оливер андонов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Dec 2022 14:05:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оливер андонов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН ПОКАЖА СО КРСТ КОН ОЛИВЕР АНДОНОВ: „Кој си ти да делиш совети и да повикуваш на храброст“? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-stefan-pokaza-so-krst-kon-oliver-andonov-koj-si-ti-da-delish-soveti-i-da-povikuvash-na-hrabrost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-stefan-pokaza-so-krst-kon-oliver-andonov-koj-si-ti-da-delish-soveti-i-da-povikuvash-na-hrabrost/#respond Fri, 23 Dec 2022 14:05:48 +0000 https://kurir.mk/?p=779696

Во повеќе наврати, при своите гостувања во медиумите, Оливер Андонов изнесува разни информации за текот на преговорите меѓу Српската и Македонската православна црква во однос на нашето црковно прашање, потенцирајќи ја својата наводна улога во целиот процес. Сакаме во целост да ги демантираме овие наводи за неговата целосна вклученост во процесот, сметајќи ја за пренагласена и непостоечка решавачката улога што самиот ја истакнува за себе, се наведува во демантот на Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан, пренесува ПлусИнфо. Во демантот се потенцира дека целиот процес и со Вселенската Патријаршија и со Српската православна црква бил воден од претставници на МПЦ-ОА. „МПЦ-ОА повеќе од 70 години го води дијалогот со сестринските православни цркви за нејзиниот статус, неотстапувајќи од ставот за автокефалност и за легитимност врз правото за наследност на Охридската Архиепископија, како Црква на македонскиот и на сите народи кои живеат на овие простори. Затоа го сметаме за непотребно земањето право на г. Андонов да дели совети, да повикува на храброст и да констатира немање храброст и учество во двојни игри на епископите и на свештенослужителите за она што е нивно сигурно убедување и своевиден завет“, се истакнува во демантот. Се согласуваме единствено со неговиот констатација, се вели во демантот, изнесена од позиција на лаик, дека „во Македонија постои навика постојано да се потпираме на лаици, на луѓе кои си земаат за право да коментираат нешто за што немаат никакви познавања, со што омаловажуваат, осудуваат луѓе или пласираат погрешни информации”. „Ги чувствуваме за особено опасни, со голема доза на тенденциозност, но и како суптилно повикување на омраза, со можност за несакани последици, изјавите со кои споменатото лице, при своето неодамнешно гостување на онлајн емисијата ‘Тешки муабети’ на порталот Инфомакс, повикува на некакво ‘конечно заведување ред и поредок во Бигорскиот манастир’. Манастирите се најдобрите и најголемите репрезенти на МПЦ пред сеправославната полнота, нивниот подвиг и придонес во градењето на духовната Црква во Македонија е очигледен и видлив, а нивниот придонес во процесот на решавање на нашето црковно прашање беше и е од особено значење“, потенцира Кабинетот на архиепископот. Кабинетот ги демантира и ги посочува како невистинити и информациите, кои Андонов ги тврди за поранешниот шеф на Кабинетот на архиепископот, отец Бобан Митевски. Во демантот се нагласува дека неговото заминување од позицијата шеф на Кабинетот било на негово барање, поради лични предизвици и дека истиот до крајот на своето задолжение доследно и најпрофесионално ги извршувал своите обврски, останувајќи на располагање со својата компетентност и во иднина, по наоѓање на архиепископот.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poglavarot-stefan-pokaza-so-krst-kon-oliver-andonov-koj-si-ti-da-delish-soveti-i-da-povikuvash-na-hrabrost/feed/ 0
„Сметаме дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар, и преставува дефокус на власта од енергетската и економската криза“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetame-deka-inicijativata-na-andonov-e-tolku-beznadezna-i-beznachajna-shto-ne-vredi-poseben-komentar-i-prestavuva-defokus-na-vlasta-od-energetskata-i-ekonomskata-kriza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetame-deka-inicijativata-na-andonov-e-tolku-beznadezna-i-beznachajna-shto-ne-vredi-poseben-komentar-i-prestavuva-defokus-na-vlasta-od-energetskata-i-ekonomskata-kriza/#respond Wed, 21 Sep 2022 10:30:20 +0000 https://kurir.mk/?p=735688

ВМРО-ДПМНЕ е победничка партија и партија која ја декласира СДСМ на последните избори. ВМРО-ДПМНЕ води на сите анкети и ја има убедливата поддршка од граѓаните кои бараат промени во власта. Секако тоа го стимулира амбициите на луѓе и поединци кои се насочени исклучиво кон добивање на функции и позиции, а кои откако нема да ги добијат стануваат жестоки критичари и на тој начин сакаат да влезат во фокусот, ова преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. -Нормално бидејќи на власта и е потребно дефокус од скандалите, од дезертерствата, инфлацијата и енергетската криза совршено во тој план се вклопуваат таквите поединци и разно разни нејзини инсталации и уценети поединци на кои ќе им дадат гласност. Како резултат на сѐ поочигледната кадровска и програмска индиферентност на СДСМ, не би нѐ изненадило и други ликови од темниот полусвет на македонската политика да ги злоупотреби за да создава некаков привид за наводно неединство во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа сметаме дека иницијативата на Андонов е толку безнадежна и безначајна што не вреди посебен коментар. Му посакуваме среќа и немаме што друго да додадеме, стои во партиското соопштение. Од таму додаваат дека прашањето на национален консензус е следниот драматичен пораз на политиките на Заев и Ковачевски, по што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе одговорноста да ја врати Македонија на патот на пристојноста, чесноста и подобриот живот за сите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/smetame-deka-inicijativata-na-andonov-e-tolku-beznadezna-i-beznachajna-shto-ne-vredi-poseben-komentar-i-prestavuva-defokus-na-vlasta-od-energetskata-i-ekonomskata-kriza/feed/ 0
Одекот на тишината https://arhiva.kurir.mk/kolumni/odekot-na-tishinata/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/odekot-na-tishinata/#respond Sun, 12 Jul 2020 09:00:06 +0000 https://kurir.mk/?p=374408

Како шлагворт на денешнава колумна ми се зборовите, кои деновиве ги слушнав, од еден мој пријател, познат интелектуалец, убеден атеист, аполитичен, активен учесник во „шарената“ – Како можев да си дозволам да бидам во друштво на овие луѓе? Како можев да ги следам, подржувам, одам на митинзи, да го дадам мојот живот во нивни раце, да гласам за нив, ги читам нивните пораки, да го трошам на нив моето скапоцено време, одобрувајќи ги и промовирајќи ги нивните ставови, и пред моите пријатели ги воздигам во небесата, ставајќи ги рамо до рамо со Боговите? Како можев да бидам слеп, за животот да ми зборуваат оние кои живеат во лажни вредности, за убавината-неморалните, за финансии-клептомани, за среќата-несреќните, за љубовта оние кои на првата „препрека“ нова среќа бараат!? Како, зошто!? На мојот драг пријател му одговорив со цитат од „интелектуалецот“ Ферид Мухиќ и неговиот предговор на „Пофалба на лудоста“ од Еразмо Ротердамски. Можеби коалициониот партнер на Заев заборавил што напишал во 1990 год, па да го потсетам, „тоа е приказна за маршот на полудените-кои сопственото лудило го прогласуваат за врвна мудрост и добродетелство“. Можете да претпоставите како се чувствувал овој „великан“ на Македонската филосовска мисла, вклучувајќи се во големиот марш, како тој го нарекува „лудата анабаза“. Оваа кратка исповест, на мојот драг пријател, доволно зборува сама за себе. Нема да ја коментирам, но ќе се обидам да најдам одговор и решение на прашањата, кои верувам си ги поставуваат многу наши сограѓани. Пародијата „Мисија Струмица“ заврши, псевдоглумците ја претворија во најцрн ХОРОР, дури и оној смешен КЛОВН кој даваше темпо на представата се разоткри дека е жална човеколика, клептоманска, креатура. Време е да ја спуштиме завесата и ги упатиме кон местото кое го заслужуваат, на полињата на Идриз-беј, во царството на заборавот и таму од каде како стаорци се појавија, во канализацијата на цивилизацијата. Премногу зло, чемер и јад ни нанесоа! Ниту една генерација, за време на владеење на една ваква булумента, не памти толку несреќи, понижувања, распродажба на сето она што е свето за еден народ. Крикот на тишината на народот наш беше првичен одговор на бласфемијата која ја нанесоа на националната гордост, моралните вредности и идентитетски обележја. Крикот предизвикан од неверување, бес, шок, тага, очај, немоќ. Тишината која завладеа, нашите властодршци, како и вообичаено, погрешно ја разбраа. Подигравањето со народот го споредуваа со онаа псевдопсихолошка метода “Луѓе кои блеат во кози“, а периодот на нивното владеење го нарекуваа „Кога јагнињата ќе стивнат“ (секоја сличност со култниот филм е намерна). Занесени во мирисот од неподносливата реа на сопственото распаѓање, ја заборавија народната мудрост, за султанот кој најмногу се вознемирувал кога му пренесувале дека „народот молчи“. Не, тие не можеа да го слушнат злокобниот шепот на народот, задушен од дивото месо во неговото грло. Никогаш не сум се посомневал во мудроста на мојот народ, преку неа сме опстоиле векови, не продаваа на Ат пазар, не раселуваа, угнетуваа, се боревме едни против други за разни цареви и идеологии, опстанавме, ќе опстанеме и понатаму. Верувам дека го преминавме „Крикот на тишината“ се разбудивме од грозоморниот сон, за кој долго глаголевме дали е сон или јаве. Дојде времето кога треба мудро да извагаме со кого и кој ќе го подржиме. Од нашиот избор зависи правецот на единствениот живот кој го имаме и иднината на нашите најмили. Од нас зависи кого како пример на нашите деца ќе им го препорачаме. Решени храбро и гласно да проговориме за вистинските вредности, јавно во очи да им кажеме за сите нивни лаги и измами. Носители на промените кои сакаме да ги видиме, во нашите животи да ги пуштиме работните и вредни луѓе, лица со жар во срцето кои имаат желба на сите нам да ни биде подобро. Стравот и неправдата која ни ја наметнаа е предизвик, тест за нашите способности да изградиме, дизајнираме подобро и поправедно општество. На 15-ти јули ни се дава ретка прилика, сите заедно, независно на кој Бог се клањаме, да ја реализираме никогаш досега во светот не изведена, единствената револуција во името на човекот, македонскиот граѓанин - Давајќи го својот глас за ВМРО-ДПМНЕ!!! П.С Деновиве постојано во мисла ми се стиховите на големиот чилеански поет Пабло Неруда „Можете да ги исечете сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“ На денот на Светите Апостоли Петар и Павле (Петровден) Вонреден професор д-р Оливер Андонов]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/odekot-na-tishinata/feed/ 0
Ода на примитивизмот(Заевизмот) https://arhiva.kurir.mk/kolumni/oda-na-primitivizmot-zaevizmot/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/oda-na-primitivizmot-zaevizmot/#respond Wed, 01 Jul 2020 10:12:53 +0000 https://kurir.mk/?p=366535

Најчесто поставувано прашање, во последниве три години, е – Што ни се случи, како успеавме да го допреме дното? Од држава која некако опстојуваше, минувајќи низ семожни сцили и харибди, да се заринкаме во канализацијата на цивилизацијата. Секој народ ја изнедрува во себе, како и секој жив организам со сопствената автоимуна болест, сопствената негација, вирусот на кој ќе му дозволи да го уништи. Вирусот, за кој се правевме слепи дека не го гледаме, се разви до степен да го уништи сопственото тело (сите нас, нашата Македонија), што секако е најголем парадокс, паразитот се уништува себе си гонет од поривот да го уништи домаќинот. Нашиот вирус, кој го поседуваат сите народи, но превземаат разни методи и средства, кога веќе не можат да го уништат, да го стават под контрола недозволувајќи му да се вообрази во својата значајност и создаде канцер во општественото живеење, се нарекува ПРИМИТИВИЗАМ. Според Вујаклија примитивци се прости, сирови, груби, нецивилизирани, еднострани, некултурни луѓе. Карактеристично за примитивците е што како паразити седат притаено во недрата на општеството,чекајќи го својот момент на слава. До овој момент нив тешко ќе ги препознаете, со неколку напамет научени фрази, скромно облечени, културни во своето однесување чекајќи го моментот кога ќе метаморфозираат од ларва во штеточина. Моментот кога ќе нанесе несогледливи штети по општеството, едноставно, примитивците уништуваат се што ќе допрат. Примитивците имаат свои тајни знаци (по примерот на секое окултно здружение) по кои се препознаваат, наспроти сите бои со кои се премачкани, солидарни се и сѐ подржуваат во ширењето на мрежата на примитивизмот. Нивното опстојување е во правопропорционален однос со големината на мрежата на привитивизмот и оние кои ќе се вплеткаат во неа. Внимавајте, примитивизмот е заразен, вкалкулиран во конформизмот и опортунизмот. Простаклукот, sui generis на примитивизмот, во ова време, тероризирани од разно-разни „Фарми“, многумина ги маѓепсува. Простакот-примитивецот ќе го препознаете по тоа што тој нема недоумица, грижа на совеста, траума, тој е убеден дека светот постои само поради него. Светот во неговите очи е едноставен, праволиниски, без морални дилеми. Неговото гесло е „или ќе биде како јас ќе кажам или никако“, поткрепено со удар по масата, со широка, лицемерна, насмевка покажувајки ги искривените заби потрошени и пожолтени од консумирање големи количества на алкохол и никотин, но сепак спремни смртоносно да го касаат општественото тело во кое тие самите живеат. Во периодот кога се качуваат на скалилото на општествениот систем, примитивците се олицетворение на простаклукот и служат за подсмев на околината. Но, тие се прават дека тоа не го забележуваат, како одговор на оние кои им се подсмеваат, со блажена наивна насмевка го трасираат патот, во себе трупајќи омраза и жед за одмазда. Примитивците создаваат своја култура, свои идоли, идеали, креираат сопствена држава во држава, секако по нивна примитивна мерка и со исти такви „вредности“. Се до моментот кога ќе се пробијат на врвот на општествената скала, тогаш сите ќе го почувствуваат духот на примитивизмот, нивната култура и нивните идоли, вредности и идеали ќе ги наметнат врз масите станувајќи државна култура, идоли на масата. Фамата на примитивизмот лебди над општеството, креира мислење, создава „морални“ норми, диктира (манипулира) со секој сегмент во општеството. Креирајќи го (како во огледало) својот одраз во општеството (кој и не забележуваме колку е грд, како впрочем нели грдото лице на Заев за што порано пишував). На тоа се надодава простаклукот на кој му се воодушевува, безобзирноста со која се самозадоволува, грубоста која го маѓепсува, насладувајќи се на плодовите од својот интелект - тоталното безумие. Во политиката, ПРИМИТИВЕЦОТ, го почитува само начелото на силата, кога не е на врвот на скалилото тогаш е понизен и се умилкува. Штом се добере до врвот, тој секогаш е во право, го уништува секое мислење кое е различно од неговото, слеп и глув за било какви аргументи и факти. Се што ќе допре примитивецот го претвора во својата спротивност, идентитетот е срам, патриотизмот несватлива глупост, верата станува бласфемија, буџетот простор за лично богатење, високо-образовнтие институции параван за глупоста, високо-научните институции непотребен товар, власта се претвора во гнездо за примитивизмот и примитивците, националните интереси можност за богатење и одмазда кон оние кои се подсмеваа на примитивецот, основен идеал и цел кон која се стреми примитивецот е уништување на домаќинот (државата) од која се изродија како несакана последица на нашиот молк. Примитивецот нема способност за било каква визија за иднината, минатото (историјата) за него се важни неколку, напамет научени, стереотипи со кои ја разрешува целокупната светска и национална историја. Вирусот на примитивизмот може да создаде пандемија. Дури и  Коровид-19 е безопасен грип во однос на примитивизмот, со тенденција да се претвори во наследна болест од која ке боледуваат генерации и генерации. Неговата моќ за самоодржување и (наспроти интелектуалната хермафродитност) саморазмножување е неверојатна. Во благопријатни услови, какви што се денес во Македонија, масите опфатени во мрежата на примитивците стануваат фанатични подржувачи и целосно го имитираат Врховниот Примитивец, претворајќи се во аморфна маса. Тие услови овозможуваат примитивците да станат опасни по своето постоење, фанатично следејќи го Врховниот Примитивец насочени се кон сопственото уништување, па единственото решение да бидат сопрени е примена на брутална сила (пред се интелектуална) пандан на нивната со која се насочиле кон уништување на сопствената (заедничка) држава. ПРИМИТИВИЗМОТ е Нашето „Диво месо“, прекрасно искажано низ устата на Горан Стефановски, односно неговата Марија. Не е легенда неговото постоење, тоа е нашата суштественост, она што не оневозможува да создадеме „Оптимистичка теорија за мојот народ“. Требаше одамна да превземеме чекори , во стилот на Димитрие од истото „Диво месо“ на Горан Стефановски: „Да знаев какви ќе излезете ќе ве издркав во чаша“. Можеби се уште не е доцна, на 15-ти јули имаме шанса да ја исполниме мечта на Димитрие, секако: „Европа ве бара! И се прди на Европа за Вас...“   Во прашање сме ние самите и нашата Македонија која испушта задушени крици под бремето на примитивизмот (Заевизмот).   На денот на Светите маченици Леонтиј, Ипатиј и Теодул   Вонреден професор д-р Оливер Андонов]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/oda-na-primitivizmot-zaevizmot/feed/ 0
Изборни последици https://arhiva.kurir.mk/kolumni/izborni-posledici/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/izborni-posledici/#respond Tue, 23 Jun 2020 16:42:20 +0000 https://kurir.mk/?p=361683

Секогаш кога во животот преземаме активности, особено крупни и одлучувачки чекори принудени сме да сметаме на последиците од истите. Последиците може да бидат позитивни и тогаш сме самозадоволни од извршената работа, односно од постигнатата цел, но доколку не ја постигнеме целта, направиме стратешка, одлучувачка грешка, лоша проценка или се прелажеме, последици се негативни и тоа долгорочно. За жал ние Македонците, сите Македонски граѓани искуствено знаеме што значи да се донесат погрешни одлуки, особено на избори. Тоа задоволство го имавме во 2016 година и давањето можност Заев да дојде на чело на Владата на Република Македонија. Во тој контекст, задоволството е особено големо за „Волшебникот од Оз“. Тој јадниот упорно се фаќа за сламката (наречена Албанец Премиер) која самиот ја лансираше за да се спаси од политичка смрт. Така не мислеше 2016 година кога ги прекрши сите „принципи“ за кои дотогаш нели се бореше, а со што покажа дека за него и неговите пајташи нема принципи, односно дека единствениот принцип е „кеш и власт“. Затоа сега Муртинскиот замешател му најавува опозиција, а за да биде уште поинтересно со своите популистички и дневно политички идеи си создава невозможна приказна и кај колегата Мицкоски. Впрочем, нормална е реакцијата на Мицкоски и може да кажам и храбра во самото предизборие да одговори негативно во однос на ваквите политички игри. Таквиот одговор е во основа отворена борба против уривањето на Уставните принципи на Македонија за еднаквост на сите и борба против внесување на Апартхејд на Македонската политичка сцена, а особено промоција на основните политички постулати дека влада ќе прави (а со тоа и мандатар ќе даде) онаа политичка партија или коалиција која ќе победи на изборите. Тука нема ништо нејасно и се е во духот на демократијата, дека на избори се оди да се победи и тој што победува формира влада и владее до следните избори. Ете тука се последиците од изборите како општествено-политичка и социјална операција која определува кој ќе владее во следните години, односно каде и како со своите политики ќе ја насочува државата. Изборните последици може за краток период на владеење да предизвикаат долгорочни последици со трајни историски импликации. Да не се занесуваме дека промената на името на државата и Уставот (алваџискиот тефтер) нема да имаат историски последици во проценката на Македонската способност за државност. Токму затоа, на почетокот на изборната кампања апелирам до сите граѓани на Македонија, да бидат свесни за значењето на оваа „втора шанса“ за сите нас. Парите ќе се потрошат, шарените лаги ќе избледат како и секоја лага, писанијата ќе се искинат, но ќе остане нашата сиромаштија и пониженост, како и кредитите кои ние ќе треба да ги вратиме. Не велам дека не треба да му ги земете парите на Заев и СДС кои штедро ги делат на разни „легални“ и потполно криминални начини. Тие пари се секако ваши, на сите нас и сите ние ќе треба да ја вратиме „позајмицата“ на Заев, па зошто тогаш и да не ги земеме тие пари кои пак ние ќе ги враќаме. Сепак, тоа никако не нѐ обврзува да гласаме за Заев и да се чувствуваме должни кон него затоа што се обидува да не корумпира со наши пари. Така ќе ги избегнеме изборните последици, а тие можеме да ги конципираме во само неколку клучни точки: 1.Потполно уништување на Македонскиот народ и нација преку уривање на столбовите кои го карактеризираат народот и нацијата. 2.Девастирање на системот на функционирање на државата поради што дополнително ќе се поттикне несигурноста на граѓаните во сопствената држава. 3.Контрола и максимална корумпираност на судството, со што правната функција на државата и правната сигурност на граѓаните нема да бидат во функција, а во такви услови ќе биде едноставно невозможно да се живее и функционира нормално. 4.Фискална и бизнис несигурност при што корупцијата, рекетарството, изнудите и уценувањето на бизнис заедницата ќе бидат во подем, а што ќе резултира со ужасна бизнис клима и бегање на бизнисот, односно намалување на работни места. 5.Намалување на буџетските приходи што ќе резултира со дополнително намалување на капиталните инвестиции во инфраструктура, здравство, образование, социјала и многу други сектори со што го затвораме магичниот круг на тонење на целото општество. Тоа се последиците од политиките на Заев кои  веќе ги гледаме на дело. Имаме избор, а тоа е да се спротивставиме на негативните изборни последици и да тргнеме во обнова на Македонија. Да не подлегнеме на тривијалните коруптивни дејствија на СДС, да не веруваме во шарените лаги на Муртинскиот манипулант, Манџурискиот кандидат, Марија Антоанета и целата булумента на дворски играчи од СДС. Бидејќи, таму нема здрав разум, патриотизам, грижа за татковината, хуманост и човекољубие. Таму има само и исклучиво себељубие и среброљубие. На крајот на оваа колумна во самото предвечерие на почетокот на изборната кампања ќе испратам една порака до членовите, симпатизерите и особено до поранешните и актуелните функционери на ВМРО-ДПМНЕ: „ВМРО-ДПМНЕ е единствената политичка сила која е способна да го победи СДС и да ја врати Македонија во редот на нормални просперитетни држави. Сите оние кои во некој период се нашле на партиски или државни - локални функции предложени од ВМРО-ДПМНЕ или во овој момент се наоѓат на било кое ниво на партиски должности, без разлика на личните чувства или перцепции за поединци во партијата, раководството или некои собитија, потребно е да ги надминат личните суети на големина, навреденост или важност. Надминувајќи ги личните суети сите можеме да се вклучиме во активностите во предизборието, но воедно преку личен пример да ги поттикнеме нашите соседи, сограѓани да не останат пасивни и апатични дома, туку да излезат на денот на избори и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Оваа власт нема да падне сама од себе и единствено затоа што граѓаните се разочарани од лагите на Заев и неговите секојдневни криминали. Оваа власт може да падне исклучиво преку масовна активност на секој поединечно и на сите заедно во ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата и граѓаните. Власта најмногу се плаши од масовна излезеност на граѓаните, бидејќи тогаш нема да може да сметаат на онаа маса што успеале на разни начини да ја корумпираат. Затоа ние треба да излеземе на браникот на татковината за да им помогнеме на нашите сограѓани да ги избегнат негативните изборни последици“. Да се избориме за победа, бидејќи ова е борба за воскреснување на нашата заедничка татковина Македонија и сите граѓани без разлика на пол, вера, нација и политичка определба над оваа зло СДС и да воскликнеме денес, на 15-ти Јули и засекогаш: „Да живее Република Македонија“.   На денот на Св.Тимотеј Пруски   Вонреден професор Оливер Андонов]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/izborni-posledici/feed/ 0
Андонов: Мицкоски се бореше со неспособноста на владата на Заев кој е подготвен да биде безкомпромисен за пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-mickoski-se-boreshe-so-nesposobnosta-na-vladata-na-zaev-koj-e-podgotven-da-bide-bezkompromisen-za-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-mickoski-se-boreshe-so-nesposobnosta-na-vladata-na-zaev-koj-e-podgotven-da-bide-bezkompromisen-za-pari/#respond Wed, 17 Jun 2020 10:19:18 +0000 https://kurir.mk/?p=358973

Универзитетскиот професор Оливер Андонов смета дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски направил прагматична одлука за одење на избори на 15 јули, а со цел поскоро справување, пред се во здравствената криза, бидејќи како што вели СДСМ не покажале капацитет. Професорот смета дека Мицкоски изминатиов период морал да се бори со неспособноста на Владата на Заев и затоа неговите потези и одлуки се исправни. -Сметам дека колегата Мицкоски како иден премиер всушност цело време се бореше со неспособноста на владата на Заев да се справи со пандемијата и кризата, но дека последната ескалација на бројот на заболени и со тоа и ескалација на кризата го натера на една чисто прагматична одлука. Одењето на избори на 15-ти Јули е всушност прагматична одлука на колегата Мицкоски мотивирана од фактот кој како чисто сознание врз емпириска основа го доби, а тоа е дека владата на СДС колку и да добива време и поддршка од страна на ВМРО-ДПМНЕ за да успешно се справи со здравствената криза не е во состојба тоа да го направи поради својата неспособност. Затоа и сметам дека гаранциите кои СДС и Заев ќе ги дадат не се искрени, што се покажа и преку коментарот на претседателот на ДИК во врска со протоколите и дека на крајот повторно ВМРО-ДПМНЕ преку ДИК или директно во владата ќе мора да се обиде да влијае врз воспоставување на протоколите за безбедно гласање за кои нели Заев даде гаранции. Впрочем знаеме од лично искуство колку вредат гаранциите на Заев. Јас тука ја гледам мотивираноста на колегата Мицкоски за сега веќе извесното и брзо излегување на избори, а со цел да се порази оваа неспособна и лажлива, манипулативна власт на СДС и Заев, а потоа новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да со полн капацитет ја преземе одговорноста за справување со здравствената криза, вели професорот Андонов за Курир. Андонов посочува дека одговорноста за последиците кои ќе настанат е врз СДСМ, но како и секогаш одговорноста за нивната неспособност ќе мора да ја решава ВМРО-ДПМНЕ, а заради заштита на здравјето на граѓаните. Според него, потезите на Мицкоски не се политичка тактика заради надмудрување на противникот, туку  проценка на континуираната неспособност на владата на СДС за справување со кризата. Токму тоа , вели Андонов, согледувајќи го претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се реши да со минимални услови на заштита на граѓаните тргне во избори. -Резултатите се видливи и ќе бидат видливи на 15-ти јули преку очекувана победа на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи истите треба да ги испорачаат граѓаните на кои им е се многу одамна јасно кога се работи за политиките на Заев, дециден е професорот. Во однос на честите менувања на бетонираните ставови кои ги има претседателот на СДСМ, Зоран Заев, Андонов вели дека и за клучните прашања од национален интерес Заев свитка кичма и згазна и плукна врз својата клетва и својот збор во се она во што се колнеше пред изборите во 2016 година (односно ги лажеше македонските граѓани без срам). -Како тогаш може да бараме од него став и тоа цврст, аргументиран и непроменлив за едно прашање како што е датум за избори? Како и секогаш Заев водеше политика како на Кванташки пазар (купи-продај), но овој пат со здравјето на граѓаните, а при тоа својата неспособност и неспособноста на политиките и кадарот на СДС ги криеше час зад „проблемот“ опозиција, час зад „економијата“ од која тој и неговите фирми најмногу заработија во кризата, а час врз внатре партиските пресметки кои тој самиот ги иницираше и ги води во СДС. Затоа сметам дека врз Заев чии психолошки профил ни е многу јасен, ништо не се одразува поврзано со промена на „бетонираните ставови“, тој нема ментална сопирачка или граница поврзана со ставови и вреднсоти за кои нема преговарање или поместување на позициите. Единствено за што е подготвен да биде безкомпромисен се парите, среброљубието за кое се би дал, но од него не би отстапил. Кај него се одразува и секогаш ќе се одразува неговата клептократија како стил на владеење и живеење. Всушност Заев има најголем страв од губење на изборите поради губењето на можноста да се самофинансира и да ја финансира неговата олигархија од државни пари, пари на граѓаните, на сите нас и второ врз него се одразува стравот дека ќе треба да одговара за сите недела кои ги стори врз Македонија и македонскиот народ и граѓаните, заклучува универзитетскиот професор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-mickoski-se-boreshe-so-nesposobnosta-na-vladata-na-zaev-koj-e-podgotven-da-bide-bezkompromisen-za-pari/feed/ 0
Волшебникот од Оз (Шипковица) https://arhiva.kurir.mk/kolumni/volshebnikot-od-oz-shipkovica/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/volshebnikot-od-oz-shipkovica/#respond Thu, 11 Jun 2020 08:30:00 +0000 https://kurir.mk/?p=356478

Верувам, многумина од Вас се сеќаваат на енигматичниот Волшебник од Оз, и малата Дороти која заедно со кутрето Тото, Лимениот човек, Дрвосечачот кој нема срце, Лавот кој нема храброст, Страшилото кое зборува, го бараат мистериозниот Волшебник од Оз за да им ги реши проблемите. Па така во оваа, наша, волшебна земја, некои ја нарекуваат Македонија, a некои ја сметаат за Оз, се јави мистериозниот ВОЛШЕБНИК од Шипковица. Како и во книгата на Баум, кога се подигна завесата, зад која се криеше волшебникот, сите останавме, неми...во чудо. На Али Ахмети, како најуспешен политичар во последните две децениии во Македонија (според времето на непрекинато траење на политичката сцена), патем да не заборавам, најдобар војсководец во Источна Европа, и литерарен љубител (повозрасните паметат кога се сликаше со книга во рацете), верувам дека му е познато на кој постулати се темели моменталниот светски поредок - Вестфалскиот договор, надополнет на Јалта и Потсдам. Како и тоа дека моменталните светски случувања се токму во спротивставените ставови по однос на новиот светски поредок. Позицијата која ја застапува Ахмети, се сомневам дека ќе победи, впрочем тоа е трета опција која не е земена во разгледување. Но, за судирите околу идниот нов светски поредок, како и за третата опција која ја застапува Ахмети, во некоја друга прилика. За да не го навредам, „најуспешниот“ македонски политичар, околу познавањето на Вестфал, Версај, Јалта итн, ќе се задржам само на она што сеуште некој, со подсмев, го нарекува Устав на Македонија. Патем Али и булументата која владее 20 години во Македонија од таа света книга, да друже Ахмети (ова „друже“ според твоата Марксистичко-Ленинистичка идеологија) за државите "свети книги" се уставите или темелни (основни) закони, направивте „алваџиски тефтер". Имено, согласно  „алваџискиот тефтер", во Македонија, Премиер може да биде секој полнолетен граѓанин кој не е правосилно осуден, „цитат од уставот за пратеник, премиер, правото да се бира и да биде биран", и така е од пред Твоите сулуди војни, односно никаде не е запишано од која националност, верска, политичка, сексуална определба или боја на кожа мора да биде. Да ве подсетам, во една прилика на таа позиција атакуваше, мојот драг пријател, г-дин Поликарп Симеон, попознат во Македонската јавност како Џими, Македонец од Нигериско потекло. Вие, како добар познавач на марксистичката теорија и историја, подолг временски период бевте во „ленинистичко-марксистички“ групи, и сигурно добро ви е позната разликата помеѓу народ и нација. Токму така, иако многу пред Маркс, во 1648 во Вествал е поставен светскиот поредок врз основа на државата и нацијата. Верувам дека од марксистичката историја, познат Ви е и одговорот на Хенри Григориевич Јагода дадено на прашањето од обвинителот Андреј Вишински, на неговото судење во 1938 година. Жалосно е Ахмети што вашата политичка трансформација се движи од крајност во крајност, секогаш бирајќи ги политичките филозофии без иднина, стигматизирани од цивилизираниот свет. Патем, како и секој ВОЛШЕБНИК – АЛХЕМИЧАР си се обидел (или твоите „недоквакани“ советници се обиделе) во твоето обраќање кон Македонските граѓани, да создадеш амалгам од говорот на Мартин Лутер Кинг „I have a dream – Јас имам сон“ од 1963 година и говорот на Рафсанџани во ООН од 2007 година. Промашено, бидејќи колку и да ги сметаш Македонските граѓани за глупави и лекомислени, сепак се уште не е изгубен интелектуалниот субстракт, а тоа значи и интелектуалната и институционална меморија на народот. Но...Ти си знаеш. Процесот на уништување на „алваџискиот тефтер“ не е завршен, можете да вметнете што сакате во него и веројатно во вакви околности со другар ти Заев може и да ти помине, па дури тоа да биде и Апартхејд. Со Заев Македонија одамна е земја на чудата. Но...еден ден, а тој ден ќе дојде многу бргу, Македонските граѓани, независно на кој Бог се молат, ќе ги раскинат прангите во кои не ставивте, ќе ја напушти крвавата Прокрустова постела и ќе ги сруши Вашите Потемкинови села. Се има  свој почеток и крај и за се има свое време. Иако, како убеден марксист, сте атеист. Само по потреба верник, текстов ќе го завршам со цитат од Куранот во Сура 5:82 „И секако ќе видиш дека на верниците најблиски пријатели им се тие што велат: Ние сме Христијани“. Верувам знаете дека Пророкот овие зборови ги кажа кога беше принуден да во емиграција во Абисинија ги засолни своите следбеници и тоа кај Христијаните кај Патријархот на Етиопија. Сура 10:94 ,,Ако се сомневаш во тоа што ти го објавуваме, запрашај ги тие што ја читаат Книгата што е пред тебе објавена“.   На денот на Св.Александар Александриски   Вонреден професор д-р Оливер Андонов    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/volshebnikot-od-oz-shipkovica/feed/ 0
Трета фаза https://arhiva.kurir.mk/kolumni/treta-faza/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/treta-faza/#respond Tue, 09 Jun 2020 09:49:15 +0000 https://kurir.mk/?p=355567

Пред повеќе од еден месец пишував за планот на Заев во три фази поврзани со изборите, а потоа повторно во една моја колумна се осврнав на втората фаза од неговиот план. Сите политички индикатори во последно време укажуваат на тоа дека Заев на големо ја започнува третата или последна фаза во неговиот мастер план за изборите. Не е многу важно што се уште влече рецидиви (незавршени планирани активности) од првата и втората фаза, едноставно времето го притиска да забрзува до максимум. Времето кое го става во тесно е поврзано и со глобалните случувања и потребата изборите да ги заврши до средината на Јули, но за геополитичките случувања во светот во друга прилика, мислам дека сега е потребно потполно да се сконцентрираме на нашите собитија, а потоа да се вклучиме во анализа и евентуално дејствување во геополитичките случувања. Токму овие наши собитија укажуваат дека Заев продолжува со својот план и тоа доста агресивно на терен, а во меѓувреме внатре партиски ги дисциплинира час едната групација, час другата, во зависност од дневно политичките потреби или доколку некој како Манџурискиот кандидат без дозвола ќе се истрча на терен и ќе му ги загрози плановите и особено изборниот датум. Во такви случаи како што беше слободната волја на Манџурискиот кандидат да ја крши волјата на неговиот пресветол лидер и јавно да побара избори на 5-ти јули, следува „карантин“ како дисциплинска мерка. Гледате како кумашинот Мухи дисциплинирано се повлече во карантин токму на време за случувањата во ИВЗ да поминат, каде што ДУИ покажа сила дека ја држи работата под контрола. Затоа сега Ахмети и Груби му ја испорачуваат сметката на Заев, токму навреме да се чеша кај што не го јаде, за евентуална пост изборна коалиција. Во меѓувреме Марија Антоанета невешто се обидуваше да се сокрие зад „заборавената 2001“ (иако тоа за неа не е вообичаено кога се во прашање логореични манипулации со меѓународната и граѓаните во пакет), а поради своите додворувачки настапи во Кичево, се со цел да се релаксира ДУИ во пресрет на идната можна коалиција. Тоа значи дека секоја комбинација е во игра, а пусти Заев и сака се да внесе во игра, бидејќи само во матно може да ќери мандат за влада. Сите овие настани го тераат Заев да недовршените прва и втора фаза ги довршува во движење, а целосно да се посвети на реализацијата на третата фаза. Тоа што оваа „трета фаза“ е всушност масовно корумпирање на изборите, тоа никој нема да го гледа, бидејќи со сите сили ќе се притиска кон избори најдоцна до 15-ти јули (можеби малку, некој ден подоцна). Впрочем тоа ни го порача и Жбогар, а тој како и вообичаено ни ги кажува лошите вести, таков гласник е и не треба да го запоставуваме неговиот засега „осамен“ јавен глас на меѓународната. Тој глас е само предвесник за опипување на пулсот, а кога Заев ќе му даде знак на Вилипчета, оп ќе нема мерки, а потоа и Пендаровски ќе ја укине вонредната. Тогаш од карантин ќе излезе Манџурискиот кандидат програмиран за изборни брзи активности (специјализиран за држења за бради и за друго . . . итн.) и ние ќе си одиме на избори според нивниот план за 22 дена по укинувањето на вонредната состојба. Во меѓувреме, за да не ни биде досадно ќе се забавуваме со тоа кој каде оди во полициски час надвор од Скопје каде што нема полициски час или кој во која кафеана со кого седи, а се со цел за сите да бидат уредно извалкани во истата кал (што понекогаш самите го дозволуваат од непознати причини). Но, дали забележувате нешто интересно, сите се некаде па дури и пола СДС во карантин, а Заев го „нема никаде“, тој е дисциплинираното момче кое чека да се појави на сцената по завршувањето на третата фаза. Токму спроведувањето на оваа трета фаза за него е од витално значење. Не е проблемот да се спогоди со ДУИ, доколку успее да ја реализира третата фаза и да ги корумпира изборите, а според сѐ на добар пат е тоа да му успее. Многу едноставно, до почетокот на кампањата упорно ќе дели „хуманитарна“ помош на ранливи категории граѓани (и колку што може да се забележи во јавноста тоа стана нормално, никој повеќе не се „вознемирува“ од оваа ненормална нормалност), а во кампањата кога ќе ја има почетната предност ќе се концентрира на потполно корумпирање преку сите можни „легални“ методи, секако со парите од „позајмицата“. На време ќе се вклучат неговите олигархиски паретнери, како и од него создадената нова олигархија или бате Вице за да се истурат куп „државни“ пари со кои ќе се купат изборите. Сето ова се одвива и ќе се одвива пред наши очи, а ние само ќе си гледаме, бидејќи како што може да се забележи, апатијата кај граѓаните е на големо ниво. Таквата апатија и му одговара на Заев, бидејќи тоа што може да го корумпира пред избори е она гласачко тело што може да излезе да гласа за него, другото не му е важно, според неговата математика подобро и да не излегуваат на гласање. За овие избори не е потребен цензус за излезност, така што и со 30% излезеност, Заев смета на легалитет, за легитимитетот да владее никогаш и не се грижел, едноставно му треба форма (сетете се како го изманипулира референдумот за името), никогаш и немал суштина. По легалитетот на Заев или по завршувањето на изборите ќе заврши и неговиот мастер план. Потоа сметката, особено за третата фаза од реализацијата на овој мастер план ќе треба да ја платиме сите ние, бидејќи „позајмицата“ ќе мора да се врати, а сигурно Заев, бате Вице и останатите од нивната дружина нема да ја вратат. Тие за тоа и се борат, ништо да не платат и ништо да не вратат, а да владеат без легитимитет и да заработат уште некоја пара. Во целата оваа игра на Заев се поставува едно клучно прашање: „Дали опозицијата, а тоа е очигледно само ВМРО-ДПМНЕ, е подготвена да го спречи остварувањето на мастер планот на Заев“? Ова прашање не е реторичко, туку суштествено, затоа што кога зборуваме за опозиција, видливо е дека другите политички партии или немаат сила или се сѐ поблиски до Заев очекувајќи некоја трошка од власта. Не е спорно тоа дека политичката борба е борба за власт и дека помалите политички партии доколку сакаат да опстанат ќе треба да се одлучат на пост изборни коалиции, најверојатно со власта. Дилемата е во тоа зошто Заев „предвреме“ ги врбува (корумпира или компромитира сеедно) и приближува кон себе. Можеби и не е предвреме, а можеби и математиките му кажуваат дека е во тесно, а безбели тоа го гледа и Али па од заседа најавува што ќе биде цената за останување на власт на СДС со негова поддршка. Затоа и се случи ИВЗ, затоа и Заев ги притиска верските заедниците, како што кажав, таму има простор за влијание врз базен со гласови. Многу индикатори и сигнали во предвечерието на изборите, и покрај многуте димни бомби сепак се гледаат. Прашањето е: „Дали некој ја извади маската од очи и гледа подалеку од карантинот или ужива во своите соништа под превезот на лажно блаженство во претстојната загарантирана победа“? Во меѓувреме ќе се изнагледаме многу глумци во кратки епизодни улоги на политичката сцена, се во зависност од потребата за забава на гласачите или по налог на некој центри на моќ. Нема да се изненадам дури ни од организирани „демократски“ протести пред дипломатски претставништва во Македонија, бидејќи такво е времето нели.   На денот на слегувањето на Светиот Дух Педесетница – Духовден   Вонреден професор д-р Оливер Андонов]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/treta-faza/feed/ 0
Ecclisia militanis https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ecclisia-militanis/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ecclisia-militanis/#respond Tue, 26 May 2020 07:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=350300

Насловот на колумната означува „Црква која војува“ во највулгарна смисла во римо-католичката реторика се употребува за детерминирање на „насилна Црква“. Во оваа колумна синонимот е наменет за отсликување на внатрешните состојби во МПЦ-ОА. Во претходната колумна напишав дека МПЦ-ОА под „притисок“ или „водство“ на световната власт на Заев е на раскрсницата дали ќе биде Црква која го минува чистилиштето или пак ќе тргне по патот кон деветтиот круг на пеколот. Лично очекував внатрешна ескалација на состојбите во МПЦ-ОА, а што секако ќе се пренесе и на поделби во Македонското општество (кај Православниот Македонски народ), но самата брзина на ескалација и тоа само еден ден по првиот дел на седницата на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА, ме изненади и мене. Очигледно е дека внатрешните конфликти помеѓу владиците се толку тензични и пред се динамични што бараат рапидно брзи реакции на различните групации и веројатно меѓусебни обвинувања и уценувања со вадење на „валкан веш“. Токму ова е очигледниот индикатор кој ни укажува на насловот на колумната, односно дека МПЦ-ОА оди по патот на „Црква која војува“. Засега тоа се случува внатре во Синодот, но несомнено ги мобилизира и свештенството и монаштвото, а по нив и целиот Православен народ во Македонија. Овој процес на внатрешно војување ќе биде еден вид на чистилиште за МПЦ-ОА, но во која насока ќе се „прочистува“ Црквата ќе зависи од тоа кој се ќе заземе одлучувачка позиција во Синодот, односно кој ќе има повеќе гласови со што ќе ја креираат идната политика на МПЦ-ОА. Во превод, ова значи дека ќе надвладее струјата (поддржана од надворешен центар на моќ со сесрдна помош од Заев) која ќе има повеќе компромитирачки материјали за спротивната струја. При тоа да не нѐ залажуваат надворешните манифестациони однесувања или биографски податоци  на играчите во врска со носењето заклучоци кој за кој центар на моќ во соседството работи. Познати се „позајмиците“ на соработниците и „дуплите игри“ во вакви операции на рушење на нација и државност преку правење привид за да не се гледа вистинската состојба и оној кој ја раководи операцијата. Сепак, да не се залажуваме. Внатрешната битка е една фаза, втора фаза ќе биде да се добие битката против мешањето на Заев и друштвото му во работата на МПЦ-ОА. Засега таа „втора фаза“ е далеку, пред се затоа што Заев отворено игра на картата да ја вклучи МПЦ-ОА во изборна кампања за свои цели, односно да му донесе гласови. Да не се чудите на оваа констатација, бидејќи влијанието на духовните отци може да биде големо врз своите духовни чеда, особено доколку се побара од нив (отворено или суптилно-сугестивно) да дадат поддршка за СДС и Заев, како „подобра опција“ за Црквата (читај за „духовникот“ лично). Ете тоа го има „откриено“ Заев како нова мантра за дополнување на изборната негатива, па покрај тривијалната корупција на изборите (поделба на „хуманитарни пакети“ во Струмица, Прилеп, Охрид, Бутел итн.) која секојдневно ја гледаме на дело и претстојната „трета фаза“ од планот на Заев за корупција на изборите со „заемот“ од ЕУ, ова е уште еден сегмент кој треба мозаикот да го направи целосен. Навидум се работи за мал сегмент (мислам дека и опозицијата за жал смета дека тоа е незначајно влијание па затоа „немаат став за случувањата во МПЦ-ОА“ или тоа на дело покажуваат дека „државата и Црквата се одвоени“), но кога Заев со „дисциплинираниот“ Манџурински кандидат ќе влезат во операцијата овој „мал сегмент“ да може многу да натежне на тасот на изборната вага. Знаете, постои една поука од Светите отци која вели: „Еден стар монах на младиот собрат му рекол да земе еден голем камен и да го помести од неговото место. Младиот монах го поместил каменот, а потоа стариот монах му рекол повторно да го врати на неговото место што младиот монах многу лесно го направил. Потоа, стариот монах му рекол повторно на младиот монах да собере една вреќа ситни каменчиња, што овој го направил, но кога стариот монах сега му рекол на младиот монах да ги врати ситните камчиња на своето место од каде ги собрал, овој секако не можел да го направи тоа“. Поуката се однесува на тежината на големиот грев за кој знаеме дека сме го сториле и кој го исповедаме, и за безбројните мали гревови кои дури и не знаеме дека сме ги сториле па затоа и не можеме (не паметиме ) како да ги исправиме. Преведено на политичкиот јазик и математика својствена на размислувањето на Заев, мешањето во внатрешните работи на МПЦ-ОА е токму нешто слично. Сака да ги собере ситните камчиња (духовните чеда) преку нивните „фатени за брада“ отци во својот амбар за да му натежнат колку и еден голем камен (Македонскиот народ во целост) кој никогаш не може да го добие на своја страна. Ова е само тривијалната цел на Заев да ја злоупотреби МПЦ-ОА за останување на власт, но клучната цел е неговото одработување за туѓи интереси таму каде што е задолжен и мора да се одборчува, доколку сака да преживее во буквална смисла, а во што совршено му се вклопуваат лукративните и хедонистички лични цели на некои архиереи во МПЦ-ОА. Сето ова придружено со „држањето за брада“ заради нивно доведување во безпоговорна послушност. Затоа МПЦ-ОА ќе војува самата против себе и ќе биде Црква во војна, која ќе пролее сопствена крв за ништо (бидејќи Заев е секако НИШТО), иако Црквата секогаш во историјата пролевала Маченичка крв заради верата и Христа. Толку ли е слаба верата на нашите архиереи и не се подготвени да го истрпат ударот на Заев врз нивната личност, да се спротивстават на отвореното уривање на последниот бастион на Македонската национална идеја? Ова е прашање за верниот народ заради расудување. Наместо да собира МПЦ-ОА ќе влезе во војна за да растура. Секако, како што вели Светото Писмо во Стариот Завет: „Има време за собирање и време за растурање, има време за мир и време за војна, ... се има свое време“, но се поставува едно круцијално прашање: „Зарем не е време за собирање и обединување на Македонскиот народ и тоа токму околу својот вековен обединител Православната Црква (Охридската Архиепископија), денес во лицето на МПЦ-ОА?“ Оваа историска шанса да биде стожер на Македонскиот народ МПЦ-ОА и нејзините архиереи ја пропуштаат и за жал ги отвораат вратите за влез на други, туѓи интереси. Не можам да разберам една работа која се однесува лично на секого од членовите на САС на МПЦ-ОА (сегашни и идни). Дали мислите дека доколку не бевме Автокефална помесна Православна Црква (иако намерно - политички и против канонски непризнаена од Православната Екумена, бидејќи на сите треба да ни е јасно дека во Црквата има многу вмешување на политиката, а тоа барем Охридската Архиепископија го има како многу вековно искуство), во своја држава Македонија вие некогаш ќе бевте епископи, па дури и викарни? Никако да научите од историјата некоја лекција, а толку се видливи. По се изгледа хедонизмот и личниот комфор се на прво место па доведуваат до заборав за собитија не толку далечни во историјата. Сетете се на последниот Архиепископ на Охридската Архиепископија пред нејзиното укинување во 1767 година, Арсениј II кој по неканонското, но политичко, поттикнато од Фанар заради „мегали идејата“ укинување на Охридската Архиепископија беше поставен за Митрополит Пелагониски, а потоа и од таму тргнат, како и сите наши (Македонски – словенски) архиереи за да бидат заменети со Грци. Да се потсетиме дека истите тие Грци архиереи во 1901 година по политички преговори со тогашното Кралство Србија и руско вмешување кај Портата, за пари (со Симонија) го хиротонисаа Фирмилијан за митрополит Скопски по што СПЦ навлезе во Македонија, а чии последици и денес ги чувствуваме. Но, најважно е да се потсетите на тоа дека токму СПЦ еднаш и само еднаш „згреши“ и за викарен Епископ Топлички го избра Достиеј кој како Македонец подоцна стана прв Архиепископ на возобновената Охридска Архиепископија во лицето на МПЦ. По ова беа избрани домородни владици со што и поради што опстанавме како Црква и народ и дојдовме до самостојна Македонија. Не случајно, на првиот Црковно-народен собор во Скопје 1945 година е донесена одлука за забрана за враќање во Скопје на Митрополитот на СПЦ Јосиф (познат четнички војвода и асимилатор на Македонскиот народ). Ова се еклатантни историски поуки и показатели дека да не беше МПЦ-ОА и нејзиниот Македонски Православен народ како носечки во Република Македонија како држава на Македонскиот народ, никогаш, ниеден од сегашните архиереи на МПЦ-ОА или кои и да е Македонец немаше да биде владика. Едноставно, и да беа светители во полна смисла на значението и да се прославуваа со видливи дела во името на Христа како монаси (слепи да прогледуваа, хроми да проодуваа, реки да потекуваа и зли духови да истеруваа со името Христово), никогаш, ама токму никогаш, немаше ниту една друга помесна Црква да ги избере и хиротониса ниту за викарни Епископи, а не пак да им даде на управување епархија и тоа во Македонија. Како што се вели: „Каменот тежи најмногу дома на своето“, па колку и да е обременет од нашата световност и гревовност како лично бреме или подвиг, работата на Македонското националното-народното дело преку лицето на МПЦ-ОА не може да го замени ниту една световна власт колку и да е страшна и колку и да притиска, како што не може да го замени ниту една хедонистичка побуда. После исповедањето на Христа, на Православната Света вера доаѓа верноста кон својот народ со кого се раководи (не злоупотребува за лични цели и туѓи политички интереси). Тој што служи на олтар, од олтар треба и да живее, а тоа му го овозможува токму народот чии епископ е и за чие спасение треба да свети со чистота во верата и лојалност кон нацијата и Македонија. Ете затоа, МПЦ-ОА во „војна - чистилиште“ треба да се прочисти за чистота на Македонската идеја, опстанок на Македонскиот народ, опстанок на државата Македонија и за спасение на целиот наш род, а за добар одговор на Страшниот Христов суд. Водењето на народот ќе бара добар одговор пред Христа и за тоа, бидејќи соблазната погубува повеќе од се друго, а лошо е кога соблазната и губењето на верата ќе дојде од архиереите и преку нивниот пример. Заев и неговата корумпирана свита одамна не се на патот на Христа и на Македонскиот народ, тие се на патот на туѓите државни интереси и своите лукративни цели. Во нив не ја барајте вистината, а како архиереи би требало многу добро да знаете каде е вистината, силата и вечноста. Таа сигурно не е кај Заев од кого сте исплашени, бидејќи тој е НИШТО. Христос е се и почеток и крај, а вие тоа треба многу добро да го знете. Во Христа е и грижата за вашето стадо кое ви е доверено Макеоднскиот Православен народ за кого исто така ќе треба да дадете добар одговор. Вие архиереи на МПЦ-ОА (сегашни и идни), секогаш треба да бидете исполнети со вера во Христа, да ја браните и по цена на живот Православната вера и Црква и да бидете верни на својот Македонски Православен народ и државата Македонија исто така по цена на сопствениот живот, бидејќи само така ќе дадете добар одговор и ќе имате оправдание за сите паѓања во животот како човечка слабост на сите нас. Тоа е патот кој треба да го одите за да го заслужите своето достоинство и почитта на Македонскиот народ и Православната Екумена.   Христос Воскресе! Навистина Воскресе!   На денот на Светите Рамноапастоли словенските просветители Кирил и Методиј   Вонреден професор д-р Оливер Андонов  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/ecclisia-militanis/feed/ 0
Втора фаза https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vtora-faza/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vtora-faza/#respond Mon, 11 May 2020 11:17:26 +0000 https://kurir.mk/?p=344740

Пред извесно време во една моја колумна напишав дека дејствувањето на Заев за сопствен политички спас и враќање во игра на неговата екипа се одвива во три фази. Во моментов на дело ја гледаме втората фаза. Во првата фаза можевме да видиме како тивко го суспендираше Манџурискиот кандидат од позицијата вонреден и потполномоштен премиер. Таа внатрешна „дворска“ игра на СДС продолжува и понатаму се додека Заев не ги прочисти редовите на СДС од евентуални внатрепартиски опозициски групи и поединци опоненти, било да доаѓаат од нему „драгиот и почитуван“ невладин сектор, од „шарените“ кои ги смета за корисни идиоти или пак групациите околу Манџурскиот кандидат или Марија Антоанета. Во тој контекст може да се гледаат и неговите „сомнежи“ за тоа кој би можело него да го снима нелегално и тајно. Тоа е многу интересна изјава на Заев која бара малку подлабоко елаборирање и анализа што нема да го направиме во оваа колумна. Како резултат на првата фаза на дејствувањето на Заев, во моментов, на јавна сцена го гледаме Максим Димитриевски во улогата на „Lost in the Space“ со post festum реакции на глупостите на Заев за името и наивно себе прикажување како жртва на дворските игри на Заев. Од друга страна помалку срамежливо се јавува Манџурискиот кандидат со „свој“ став за изборите и потреба тие да бидат во септември 2020 година. Кога ќе погледнеме малку подобро, внатрешната битка во СДС е во полн ек и секој си поаѓа од своите позиции и интереси, па така и кога на кого му одговара времето за избори. Секако тоа не е поради Корона вирусот или заради здравјето на граѓаните, туку заради фаќање на подобри стартни позиции и зачувување на сегашните, се до завршувањето на изборите и новата распределба на моќ во СДС. Групацијата на Марија Антоанета, дејствува подземно со единствена цел подигање на сопствениот рејтинг кај членството и меѓународните претставници. Тие таму ја гледаат својата шанса за политички опстанок внатрепартиски и воопшто, односно ориентирани се на ПР стратегија или продавање на шарени лаги, вклучително и хортикултурата на Шилегов. Сепак, внимание привлекува тоа што Заев и покрај не завршената прва фаза (или можеби тој смета дека ја завршил, па овие изблици во јавноста се само осамени рецидиви и пукотници на празни пушки), веќе ја започна втората фаза. Ова најавува дека Заев сериозно се подготвува да оди на избори во првата за него поволна прилика. Засега најавува брзи избори, но веројатно и затоа ја започна втората фаза, а тоа е фазата на објавување „бомби“ или нелегално снимани материјали за поранешното и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Започнувајќи ја втората фаза од својот „master plane“, Заев провоцира реакција пред се на колегата Мицкоски персонална, а потоа и на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа се надева дека ќе го одвлече вниманието од незавршените внатрепартиски игри и криминалните последици од неговото владеење. Како и дека ќе испровоцира внарешни реакции и лов на вештерки во ВМРО-ДПМНЕ (што со оглед на некој појави внатре во ВМРО-ДПМНЕ, не му претставува заблуда и по се изгледа има добри внатрепартиски информатори во таборот на опозицијата), а заради создавање внатрепартиска конфузија и недоверба на сите нивоа. Но, со тоа ќе се позанимава колегата Мицкоски и убеден сум дека ќе го реши на најдобар можен начин во полза на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе загрижува намерното подигање на тензии на општеството во вонредна состојба со злоупотреба на верските заедници, во прв план на МПЦ и ИВЗ и провоцирање на „судир“. Ова е опасно поле за игра и политички калкулации кое се користи заради дефокусирање на јавноста. Разигрувањето на јавноста со разни „бомби“, намерни конфликти и слични изблици на привремени и нарачани (од други центри на моќ) „политички“, „експертски“, „академски“ или „општествени“ фигури кои се појавуваат во јавноста, претставува нијансирано и намерно отклонување од планот на Заев во втората фаза, колку за фолклорно шаренило. Тука би додал дека секое малициозно потценување на преварантските способности на Заев и друштвото му и споредба со Боки13 и неговите шоуменски изјави не е добро, и исто така претставува фрлање прашина в очи заради не гледање на клучните процеси. Тоа може да биде многу интересно или уште повеќе забавно за јавноста, но не како сериозна политичка иднина, туку исклучиво како забава, бидејќи доколку Заев биде во можност на повторна политичка моќ, политичката иднина на Боки13 ќе биде сто одсто запечатана, но не е во прашање неговата, туку иднината на Македонија, а тоа е клучниот проблем или процес кој треба да се спречи. Впрочем луѓе, доста е со политички дилетанти и кловнови политиканти на политичката сцена во Македонија. Благодарејќи на тој дискурс ја дотеравме работата до тука до каде што сме денес. Наместо затворени прашања со соседите имаме уште повеќе отворени прашања. Згора на се, повторно си поигруваме со внатрешниот конфликтен потенцијал на религиска (што не исклучува и национална) основа, што е се само не предизборна политичка игра која треба да ја прифаќаме колку и да не притиска некој надворешен центар на моќ. Затоа, оваа „втора фаза“ на делувањето на Заев на политичката сцена се поклопува и со оставката на Ден Дончев, со изјавите на Боки13, со „слободата“ на Кичеец, со тендер приказните во вонредна состојба на државно и локално ниво, со профитерството, а се за да се покаже Заев како „чист“, ами дури и „бел“, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ. Всушност, Заев ја игра играта на компромитација на „Рекет“ како врв на корупција и тоа преку компромитација на главните актери-извршители во ланецот на корупциски скандали чиј замешател е самиот тој. Тоа е поентата на Заев, создавање на перцепција за „црното“ ВМРО-ДПМНЕ и „белиот“ СДС, но и создавање перцепција за персоналните карактеристики на колегата Мицкоски и „квалитетите“ на самиот себеси (Заев). Може да очекуваме втората фаза да изобилува со објавување на банални разговори кои ќе се однесуваат на личносните описи како основна цел за создавање перцепција за карактерната „подобноста“ на лидерството на ВМРО-ДПМНЕ. Пред се, да не заборавиме за во иднина дека Заев ја започна бомбашката сезона на која опозицијата одговори веднаш со иста мерка на опис на карактерот на лицето З.З. Така, втората фаза на Заев веднаш на почетокот покажува тенденција на личен судир помеѓу Заев и колегата Мицкоски (што е само создавање привид), наместо да зборуваме за криминалите на Заев и неговата анационална идеолошка матрица која нанесе несогледива штета врз Македонското државно и национално ткиво од секој аспект. На крајот, повторно забораваме нешто што е суштествено, а за кое што пишував, а тоа е потребата да се престане со емитување на нелегално снимен материјал, што претставува кривично дело, како и самото нелегално снимање. Исто така, потребно е да се утврди доколку е можно секако, а што е многу тешко, кој се поседува и каков и за кого нелегално снимен материјал кој се употребува во лични и политички цели за компромитација. Ете, повторно ги имаме на дело последиците од минатото делување на Заев и тоа што се прифати овој начин на политичко-политикантско делување, а последиците од тоа делување предизвикаа тешки политички последици врз Македонија и Македонската нација кои денес во полна сила ги чувствуваме, а за жал ќе ги чувствуваме уште долго. Прашањето на колумната е токму во овој контекст и гласи: „Зошто Јовевски и ЈО не реагираат за објавување на нелегално снимени материјали и не спроведат истрага покренувајќи кривична пријава“? Многу лесно може да го следат трагот како е дојдено до снимениот материјал, односно кој се присуствувал на разговорите, а потоа да се дојде и до нарачетелите на снимањето и со тоа да се откријат пред се пред јавноста, но и пред судовите, политичките, економските или од друг аспект цели на влијание кои требало да се постигнат со нелегалното тајно снимање. Додека се занимаваме со втората фаза и пред наши очи Заев ги става „под тепих“ неговите злодела, со вршење на нови кривични дела, ќе чекаме да започне третата фаза. На мислење сум дека нема долго да чекаме. Се ќе зависи од резултатите од „лидерската средба“ кај Пендаровски на 12-ти мај. Пота, во зависност од времето кое ќе го има на располагање до избори, според планот на Заев ќе бидат употребени лицата таргетирани во втората фаза кои треба да го дадат „заемот од ЕУ“ за да се корумпираат изборите. „Време е да се тргне маската од очите“. Или некому тоа му одговара? На денот на Св.апостол Симеон (трета недела по Пасха) Колумна на вонреден професор д-р Оливер Андонов]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/vtora-faza/feed/ 0