олимписки оган – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Jun 2023 13:31:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png олимписки оган – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Олимпискиот оган за Игрите 2024 во Париз ќе биде запален на 16 април https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-za-igrite-2024-vo-pariz-ke-bide-zapalen-na-16-april/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-za-igrite-2024-vo-pariz-ke-bide-zapalen-na-16-april/#respond Sat, 24 Jun 2023 13:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=849304

Олимпискиот оган за Игрите 2024 во Париз ќе биде запален на 16 април идната година во древната Олимпија, објавија организаторите на најголемата спортска светска манифестација која од 26 јули до 11 август ќе се одржи во француската престолнина. Олимпискиот оган до 27 април ќе остане на територијата на Грција, кога од Атина по морски пат ќе биде пренесен во францускиот пристаништен град Марсеј. Штафетата со олимпискиот оган ќе продефилира низ улиците на Париз на 14 и 15 мај идната година. Повикувајќи се на анонимни извори од Организацискиот одбор, светските агенции претходно јавија дека олимпискиот оган ќе биде запален на Ајфеловата кула, еден од најпрепознатливите симболи на Париз и Франција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-za-igrite-2024-vo-pariz-ke-bide-zapalen-na-16-april/feed/ 0
Во Атина денес ќе биде запален олимпискиот оган за Специјалната Олимпијада во Берлин https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-atina-denes-ke-bide-zapalen-olimpiskiot-ogan-za-spetsijalnata-olimpijada-vo-berlin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-atina-denes-ke-bide-zapalen-olimpiskiot-ogan-za-spetsijalnata-olimpijada-vo-berlin/#respond Wed, 07 Jun 2023 06:57:34 +0000 https://kurir.mk/?p=843030

На свечена манифестација во Атина, денес ќе биде запален олимпискиот оган, односно „Огнот на надежта“ за 16-тa Специјалната Олимпијада што од 17 до 25 јуни ќе се одржи во Берлин, а на која ќе учествуваат и атлети од Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Атина. На церемонијата во Атина, каде што традиционално ќе биде запален олимпискиот оган ќе присуствува грчката претседателка Катерина Сакеларопулу. Олимпискиот оган ќе замине за Берлин за свеченото отворање на Специјалната Олимпијада. Светските игри на Специјалната Олимпијада Берлин 2023 се под мотото „Непобедливи заедно“, за првпат се одржуваат во Германија, ќе учествуваат 7.000 атлети со интелектуална попреченост, кои ќе се натпреваруваат во 26 спорта, а меѓу учесниците се и репрезентативци од нашата земја. Од Специјалната Олимпијада Северна Македонија, преку официјалниот Фејсбук профил ги претставија нашите атлети, за кои истакнаа дека неуморно се подготвуваат за претстојните Светски Специјални Олимписки игри и се подготвени да донесат медали. -Се подготвуваме за да освоиме медали, но и да ги освоиме срцата на сите поттикнувајќи ширење на свеста за поинклузивно општество. Заедно, да ги прославиме уникатните способности и достигнувања на нашите исклучителни атлети, напишаа од Специјалната Олимпијада Северна Македонија. На Летните олимписки игри на Специјална Олимпијада во Абу Даби во 2019 година, нашите атлети освоија три златни медали во пливање, еден на 25 и два на 50 метри, еден сребрен медал на 50 метри атлетика и три бронзени медали во атлетика на 25, 50 и 100 метри. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-atina-denes-ke-bide-zapalen-olimpiskiot-ogan-za-spetsijalnata-olimpijada-vo-berlin/feed/ 0
Олимпискиот оган од Грција тргнува за Пекинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-od-grcija-trgnuva-za-peking/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-od-grcija-trgnuva-za-peking/#respond Tue, 19 Oct 2021 06:08:47 +0000 https://kurir.mk/?p=581733

На свечена манифестација во Атина на античкиот олимписки стадион „Панатенаик“, каде што во 1896 година беа одржани првите модерни Олимписки игри, олимпискиот оган, што вчера беше запален во античка Олимпија, ќе им биде предаден на организаторите на 24-те Зимските олимписки игри во Пекинг што ќе започнат на 4 февруари 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина. Според програмата, факелот со олимпискиот оган, претседателот на грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, ќе му го предаде на специјалниот претставник, потпретседателот на Организацискиот олимписки комитет на ЗОИ „Пекинг 2022“ Ју Зајчин. Сите манифестации во Грција, како вчерашната, така и денешната се без публика, а олимпискиот оган, поради пандемијата, нема штафетното да патува низ Грција, туку веднаш беше пренесен во Атина, а вчера пристигна на Акропол. Во храмот на божицата Хера во античка Олимпија на грчкиот полуостров Пелопонез, вчера, од зраците на сонцето, беше запален олимпискиот оган. Палењето беше традиционално, со специјална кореографија и молитва до богот на сонцето Аполон да ги испрати неговите зраци и да го запали светиот факел за Пекинг. Првиот факел го презеде шампионот во алпско скијање Јанис Андониу и му го предаде на олимпискиот шампион Ли Чиечун. На палењето на огнот, му претходеше свечената манифестација, што започна со олимписката химна во изведба на сопраното Василики Карајани и интонирање на химните на Грција и Кина, по што на присутните им се обратија претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах,, претседателот на грчкиот олимписки комитет Спирос Капралос, потпретседателот на организацискиот комитет „Пекинг 2022“Ју Зајчин, а присутна беше и претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу. Само неколку секунди откако беше запален олимпискиот оган во античка Олимпија за ЗОИ „Пекинг 2022“, целосната тишина беше прекината од извици и слогани на демонстранти, по што интервенираше обезбедувањето, а церемонијата продолжи непречено. Според објавите на социјалните мрежи станува збор за активисти од движењето „Free Tibet“ кои повикуваат на бојкот на ЗОИ, но и бараат ослободување на уапсените активистки вчера во Атина. Три странски државјанки, како што соопшти грчката полиција, вчера беа уапсени откако се обиделе да постават пано и знамиња на Акропол. Зимските Олимписки игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-od-grcija-trgnuva-za-peking/feed/ 0
ЗОИ: Утре ќе биде запален олимпискиот оган https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zoi-utre-kje-bide-zapalen-olimpiskiot-ogan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zoi-utre-kje-bide-zapalen-olimpiskiot-ogan/#respond Sun, 17 Oct 2021 10:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=580578

Олимпискиот оган за Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, кои ќе се одржат од 4 до 20 февруари, ќе биде запален утре на античкиот стадион во грчката Олимпија без присуство на гледачи поради пандемијата на коронавирус, како што беше случај и за летните Игри во Токио. Трет пат во трите децении на традиционалното палење на олимпискиот оган во колевката на олимпизмот свеченоста ќе биде без гледачи, соопшти Грчкиот олимписки комитет. – Поради ситуацијата поврзана со пандемијата Ковид-19, свеченоста ќе се одржи со строго почитување на локалниот здравствен протокол, објави Комитетот, кој на ист начин ја водеше свеченоста на палење на оганот во март минатата година за Игрите во Токио. Во историјата на модерните Игри, олимпискиот оган беше запален без присуство на гледачи во 1984 година, кога грчките организатори на тој начин протестираа против комерцијалниот карактер ма Олимписките игриво Лос Анџелес. Утрешната свеченост ќе се одржи пред ограничен број членови на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и претставници на грчкиот и кинескиот комитет,. На свеченоста ќе присуствуваа претседателот на Грција Катерина Сакералополу и првиот човек на МОК, Томас Бах.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zoi-utre-kje-bide-zapalen-olimpiskiot-ogan/feed/ 0
Олимпискиот оган денеска ќе им биде предаден на организаторите на „Токио 2020“ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-deneska-kje-im-bide-predaden-na-organizatorite-na-tokio-2020/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-deneska-kje-im-bide-predaden-na-organizatorite-na-tokio-2020/#respond Thu, 19 Mar 2020 08:12:18 +0000 https://kurir.mk/?p=318748

Олимпискиот оган што минатиот четврток беше запален во античка Олимпија, денеска, во Атина ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ во Токио, на церемонија затворена за јавноста и за акредитираните новинари, а во присуство на претседателката на Грција, Екатерини Сакеларопулу, како и мала делегација на Организацискиот комитет Токио 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина. Церемонијата на Олимпискиот стадион во Атина ќе биде скромна, со штафетно предавање на огнот во кое ќе учествуваат двајца олимписки шампиони од Грција и двајца од Јапонија. Претседателот на грчкиот Олимписки комитет, Спирос Капралос, олимпискиот оган ќе и го предаде на поранешната јапонска пливачка, Наоко Имото за да започне патувањето на огнот кон градот организатор на Летните олимписки игри. Во петокот, поради неочекувано големото присуство на граѓаните, и покрај забраните и препораките, на манифестацијата, на која популарниот актер Џералд Батлер го запали олимпискиот оган во грчкиот град Спарта, од грчкиот Олимписки комитет соопштија дека го прекинуваат штафетното предавање на олимпискиот оган низ Грција и директно ќе им биде предаден на организаторите на ЛОИ во Токио. Популарниот актер Џералд Батлер, кој ја играше главната улога – Леонидас, во филмот „300“, беше дел од штафетното предавање на олимпискиот оган во грчкиот град Спарта и веднаш по палењето извика „This is Sparta“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/olimpiskiot-ogan-deneska-kje-im-bide-predaden-na-organizatorite-na-tokio-2020/feed/ 0
ВО ЖИВО: Запален олимпискиот оган https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-zapalen-olimpiskiot-ogan/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-zapalen-olimpiskiot-ogan/#respond Thu, 12 Mar 2020 10:32:57 +0000 https://kurir.mk/?p=315530

Во присуство на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах и претседателот на Грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, но без публика и со број на гости сведен на минимум поради коронавирусот, денеска во античка Олимпија, со помош на сончевите зраци ќе биде запален олимпискиот оган. По палењето, олимпискиот оган преку 31 грчки град, по поминати 3.500 километри, 15 археолошки локалитети, 822 наутички милји следната седмица, на 19 март, ќе пристигне на Олимпискиот стадион во Атина и ќе им биде предаден на организаторите на Летните олимписки игри во Токио. Олимпискиот оган ќе патува на Пелопонез, оттаму преку атинското пристаниште Пиреас ќе стигне на островот Крит, па повторно назад во грчката престолнина за да замине за северна Грција и на крај, по седум дена да се врати во Атина и да преноќи на Акропол пред да им биде предаден на организаторите. Во штафетното пренесување на факелот со олимпискиот пламен низ Грција, оваа година, за прв пат имаа можност да учествуваат и обичните граѓани, а во грчкиот Олимписки комитет стигнале 2.500 пријави. Вчера, успешно заврши генералната проба на палењето на олимпискиот оган, што помина без публика поради вонредните мерки за заштита од коронавирусот. Грчкиот олимписки комитет на состанокот одржан во понеделникот, „земајќи ги предвид последните одлуки на владата за заштита на јавното здравје“ поради Ковид-19, одлучи церемонијата на палење на олимпискиот оган за Летните олимписки игри, да се одржи без публика, само со 100 поканети претставници од Меѓународниот олимписки комитет и организациониот комитет „Токио 2020“ и со намален број новинари. Од Грчкиот олимписки комитет упатија повик до градоначалниците на градовите низ кои ќе помине олимпискиот оган, да ги следат упатствата на Министерството за здравство на Грција и Националната организација за јавно здравје ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/vo-zivo-zapalen-olimpiskiot-ogan/feed/ 0
Палењето на олимпискиот оган во древна Олимпија ќе се изведе неделава без публика https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/palenjeto-na-olimpiskiot-ogan-vo-drevna-olimpija-kje-se-izvede-nedelava-bez-publika/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/palenjeto-na-olimpiskiot-ogan-vo-drevna-olimpija-kje-se-izvede-nedelava-bez-publika/#respond Mon, 09 Mar 2020 12:23:51 +0000 https://kurir.mk/?p=313993

Церемонијата на палење на олимпискиот оган во Грција за Летните олимписки игри во Токио ќе се оддржи неделава во древна Олимпија без публика, согласно одлуката на организаторите заради ширењето на новиот коронавирус, пренесоа британските медиуми, повикувајќи се на Грчкиот олимписки комитет. Олимпискиот оган ќе биде запален во древна Олимпија на 12 март со поскромна церемонија, по што ќе следи седумдневно штафетно предавање на огнот и церемонија на конечно предавање на огнот на 19 март, пренесеа агенциите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/palenjeto-na-olimpiskiot-ogan-vo-drevna-olimpija-kje-se-izvede-nedelava-bez-publika/feed/ 0
Церемониите околу олимпискиот оган во Грција нема да се одложат поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ceremoniite-okolu-olimpiskiot-ogan-vo-grcija-nema-da-se-odlozat-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ceremoniite-okolu-olimpiskiot-ogan-vo-grcija-nema-da-se-odlozat-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 05 Mar 2020 16:49:19 +0000 https://kurir.mk/?p=312665

Церемонијата за палење на олимпискиот оган на 12 март 2020 во античка Олимпија, штафетното предавање низ 31 грчки град и церемонијата во Атина за предавање на организаторите на летните Олимписки игри во Токио, нема да се одложат поради коронавирусот, соопштија од грчкиот Олимписки комитет по денешниот состанок, јави дописничката на МИА од Атина. На претходниот состанок одржан во вторникот, беше одлучено да се откажат предвидените ручеци и приеми во античка Олимпија, значително да се намали бројот на акредитации, генералната проба за палење на огнот да биде без публика, како и секои два дена да се прави анализа на ситуацијата и обработка на податоците, доколку бидат потребни дополнителни мерки за церемониите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ceremoniite-okolu-olimpiskiot-ogan-vo-grcija-nema-da-se-odlozat-poradi-koronavirusot/feed/ 0
ФОТО ГАЛЕРИЈА: Олимпискиот оган запален во Пјонгјанг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-galerija-olimpiskiot-ogan-zapalen-vo-pjongjang/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-galerija-olimpiskiot-ogan-zapalen-vo-pjongjang/#respond Fri, 09 Feb 2018 13:39:29 +0000 http://kurir.mk/?p=20006

Со спектакуларна церемонија на олимпискиот стадион во Пјонгјанг денеска беа свечено отворени 23. Зимски олимписки игри (ЗОИ) кои ќе траат до 25 февруари. Ким Јуна, јужнокорејската олимпијка во уметничко лизгање го запали Олимпискиот оган на стадионот во Пјонгјанг, со што заврши церемонијата за свечено отворање на Зимските олимписки игри. На отворањето продефилираа над 2.900 спортисти од 93 земји. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/foto-galerija-olimpiskiot-ogan-zapalen-vo-pjongjang/feed/ 0