица на пандемијата со коронавирусот. На мапата од денеска се додадени 14 зелени зони,односно општини каде што повеќе денови нема новозаболени со Ковид-19 или на бројот на претходно заболени е минимален и се со лесна форма на болеста. Во овие области има продолжување на временскиот опсег за движење од 5 до 21 часот, дозволено е и движење со приватно возило од една во друга зелена зона, но во возилото не треба да има повеќе од две лица од исто семејствово. Од денеска се овозможува да ја вршат својата активност според строги безбедносни протоколи, стоматолошки амбуланти, фризери, бербери и продавници во трговски центри. Од последните олеснувања на мерките изземени се шест општини или т.н. црвени зони Тирана, Драч, Фиер, Скадар, Курбин и Круја, каде се поставени полициски контролни пунктови во влезовите и не се дозволува движење од овие во зелените зони и обратно. Останува во сила забраната за групирања на повеќе од пет лица, одржување спортски и културни активности, одвивање јавен сообраќај. Според здравствените протоколи сите лица кои се вратиле од странство и се во државен карантин,од денеска заминуваат во домашна самоизолација. Постои најава, доколку состојбата со корнавирусот остане стабилна од 18 мај да бидат отворени и границите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-albanija-od-deneska-novi-olesnuvanja-na-merkite-za-kovid-19/feed/ 0