оливер дерковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 20 Jul 2020 19:27:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png оливер дерковски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дерковски: Приговорите од ниту еден подносител не беа целосни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-prigovorite-od-nitu-eden-podnositel-ne-bea-celosni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-prigovorite-od-nitu-eden-podnositel-ne-bea-celosni/#respond Mon, 20 Jul 2020 19:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=378893

Претседателот на Државната изборна комисија Оливер Дерковски вели дека Комисијата ги одбила или отфрлила сите приговори во однос на изборниот процес затоа што, како што посочи, ниту еден од нив не бил целосен и поткрепен со докази и записници. -Немаше воопшто докази за приговорите и во тоа беше проблемот, рече тој во гостувањето на Топ Тема образложувајќи го одбивањето на сите приговори за изборите. Веројатно, додава тој, подносителите си имаат свои причини зошто ги поднеле на тој начин. -Да поднесете приговор во кој што ќе напишете три реченици и во кој што ќе објасните некоја ситуација за повреда на избирачко право или повреда на постапка за сумирање на резултати, без било каков конкретен доказ, записник од избирачкото место во кој се гледа дека е ставена забелешка од некој од присутните на гласачкото место, од подносителот, а да очекувате дека некој ќе ви прифати приговор, тоа нема да се случи, истакна Дерковски. Тој појасни дека ДИК отфрлила 1.478 приговори од Левица бидејќи не биле потпишани. Дерковски тврди дека не е битен печатот, туку потребен е само потпис за да се идентификува подносителот и од тие причини како неуредни согласно Изборниот законик беа отфрлени тие приговори. -Сите останати 505 или 504 беа со ист текст, и реченици кои беа копирани во сите приговори. Дури во нив имаше дваесеттина каде пишуваше „приговор за избирачко место нула“, рече претседателот на ДИК. Тој потенцира дека во 61 приговор на Алијанса за Албанците и Алтернатива стои истото име на починат и истиот текст во образложението, вели Дерковски кој оценува дека тоа е несериозно однесување за една политичка партија. -Политичките партии треба серизно да си ја сфатат работата и во иднина малку повеќе внимание да посветат на оваа постапка за да не се случуваат вакви работи, рече тој. Потсети дека на претседателските избори имало целосни приговори поткрепени со докази со приложени засписници и доказен материјал по кои ДИК постапил и отварал гласачки кутии за да ги преброи гласовите во нив, но на овие избори немало ниту еден таков приговор. Што се однесува до приговорите на ВМРО-ДПМНЕ за неважечките ливчиња, според кои граѓаните во текот на кампањата биле наведувани да го пречкртаат „Северна“ на ливчињата за подоцна да бидат прогласени како неважечки, вели дека доколку имаат такви наводи тогаш треба да поднесат пријава до обвинителството. Во врска со тврдењата дека е можно да се направат злоупотреби во делот на пренесување на податоците од записникот 16 во 21 Деркоски вели дека резултатите се утврдуваат од записник 16 каде се утврдил резултат ноќта по изборите. Тие записници и целиот материјал, потенцира, го доставуваат до ДИК. – Ние како комисија еден по еден записник го гледаме и за нас тој е валиден документ и од таму се внесуваат резултати во записникот 21. Ако има несовпаѓање во 21 ја повикуваме ОИК да изврши корекција на збир на бројки, можни се пермутации во збир на бројки, но записникот 21 за нас не е битен. Битни се записниците број 16, рече Деркоски. Појасни дека кога се составува овој записник се брои секое едно ливче од кутијата во присуство на Избирачкиот одбор. Ако има забелешки, вели, треба тие да се внесат уште тогаш, бидејќи секој од присутните мора да се потпишат на него. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-prigovorite-od-nitu-eden-podnositel-ne-bea-celosni/feed/ 0
ДИК: Гласањето се одвива мирно и без никакви проблеми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-glasanjeto-se-odviva-mirno-i-bez-nikakvi-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-glasanjeto-se-odviva-mirno-i-bez-nikakvi-problemi/#respond Tue, 14 Jul 2020 10:57:15 +0000 https://kurir.mk/?p=375600

Гласањето во 17 домови за стари лица низ државата се одвива одлично и без никакви проблеми, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Оливер Дерковски, при посетата на гласачкото место во Домот за стари лица во Катланово. Денеска гласаат и болните и изнемоштени лица и луѓето коишто се сместени во Казнено-поправните установи, што значи вкупно некаде околу 11 илјади лица ќе го искористат своето право на глас. – До пладне, до овој момент немаме пријави за никакви инциденти и денот се одвива навистина мирно што исклучително ме радува затоа што очигледно расте граѓанската свест кај нашите граѓани за своето право и обврска да излезат на избори и да го искористат своето право на глас. Се надевам дека до крајот на денот нема да има никакви проблеми и дека овој ден ќе заврши исклучително мирно и тоа во услови на пандемиска криза КОВИД -19 каде што организациски беше многу тешко да се направат максимални напори да се организира овој процес, но еве на крајот гледате дека навистина се одвива добро, изјави Дерковски. Гласањето во старските домови првпат се одвива во нашата држава, со што постарите сограѓани за првпат официјално имаат право да го остварат своето гласачко право во онаму каде што се сместени. – Навистина ми е драго што присуствував на овој настан затоа што исклучително добро е организирано ова гласање. Во 17 домови за стари лица низ нашата држава се одвива ова гласање и досега имаме информација дека се одвива одлично без никакви проблеми, изјави Дерковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-glasanjeto-se-odviva-mirno-i-bez-nikakvi-problemi/feed/ 0
Дерковски: Преземавме целосна заштита на здравје на граѓаните од корона вирусот на денот на гласање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-prezemavme-celosna-zashtita-na-zdravje-na-gragjanite-od-korona-virusot-na-denot-na-glasanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-prezemavme-celosna-zashtita-na-zdravje-na-gragjanite-od-korona-virusot-na-denot-na-glasanje/#respond Tue, 07 Jul 2020 09:32:06 +0000 https://kurir.mk/?p=370705

Првиот човек на Државната изборна комисија Оливер Дерковски во интервју за емисијата 360 степени на Алсат М, вели дека ДИК ги презела сите потребни мерки за зголемување на пристапноста на избриачките места на лицата со попреченост кои што во изминатиот периодсе жалеле за ова. Деркоски додаде дека ДИК ги презело сите мерки за целосна заштита на здравјето на граѓаните од корона вирусот на денот на гласањето. -Се обидовме голем дел од избирачките места од горе да ги симниме на призјеме, нешто кое што лоцата со попреченост се жалеа во изминатиот период.Доста од избирачките меса се сега во спортски сали на приземје, во училниците на призјеме и на тој начин ја зголемивме пристапноста до изборачките места.Ќе им помогнеме на луѓето, а од аспект на нивна заштита заради опасноста од Ковид 19, како за сите останати граѓани, ние ги преземаме мерките и за овие граѓани, вели Дерковски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-prezemavme-celosna-zashtita-na-zdravje-na-gragjanite-od-korona-virusot-na-denot-na-glasanje/feed/ 0
Дерковски: Уредбата на владата претставува дерогирање на Изборниот законик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-uredbata-na-vladata-pretstavuva-derogiranje-na-izborniot-zakonik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-uredbata-na-vladata-pretstavuva-derogiranje-na-izborniot-zakonik/#respond Thu, 11 Jun 2020 16:55:18 +0000 https://kurir.mk/?p=356750

Првиот човек на Државната изборна комисија Оливер Дерковски за централниот дневник на Канал 5 телевизија вели дека уредба донесена на вчерашната владината седница во која се задолжуваат Министерството за внатрешни работи, Државниот завод за статистика и Државната изборна комисија да продолжат со предизборните подготовки претставува дерогира на изборниот законик, останувајќи на ставот дека на ДИК им се потребни минимум 35 дена за организирање на сите изборни дејствија. Владата си зема за право да со уредба ги дерогира уредбите од Изборниот законик. Правната логика, но и правната пракса и правната наука вели дека кога ќе престанат условите за вонредна состојба, стапуваат на сила нормалните позитивни законски прописи, системот се враќа во нормала, изјави Дерковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-uredbata-na-vladata-pretstavuva-derogiranje-na-izborniot-zakonik/feed/ 0
Дерковски: Невозможно е за 22 дена да се подготват избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-nevozmozno-e-za-22-dena-da-se-podgotvat-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-nevozmozno-e-za-22-dena-da-se-podgotvat-izbori/#respond Thu, 21 May 2020 19:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=348863

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски во своето гостување во телевизија Телма истакна дека е невозможно за 22 дена да се организираат избори посочувајќи дека не се работи само за изведбата на дејствијата околу избирачкиот список. Тој истакна дека во услови на пандемија протоколите на здравствените власт треба да бидат преточени во решенија на ДИК. -Да надополнам ние пишуваме дека согласно погоре наведеното во нашата информација заклучуваме како ДИК дека е невозможно комплетните подготовки за избори да се изведат за 22 дена. И од тие причини размислувајќи тука не сметајќи ги само овие дејствија кои ги напоменуваме сега околу избирачкиот список туку и новата состојба, протоколите кои треба да ги добиеме од здравствените власт ние ти протоколи треба да ги преточиме во наши решенија и одлуки и по нив да постапуваме. Јасно е дека ни треба многу време за подготовка и организација на изборите. Сметавме дека наше е да дадеме одредена препорака како ќе се однесуваат властите ќе видиме на крајот на денот. Меѓутоа јасно е и дека кажавме дека кај избирачкиот список поради заштита на правото на гласачите за да не се доведеме во ситуација која што ја имавме пред неколку години, ако се сеќавате 2015 имавме толку оспоруван избирачки список, вели Дерковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-nevozmozno-e-za-22-dena-da-se-podgotvat-izbori/feed/ 0
Дерковски: Се врши огромен притисок врз ДИК, сведок е целата македонска јавност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-se-vrshi-ogromen-pritisok-vrz-dik-svedok-e-celata-makedonska-javnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-se-vrshi-ogromen-pritisok-vrz-dik-svedok-e-celata-makedonska-javnost/#respond Thu, 21 May 2020 18:40:11 +0000 https://kurir.mk/?p=348856

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски потенцираше дека во изминатиот период се врши голем притисок врз комисијата со цел дел од политичката елита да ги оствари своите политички цели. Тој напоменува дека овој притисок е на очиглед на целата македонска јавност и изразува надеж дека ваквата ситуација ќе биде надмината. -На очиглед на јавноста се повеќе се врши притисок врз комисијата. Меѓутоа јас сум сигурен дека ќе успееме да се надминеме себе си и ќе завршиме со успешен изборен процес кој нема да има никаква дамка на изборниот ден. За тековните измени во избирачкиот список тој потенцираше дека за 7600 граѓани биле потребни околу 10-тина дена за нивните податоци да бидат обработени и ажурирани во ДИК соогласно измените во Изборниот законик препорачани од ОБСЕ/ОДИХР. -За 7600 граѓани беа потребни 10-тина дена за обработка на податоците, кога се распишуваат изборите соогласно Изборниот законик во моментот кога ќе се определи датумот за избори, кога ќе се донесе решението за распишување на избори во истото решение се известува ДИК. Истиот ден ДИК е должна да го побара избирачкиот список од МВР во најновата состојба со најновите измени. По забелешките на ОБСЕ/ОДИХР и најновите измени во Изборниот законик кои се донесоа пред изборите сега сите граѓани кои имаат 18 години на до денот на изборите треба да бидат вметнати во избирачкиот список. Тој напомена дека никој нема да загуби ако и даде доволно време на Државната изборна комисија да си ја заврши легитимно својата работа, а со тоа да не се овозможи ниту еден од учесниците да го оспорува изборниот процес. -Во 30 дена има многу граѓани кои вадат лични карти, менуваат адреси, место на живеење на минатите избори таа бројка беше некаде околу 30 илјади граѓани. Значи не е за занемарување бројката која треба да се обработи и која и тоа како сметам дека ќе доведе до ситуација некој да го делегитимира процесот. Јас апелирам цело време да внимаваме, сметам дека никому не му менуваат 15-20 дена плус, ако комисијата ги добие да си ја заврши работата онако како што треба, за да заклучиме дека легитимно се обработил целиот процес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-se-vrshi-ogromen-pritisok-vrz-dik-svedok-e-celata-makedonska-javnost/feed/ 0
„Би било многу незрело да одиме со непрочистен изборен список на избори кои значат легитимен прозорец за отворање на преговорите со ЕУ“, вели Деркоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bi-bilo-mnogu-nezrelo-da-odime-so-neprochisten-izboren-spisok-na-izbori-koi-znachat-legitimen-prozorec-za-otvoranje-na-pregovorite-so-eu-veli-derkoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bi-bilo-mnogu-nezrelo-da-odime-so-neprochisten-izboren-spisok-na-izbori-koi-znachat-legitimen-prozorec-za-otvoranje-na-pregovorite-so-eu-veli-derkoski/#respond Wed, 20 May 2020 17:31:40 +0000 https://kurir.mk/?p=348446

„Изборниот законик одредува во членот 12 став 1 кој го пропишува датумот за одржување на изборите поединечен акт кој што се носи кај Претседателот на Собранието и тој го кажува во својот акт датумот за избори и датумот за распишување од кој започнуваат да течат сите рокови, а ние како Комисија изготвуваме роковник според кој се одвиваат дејствијата“, посочи претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски во „10 Минути“ на ТВ21. Тој додава дека тие како Комисија не смеат да лицитираат со датум за избори, туку можат само да укажат на тоа кое го кажува Изборниот законик. „Бевме прашани минатиот пат до каде стигнавме, ние кажавме дека не го заклучивме избирачкиот список и сега ако се водиме по она кое пред некоја година беше главен камен за сопнување кај сите политички партии како избирачкиот список, фантоми, па се правеше теренска проверка, се бараа фантоми кои не се најдоа, би било многу незрело да одиме сите како држава со неажуриран, непрочистен изборен список на избори кои треба да значат наш легитимен прозорец за отворање на преговорите со ЕУ“, порача Деркоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bi-bilo-mnogu-nezrelo-da-odime-so-neprochisten-izboren-spisok-na-izbori-koi-znachat-legitimen-prozorec-za-otvoranje-na-pregovorite-so-eu-veli-derkoski/feed/ 0
Дерковски: Електронските медиуми ќе можат да склучат максимален договор од 15 илјади евра со партиите за време на парламентарните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-elektronskite-mediumi-kje-mozat-da-skluchat-maksimalen-dogovor-od-15-iljadi-evra-so-partiite-za-vreme-na-parlamentarnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-elektronskite-mediumi-kje-mozat-da-skluchat-maksimalen-dogovor-od-15-iljadi-evra-so-partiite-za-vreme-na-parlamentarnite-izbori/#respond Tue, 03 Mar 2020 19:51:24 +0000 https://kurir.mk/?p=311688

Забележливо е присуството на портали кои никнаа како печурки пред изборите и преку 200 портали се пријавени имаме и уште прочистување на регистерот затоа што има некои кои се буни дека доставиме потребни документи, па ние не сме ги зеле, ова вечерва во емисијата „Топ-тема“ на телевизија Телма го истакна претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски. -За разлика од претседателските избори каде беа 73/4 сега се преку 200 портали што значи дека бројката драстично се зголеми. Во однос на оваа ситуација единствена добра работа која се случи со изборниот законик е ограничување на квантумот на средства кои ќе се трошат за медиумска кампања, односно 2 евра по запишан избирач, досега немаше такво ограничување, беше за секоја кандидатска листа максимум од 110 денари од по запишан избирач и можеше десет кандидатски листи да се изедначат со износите кои што можеа да бидат и те како високи, потенцира Дерковски. Тој додава дека ќе се делат на три милиони евра во денарска противредност, а притоа се определени 45 проценти за двете партии од власта, 45 за двете партии од опозицијата и 10 проценти. -Порталите можат да склучат максимален договор од 15 илјади евра во денарска противредност и како и кај печатените медиуми исто толку пари, вели Дерковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-elektronskite-mediumi-kje-mozat-da-skluchat-maksimalen-dogovor-od-15-iljadi-evra-so-partiite-za-vreme-na-parlamentarnite-izbori/feed/ 0
„Да се допрецизираат одредбите за прекршоци при изборите, за учесниците посерозно да ги сфатат прекршоците“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-dopreciziraat-odredbite-za-prekrshoci-pri-izborite-za-uchesnicite-poserozno-da-gi-sfatat-prekrshocite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-dopreciziraat-odredbite-za-prekrshoci-pri-izborite-za-uchesnicite-poserozno-da-gi-sfatat-prekrshocite/#respond Tue, 03 Mar 2020 19:49:21 +0000 https://kurir.mk/?p=311692

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, вели дека некои казни за противзаконско работење се премногу мали, односно сторителот ќе може да си ја плати ниската казна и да продолжи со делото. -Треба да се допрецизираат прекршочните и кривичните одредби за прекршоци при изборите, за учесниците посерозно да ги сфатат прекршоците, вели Дерковски. Тој исто така рече дека со новите одредби со кои се отвора можноста во наредните избори да се користи редовната сметка на партијата, се губи смислата за регистрирање на наменска сметка за изборите. -Би било подобро во иднина да се доведе ново законско решение преку редовната сметка да се води целата кампања. На институциите ќе им се олесни работата да ја контролираат сметката. Има една алинеја, „донација од партија“, никој не може да знае што значи ова. Тоа може да биде од чланарите, но може и донации од коалициите, овој дел од законикот не е дефиниран. Тоа е еден од пропустите кои ги има законикот, вели Дерковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/da-se-dopreciziraat-odredbite-za-prekrshoci-pri-izborite-za-uchesnicite-poserozno-da-gi-sfatat-prekrshocite/feed/ 0
Дерковски: Изборниот законик е со многу системски слабости https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-izborniot-zakonik-e-so-mnogu-sistemski-slabosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-izborniot-zakonik-e-so-mnogu-sistemski-slabosti/#respond Tue, 03 Mar 2020 19:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=311689

Има многу непрецизности, многу системски слабости, многу работи се регулираат со други закони, а потоа се нафрлаат во изборен законик. Овој текст на изборен законик е менуван веќе 33-34 пати и веќе станува банално да зборуваме за потребата од негова промена. Ова вечерва го истакна Претседателот на Државната изборна Комисија, Оливер Дерковски во емисијата „Топ Тема“. -Внатре во самиот изборен законик има одредби кои се судираат една со друга и не можете да најдете правилно толкување. Сета среќа во ситуацијава е што како ДИК, имаме можност и право да носиме по0дзаконски акти, упатства, правилници, за некако да го доуредиме, истакна тој. Дерковски порачува дека треба прецизно доуредување на сите работи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/derkovski-izborniot-zakonik-e-so-mnogu-sistemski-slabosti/feed/ 0