Олимпија Цедевита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 13 Jun 2023 04:19:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олимпија Цедевита – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Владо Илиевски нов спортски директор на Цедевита Олимпија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-nov-sportski-direktor-na-tsedevita-olimpija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-nov-sportski-direktor-na-tsedevita-olimpija/#respond Tue, 13 Jun 2023 04:19:43 +0000 https://kurir.mk/?p=845103

Македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски од денеска официјално е нов спортски директор на словенечкиот гигант Олимпија. Такво нешто се најавуваше уште од минатиот месец, но денеска струмичанецот е назначен на новата функција, како замена за Сани Бечировиќ кој беше на неа од 2019 година. Илиевски во Олимпија доаѓа од Илирија каде претходните години беше претседател на клубот. Ова е негово четврто враќање во љубљанскиот колектив каде играше од 2001 до 2003, потоа од 2008 до 2009 и по краткиот престој во Тау Керамика (Басконија), од 2009 до 2011 година.
„Задоволен сум што, сега во нешто пиинаква улога, се враќам во клубот кој ми помогна многу во мојата кариера. Заедно со моите нови колеги, ќе ја вложам цела моја енергија и амбиција да напишам една нова успешна приказна. Голема чест за мене е што ќе работам како спортски директор на најголемиот кошаркарски клуб во Словенија и би сакал сите во словенечкиот спорт да ја препознаат нашата работа и да ни се придружат“, изајви Илиевски на промоцијата.
Поранешниот македонски репрезентативец ја заврши играчката кариера во 2017 година во дресот на Работнички, а оттогаш живее во Словенија каде што е неговото семејство. Негова главна цел летово ќе биде да состави конкурентен тим кој ќе се бори за трофејот во АБА лигата, но и за што подобар пласман во Еврокупот каде Олимпија оваа сезона тотално разочара и оствари само три победи на 18 натпревари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/vlado-ilievski-nov-sportski-direktor-na-tsedevita-olimpija/feed/ 0
МЗТ Скопје ја прекина серијата порази во АБА, победа над Цедевита Олимпија https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ja-prekina-serijata-porazi-vo-aba-pobeda-nad-tsedevita-olimpija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ja-prekina-serijata-porazi-vo-aba-pobeda-nad-tsedevita-olimpija/#respond Sat, 04 Feb 2023 18:39:27 +0000 https://kurir.mk/?p=796188

Кошаркарите на МЗТ Скопје ја забележаа третата победа во АБА лигата оваа сезона откако во салата „Јане Сандански“ со 79-74 го совладаа тимот на Цедевита Олимпија. Македонскиот кошаркарски шампион овојпат одигра максимално борбен меч, кошаркарите се бореа за секоја топка, а на крајот тоа се исплатеше. МЗТ Скопје одлично го почна мечот, имаше водство од 8-2 на стартот, но како одминуваше четвртината ја загуби предноста, Цедевита водеше со 21-19 по првите десет минути. Во вториот период МЗТ Скопје не само што го врати водството, туку во еден момент имаше и највисоки 14 разлика, 37-23. Гостите успеаа да намалат, на полувремето се замина со 41-35 за македонскиот тим. До крајот на мечот МЗТ Скопје ја одржуваше предноста, Цедевита двапати успеа да го изедначи резултатот, но тоа беше се што направија. На крајот нашиот тим победи со заслужени 79-74. Најдобар во составот на МЗТ Скопје беше Кук со 26 поени, Војдан Стојановски постигна 18, а Кефи 14. Кај Олимпија, Адамс со 15 беше најдобар. Следниот меч за МЗТ Скопје во АБА лигата е на гостински терен против Морнар следниот петок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/mzt-skopje-ja-prekina-serijata-porazi-vo-aba-pobeda-nad-tsedevita-olimpija/feed/ 0