Олха Стефанишина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 22 Jun 2022 16:26:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олха Стефанишина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стефанишина: Украина очекува сите земји од ЕУ да ја поддржат нејзината кандидатура за членство https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefanishina-ukraina-ochekuva-site-zemji-od-eu-da-ja-poddrzat-nejzinata-kandidatura-za-chlenstvo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefanishina-ukraina-ochekuva-site-zemji-od-eu-da-ja-poddrzat-nejzinata-kandidatura-za-chlenstvo/#respond Wed, 22 Jun 2022 16:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=694267

Заменик-премиерката на Украина задолжена за европски и евроатлански интеграции Олха Стефанишина денеска изјави дека е сигурна дека сите 27 земји од ЕУ ќе ја прифатат кандидатурата на Украина за членство на самитот оваа недела. Стефанишина рече дека одлуката би можела да биде донесена утре, за време на првиот дел од дводневниот самит во Брисел. Таа додаде дека земјите кои претходно беа скептични, Холандија, Шведска и Данска, сега го поддржуваат доделувањето кандидатски статус на Украина. Стефанишина ја опиша минатонеделната одлука на Европската комисија (ЕК) да ја поддржи кандидатурата на Украина како „пресвртница“ и додаде дека едногласната поддршка на ЕК ги охрабрила земјите кои најмногу се двоумеле. „Повеќето лидери на земјите од ЕУ веќе изјавија дека има консензус, така што нема разговори за тоа“, рече Стефанишина. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stefanishina-ukraina-ochekuva-site-zemji-od-eu-da-ja-poddrzat-nejzinata-kandidatura-za-chlenstvo/feed/ 0
Убиен сопругот на вицепремиерката на Украина додека се обидувал да евакуира цивили https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-soprugot-na-vicepremierkata-na-ukraina-dodeka-se-obiduval-da-evakuira-civili/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-soprugot-na-vicepremierkata-na-ukraina-dodeka-se-obiduval-da-evakuira-civili/#respond Sat, 02 Apr 2022 08:36:57 +0000 https://kurir.mk/?p=657280

Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина е убиен во руското гранатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко. Богдан Стефанишин беше убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидуваше да ги евакуира цивилите од Чернихив. -Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена од војната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанишина беше убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија, напиша Василенко на Твитер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-soprugot-na-vicepremierkata-na-ukraina-dodeka-se-obiduval-da-evakuira-civili/feed/ 0