Олимписки игри 2024 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 20:21:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Олимписки игри 2024 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Голем интерес за влезниците за ОИ во Париз https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/golem-interes-za-vleznitsite-za-oi-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/golem-interes-za-vleznitsite-za-oi-vo-pariz/#respond Fri, 19 May 2023 20:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=836606

Втората фаза од продажбата на влезници за Олимписките игри 2024 во Париз предизвика голем интерес меѓу љубителите на спортот во Франција и ширум светот, соопштија организаторите, посочувајќи дека на лотаријата се пријавиле повеќе од четири милиони луѓе, а само во првите два дена биле продадени повеќе од еден милион билети. Втората фаза, во која во продажба беа пуштени поединечни влезници, почна на 11 мај, а за првите 48 часа биле распродадени билетите за повеќе од половината од 32 олимписки дисциплини. Тоа ги вклучува скејтбординг, спортско качување, 3×3 баскет и брејкденс, сите велосипедски и коњички спортови, дисциплините во вода, сите натпреварувања во мечување, триатлон, модерен петтобој, стрелаштво, брзо одење и гимнастика. Вкупно 1.5 милиони поединечни влезници беа пуштени во продажба во втората фаза преку официјалната платформа за продажба на влезници за Париз 2024. Околу 300.000 билети имаа најниска цена од 24 евра. Меѓу влезниците кои можеа да се купат во оваа фаза беа и билетите за свеченото отворање и затворање, како и за финалните натпреварувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/golem-interes-za-vleznitsite-za-oi-vo-pariz/feed/ 0
Париз подготвено ќе ги дочека Олимписките игри 2024 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-podgotveno-ke-gi-docheka-olimpiskite-igri-2024/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-podgotveno-ke-gi-docheka-olimpiskite-igri-2024/#respond Thu, 13 Apr 2023 09:41:39 +0000 https://kurir.mk/?p=823567

Француската министерка за спорт Амели Удеа-Кастера најави дека целата планирана инфраструктура ќе биде завршена до почетокот на Олимписките игри, кои идната година од 26 јули до 11 август ќе се одржат во Париз. Надлежната министерка во изјава за радио Франс инфо рече дека планираниот буџет за ОИ не излегол од контрола, иако е ревидиран. Удеа-Кастера прецизираше дека Организацискиот комитет на ОИ 2024 го проценува вкупниот буџет на 4,4 милијарди евра и додека дека оваа сума е ревидирана за 10 отсто, од кои половината е корекција на влијанието на инфлацијата. Француската министерка за спорт нагласи дека 96 отсто од буџетот ќе биде покриен со приватни приходи, односно благодарение на спонзорски компании, продажба на билети или лиценци. Таа укажа дека во глобална смисла „јавните инвестиции претставуваат помалку од 25 отсто“ од парите потребни за организација на ОИ во Париз. Одговарајќи на прашање во врска со контроверзите околу високите цени на билетите, Удеа-Кастера рече дека станува збор за „најголем спортски настан на планетата, кој се одржува само еднаш на секои четири години“. Најголем број влезници се продадени по цена од 24 евра, околу половина по цена под 50 евра и само десет отсто по цена повисока од 200 евра. Тоа се вообичаени цени за ОИ, истакна Удеа-Кастера. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pariz-podgotveno-ke-gi-docheka-olimpiskite-igri-2024/feed/ 0