Оли Рен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Jun 2023 09:37:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Оли Рен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Оли Рен ќе се кандидира за претседател на Финска https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oli-ren-ke-se-kandidira-za-pretsedatel-na-finska/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oli-ren-ke-se-kandidira-za-pretsedatel-na-finska/#respond Wed, 21 Jun 2023 09:37:52 +0000 https://kurir.mk/?p=848156

Гувернерот на централната банка на Финска, Оли Рен, најави дека има намера да се кандидира за претседател на својата земја следната година, јавија британските медиуми. Шеесет и едногодишниот Рен, кој е и член на Управниот совет на Европската централна банка, појасни дека доколку му биде одобрена кандидатурата, тој ќе замине на одмор и нема да учествува во изборната кампања како службено лице. Пред да влезе во претседателската трка, неговата кандидатура мора да собере 20.000 потписи. -Ако, се надевам, бидам номиниран за претседателски кандидат, ќе се пријавам за отсуство, рече Рен на прес-конференција. Пека Хависто, кој од вчера повеќе не е министер за надворешни работи на Финска по инаугурацијата на новата влада, неодамна најави и дека ќе се кандидира за претседател. Според финскиот Устав, една од главните овластувања на финскиот претседател е во надворешната политика и безбедносната политика. Во април, Хелсинки го смени својот традиционален надворешнополитички курс на неутралност и се приклучи на НАТО. Причината за радикалната промена беше руската инвазија на Украина. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/oli-ren-ke-se-kandidira-za-pretsedatel-na-finska/feed/ 0