Оливер Белопета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 06 Aug 2020 09:53:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Оливер Белопета – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Првиот човек на „Скопскиот џез фестивал“ – Оливер Белопета: „Најдобро би било да добиеме нова Универзална сала со стариот амфитеатрален облик со приближно истиот капацитет, на истата локација“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-skopskiot-dzez-festival-oliver-belopeta-najdobro-bi-bilo-da-dobieme-nova-univerzalna-sala-so-stariot-amfiteatralen-oblik-so-priblizno-istiot-kapacitet-na-istata-lokacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-skopskiot-dzez-festival-oliver-belopeta-najdobro-bi-bilo-da-dobieme-nova-univerzalna-sala-so-stariot-amfiteatralen-oblik-so-priblizno-istiot-kapacitet-na-istata-lokacija/#respond Thu, 06 Aug 2020 09:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=387094

Нов ден – нова реакција не само од народот на социјалните мрежи, туку и од многумина познати и признати културни дејци, творци и културни работници кои остро се спротиставуваат на скопските чиновници од градската власт предводена од СДСМ и градоначалникот на македонската престолнина, Петре Шилегов, за распишаниот конкурс за градење на парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би морала да се урне. Една од најстарите културни манифестации, со традиција од безмалку 40 години и квалитет со каков што не может да се пофалат ниту многу поголеми градови, побогати држави и пореномирани институции е секако „Скопскиот џез фестивал“ ( SJF), кој со години се одржуваше токму во „Универзална сала“. На нејзината сцена во рамките на фестивалските денови настапиле дефинитивно најголемите светски имиња во оваа област. Плеада од најпознатите светски великани на џезот и блузот. Неговиот основач и човекот кој светската џез музика и нејзините великани со децении наназад ги носи во Скопје, Оливер Белопета со свој став за ступидната бесмисленост за уривање на „Универзална сала“, но и песимизам дека таа ќе биде реновирана и променета во ново руво на истото ова место каде што е сега, како и апсолутна недоверба во „евтините приказни“ на градскиот татко за изградба на некаков нов, далеку поскап „мултимедијален центар“ на нова локација. -Ова е мојата омилена фотографија од Скопскиот џез фестивал и Универзалната сала. Направена во 2006 година од Žiga Koritnik , непосредно пред настапот на Ornette Coleman. Поглед од зад сцената. Вообичаено џез фестивалот го посетуваа драги колеги од Европа и светот кои постојано говореа дека истите концерти во Скопје биле подобри отколку на нивните фестивали.Зошто? Најпрецизниот одговор постојано доаѓаше од самите музичари. “Бевме посебно инспирирани од амбиентот, велеа, од акустиката на салата и блискиот контакт со публиката“. Акустиката, со оние висечки “печурки“, мошне занимлива приказна од средината на седумдесетите години, е дело на австриски експерти. А “интимниот“ контакт помеѓу музичарите и публиката го обезбедува амфитеатралниот карактер на гледалиштето. Не случајно античките Грци граделе амфитеатри, подоцна ги правеле и Римјаните, но во целосна кружна форма и за друга намена. Скопје нема концертна сала (Универзална предолго се распаѓаше). МОБ и Филхармонија тоа не се, Тие, иако служат за се и сешто, имаат прецизна функционална намена. Скопје нема ниту вистинска летна сцена. Да, најдобро би било да добиеме нова Универзална сала, која проектно ќе води сметка за стариот амфитеатрален облик (и одвнатре и однадвор), со приближно истиот капацитет и на истата локација. Само, многугодишното искуство со сега воскреснатиот “случај Универзална“ барем мене ми укажува дека тоа нема никогаш да се случи. Како и некаков фантазиран, далеку поскап “Мултимедијален центар– напиша Белопета на Фејсбук.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prviot-chovek-na-skopskiot-dzez-festival-oliver-belopeta-najdobro-bi-bilo-da-dobieme-nova-univerzalna-sala-so-stariot-amfiteatralen-oblik-so-priblizno-istiot-kapacitet-na-istata-lokacija/feed/ 0
Белопета: Секој искажан збор на Заев за конкурсот за култура е комплетна лага https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belopeta-sekoj-iskazan-zbor-na-zaev-za-konkursot-za-kultura-e-kompletna-laga/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belopeta-sekoj-iskazan-zbor-na-zaev-za-konkursot-za-kultura-e-kompletna-laga/#respond Sat, 09 Feb 2019 08:04:04 +0000 https://kurir.mk/?p=161838

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета, чиј проект беше одбиен на скандалозниот конкурс на Министерството за култура, го демантираше премиерот Зоран Заев кој изјави дека џез фестивалот не доставил ниту еден документ според протокол. „Цитирам: “Смешно и трагично е да ви кажам дека ни еден документ нема доставено еден џез фестивал. Ни еден.документ. Го молеа до последен момент. Еден документ, по процедура, по протокол, по се“. Секој поединечен искажан збор е неточен! Комплетна лага! Не е мое да претпоставувам кој од неговите најблиски кабинетски соработници му пренесува вакви “информации“, иако притоа не би бил далеку од вистината“, напиша Балопета на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belopeta-sekoj-iskazan-zbor-na-zaev-za-konkursot-za-kultura-e-kompletna-laga/feed/ 0
Белопета: Алаѓозовски не води Министерство за култура, туку Министерство за популизам, маскенбали и туристички патувања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belopeta-alagjozovski-ne-vodi-ministerstvo-za-kultura-tuku-ministerstvo-za-populizam-maskenbali-i-turistichki-patuvanja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belopeta-alagjozovski-ne-vodi-ministerstvo-za-kultura-tuku-ministerstvo-za-populizam-maskenbali-i-turistichki-patuvanja/#respond Wed, 14 Feb 2018 10:07:08 +0000 http://kurir.mk/?p=21354

Со реакција за годишната програма на Mинистерството за култура излезе и првиот човек на Скопскиот џез фестивал, Оливер Белопета познат и докажан приврзаник на социјалдемократите. Според него Министерството предводено од СДСМ, не е министерство за култура туку дека треба да се преименува во Министерство за култура, популизам, естрада, забава, фестивалчиња, маскенбали и туристички патувања на Република Македонија. -После мојот пост на Фејсбук страната на Скопскиот џез фестивал, објавен пред и по повод саботната прес-конференција на Министерството за култура за Годишната програма со резултатите од Годишниот конкурс за проекти од национален интерес во културата за 2018 и дводневното нејзино читање, да одговорам на сопствените дилеми и прашања од тој текст. Тоа што неработен ден е избран за прес-конференцијата и не е нешто посебно. Но, подобро ќе беше пресот да се одржи во саботата длабоко по полноќ (ако болеста за себе  промоција стигнала до неизлечивост Министерството ќе донесеше свои камери). А Брлогот наречен Годишна програма воопшто да не се објавуваше на веб-страна или било каде. Заедно со Жабарникот со побарани и доделени суми за аплицираните проекти, во кој се прпелкаат бројни збунети очиња, коментира на својот Фејсбук профил Белопета. Според него како што вели „објавувањето на Брлогот и Жабарникот не го сметам за транспарентност, ниту само за бесрамност, туку за невидена дрскост со обид демонстрација на сила и моќ, во кои лагата е најсилното (дали кај нас се уште не совладиво оружје?)“. -Најнапред, Брлогот (Годишната програма на Алаѓозовски) во некои делови веројатно излегува од овластувањата на Министерството според Законот за Влада, а за сигурно се судира со Законот за култура и дејностите во него. Еден европски Прибе експерт за култура лесно би го потврдил тоа, заедно со разидувањето со европските пракси, а би скренал внимание и предупредил и на одредби од други наши закони, за несовесното во работењето и злоупотреба на службената должност. Малку би го интересирало тој Прибе дилентатизмот и сознанието дека Брлогот и Жабарникот пристигнале од Детска градинка, констатира Белопета. Според него „нема дилема дека Годишната програма и порано сакала да се додворува на што повеќе корисници, со крај на цел прибирање повеќе изборни гласови (потврдено како бумеранг)“. Последицата е надвладување на квантитетот, а неквалитетот. Тоа е уравниловка која раѓа незадоволство кај мнозинството. -Со Брлогот и Жабарникот на Алаѓозовски, со рекордниот број прифатени таквите споменати проекти, се разбира, без вредносен филтер и основни конкурсни критериуми, сегашнoтоминистерствозакултура гидоведе популизмот и уравниловката до совршенство. Не забележувам дека министерството закултуражали за изневерените очекувања. Наједноставно кажано, шокантноделуваенормната бројкана проекти кои со ништо непридонесуваат за културата во државата и кои во старт требале да бидат фрлени, а не „разгледувани“ и прифатени, голем дел од нив и вон дејностите пропишани во Законот за култура на РМ. Некултура за секого? Како да излеземе од Брлогот и Жабарникот? Никако. Единствено останува да им дадеме легимитет – со преименување на Министерството за култура, во Министерство за култура, популизам, естрада, забава, фестивалчиња, маскенбали и туристички патувања на Република Македонија, заклучува Белопета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/belopeta-alagjozovski-ne-vodi-ministerstvo-za-kultura-tuku-ministerstvo-za-populizam-maskenbali-i-turistichki-patuvanja/feed/ 0